Translate

Wednesday 31 December 2008

Среќна нова 2009!!!


Епа ај нека ни е среќна на сите,па здравје боже и со Скудето и Уефа куп да си ја дочекаме следната :Р

Останете црвено црни и трезни :Р


FORZA MLAN!!!

Sunday 21 December 2008

Игра по ноти






Конечно игра каква што сме навикнале да гледаме од стариот добар Милан! Игра во која сите коцки од мозаикот се одлично вкомпонирани и натпревар кој (колку за промена) посакуваме да трае што е можно повеќе! Главна личност Але со 2 гола и асистенција до Рики кој исто така постигна 2 гола! Петтиот гол во победата од 5-1 беше дел на Сидорф! Дињо вечерва беше задолжен за забавниот дел а Фавалињо беше асистент?! Уште еднаш се покажува кој е рецептот за игра на Милан, оној кој најдобро го применува МАН УТД веќе неколку години наназад... вистинска агресивна игра на гол уште од самиот старт! Доколку успееме да ја начнеме противничката мрежа во првите 20-тина минути во голем процент тоа значи убедлива победа на Милан! За жал тимот почесто игра бавно и летаргично се додека не почне времето да ги гази (после 60-та минута)! Сепак вечерва се беше фантастично! Сега следи пауза во која се надевам дека ќе имаме доста затворени досиеја особено кога станува збор за оние од Milan Lab! Со нови сили на 11 Јануари на гости во Рим!
Forza Milan!

P.S И збор – два за момчето коешто е на сликата! Станува збор за Родни Штрасер, фудбалер од Сиера Леоне и член на младинскиот погон. Фудбалер од средниот ред! Имам другар кој играше за Беласица и имаше шанса да настапи на Виареџо против младинците на Милан на почетокот од оваа сезона! Кога си дојде од таму ми зборуваше за ова момче, тврдеше дека следната сезона сигурно ќе биде дел од првиот тим, дека станува збор за фудбалер ала Гатузо, момче кое никогаш не застанува да трча! Вечерва од него забележавме и чувство за асистенција, стабилност и одлична техника и способност да ја задржи топката во своите нозе дури и кога е под притисок! Само напред Родни!!

MILAN-UDINESE Player Ratings


Бидејќи го привршував постов,кога видов дека Ри ме претркал со некои измени направив само рејтингс :) Иначе што се однесува до натпреварот камо среќа секој натпревар по некој Бекам да биде донесен и вака да играме :Р

Абијати 7.5 Ма ѕвер!Абијати добар како и (скоро)секогаш...

Антонини 7.5 Уште поголем ѕвер!Не сум гледал лоша партија од дечково.Со оглед на фактот дека ја игра првата вистинска сезона во Милан одлично се покажува.Ако вака продолжи ќе им биде тешко на Замброта и Јанкуловски да си ги задржат местата :Р Иначе таа о.5 му е дадена заради асистенцијата ама си ја заслужи.

Малдини 7.5 Ретко кој успеа сезонава да ги спречи Ди Натале,Кваљарела и Пепе...ама ние успеавме на чеко со диригентот Малдини!Јес да Кваљарела се повреди...а после и цвеќарот Флоро,али на крајот само ќе се види дека Милан примил само 1 гол од суперирното трио :)

Каладѕе 7.0 Онака знаете...Каладѕе....али у позитивна смисла :)

Фавалињо 7.5 Ма типов е лудница!Асистенција и после тоа промена на позицијата!за неговите 35 години одлично се држи.Не бев голем фан на фактот што сеуште е во тимот ама сега се предомислувам :)

Сидорф 7.5 Па даде гол,неколку пасови...и според состојбата во која се наоѓавме беше ограничен со офанзивната улога.

Пирло. 7.5 Диригираше со средината...благодарение на неговиот слободен го дадовме четвртиот гол.Се надевам дека ова е враќањето на вистинскиот Пирло!

Јанкуловски 7.0 Играше на позиција на која ретко игра,ама пак добро се покажа.Кога влезе Страсер си се врати на своето место.

Кака 8.5 Какааа Какааа стариот добар Какааа....ете колку се разликува кога Милан игра со Кака(и без Емерсон)Немам зборови,2 гола...уште неколку продора...мило ми е што се врати :)

Роналдињо 7.5 Дињо за чудо не даде гол вечерва,ама затоа си играше мајтап и што ми е уште помило одлично соработуваше со Кака,така што веднаш може да престанат муабетите дека Кака и Дињо не се за во ист тим.

Пато 9.0 Мен оф Д Меч!2 гола за 15 ина минути,асистенција....ма 19 годишно злато на 2 нозе :Р Немам зборови!

Измени:Шева -/ Дармиан -/ А за Страсер повеќе инфо во постот над овој :) Искрено мн ми е мило што згрешив кога реков дека нема да добие панса за настап :)

Одиме на зимската пауза посилни од било кога!ЛОЛ
П.С. Сликава ми е мн интересна затоа ја ставив :Р


FORZA MILAN!!!

MILAN-UDINESE PREVIEW


Победа и ништо друго!Сите добро знаеме во каква ситуација е Милан и со каков играчки кадар располага.Но Милан си е Милан и победата секогаш мора да биде императив!

Abbiati,Dida
Antonini,Darmian,Maldini,Kaladze,Favalli,Jankulovski
Pirlo,Cardarcio,Seedorf
Kaka,Ronaldinho,Viudez
Pato,Shevchenko,Inzaghi

(Страсер и Осуји не се споменати бидејќи тешко дека ќе добијат шанса за настап)

Abbiati
Antonini,Maldini,Kaladze,Favali
Seedorf,Pirlo,Jankulovski
Kaka,Ronaldinho
Pato

Со божја помош да не се повреди уште некој играч овој би требало да биде составот.

П.С. Му стои дресов на Бекс а?

FORZA MILAN!!!

Wednesday 17 December 2008

MILAN-WOLFSBURG PREVIEW


После поразот од Јувентус и кризата (за која Анчелоти вели дека ја нема) време е да ги консолидираме нашите редови.Натпреварот против Волсбург ќе биде борба за првото место во групата и одбегнување на посилен противник при ждребката што ќе се одржи в петок.
Милан се од поодамна без Неста,Бориело а сега и за подолго без Гатузо,Кака,Фламини,Бонера....
Абијати и Малдини не се воопшто повикани за овој натпревар,така што 19те играчи што ќе конкурираат за настап се:

Дида,Калач
Замброта,Антонини,Дармиан,Сендерос,Каладзе,Фавали,Јанкo
Пирло,Амброзини,Педрочи*,Фондрини*,Ругери*,Сидорф
Роналдињо,Пато,Шевченко,Инзаги

*Педрочи,Фондрини и Ругери се од младинскиот погон на Милан


Дида
Антонини,Сендерос,Каладзе,Фавали
Амброзини,Пирло,Сидорф
Роналдињо
Инзаги,Шевченко

Според мене со максимум 1 до 2 измени,овој би бил стартниот состав.

УЕФА купот ни е важен...(во случај го изгубиме скудетото)затоа...

FORZA MILAN!!!

Monday 15 December 2008

Грешка во чекори!

Поради тоа што не бев во можност да пишувам пост за синоќешниот натпревар (станат сум од 4 сабајле) да го искажам своето субјективно мислење кое што се сведува на 1 збор: КАТАСТРОФА! Не толку во играта, не толку во резултатот колку што во формацијата и одбраната! Околу четата на повредени фудбалери воопшто не сакам да дебатирам поради тоа што игра Милан и секој кој го носи тој дрес треба да се стреми кон победа... повредите не смеат да бидат алиби! Значи, Карлито направи грешка во чекори уште на самиот старт кога во недостиг на креативност (Рики) и желба (Рино па и Фламс) во својот тим, наместо уфрлување на 2 шпиц покрај Але (кој физички не може да парира на двајцата стопери на Јуве посебно кога е сам) се реши за добро познатиот потег ПУМАТА! Пумата без разлика како игра на натпреварите е страшно малерозен фудбалер за Милан! Влезе во игра во финишот против Торино, примивме гол! Претходно влезе во игра во финишот против Лече, направи наивен фаул во 93-та минута со кој им овозможи на домакините да изедначат! Играше во купот против Лацио, „заработи“ црвен картон! И стартуваше против Јуве?! Карлито си ја уочи грешката уште на полувремето но веќе беше предоцна! Друг многу важен момент не само на овој натпревар туку на годинашнава сезона ---> ОДБРАНАТА!!!
И дефинитивно тоа ќе биде делот од тимот кој ќе ни оневозможи да освоиме титула сезонава! Не е само овој натпревар, примивме 3 гола и против Палермо, 2 против Портсмут, примивме голови од Лече и Торино. Каладзе направи одличен потег, беше главниот „виновник“ за (во тој момент) изедначувачкиот гол на Але но што е тоа од полза кога подоцна киксираше во акциите на двата гола на Јуве? Јанко направи пенал, Замбро беше исклучен а Ил Капитано беше немоќен против Амаури во текот на целата средба!
Тоа е нашата реалност, едноставно МОРА да се земе дефанзивец ВЕДНАШ но прашање е што се има на располагање во Јануари и дали еден централен дефанзивец би успеал да ги закрпи сите тие дупки во одбраната! Друга приказна е тоа дека евентуалното засилување не смее да биде panic buy туку играч на кој ќе се смета за во иднина! Не ни врши работа 31 годишен фудбалер (Галас) кој МОЖЕБИ (ГОЛЕМО МОЖЕБИ) ќе одигра солидно една-две сезони и потоа ќе бараме замена за него! Запата е мојот избор, а вашиот...?
Forza Milan!!!

Friday 12 December 2008

Juventus-Milan Preview


Според многумина овој меч ќе биде одлучувачки и победникот ќе биде вистинскиот предизвикувач на Интер во борбата за скудетото.(цитирано од goal.com)
А зошто мора да биде така?Немора!Само гооолеми медиумски причи.Овој меч вистина е дека доста ќе одлучи,но немора да значи дека губитникот испаѓа од трката за титула-Нонсенс :)

Како и да е,Галијани неодамна изјави дека секогаш кога Милан го победувал Јувентус на гости,сме земале скудето :) Притоа и наведе неколку примери пред се оној во 2004тата кога ги преслушавме тогашните избраници на Липи со 3-1(Пирло,Сидорф и...Хммм Инзаги или Томасон ако добро ме служи меморијата.Сепак сега нема да давам прогнози околу резултатот и ќе си ќутам.

Abbiati,Dida
Zambrotta,Antonini,Maldini,Kaladze,Favalli,Jankulovski
Pirlo,Emerson,Flamini,Ambrosini,Seedorf
Kaka,Ronaldinho
Pato,Shevchenko,Inzaghi

Овие заедно со Сендерос(во случај на повреда на некој играч)ќе бидат играчите кој бидат во конкуренција за настап в недела.А сега можете и официјално да почнете да го прогнозирате составот против Јуве :)


П.С. Една вест што ептен ги стопли сите навивачи на Милан ширум светот е дека Тиаго Силва од Флуминенсе КОНЕЧНО ќе дојде во Милан (на лето поради причина која мн добро ја знаеме :) Иако ништо не е официјално потврдено прашање е на денови,а можеби и часови кога на acmilan.com ќе има еден офишиал анаунсмент околу горенаведеново :)

FOOOOOOOOOORZAAAAAA MILAAAAAAAAAAAAN!!!

Monday 8 December 2008

Milan-Catania Player ratings


Абиати 7.0 Немаше многу работа,и освен стативата на Паолучи ништо конкретно не се случуваше пред неговиот гол.

Замброта 7.5 Уште еден одличен натпревар од Замброта.Константен како во одбраната(иако немаше работа назад).така и во нападот со постојаните излети на противничката половина.

Малдини 7.0 Дефинитивно многу подобра партија одколку онаа со Палермо.Искусно се справи со противничките напаѓачи,а притисокот на Милан и играта која ја прикажуваше го принуди Малдини во неколку наврати да биде далеку од својот шеснаесетник.

Каладзе 6.0 или 6.5 Сеедно вие одлучете.Знаете дека не сум голем фан на Каладзе така? :) Како и да е среќа не правеше некои значителни грешки,и за малку пенал ќе досудеа за Катаниа кога топката го погоди во рака во последните неколку минути од натпреварот.Така да мислам дека оценкава му е таман.

Јанкуловски 7.5 Исто како и Замброта и Јанко си беше Јанко(не од јади бурек!).Важно е да се напомене дека вториот дел го помина на позиција помалку несвојствена за него во средниот ред но и таму си беше баш арен :) .

Гатузо 7.0 Зашто доби жолт картон??!!Тоа е она што остави дамка на натпреварот!Зашто Анчелоти не го извади?Имаше 2-3 опасни старта на раб на жолт картон пред да го добие во 80тата минута!Инаку си беше Гатузо цел натпревар-стандардно.

Емерсон 6.5 Со оглед на фактот дека одигра едно полувреме неможам да дадам точна оценка.Ама мислам дека оваа му е на место,пошто рака на срце во дефанзица одигра солидно а за трчање.......Хусеин Болт(НОТ!)Имаше и една шанса кога со глава ја затресе само мрежата.

Фламини 7.0 Сосема солиден натпревар.Она што го забележав е дека играше најповлечено од целиот среден ред во првото полувреме.Имаше и една шанса за гол.

Кака 8.0 Мен оф д меч! Пред се ради винерот,но и во текот на целиот натпревар беше константна напаст за одбраната(па и средниот ред :Р)на Катанија.

Пато 7.0 Каков слободен удар!!!Ауууууу!Штета што не влезе.Во оваа прилика му давам една 8мица и на Биѕари не само за слободниот на Пато туку и за ред други инервенции :)

Шевченко 6.0 Иако сум еден од НАЈГОЛЕМИТЕ фанови на Шева морам да бидам реален околу оценката.Не одигра на ниво.Кутриот е толку очаен да постигне гол што дури кога Кака го даде голот почна да го прославува како тој да го дал :( Тоа е тоа...ама има уште надеж за Шева :)

Измени: Фавали 6.5-Не го видов мн мн :) Антонини / и Кардачио што требаше да влезе на местото на Рино во 75тата минута-7 :Р

Еден-Нула.Победа си е победа.Сосема доволно за излегување од мини кризата.
Следно.....Јуве............ај и нив да ги преслушаме :Р




И само за крај еден поздрав со една изјава од Анчелоти: Who can stop Inter?Milan have!



FORZA MILAN!!!

Saturday 6 December 2008


Изјавата на Ancelotti пред утрешната уткамица против екипата на Catania, ме инспирираше да прозборам и јас малку околу ситуацијата во клубот.. Carlo денес беше поприлично оптимистички насторен, што и се очекува од него во вакви моменти, а богами сме ги имале доста во последниве 2 години..таман работа да ги критикува неговите играчи и неговите резултати кога знаеме дека за ништо на светот не би ја менувал позицијата на која се наоѓа моментално..ветува дека ќе тргни на подобро односно екипата ќе се врати во колосек како од пред 15тина дена..не сакам да ја отворам темата чија кривица беа последните резултати и дали тренерот повторно се наоѓа во незгодна ситуација, но како секој rossonero, искрено се надевам дека ќе се преброди ситуацијава и стварно пак ќе гледаме победнички Milan..после средата и поразот од Lazio, очигледно беше дека не се работи за кикс или два туку за некоја криза (се надевам кратка), која е веројатно нормална за екипа која одамна не била навикната да победува во серија без разлика на тоа колку на нас ова ни се допаѓа или не..убеден сум дека сум во право кога кажувам дека кризата беше само прашање на време, бидејќи играта на Milan не беше уверлива..во никој случај не смееме да се дозволиме нов сицилијански неуспех, зашто така самите ќе си направиме милански пекол, со оглед на бодовната предност на Мерда..сепак постои разлика меѓу просечните и клубовите како нашиот кои различно се справуваат со ваквите резултати и од тука мојата верба дека од утре со Catania, па преку Juve почнуваме нова непобедлива серија уште подолга од претходната..овојпат имаме еден проблем кој никогаш во оваа сезона не бил поголем - клубската болницата..многу битни играчи ни се недостапни што најверојатно ќе се одрази и на тактиката..ги немаме Seedorf, Dinho, Ambro, Pirlo, Bonera, Nesta, Borriello, Pippo, кој поради повреда, кој поради суспензија, но Carlo ќе има многу мака да го состави тимот, во услови на еден здрав и еден полуздрав напаѓач, како и помалку од половина достапна средина.. единствено дефанзивците се здрави ама кога ке ми текни на таа одбрана нозе ми се тресат..три бода утре ќе ни дојдат супер онака како за самодоверба, но и за притисок за Мерда, под претпоставка дека Гочето ќе им ја загорчи оваа вечер..ако утре Milan победи, ќе имаме еден вид подлога за наредниот викенд и дербито, но и добивање на крилја после вакви лоши петнаесет дена..во спотивно црно ни се пишува иако на крај памет не ми паѓа таа варијанта..во моментот неможам ни да замислам probabibili formazioni, затоа повелете искажете се..


TUTTI INSIEME PER NOSTRO CLUB!!! FORZA MILAN!!!

Thursday 27 November 2008

Евро обврски



Следат Евро обврски, не онаму каде што сме навикнале да ги имаме но ќе се вратиме само посилни! Натпревар против Портсмут, екипа која ја направи Хари Реднап а (барем според резултатите) ја расипува Тони Адамс! Милан е релативно растоварен на ова гостување во Англија како поради фактот што оди со максимални 6 бода на коло пред крајот така и поради тоа што последниот натпревар го игра на домашен терен против Волфсбург. Крауч бил наострен да се одмазди поради тоа што Милан не му дозволил да земе титула во ЛШ! Ќе видиме дали ќе си остане на зборот!
Очекуван состав:

-------------------Дида

---Антонини----Сендерос---Фавали----Замброта

----------Гатузо---Емерсон--Фламини

--------------------Кака

--------------Инзаги---Шевченко

Sunday 23 November 2008

Торино - Милан

По синоќешното дерби на САН СИРО кога комшиите го победија Јуве, победата на вечерашниот натпревар против Торино во гости уште повеќе се наметнува како императив! Иако ова нема да биде нималку лесен натпревар мора да се оди на три бода поради одржувањето на чекорот со моменталниот лидер на табелата. Околу составот на Милан за одбележување е фактот што диригентот Пирло се враќа назад и конечно е спремен за игра, според Анчелоти можеби уште и во стартните 11. Лично не верувам дека тоа ќе се случи. Исто така освен Пирло во комбинација за настап се враќаат, Каладзе, Сендерос и Ил Капитано но затоа Замброта и Бориело ги завземаат нивните места во болницата на Сан Сиро во која веќе подолго време има претплатено место Неста!
Карлито во пресрет на овој натпревар со многу хаотична прес конференција во однос на тоа кој би можел да игра во стартните 11 поради фактот што од една страна вели дека Рики ќе игра (и покрај тоа што се врати од Бразил во петокот) а од друга страна смета дека КА - ПА - РО не може да игра заедно еден покрај друг. Што значи постојат 2-3 варијатни за офанзивната постава на Милан. Речиси сите тие варијанти зависат од тоа дали Пирло ќе игра во стартните 11 или ќе остане на клупата! Доколку Пирло игра од почеток тогаш е можно да игра Рики а пред него да бидат Але и Шева во 4-3-1-2. Друга варијанта е повторно да се игра со т.н крисмас три но доколку Пирло стартува Сидорф да одигра покрај Рики а напред да биде Але. И во двете претходно наведени варијанти Дињо останува на клупата! Третата е да се стартува со Рики - Дињо а пред нив еден напаѓач (лично повеќе го преферирам Але но според Карлито во оваа варијанта би стартувал некој друг).
Како и да е... се надеваме на победа!
Forza Milan!!!

Sunday 16 November 2008

Мачење ублажено со три бода!



Како по традиција лош натпревар против тим од дното на табелата! Ниту Шева ниту Але туку Пипо во стартните 11 заедно со Рики и Рони и тоа се покажува како лош потег! Едноставно Супер Пипо не е фудбалер од стартните 11 и е тип на играч кој треба да влезе во игра од клупата кога работите не се онака како што треба и да реши натпревар! Тоа што ја нема потребната брзина, техника и луцидност за да игра заедно со Рики и Дињо е друга приказна! Блед Милан кој доби пенал од денес очајниот човек во црно кој заедно со своите помошници имаше неколку грешки на двете страни од теренот! Пеналот го валоризираше Рики и освен 10-тина минути по голот кога Бразилците подивеја и имаа бразилски потези, додавања со пети и слично се потоа беше мачење за сите присутни на Сан Сиро и пред малите или големи екрани (во зависност од големината на екранот на Вашиот ТВ). Во текот на цело второ полувреме единствена светла точка во тимот на Милан покрај секогаш пожртвуваниот Рино беше Абијати, кој имаше малку интервенции но секогаш беше максимално концентриран! Сите други предвреме ја прославуваа победата. Не дека Киево имаше којзнае какви закани по голот на Абијати но едноставно не смее да се дозволи екипа од таков ранг (секоја чест но станува збор за тим од самото дно на табелата) да врши притисок врз голот на Абијати во бранови! Трите бода се единствената позитивна работа која што може да се извлече од оваа средба! Повторно сме на второ место со -1 бод од Мерда!
Forza Milan!!!

Milan-Chievo Preview

Со оглед на фактот дека играме против претпоследниот тим на табелата кој има осовено само 6 бода нормално е да се очекува победа на Милан денес!Арно ама,и Каљари беше последна екипа на табела па 0-0 изигравме со нив што значи дека не треба никого да потценуваме.

Абиати,Дида
Бонера, Дармиан,Сендерос,Каладзе, Фавали, Јанкуловски, Замброта
Емерсон,Кардачио,Фламини,Гатузо,Сидорф
Кака,Роналдињо
Инзаги,Пато,Шевченко


Од 19те играчи кои се спремни за настап,издвојувам 13 кои се во конкуренција:


Абиати
Замброта,Бонера,Каладзе,Фавали,Јанкуловски
Фламини,Гатузо,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато/Шевченко



Оставам вие да си ги решавате дилемите,а според мене Шева ќе почне :)

П.С. Нешто зезаше и нејќеше да се прикачи слика на постот па затоа е вака празен :)


FORZA MILAN!!!

Friday 14 November 2008

FORZA MILAN!!!


Без некоја посебна причина го пишувам постов!Бидејќи не бев во можност да го проследам натпреварот со Лече не ни можев да пишам пост,а башка што бев мн изнервиран(сигурно не колку Ри).Ама Лече беше и помина и нема потреба сега мн мн да анализираме што како.Според мене,можеби ни требаат такви натпревари како со Каљари,Лече каде што по некоја добра серија се спуштаме малку на земја и што е мн битно без пораз!Така да,генерално гледано ситуацијата во Милан е доста добра....оваа година Скудетото е наше.........FORZA MILAN!!!



П.С. Ај во едно нека ни е и со среќа 200-тиот пост!



FORZA MILAN!!!

Saturday 8 November 2008

US LECCE vs. AC MILAN PREVIEW



Најпрво едно извинување од моја страна до сите на блогот поради мојата отсутност последните месец дена и оставањето на сите вас на цедило :))) Знам дека ви фалев многу, затоа ќе се трудам во иднина ова да не се повтори..студентскиот живот си го направи своето и останав без нет, отсечен од светот цел месец, ама во секој случај, преку другите медиуми го пратев растот на Milan и конечното искачување на врвот на табелата..искрено жалам за пропаднатиот собир минатата недела за утакмицата со Napoli зашо соодветно ке си го прославевме прекинување на тригодишниот лидерски пост ама јбг ќе славиме ние допрва и за други поводи..во секој случај нека му е здрав и жив синот на газдата на Shankley’s :D
Настрана прославите и честитките, да се вратиме на спортската страна на постот..има еден збор во италијанскиот јазик кој последните недела дена ми е многу драг..CAPOLISTA или во превод нешто како лидер во поредокот, ептен онака добро ми звучи после победата во неделата..добро е чувството да бидиш capolista во Serie A, чувство кое некако го имавме заборавено и на кое искрено кажано најголем дел од нас не се надевавме после првите две кола од новото првенство..за наша среќа работите си дојдоа на свое место многу брзо и сега само по осум кола, од дното се најдовме на врвот..и не само во калчото, чекориме добро и во UEFA Cup-от, имаме 4 од 4 (или 2 од 2, кој како милува)..сега е најважно да не застаниме тука и со помош на поволниот распоред да направиме една сериозна предност на врвот и на раат да можиме да си ги дочекаме новогодишните и божиќните празници :) За се да оди спроред планот, најпрво треба да се продолжи серијата на победи и да се достигни бројката 6 по ред која би била на некој начин past-few-seasons high..пречката утре вечер ќе се вика US Lecce, што btw не значи United States of Lecce и само по себе кажува дека не се работи за некоја екипа - супер сила..во прилог ни оди секој можен елемент од статистиката од позиција на табела, па моментална форма, гол-разлика,се до традицијата, со забелешка дека Lecce оваа сезона нема пораз на дома..но како што знаете за се има прв пат, така да веруваме дека баш утре ќе го впишат првиот пораз на Via del Mare..одмарањето на некои од првотимците во натпреварот со Braga беше добар потег на Carlo и сега го има составот кој е спремен да продолжи да жари и пали низ Италија..сега се се погласни сите оние кои го гледаа Milan како освојувач на титулата уште пред почетокот на сезоната, така што тука е моментот да се потврди тој победнички дух и да силата да се остани на врвот до средината на мај..ќе ми прогледате низ прсти што го немам податокот околу евентуални нови повредени играчи, но во секој случај низ овие последни 10тина утакмици Milan покажа дека има играчки капацитет да издржи без било кој од ѕвездите..покрај очекуваната победа утре вечер во Lecce, само уште едно нешто ќе ни биди потребно за совршен викенд – утакмица без победник на San Siro утре, за што поголема разлика меѓу Milan и другите, затоа..
FORZA RAGAZZI, FORZA CAMPIONI!!!
MILAN E TUTTA LA MIA VITA!!!

Thursday 6 November 2008

Магичен момент на магичниот!



Без зборови! Вреди да се види! Одигравме никаков натпревар, Сендерос беше лош во првото но изненадувачки одличен во второто полувреме, немавме никаква игра! Во 60-та минута во игра влезе Роналдињо а нешто подоцна и Сидорф но ни тоа не помогна да се создадат шанси се до таа 93 минута кога МАГИЧНИОТ РОНАЛДИЊО покажа дека сеуште постои магија во тие нозе! Не се опишува треба да се види!!! Капа долу мајсторе!!!
Forza Milan!!!

Милан - Брага

После одлично завршената домашна задача и првото место во Калчото следат евро обврските против Брага! Тим кој во првото коло против Портсмут покажа дека знае да игра фудбал, брз технички дотеран и офанзивен впрочем како и сите екипи од Португалија! Ваков фудбал ни одговара и нам, многу полесно се справуваме со екипи кои негуваат офанзивен и отворен фудбал отколку со катанаџо во Калчото!
Ова е натпревар во кој и двете екипи влегуваат со по 3 освоени бода и евентуалниот победник од овој дуел со една нога веќе ја минува групата! Иако неколку стандардни првотимци ќе отсуствуват убаво е да се победи за да нема притисок при играњето на останатите два дуели против Портсмут и Волфсбург. Од друга страна со победа би го задржале одличниот ритам со 9 победи во последните 10 натпревари во сите конкуренции! Нормално, Карлито во УЕФА купот игра со речиси вториот состав но вреди да се напомене дека конечно по долго време во тимот ќе дебитира Фичо Сендерос!
П.С Супер Пипо го продолжи договорот до 2010 година и ќе ја заврши кариерата во Милан!

Очекуван состав:

------------------Дида

Антонини---Сендерос--Каладзе--Јанкуловски

--------Гатузо----Емерсон---Фламини

------------------Сидорф

-------------Инзаги---Шевченко

Sunday 2 November 2008

Преку рововска битка до врвот!



Во најтешкиот натпревар сезонава преку рововска битка на теренот Милан се искачи на врвот во Калчото! И мора да признаам чувството е фантастично!!!
Вистинско дерби на Сан Сиро во кој мора да им се даде почит на фудбалерите на Наполи кои одиграа цело полувреме со фудбалер помалку но изиграа лавовски! Проработе и инаетот на Росонерите и сето тоа беше наградено со победа и со запоседнување на врвот! Воопшто не се поколебавме, воопшто не паднавме психички и во ниту еден момент не помисливме на нешто друго освен победа! Вистински тест за психолошката зрелост на екипата, тест кој беше поминат! Не паднавме дури ни по нереализираниот пенал на Рики и веќе во следната минута беше постигнат решавачкиот погодок од трагичарот Денис по одлично изведениот слободен удар на Роналдињо! Одлична игра на Гатузо и Сидорф, одлично помагаа во нападот Замбро и Јанко и Рики повторно беше душата на овој тим! Не престана со обидите во текот на сите 90 минути, погоди статива и промаши пенал но беше во свој елемент! Безброј пати ја промени страната и позицијата на теренот! Дињо беше тивок но беше директен учесник во решавачкиот момент! Повторно се играше Самба на Сан Сиро! Мора да им се оддаде почит и на Бонера и особено на Фавали, не толку поради којзнае каквата игра туку поради смиреноста и рутината со која ги извршуваа своите обврски!
Продолжуваме понатаму!
Форца Милан!!!

Милан - Наполи


По доста долга пауза(некаде околу 3 години) Милан повторно има можност да се врати на врвот во Италија! Со добро сработена домашна задача и мала помош од Џенова и ете сме на врвот!

Наполи ни должат, ама многу! Заради нив(читај заради ние самите) играме со Херенвен, Брага енд компани. Тогаш кога влеговме во убава серија, ни фалеше уште тоа гостување да помине како што треба, арно ама не бидна така и сеа сме таму кај што сме(за кратко). Но како што викаат старите секое зло за (две)добро. Не играме во ЛШ ама затоа во Милан игра Роналдињо, игра Замброта, играат млади дечки како Фламини и Антонини, значи тоа е едното добро, второто добро кое е по заслуга на првово добро е тоа што утре после 22:30 може да бидеме на првото место. Значи полека работите се движат и се си доаѓа на своето место.

Тоа околу доброто и злото, сега да преминеме на мечот. Реално играме против тежок противник кој е во убава серија која кога тогаш ќе запре, а поубав тајминг од мечот со Милан мислам и дека нема. Ние сме во уште поубава победничка серија и секако моралот во тимот е на многу високо ниво, самата помисла дека утре може да избиеме на првото место сигурен сум дека дополнително го мотивира секој играч. Ако сме сериозен тим со сериозни намери за освојување на Скудетото тогаш домашниот терен треба да претставува страв и трепет за секој гостин, после првиот пораз наредивме четири победи и тоа мора да продолжи!

За утре по повредата во комбинација за настап е Каладзе, како и првпат по доаѓањето и Филип Сендерос се наоѓа на списокот и е во комбинација за настап, но според Карло тешко дека ќе настапи утре, можеби другата недела, истото важи и за Неста. Утре нема да игра Малдини, некој може и да се смее ама мене ова не ми делува убаво, едноставно кога еден од Неста или Малдини не е во одбраната мислам дека играат како раштиман оркестар. Но тоа е што е, Малдини има некоја ситна повреда, додека Неста заборави кога последен пат играше официјален меч. Десно Замброта, лево Јанко, на централните позиции најверојатно ќе бидат Бонера и Каладзе. Во средината малце е комплицирано да предвидам кои ќе настапат но по добрите неколку партии мислам дека Гатузо ќе си го задржи местото, Амбро ми е најсигурен и помеѓу Фламини и Сидорф мислам дека Карло ќе се одлучи за Сидорф. Напред секако ќе игра Кака, Бориело истотака има некоја ситна повреда и не се знае дали ќе стартува, доколку остане на клупата стартер ќе биде Супер Пипо заедно со Пато. Роналдињо би требало да стартува на клупата и тоа да му биде како еден вид на тивка казна заради лумпувањето по ноќните клубови низ Милано. Значи вака:

-------------------Абијати----------------

--Замбро---Бонера---Каладзе---Јанко---

-------Рино------Сидорф--------Амбро---

-----------------Кака----------------------

-----------Пато---------Бориело(Инзаги)-

FORZA MILAN!


п.с. Сликава е онака за разонода и подигање на расположението пред натпреварот.

Wednesday 29 October 2008

Милан-Сиена


Вечерва Милан со победа и евентуален кикс на тројката пред него ќе се искачи на врвот на табелата на Серија А!Ама кратка поента зар не? :) Само што маалце ме
Иритира е фактот што Џилардино нема да настапи вечерва против административците.Зошто?едноставна причина-Дал гол со рака и се радувал!Па луѓе мои,Марадона кога даде гол со рака сите го прогласија за бог!Јес да беа др времиња али нема врска ај.Сеуште неможам да разберам како може играч да биде казнет за судиска грешка!!Што не го казнија Флоро Флорес од Удинезе затоа што пеналот беше направен пред шеснаесетникот?Или дека ИбраХОМОвич го растепа Тиаго Мота?Како и да е,вакви смешни одлуки имало и ќе има,ама вака или така на крај останува фактот дека најдобриот стрелец моментално во Серија А нема да настапи против лигушите.

Малце забегав од темата ама не ми замерувајте
3 Бода и ништо друго!Имаме огромни проблеми со повредите но за среќа имам доволно играчи за да покријат.

Абиати,Замброта,Бонера,Малдини,Фавали,Пума,Гатузо,Амброзини,Кака,Пато и Бориело/Шевченко
Евентуално би можел Антонини да почне десно а Замброта да премине на левата страна,други опции не гледам :D


FORZA MILAN!!!

Sunday 26 October 2008

Тешко заработени три бода во Бергамо!

Милан се врати од Бергамо со три бода! Конечни 0-1 со гол на Рики Кака во 80-та минута од натпреварот против Аталанта! Многу тежок натпревар на теренот на кој никој досега сезонава се нема наиграно против противник кој досега немаше пораз на домашен терен! Многу тешко заработени три бода, Милан беше во подредена ситуација во најголемиот дел од мечот и само одличниот Абијати беше причината поради која не го изгубивме овој многу важен натпревар! Интригантно, Анчелоти натпреварот го започна со тројца деструктивци а без Сидорф кој остана на клупата! По само половина час игра Фламини се пожали на повреда и беше заменет од Емерсон!
Роналдињо беше очаен и беше заменет во второто полувреме од Але Пато! Во нападот Марко Бориело се бореше за секоја топка и вложи многу напор за ништо, едноставно топките не беа насочени кон него! Сепак во 80-тата минута Рики спушти една топка кон Бориело кој несебично ја врати назад кон Кака и овој го матираше Фердинанд Копола за конечните 0-1. Еден гол доволен за 3 многу важни бода! Овие три бода добиваат уште повеќе на тежина поради тоа што Мерда само ремизираше на домашен терен против Џенова иако во најголем дел од вториот дел играше со фудбалер повеќе! Сега Милан е на само -1 бод од врвот! Следува вонредно коло во Среда кога играме на домашен терен против Сиена (Јанкуловски е суспендиран за таа средба) а Мерда игра на гости кај Фиорентина. Ајде Џила направи нешто добро за твојот екс тим!
Се надевам дека ќе ја продолжиме одличната серија од 8 натпревари по ред без пораз ( со само еден нерешен резултат против Каљари)!
Форца Милан!!!

Thursday 23 October 2008

Херенвен - Милан

Почнуваат натпреварите од фазата по групи во УЕФА купот. Милан во првото коло гостува во Холандија кај Херенвен! Екипа која игра брз, карактеристично холандски фудбал и екипа која воопшто не е за потценување ако се знае дека го понижи Ајакс пред речиси 1 месец! Во нашиот табор Неста и Кардачио не се воопшто на списокот за УЕФА купот а во аут се и Пирло, Сендерос и Каладзе! Во таборот на Херенвен како главни ѕвезди се среќаваат Прањиќ и еден младински репрезентативец на Холандија! Опасни се и напаѓачите Tarik Elyounoussi и Џералд Сибон! Нашиот Горан Попов нема да биде во составот поради повреда!
Веројатна формација:

---------------------------Дида

-----Замброта----Бонера---Малдини/Фавали--Антонини

----------Фламини/Гатузо--Емерсон---Амброзини

----------------------------Кака

----------------Супер Пипо----Шевченко

Wednesday 22 October 2008

Мајсторија

ЕЕЕЕЕ, каков играч даваме на позајмица, а какви копуци држиме у Милан... Требаше во овој пост да има и други потези од Гуркуф, ама ке се задржам на најдобриот!

Sunday 19 October 2008

Гол Дињо Гол!

Проработи Роналдињо! По мачното прво полувреме во кое сепак Дињо им сервираше по една шанса на Але и Јанкуловски (со своите убиствени 1-2 додавања) се чекаше на влегувањето на Рики Кака за работите да си дојдат на свое место! Колку и да владееше мислење дека добро би било да се одмори Рики сепак Милан без Рики не е Милан! На полувреме влезе Рики на местото на Але и веднаш се почувствува дека добро ќе се сложува тој тандем Рики - Дињо денеска! Во 55 минута клучен момент... шутираше Јанкуловски кон голот на Сампдорија, топката удри во испружената рака на Лукини и тоа беше пенал + втор жолт картон за Лукини! Реализатор Роналдињо со максимално прецизен удар! Од тука бродот на гостите почна да тоне! Само 11 минути подоцна одлична акција на Роналдињо и Рики кој одлично го послужи Дињо и веќе е 2-0. Уште еднаш се игра Самба на Сан Сиро! Во финишот од натпреварот во игра влезе Супер Пипо (79 минута) и едноставно се знаеше дека нему му се доволни 10-тина минути за гол! Токму тоа и се случи по одличната акција на Дињо, Рики и Амброзини! 3-0 Конечен резултат и одличен Роналдињо во второто полувреме! Постигна 2 гола а беше многу блиску и до хет трик! Бледо прво полувреме и одлично второ (во кое рака на срце работата беше олеснета преку голот од пенал и особено црвениот картон на Лукини).
Forza Milan!!!

Saturday 18 October 2008

Milan-Sampdoria Preview


По паузата поради репрезентативните обврски(и нашиот дебакл од рибарите)клубскиот фудбал
Се враќа во Европа.Неделава на програмата е 7мото коло каде што Милан ја пречекува Сампдорија.
Да не должам многу:На Милан победата му е и повеќе од потребна за враќање на победничките патеки.

Абиати,Дида
Антонини,Бонера,Неста,Бонера,Фавали,Јанкуловски
Фламини,Амброзини,Емерсон,Сидорф
Кака,Роналдињо,Пато,Бориело,Шевченко,Инзаги

Овие се 18те играчи кои ќе конкурираат за стартните места

Абиати
Антонини/Бонера/Неста,Малдини,Јанкуловски
Фламини,Амброзини,Сидорф
Роналдињо/Кака
Пато,Бориело/Шевченко

Според мене ова се 14те играчи кои се во потесниот список.Мн дилеми ќе реши тоа дали Неста ќе почне,како и за Бориело.Одиме на победа!!!
-И само едно мало потсетување дека ќе има собиранка во Шенклис за гледање на натпреварот.Сите навивачи на Милан се добредојдени.



FORZA MILAN!!!

Sunday 12 October 2008

На повредите им се гледа крајот...

Неделава има репрезентативна пауза која Милан Лаб ја користи на најдобар можен начин за да ги врати во форма оние коишто не се во најдобар ритам (Роналдињо) и особено да ги врати во строј оние фудбалери кои се вон терените поради повреди! Овде во прв план се мисли на консолидирањето на дефанзивните редови. По пауза од околу 5 месеци конечно во тимот се враќа Алесандро Неста, фудбалерот кој и тоа како и беше потребен на одбраната на Милан! Тој полека но сигурно ја санира незгодната (хроничната) повреда на грбот и се очекува веќе на пријателскиот натпревар во Тирана да одигра 20-25 минути. Исто така по репрезентативната пауза треба конечно да го очекуваме и дебито во дресот на Милан на Филип Сендерос! Фудбалерот кој пристигна како позајмен од Арсенал сеуште нема официјално деби во новиот дрес! Се враќа и евергринот Фавали. По се се чини и повредата која што Каладзе ја заработи на мечот против Цирих не е толку сериозна па се очекува и неговото враќање до крајот на Октомври односно почетокот на Ноември! Во напаѓачките редови дефинитивно се враќа БориГол кој се очекува и да биде стартер против Сампдорија! БориГол нема да замине за Тирана, ќе остане во Миланело за да биде максимално подготвен за натпреварот против Самп! По се се чини дека повредите полека но сигурно ги оставаме зад нас! После оваа пауза единствените кои ќе бидат на листата на повредени се Пирло и Каладзе но доколку се биде во ред се очекува и нивното враќање најдоцна до првата половина од Ноември! Најважно од сите ќе биде враќањето на Неста! Со Неста во тимот и другите фудбалери од одбраната се чувствуваат многу посигурно и посамоуверено!
Време е да почнеме нова победничка серија!
Forza Milan!

Friday 10 October 2008

Секоја чест Претседателе!


"I only sleep three hours, the others are to make love," said Berlusconi.

Незнам што точно имал на ум кога го кажувал ова, но сепак заслужува респект. :)


Thursday 9 October 2008

Forza Stefano Borgonovo

Вечерва се одигра натпревар помеѓу Фиорентина и Милан во чест на Стефано Боргоново.Имено,целта беше да му се одаде чест на Големиот играч кои со овие 2 екипи ги има постигнато неговите најголеми успеси.
Стефано е роден на 17 март 1964 во Џузано.Неговата кариера ја започна во Комо каде што со само 17 години дебитира во Серија А на натпревар против Асколи.По кратката позајмица во Самбенедетесе,Боргоново се враќа во Комо каде што станува еден од клучните играчи во тимот.Во 1986 Милан го купува и веднаш го враќа на позајмица во Комо,и по 2 години поминати таму,Стефано е пратен на друга позајмица во Фиорентина каде што ја одигрува и својата најуспешна сезона во кариеарата каде што играјќи заедно со Роберто Баџо постигнува 14 гола во Серија А.Во меѓувреме и дебитира за репрезентацијата на Италија за која одиграл вкупно 3 натпревари.Во сезоната 1989/1990 конечно ја добива шансата во Милан главно играјќи како замена за Марко Ван Бастен-во истата година со Милан и ја освои Лигата(тогашниот Куп)на Шампионите.Иако Ариго Саки сакал да го задржи во екипата,Стефано сакал повеќе да игра и токму затоа се враќа во Виола каде што во период од 2 години не ја наоѓа својата вистинска форма.Пред да се пензионира во 1996-тата година играл и за Пескара,Удинезе и Бреша.

На 5ти септември годинава дијагностицирана е ретка болест (МНД или АЛС)која ги напаѓа моторните функции во мозокот и со тоа ги уништува повеќето мускулни келии меѓу и кои оние за движење и зборување,голтање и сл.Истата оваа болест го уби Џанлука Сињорини во 2002-рата година по подолго боледување


Ова е само мал трибут кој чуствував дека треба да го напишам.Сликите од вечерашниот натпревар се трогателни и премногу тажни за мене и ви препорачувам да не ги гледате со цел да не си го расипете расположението.

Siamo con te Stefano....

Tuesday 7 October 2008

УЕФА куп извлекување



Денеска во Нион во 13:00 часот по македонско време ќе се одржи ждребувањето за натпреварите по групи во УЕФА купот. Ќе се формираат 8 групи со по 5 екипи и секоја екипа ќе одигра два натпревари на домашен и два натпревари на гостински терен. Значи нема двомеч туку се игра по еден натпревар со секоја екипа од групата. По секоја логика Милан се наоѓа во првиот шешир заедно со уште неколку фаворити како Севиља, Валенсија, Шалке 04 и др. Еве ги сите пет шешири:

1.Милан, Валенсија, Штудгарт, Севиља, Шалке 04, Тотенхем, Бенфика, ЦСКА Москва и Хамбургер.

2.Штудгарт, Олимпијакос, Ајакс, Клуб Бриж, Депортиво Ла Коруња, Спартак Москва, ПСЖ и Херенвен.

3.Розенборг, Удинезе, Феенорд, Брага, Славија Прага, Манчестер Сити, Галатасарај и Сампдорија.

4.Херта, Партизан, Нанси, Портсмут, Астон Вила, Расинг, Кобенхаген и Динамо Загреб.

5.Сент Етиен, Волфсбург, Стандар Лиеж, Твенте, НЕК Нијмиген, Металист, Лех Познан и Жилина.

Две екипи од иста земја неможе да се најдат во иста група, и нормално две екипи од ист шешир неможе да бидат во иста група.

Желбата моја, а верувам и на сите македонски миланези еден од противниците да биде Партизан или Динамо Загреб(двете неможе заради тоа што се во ист шешир), и при тоа натпреварот да би се играл во Белград или Загреб. Од другите противници уште би го посакал Депортиво, чисто заради одмазда, а понатака не размислувам, едноставно кој и да се падне сме неприкосновени фаворити, што секако не не носи уште сега понатака и тоа ќе треба да го докажеме на терен.

Нека ни е со среќа утре!


FORZA GRANDE MILAN!

Sunday 5 October 2008

Каљари 0 - 0 Милан

Толку!
Оваа вечер е само твоја мајсторе!!!



Saturday 4 October 2008

Каљари - Милан


По добиеното дерби Ала Мадонина и по рутинираните 0-1 во Цирих (со првенецот на Шевченко) шансата да се продолжи серијата од 5 победи по ред ќе се бара во секогаш незгодната Сардинија кај Каљари! Сепак истата таа (од претходните сезони) незгодна Сардинија сезонава (барем досега) е многу гостољубива! Секој што дојде таму си замина со 3 бода! Тоа беше причината да се менува и тренерот во тимот! Првиот испит за новиот стручен штаб на Каљари ќе биде против Карлито и залетаната машинерија од Милано (не зборувам за тие другите, нивната машина веќе полека но сигурно ’рѓосува) !
Им посакувам што побрзо опоравување на фудбалерите на Каљари но после ова коло! Се освен три бода ќе биде тотален неуспех. Едноставно мора да се задржи позитивниот моментум и да се добие овој последен натпревар пред репрезентативната пауза! Тогаш ќе има период во кој се очекува да се вратат во ритам Неста, Сендерос, Бориело и Супер Пипо а и Дињо ќе остане во базата во Миланело и се очекува да биде уште повеќе во ритам! Значи само победа и ништо друго!!!
Околу составот... доколку се знае дека Дињо одигра два натпревари во серија за 4 дена за очекување е да остане на клупата! Моја претпоставка за стартните 11 со графички приказ:


Одиме на нова победа!!!

Thursday 2 October 2008

Серијата продолжува!

Серијата продолжува! Нова победа на Милан против Цирих овојпат на гостински терен со минимални и рутинирани 0-1. Стрелец токму оној кој сите (или барем јас) беа сигурни дека ќе постигне погодок! Андриј Шевченко! Карлито стартуваше со еден микс состав по релативно сигурните 3-1 на Сан Сиро! На голот беше Дида, во одбраната Замбро - Кала - Бонера и Антонини, на средниот ред покрај стандардните Амбро и Фламс им беше додаден Пумата а како подршка за Шева, единствениот напаѓач во Милан беа Дињо и Сидорф! Токму тие двајца (Дињо и Сидорф) покажаа на неколку наврати дека можат одлично да соработуваат и одлично се разбираат на теренот! Натпреварот почна со 100 % шанса за Шевченко уште во 2 минута и украинецот уште еднаш промаши нешто што е потешко да се промаши отколку да се погоди! По ова Сидорф имаше еден недефиниран и пред се луциден шут кој помина неколку сантиметри покрај левиот дирек! Домакините имаа спорадични но не и конкретни закани, всушност повеќе се играше на страната на домакините! Дињо подоцна уште еднаш покажа дека игра за доброто на тимот а не за своја лична статистика кога излезе сам пред домашниот голман од полулево, идеална позиција за да се пласира топката со десна нога (нешто што Дињо и тоа како знае да го прави) но несебично ја сврти топката кон срцето на петерецот и таму од земја изникна еден домашен дефанзивец и успеа да ја исфрли топката во корнер помеѓу Амбро и Шева! Шева (пре)многу се трудеше и дури на моменти и пречеше во желбата да постигне гол! Но конечно успеа да се запише за прв пат во листата на стрелците на Милан по своето враќање дома! Дињо со уште една од своите магии успеа од работ на шеснаесетникот да ја подигне топката и преку целата домашна одбрана да ја додаде до Шева кој овојпат неможеше (и не смееше) да промаши! Во финишот домакините притиснаа за да избегнат пораз но не успеаа во тоа!
На крајот имаше мали експерименти, Дињо заигра и на малку подефанзивна позиција (онаа на Пирло односно на Сидорф) и додели неколку добри додавања!
Како резиме... рутинирана победа на Милан за пласман во фазата по групи и одржување на ведрата атмосфера и серијата со победи! Единствена црна дамка на оваа средба може да биде повредата на Каладзе кој мораше да го напушти натпреварот уште во првото полувреме (на негово место влезе Ил Капитано) а наскоро ја напушти и клупата и замина во соблекувалната! Се надевам дека нашата и онака проблематична одбрана нема да добие уште еден удар!

Wednesday 1 October 2008

Zurigo - AC Milan


По двата порази од кои едниот тотално незаслужен и едниот тотално заслужен се вративме во голем стил како што му доликува на Милан. Се вративме со 4 победи по ред, од кои едната против комшиите тоа со првенецот на Дињо! Гласот сеуште не ми е 100% опоравен по еуфоријата која настана во Shankly's по постигнувањето на голот! Посебно чуство беше да се гледаат групата навивачи на административците како бледо и немо го гледаат ремек делото на Кака и Дињо.

Но тоа помина, одиме понатаму, играчите и Анчелоти веќе слетаа во Цирих каде ќе се одигра реваншот од последното коло пред натпреварите по групи во УЕФА купот. Имаме убава предност од 3-1, ќе беше уште поубава ако не примевме гол при резултат од 3-0. Нејсе, утре ќе има мали измени во тимот, но ништо спектакуларно, затоа што сепак не смееме да се коцкаме со ваков тип на натпревар. Јас би го одмарал Кака, затоа што по враќањето од повредата, одигра 5 натпревари по 90 мин. во рок од 14 денови. Сигурно е дека Дида ќе биде прв избор. Каладзе и Бонера ќе бидат централните стопери, додека неизвесен е Јанко заради повреда, доколку не успее да се опорави, би играл Замброта, а другото бековско место ќе му припадне на Антонини. Анчелоти изјави дека се мисли помеѓу Амбро и Гатузо, но мое мислење е дека тактизира со изјави и мислам дека и двајцата ќе играат. Еве 2 варијанти кои се можни за утре



---------------------Дида--------------------

Антонини---Бонера-----Каладзе----Јанко---


---------Гатузо----Фламс-----Амбро---------


--------------Рони(Пато)---Сидорф----------

--------------------Шева---------------------

или,


---------------------Дида---------------------

Замбро-----Бонера----Каладзе---Антонини--

Гатузо(Амбро)---Сидорф------Фламс---------

--------------Кака--------Рони(Пато)---------

-------------------Шева-----------------------

Јас би ја преферирал првата, мислам дека е поцврста формација, и плус Кака ќе биде одморен, сепак Анчелоти си знае дали и колку е спремен Кака, сепак мислам дека не би го форсирал ако знае дека е изморен после овој период. Јас прогнозирам 0-1, би бил сосем задоволен, ем да не примиме гол ем да си победиме. :)


FORZA MILAN!!!

Sunday 28 September 2008

Мачни но слатки три бода!



Мачни но многу слатки три бода против „Мерда“! Натпреварот кој толку многу го очекувавме заврши на наше задоволство и срцата ќе ни бидат полни се до следната средба во 2009 година! Во натпревар во кој многу повеќе се тактизираше а многу помалку се играше, свој печат стави Роналдињо Гаучо со својот прв гол во дресот на Милан! И тоа со глава! Извонреден скок на Дињо кој сигурно на две раце може да ги изброи сите голови на глава во својата кариера! Нашите започнаа со 4-3-2-1 со Рики и Дињо позади Але а пред Амбро, Џенаро и Сидорф! Првата од ретките шанси на овој натпревар ја имаше токму Дињо со извонреден дроп кик удар со лева кој со фантастичен рефлекс го одбрани неговиот колега од репрезентацијата, Цезар! На спротивната страна Мерда имаше две полушанси но без конкретна закана кон голот на одличниот Абијати! И се случи таа 37 минута, клучна за конечниот исход! Рики се исфрли во еден контра напад по топката добиена токму од Дињо и кога се двоумеше дали да ја нафрли таа топка затоа што во противничкиот шеснаесетник беше само Але, така ја нафрли таа топка што буквално му ја нацрта на главата на оној од кој и ја доби претходно... Роналдињо! Роналдињо зачудувачки моќно се извиши и ја смести таа топка во левиот горен агол на Цезар! Ерупција, воодушевување, поклонувања на Дињо до публиката која што цело ова време беше до него! По ова натпреварот повторно доби едно умртвено темпо (благодарение на Милан) и првото полувреме заврши без посериозна закана! Во вториот дел „гостите“ почнаа срамежливо да ги покажуваат своите напаѓачки амбиции (сосема логично поради фактот што на нив им гореше под нозете) но одбраната на Милан зачудувачки добро се носеше со Ибра ака Чопката енд д рест! Мерда беа се понервозни како што минуваше времето и тоа го покажуваа со неколку брутални стартови при што беше исклучен Бурдисо со втор жолт за старт над Рики во акција која ветуваше опасност кон голот на Цезар! По него „Матриксот“ (колку го мразам што со овој прекар го валка името на еден прекрасен филм) се обиде да го поправи вон теренот она што не успеа додека беше на него и си доби црвен картон од клупата! По ова нашите рутинирано ја играа играта на чување на резултат иако можеби требаше да се тргне напред и да се реши натпреварот со оглед на бројчаната предност! Мерда имаше 2-3 опасни ситуации кон голот на Абијати во останатиот дел од мечот! Во таборот на Милан не може да се обележи еден фудбалер! Буквално сите беа на ниво! Рино беше ѕвер, се бореше и против противниците и против болката во својата рака! Рики беше моторот на Милан а Сидорф беше диригентот од позадина! Дињо си е Дињо! Го немаше никаде но го реши мечот!
И на крај збор два околу Карлито!
Се повтори она што го пишував за него после поразот од Џенова овде на блогов! Едноставно човекот секогаш кога е под притисок се вади во ВИСОК СТИЛ! Без разлика дали тоа ние ќе го признаеме или не... секогаш се вади со стил! По тие два стартни порази нанижи 5 победи (оваа против Мерда се брои за две) и сега бродот Миланело е во многу помирни води и е на само -1 бод од Мерда!
Forza Milan!!!

Saturday 27 September 2008

Милан-Интер


Само еден ден не дели од најголемото градско дерби во Италија,Европа,па и за некои Светот.Јас,како и секој вистински Росоњер на овој натпревар чека цела
година.Епски дуели,голови за паметење,тактички надмудрувања е само дел од репертоарот
што го нуди Миланското дерби.Цела недела ја поминав во погодувањето на евентуалните состави,прогнози и тн..Иако треба да се трудиме овој натпревар да го гледаме како само 3 бода јас воопшто неможам на тоа така да гледам!Макар и да не победеше Милан со Реџина,послатка би ми била победата и 3те бода со Интер.Како и да е,да не го тапшам многу многу одиме на главната поента: Победа над најлутиот ривал и пред се 3 бода!

Милан е во добра серија од 3 победи во во последните 3 натпревари со што се рехалибитираше
Од стартните 2 пораза.
Интер пак,сезонава од 5те натпревари што ги одигра сеуште нема пораз,а има само еден нерешен резултат.
Судија ќе биде Морганти-за детали околу тоа на кого како му е среќен ќе добиеме од Бране непосредно пред стартот на мечот :)

Абиати,Дида
Замброта,Антонини,Бонера,Малдини,Каладзе,Фавали,Јанкуловски
Гатузо,Фламини,Амброзини,Емерсон,,Кардачо,Сидорф
Кака,Роналдињо,Пато,Шевченко

-Овие ќе бидат играчите кои ќе конкурираат за стартните 11
Само не ми се допаѓа тоа што го слушам и изгледа е се поизвесно а тоа е дека Анчелоти ќе почне со неговата омилена формација со 2ца полушпица и само еден истурен напаѓач.Доволно кажано повеќе за ова по натпреварот(се надевам дека нема да имам причина да зборам мн мн за ова :) )
ПС:Сега можеме официјално да почнеме со прогнозите! :D
INTERISTA DIVENTI PAZZO!!! FORZA MILAN!!!

Friday 26 September 2008

ОСНОВАЧКО СОБРАНИЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ФАН КЛУБ НА МИЛАН ВО МАКЕДОНИЈА!



Почитувани Росонерки и Росонери од Македонија, ве покануваме на собирот на Росонерите од Македонија кој ќе се одржи по повод одржувањето на основачкото собрание за формирање на фан клубот каде ќе ви биде предложен предлог статут за формирање на здружението на навивачи на Милан во Македонија, односно формирање на долго најавуваниот фан клуб! Право на глас според законот има секој кој има полни 18 години!

Потоа ќе следи задничко еуфорично проследување на натпреварот против пациентите од другиот дел на нашиот град!!!


Дојдете да бидете дел од историјата на формирањето на Официјалниот фан клуб на Милан во Македонија!


Место: Sports bar SHANKLY'S

Дата: 28ми Септември

Време: 19:30

За сите други било какви информации ако ви требаат, околу локацијата или било што,

лице за контакт, Владимир, тел. број 070 343-446


ДА НАПРАВИМЕ МАСОВЕН СОБИР ДРУГАРКИ И ДРУГАРИ РОСОНЕРИ!!!

Thursday 25 September 2008

Милан со три бода од Реџо Калабрија!


Продолжува потерата по врвот, продолжува собирањето на плодови од 4-3-1-2 формацијата на Милан! Уште една победа, втора по ред (трета со се онаа над Цирих) и прва на гости сезонава! Победа во Реџо Калабрија против домашната Реџина со 1-2. Рака на срце, блед натпревар од страна на Милан, можеби поради фактот што релативно рано (24 минута) беше отворен резултатот од страна на БориГол со неговиот прв гол во дресот на Милан сезонава! Имаше фаул близу десната аут линија и Сидорф одлично го пронајде корпулентниот Боригол кој уште подобро го искористи екстремно лошото маркирање од противничките фудбалери и постигна убав гол со глава од 11 метри! По постигнатиот гол имаше уште една шанса за БориГол кога излезе сам пред голманот на домакините но се сплетка со топката и шансата пропадна! По ова се повтори старата болка на Милан... едноставно не се оди да се дотолчи противникот со уште некој гол и да се реши предвреме натпреварот туку Росонерите се повлекоа и играа млитаво како да чекаа да заврши натпреварот уште во таа 24 минута! Од друга страна, домакините иако беа очајни, кога увидоа дека фудбалерите на Милан не се заинтересирани за голот на Кампањоло тргнаа напред и создадоа константен притисок кон голот на Абијати во финишот од првото полувреме! Во овие моменти Абиати имаше 2 одлични интервенции! Во второто полувреме домакините продолжија да атакуваат кон голот на Милан и константно не решетеа по нивната десна а нашата лева страна во одбраната (Фавали). 90 проценти од нападите во тоа второ полувреме беа по нашата лева страна а во половина од тие напади Фавали беше поминат! Незнам како Карлито не го увиде тоа! БориГол при спринтот кон една топка ја истегна задната десна ложа и беше заменет од Шева кој беше очајно слаб! Фламс беше на граница на добивање на втор жолт картон и буквално во последен момент беше заменет со Амброзини. Сепак домакините успеаа да го изедначат резултатот по уште една смешна ситуација пред нашиот гол, вистински карамбол (их која рима)! Коради беше човекот кој го врати резултатот на егал! Ова се случуваше во 59 минута! И таман помислив дека повторно ќе останеме пократки за два бода од никаде изникна Але Але Але Пато!!! Дечкото иако беше невидлив во текот на целиот натпревар успеа со својот 3 гол за само 6 дена да ги донесе со себе 3 бода во Милано! Амброзини испрати длабочинска топка покрај десната аут линија која ја прифати Кака и ја сврти кон срцето на шеснаесетникот а таму ја распали од прва Але Але Але Пато и Кампањоло беше немоќен! По водечкиот гол на Милан стандардната замена на Карлито, евергринот Емерсон овојпат на местото на Але Але Але Пато! Домакините имаа уште една шанса до крајот на мечот и тоа беше се! Милан освои нови 3 бода кои добиваат уште поголема тежина ако се знае дека Рома беше поразена во гости од Џенова а Јуве изигра само нерешено дома со Катанија! Ова ќе беше перфектен викенд доколку Круз не погодеше за комшиите во 79 во натпреварот против Лече! Како и да е имаме шанса да им дојдеме на комшиите на само бод во Недела! Але Але Але Пато е во страшен ритам со 3 гола во само 6 дена! Не знам дали БориГол ќе биде спремен за во Недела но кој и да игра очекуваме три бода!!!

Tuesday 23 September 2008

ORA INIZIAMO...


Почнавме лошо, многу лошо, бевме на работ, имавме нула од две натпревари, тренерот беше пред отказ..едноставно немавме ништо а првенството си течеше..сите со право пишуваа лошо за клубот кој ми е омилен и едноставно ме боли кога ќе прочитам нешто такво..пишував и јас, го бркав тренерот, ги критикував некои од потезите на Galliani, па и некои од играчите, некогаш во афект, а некогаш со ладна глава, но сутиацијата во клубот не дозволуваше да се пишува поинаку..особено по вториот пораз од Genoa не ми се ни отвараше блогов а да не зборам за некоја поголема активност..
И сите како едвај да го чекавме четвртокот и мечот со Zurich за да на некој начин не освежи и резултатски и емотивно..победата иако во UEFA Cup и над екипа како Zurich не врати во живот, а Carlo преживеа..се очекуваше да нема смена на тренерот во овој период на сезоната, но евентуален неуспех во четвртокот ќе значеше дефинитивен крај за Ancelotti..не се случи тоа, напротив Milan одигра доста солидно и доби крилја за наредниот меч против Lazio..и пак кај нас фановите постоеше голема доза на претпазливост и почит пред мечот со тогашниот лидер на табелата..овај пат играчите, па дури и Carlo не изненадија, одиграа различно од тоа што го видовме на отварањето на сезоната, напаѓачки, доминантно и течно..го растурија Lazio и едноставно не натераа полека полека да веруваме во оној “шампионски Milan”..екипа која е спремна да одигра на ниво и со јаките и со слабите екипи (ако воопшто ги има такви)..Помина нешто повеќе од еден ден од победата над Lazio, а веќе во среда имаме нов предизвик – првите три бода во гости..на мегдан со Reggina, во добра форма, во добра мини-серија, со добар здравствен биланс, со голем оптимизам, но со уште поголема доза на претпазливост..никој не сака нов студен туш и ново разочарување..имаме предуслови да го видиме повторно Milan од неделата, а да не зборувам какво олеснување би значела победа пред дербито со комшиите (читај копиљаци) :) официјалците од клубот најавуваат повторно 3 бода и ме радува тоа што оптимизмот и добрата атмосфера се повторно меѓу играчите..на ред доаѓа навидум послаба екипа, но кога се има во обзир дека низ Reggio Calabria не се минува така лесно, треба да се одигра безмалку перфектно..сепак ако ангжираноста на екипа е на ниво тогаш Milan е тим кој гази се пред себе..имаме врвни индивидуалци, колегијалноста задоволува, притисокот полека се намалува, се забелужува дека сега во клубот се создаваат оние предуслови за преродување на тимот и враќање на место кое е природно за Milan..Signore Manara вели дека покрај веќе познатите повреди, се е во ред, comisario disciplinare ни го зема само Zambro, чие место во моментот може да се надолполни..сега само ни фали таа втора победа во првенството, а Carlo ваљда знае да ја постави правата формација што ќе ни ги донеси трите бода од југот..често сакам да сум на неговото место и доколку мене некој ме прашува, би играл со истите 11мина (без Zambro се разбира) зашо ја почитувам онаа изрека –тимот што победува не се менува-..како и што вели самиот наслов на постот, ние почнуваме сега, сезоната за Milan почнува сега, далеку е мај кога ќе треба il capitano да го крене пехарот, одиме чекор по чекор, газиме се пред себе, оти Milano siamo noi, solo noi..
RITONIAMO LA GLORIA!!!FORZA CAMPIONI!!!

Sunday 21 September 2008

Милан-Лацио 4-1



Дојде и тоа!Првата победа сезонава во Серија А и тоа против доскорашниот лидер на табелата Лацио.Се на се убав натпревар не само за нас Миланезите туку и за неутралните гледачи(ако ги има такви)кои можеа да видат атрактивна игра,пет гола од кои 2 исклучително добри :)
А сега и поединечно за "Актерите на вечерашниот натпревар" :D

Абијати 8 -Клин шит и константност во текот на целиот натпревар.Голот не беше по негова вина,само со чудо ќе можеше да го одбрани ударот на Зарате-но чудо и направи кога излезе нашиот Пандевочи в очи и со одличен рефлекс го скроти ударот

Замброта 8 -Мајстор!Извонредна игра како во одбраната така и во нападот.Постојани излети на противничката половина-брилијантната партија ја зачини со евро гол

Малдини 7 -Капитенска изведба на капитенот :) Не е мала работа на 40 години да трчаш 90 мин и да се носиш со Зарате и Пандев кои се во одлична форма

Каладзе 6.5 -Не ми замерувајте што моите несимпатии кон Каладзе ги истакнувам вака но миласм дека оценава му е доволна :)

Јанкуловски 7.5 -Нашиот Јанко беше константно добар и напред и назад :) Таа 0.5 ја ставив поради она
нешто што најмногу го ценам кај одбранбените играчи-Сигурност и Константост

Гатузо 7 - Сосема доволно за неговото враќање на фудбалските терени по паузата.Едноставно си бешеГатузо! :)

Амброзини 8 - Газда!Го имаше секаде!Борбен како и секогаш и во целост си ја одбработи задачата во дефанзива.Во офанзивата не беше толку активен поради присутвото на Сидорф на теренот

Сидорф 7.5 -Добра игра....и пред се се покажа која е неговата вистинска позиција во тимот.Раниот гол што го постигна беше од исклучителна важност за понатамошниот тек од натпреварот

Кака 8 -Потсети на стариот Кака без повреди...продори,пасови шутеви и еден ГОЛ!И тоа каков!Исто таказа издвојување е неговиот продор во 32 минута :)

Пато 7.5 -Одличен гол во стилот на Пипо кој ме потсети многу на голот кој Роналдо(оргиналот се разбира) го постигна против Наполи минатата сезона за 3-2 :)

Бориело 7 -Најмногу заради залаганоста и пожртвуваноста на теренот и желбата која ја покажа за да се искаже и пред се да постигне гол :)

Измени: Фламини 6.5-Што знам :Р ; Роналдињо 6.5 / ; Емерсон....Аххх....оставам на вас xD

Епа тоа е тоа....тепавме фала богу....до следниот пост еден поздрави(уствари четири поздрави :Р) од вашиот Ултра!





FORZA MILAN!!!

Friday 19 September 2008

Милан - Лацио


По бедните 0-2 со Џенова ни требаше некој на кој ќе може да ја истуриме целата нервоза. И ете ти го Цирих на Сан Сиро. Се почна како што се очекуваше , додуша и повеќе од тоа што се очекуваше Шевченко почна да прави акробации, за чудо почна и да поминува покрај противничките играчи, арно ама немаше среќа па ја погоди пречката, па дури и прими топка во фор и дел заради недоволната снаодливост дел заради недоволната среќа пак не успеа да даде гол но со еден одмерен шут на Јанкуловски во правец на нозете на дефанзивецот на Цирих топката ја смени насоката и се најде во мрежата, баш според планот на Јанко. :) (сепак редно беше и нас да ни се насмевне среќата). Потоа со една одмерена бомба на Але беше 2-0 и потоа со еден одличен потег и шут на Марко веќе беше 3-0. Од овој човек очекувам 25+ голови сезонава, освен ако Карло не го залепи за клупа. Но за да не биде се така убаво и розево, и конечно да одиграме натпревар без примен гол се погрижи незнам кој од Цирих со нели прекрасен евро гол, очигледно на сите екипи им лежи Сан Сиро за постигнување такви голови, зашто се сомневам дека постигнале такви голови во кариерата повеќе од два пати, вклучувајќи ги и тренинзите. Нејсе, сепак имаме 2 гола предност и ако со овој резултат не отидеме понатаму Карло треба веднаш сам да си пресуди, да не му пресуди некој друг.

По оваа победа на ред е како што милуваат нашите коментатори да кажат ЗАБРЕВТАНИОТ Лацио. На чело со Гочето и Зарате лацијалите успеаа да стигнат и на чело на Серие А, со две победи против не така слаби противници. Сепак во овие моменти и Ман Јун да ни се нацртаат на Сан Сиро ние едноставно мора да победиме. Иако е само почеток сепак непријатно е да бидеш во зоната за испаѓање заедно со Каљари. Како да не беа доволни двата порази па почнаа да ни се случуваат и малери со повредите, иако во прв момент се израдував што се повреди Пирло, да, баш се израдував, зашто конечно ќе го добие заслужениот одмор, како што кажав , ако не му текнува на тренерот ќе им текне на мускулите дека им треба одмор, сепак сега кога се дозна дека ќе паузира два месеци и се разочарав. Сепак со Пирло без Пирло , со Кака без Кака, едноставно овој натпревар треба да се победи. Формацијата со која ќе излезе Карло во овој момент чисто се сомневам дека и Нострадамус може да ја предвиди, а се сомневам дека и самиот Карло знае како ќе почне, па затоа и јас ќе се воздржам од предвидувања. Тоа би било тоа во ова кратко preview за натпреварот со Лацио и на крај ќе цитирам само една изјава на Венгер дадена денеска која е тесно поврзана со случувањата во Милан :

"The manager is the most important man at the club, if not why do you sack the manager if it isn't going well?

Вел Карло евритинг из ин јоур хендс!

FORZA MILAN!

Sunday 14 September 2008

Џенова 2 - 0 Милан

Сеуште живееме во минатото! Дон Силвио и Галијани, Карлито и играчите, навивачите...
Сеуште никој не успева (или не сака) да види кон што води ова! Од една страна газдите на клубот што го сакам сакаат да поминат цела декада (па и кусур) без воопшто да вложат во одбраната... од друга страна тренерот не може (или не сака) да сфати дека неговата тактика веќе ја знаат и дечките од Албинолефе и дека скоро секој има против игра на тоа! Господинот Анчелоти ака Големата глава упорно форсира некои негови фикс идеи исто како што управата упорно го подржува после сите посрамотувања! Три важни прашања ми се вртат низ глава:
1. Што бара во игра Фавали?!
2. Зошто Дињо излезе на полувреме?!
3. Зошто се форсира Шевченко кога и тој самиот е свесен дека не е подготвен за игра?!
Уште колку време им треба на управата и навивачите коишто го подржуваат Анчелоти да сфатат дека ова не’ води кон пропаст?! Едноставно го допревме дното! Ако по првиот натпревар против Болоња можевме да се тешиме со извонредната игра и немањето среќа, овојпат можеме да се пофалиме дека имавме среќа! Да, среќа да не примиме уште некој гол! Фудбалерите делуваат максимално дезорганизирано на теренот, тренерот во обложувалниците има коефициент 1,07 дека ќе игра со своето добро познато „кристмас три“ односно 4-3-2-1! Анчелоти е тренер на Милан од 2001 година и досега покажа само едно... дека е добар стратег во т.н тет а тет дуели односно елиминациски натпревари (читај ЛШ)! Карлито никогаш не покажа дека може да ниже резултати во серија, дека може да изгради уникатен стил на игра! Рака на срце, треба и некои фудбалери да застанат пред огледало и да погледнат каков дрес носат на себе и да го стават тоа во корелација со нивната пожртвуваност на теренот! Немаме игра, играме бледо, фудбалерите не се гладни за успеси! Сето тоа укажува дека тимот е заситен од тренерот, дека е потребно ново лице со нови идеи и нов (се надевам поволен) ветар на Сан Сиро! Сепак, кој би дошол на место на недопирливиот Карлито?! Незнам, особено не сега после 2 кола во новата сезона! Тренер се менува во летниот период а не по само 1 месец од почетокот на сезоната! На евентуалниот заменик би му било уште потешко, да раководи со ресурси кои не се донесени по негова желба! А и што имаме на располагање?! Донадони кој имаше сомнителни резултати во серија на чело на Азурите и Франк Рајкард кој едноставно не може (или барем не би смеело) да дојде во Миланело! Барем не сега!! Дињо си замина од Барса поради Рајкард, не сакам да имаме нова сапунска серија во Милан! Не го сакам за тренер на мојот омилен тим човек кој упорно на десен бек го форсираше евергринот на Барса Олегер (слично како и наш Карлито со Фавали) и како фудбалер од среден ред го игра Едмилсон! Доста со такви експерименти! Доколку може да се најде заеднички јазик со Ајакс за да се ангажира Марко Ван Бастен односно со Рома за да се добие Спалети во ред, во спротивно со Рајкард и со Донадони сметам дека ќе заглавиме со нов недоволно квалитетен тренер на клупата на Милан. А знаеме колку емоционално се врзуваат газдите со своите тренери па кој ќе чека следни 5 години за да се направи нова смена! Толку за тренерот!
Како што беше претходно наведено некои фудбалери треба да застанат пред огледало и да се замислат што тие контрибуираат и жртвуваат за доброто на својот клуб! Андреа Пирло (и покрај тоа што за мене е најдобар фудбалер во светот на неговата позиција) мора да биде седнат на клупа и тоа неколку натпревари во серија! Иако тоа на прв поглед делува невозможно, сепак попрво би го играл Матиас Кардачио отколку да продолжам со Пирло во првиот тим! Со Кардачио и со пораз можам да се вадам на неговото неискуство и зрелост! Да бидеме реални, Пирло не игра ништо после СП 2006 во Германија! Тоа е факт!!! Не велам дека квалитетите на Пирло паднале но тој нема отсуствувано на ниту еден натпревар на Милан, па дури и кога се игра во купот! Едноставно е преморен и презаситен! Е сега повторно тоа е вина на тренерот кој неможе (или повторно не сака) тоа да го види! Кога ќе се врати стариот Пирло ќе се врати и стариот Милан! Кога Пирло е во ритам, Милан може да го води и Биљбиљ Соколи!
Кларенс Сидорф! (или Slowdorff на некои странски форуми) Господинот се натпреварува со Пирло кој помалку ќе истрча на некој натпревар... денес не беше стартер и веднаш се забележа поголема ангажираност во неговата игра! Мора да сфати дека неговото место во стартните 11 не е по дифолт туку треба да го заслужи!
Андреј Шевченко! Мајсторе извини ама ти си во аут! Мора да ја вратиш твојата физичка и пред се психичка форма! Можеби (големо МОЖЕБИ) ќе бидеш во ред за 1 месец но не сега! Врз Милан има огромен притисок од сите страни а врз Шева тој притисок е на квадрат (со оглед на моментумот при неговото заминување и враќање во Милан)!
Фавали... не сакам да коментирам! Незнам зошто игра Фавали кога на клупата го има Јанкуловски па и Антонини кој е сосема солиден бек! Зошто мора секогаш да се игра со истите фудбалери без разлика на резултатот или мотивацијата! Кога игра Амбро или Гатузо можеби ќе се нервирам околу нивната техничка потковеност но барем знам дека воопшто не е доведено во прашање нивното срце долу на теренот!
Текстов е пишуван во афект... можеби и премногу се разводнува но таков е и проблемот на Милан, разводнет! Жално е тоа што сета вина се префрла на тренерот но реално не може да се смени целиот тим, нели?! И за крај, бисерот на сета оваа ситуација!
Карло Анчелоти нема да добие отказ! Сигурен сум околу тоа! А и дали е отказот паметен потег сега, на стартот од сезоната?! Меч со две острици! Сепак... Карлито фала ти за сите радосни моменти но време е да се разделиме! Ти велеше дека единствено би ја заменил клупата на Милан за онаа на Рома! Епа, work's for me!

Saturday 13 September 2008

Џенова - Милан

По болниот и тотално незаслужен пораз од Болоња и паузата од две недели за квалификационите натпревари за ЈАР 2010 конечно го дочекавме и продолжението на калчото. Во недела ќе треба да докажеме дека тоа што се случи против Болоња беше чиста случајност и немање на доволно среќа. Но, во меѓувреме се случи и еден преседан да не речам скандал. Во пријателски натпревар против второлигашот Лугано загубивме со 2-0. Составот со кој настапивме на тој натпревар беше сосема солиден и едноставно мораше да победи, без разлика што беше само пријателски натпревар. Еве го и составот со кој настапивме : MILAN: Abbiati; Bonera, Senderos, Maldini, Antonini; Cardacio, Emerson, Ambrosini; Seedorf; Inzaghi, Pato.
По натпреварот Анчелоти за прв пат од кога е тренер на Милан, односно од 2001, не се појави на пресот по натпреварот и одговорноста ја превзеде Сидорф и ни се извини на сите фанови за таквиот испад што го направија. Сепак, имам впечаток дека многу малце фанови го примија тоа извинување и го опростија тоа што се случи. Единствено извинување ќе биде победа утре против Џенова, ако не се случи тоа голем дел од подржувачите на работата на Анчелоти(вклучувајќи ме и мене) ќе се приклучат кон оние кои одамна бараат негова смена. Знак дека нешто такво е можно даде и Галијани со тоа што после мечот со Лугано не излезе да каже "работата на Анечелоти е сигурна" што вообичаено го правеше после вакви испади.
Bac to the subject. Утре Анчелоти ќе го има на располагање скоро комплетниот тим, исклучувајќи ги Неста, Гатузо и Инзаги. Од овие тројца реално само Неста би ни бил неопходен во овие моменти, но со оглед на тоа што Манара најави негово враќа кон половина на Октомври и од него не треба да очекуваме ништо во скоро време. Утре најверојатно дебито ќе го има Филип Сендерос, кој одигра 45мин. против Лугано, ќе игра покрај Малдини. Утре најверојатно по незнам кој пат по ред во првиот тим скоро со сигурност ќе настапи и Пирло. Не памтам кога последен пат човекот бил одморен, ги игра сите калчо натпревари , ги игра сите репрезентативни натпревари, непамтам кога последен пат бил повреден па да биде на принуден одмор. Едноставно лошите игри на Пирло се должат исклучиво на неговиот замор. Тоа Липи го увиде на мечот со Грузија и на полувреме го замени со Анџело Паломбо. Незнам колку време му треба на Анчелоти да го увиди истото. На Андреа очајно му треба одмор. Покрај него би требало да играат Фламини и Амброзини, пред нив Сидорф и Роналдињо, а како единиствен напаѓач најверојатно Шева(кој на квалификационите натпревари за Украина постигна 2 гола, еден од пенал,решавачки во 94мин. , и еден од игра, одигра вкупно околу 110 мин. на двата натпревари) Еве како би изгледало сето тоа :

-------------------------Абијати--------------------------

--Замброта--Сендерос---------Малдини---Јанкуловски--

---Фламини------------Пирло-------Амброзини-----------

-----------Сидорф------------Роналдињо-----------------

-------------------Шева(Пато)----------------------------

Анчелоти за утре на располагање ќе ги има и Кака и Бориело. Како одигра 45мин. против Лугано и изјави дека не чуствува никакви болки во коленото и е спремен за настап. Мислам дека Анчелоти нема да брза со негово враќање но доколку има потреба(се надевам дека нема да има) ќе влезе во игра.
Резултатот од семафорот погоре ќе биде сосема доволен за да се заборават и натпреварите и против Болоња и против Лугано. Ако не, како што кажав, бројката на фанови кои ќе бараат смена од Анчелоти драстично ќе се зголеми. Но не треба со ништо да се брза, зашто ако се види дека единствени опции во моментов се Рајкард, Донадони и Закерони, тогаш треба неколку пати да се размисли пред да се донесат било какви одлуки. Сепак Анчелоти е неколку класи подобар тренер од овие тројца што се на располагање.
Како и да е, недела, 15 00, Макпетрол ТВ Џенова-Милан!!!


FORZA MILAN!