Translate

Tuesday, 7 October 2008

УЕФА куп извлекување



Денеска во Нион во 13:00 часот по македонско време ќе се одржи ждребувањето за натпреварите по групи во УЕФА купот. Ќе се формираат 8 групи со по 5 екипи и секоја екипа ќе одигра два натпревари на домашен и два натпревари на гостински терен. Значи нема двомеч туку се игра по еден натпревар со секоја екипа од групата. По секоја логика Милан се наоѓа во првиот шешир заедно со уште неколку фаворити како Севиља, Валенсија, Шалке 04 и др. Еве ги сите пет шешири:

1.Милан, Валенсија, Штудгарт, Севиља, Шалке 04, Тотенхем, Бенфика, ЦСКА Москва и Хамбургер.

2.Штудгарт, Олимпијакос, Ајакс, Клуб Бриж, Депортиво Ла Коруња, Спартак Москва, ПСЖ и Херенвен.

3.Розенборг, Удинезе, Феенорд, Брага, Славија Прага, Манчестер Сити, Галатасарај и Сампдорија.

4.Херта, Партизан, Нанси, Портсмут, Астон Вила, Расинг, Кобенхаген и Динамо Загреб.

5.Сент Етиен, Волфсбург, Стандар Лиеж, Твенте, НЕК Нијмиген, Металист, Лех Познан и Жилина.

Две екипи од иста земја неможе да се најдат во иста група, и нормално две екипи од ист шешир неможе да бидат во иста група.

Желбата моја, а верувам и на сите македонски миланези еден од противниците да биде Партизан или Динамо Загреб(двете неможе заради тоа што се во ист шешир), и при тоа натпреварот да би се играл во Белград или Загреб. Од другите противници уште би го посакал Депортиво, чисто заради одмазда, а понатака не размислувам, едноставно кој и да се падне сме неприкосновени фаворити, што секако не не носи уште сега понатака и тоа ќе треба да го докажеме на терен.

Нека ни е со среќа утре!


FORZA GRANDE MILAN!

12 comments:

Anonymous said...
This comment has been removed by a blog administrator.
Femin Susan said...
This comment has been removed by a blog administrator.
wild said...
This comment has been removed by a blog administrator.
ReBorned said...

Интересен е фактот што во 3 па и 4 шешир има поквалитетни екипи отколку во 2.
P.S Мислам дека ждрепката е сега во 12 а не во 13 часот

CurvaSud_Milan said...

Во 12 централно европско време, а мислам дека ние сме +1 од тоа, значи 13:00, ама и јас не сум 100% сигурен.:)

Сега за некое време ќе одам на факс и нема да имам можност да гледам! :@

ReBorned said...

Сепак јас сум бил во право... почнува :)

ReBorned said...

Група Е:
AC MILAN, Herenven, Braga, Portsmouth, Wolfsburg

Anonymous said...

Не би требало да имаме некој посериозен проблем... Далеку сме пред овие екипи, иако не се наивни противниците, не треба да има никакво потценување и на секој натпреавар треба да се иде на победа... А да не знаеш каков ни е распоредот, односно со кои играме дома со кои гости, пошто не изглеав ја до крај...
Фала унапред УПРАВАШИТКАЧИ

The Last Mohican said...

Ќе ги згазиме сите :))))

ReBorned said...

UEFA CUP: MILAN CALENDAR

1st matchday, 23rd October: Heerenveen-Milan
2nd matchday, 6th November: Milan-Braga
3rd matchday, 27th November: Portsmouth-Milan
4th matchday, 3-4 December: Rest
5th matchday, 17th December:
Milan-Wolfsburg.

Anonymous said...

Кога првпат ја видов сликата си помислив....фак.....тешка група...али факт е дека сме МИЛАН и дека тимови од калибарот на Брага треба само да ни бидат рутина.Но како и да е,не треба никој противник да се потцени.Искрено,според мене групата е израмнета по квалитет(освен нас нормално )
Сепак,очекуваме пласман во следната рунда.

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Од секоја група одат по 3 екипи... е сега кај нас е смешно што тие што се во 4 и 5 шешир се веднаш после нас по квалитет... а овие од 2 и 3 би требало да бидат аутсајдери