Translate

Sunday, 26 October 2008

Тешко заработени три бода во Бергамо!

Милан се врати од Бергамо со три бода! Конечни 0-1 со гол на Рики Кака во 80-та минута од натпреварот против Аталанта! Многу тежок натпревар на теренот на кој никој досега сезонава се нема наиграно против противник кој досега немаше пораз на домашен терен! Многу тешко заработени три бода, Милан беше во подредена ситуација во најголемиот дел од мечот и само одличниот Абијати беше причината поради која не го изгубивме овој многу важен натпревар! Интригантно, Анчелоти натпреварот го започна со тројца деструктивци а без Сидорф кој остана на клупата! По само половина час игра Фламини се пожали на повреда и беше заменет од Емерсон!
Роналдињо беше очаен и беше заменет во второто полувреме од Але Пато! Во нападот Марко Бориело се бореше за секоја топка и вложи многу напор за ништо, едноставно топките не беа насочени кон него! Сепак во 80-тата минута Рики спушти една топка кон Бориело кој несебично ја врати назад кон Кака и овој го матираше Фердинанд Копола за конечните 0-1. Еден гол доволен за 3 многу важни бода! Овие три бода добиваат уште повеќе на тежина поради тоа што Мерда само ремизираше на домашен терен против Џенова иако во најголем дел од вториот дел играше со фудбалер повеќе! Сега Милан е на само -1 бод од врвот! Следува вонредно коло во Среда кога играме на домашен терен против Сиена (Јанкуловски е суспендиран за таа средба) а Мерда игра на гости кај Фиорентина. Ајде Џила направи нешто добро за твојот екс тим!
Се надевам дека ќе ја продолжиме одличната серија од 8 натпревари по ред без пораз ( со само еден нерешен резултат против Каљари)!
Форца Милан!!!

No comments: