Translate

Wednesday, 28 September 2011

VIKTORIA WHO???


Да бидам искрен, дури кога вчера видов реклама за ЛШ преносите на Канал 5, се сетив дека Milan игра меч за еден ден. Се сетив и дека играат против Viktoria Plzen. Тогаш ми стана јасно зошто сосема сум заборавил на натпреварот што следи. Viktoria Plzen... ај да му се невиди, зошто не ми текнува ништо за екипава? Ми треба помош, дефинитивно! Отворам wikipedia, одма вртам кај current season и гледам нема таква работа. А гледам дека нема ни повеќе од два пасуси текст. Некако најдов време да ги прочитам тие стотина збора од кои ми стана многу појасно. Или не? Па луѓе клубов нема историја! Пред две години го освоиле купот, а лани првенството, тоа е се! Сите играчи им се чеси. Добро ајде, има и тројца словаци. Ама нема бразилци или било каков црнец што е многу чудно. Имам три објаснувања за ова: или немаат ич пари, или се тешки националисти, па можеби и расисти или се клуб директно поддржуван Futbalova Asociace Ceske Republiky од кои имаат за цел промоција на домашниот фудбал. Првото не ќе да е, го имаат Skoda за спонзор, всушност како и секоја трета спортска екипа од Чешка. Второто исто така е малку веројатно, UEFA е веќе досадна со онаа кампања LET'S KICK RACISM OUT OF FOOTBALL. Е за третото веќе почнувам да сумљам иако немам инсајдерски информации. Аха да, тоа е... И тренерот им е чех!

Со сето ова претходоно напишано имав само една поента. Сакав да доловам колку е непознат тимот на Viktoria. Она што во ниеден момент не го помислив е дека вечер ќе бидат растурени на San Siro. Никако не сакам да ги потценам како екипа и нивниот огромен успех да се квалификуваат во ЛШ. Ги исфрлија Rosenborg и Copenhapen во квалификациите и одиграа 1-1 со BATE. Зошто би биле послаби од споменатите екипи и зошто помалку би ги почитувале. Единствено што против себе вечер ќе имаат седумкратен европски шампион. Додуша и Cesena во Саботата го имаше истиот противник, па одиграа сосема солидно и поминаа само со 1-0. Се прашувам како само се чувствуваат овие момци...
Најавите за вечер се оечкувани. По враќањето на Ibra во составот, Max има само две дилеми. Кој да биде левиот бек и кој да игра позади Ibra-Cassano. Во опција се Urby и Aquaman. Ако ме прашувате мене, стартери би биле Luca и Aqiulani. Останатите места се познати и извесни. За напоменување е и повикот на Ganz кој ако се се одвива како што посакуваме, може да ги добие првите минути во ЛШ. Еве ги повиканите: 
Abbiati, Amelia, Roma, Abate, Antonini, Bonera, De Sciglio, Nesta, Taiwo, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Aquilani, Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Van Bommel, Cassano, Ibrahimovic, Ganz.

FORZA MILAN!!!

Saturday, 24 September 2011

Bow in front of the Pharaon



Без никакво претерување Milan дојде до дереџе да се крсти во едно 19 годишно момче! Со ваков здравствен билтен и ваков Cassano, само SES92 може да не' спаси!
Многу верувам во тоа момче со симпатична фризура (верував од секогаш) но се надевам дека вечерва и Cassano ќе верува малку повеќе во него па и некогаш ќе се осуди да му ја пушти топката во празно кога овој го прави тоа што Cassano не може поради својот мрзлив задник, втрчува во празно! Мах вчера на пресот меѓу зборови му рече на Cass дека има среќа што сите останати се повредени! За да биде иронијата поголема дури и Kingsley Boateng се повреди на 1 месец па така Cass сега е недопирлив!

Abbiati, Amelia, Roma, Abate, De Sciglio, Nesta, Taiwo, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Aquilani, Carmona (55), Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Valoti, Van Bommel, Cassano, El Shaarawy, Inzaghi.

За вечерашниот натпревар против Cessena (кој патем речено нема да оди во директен пренос на Телма) ќе ја имаме истата одбрана од претходните дуели. Нападот ќе започне со Cass и Il Pharaone. Во средниот ред некако срамежливо се насетува една промена... според информациите кои ги имам од Италија некако срамежливо Urby се приближува кон прв старт сезонава. Последното од Urby на Twitter е од пред 28 минути каде што вели дека ќе имаат light training now... (Ова ми беше шанса да се пофалам дека ги следам официјалните профили на Urby, Binho, Amelia и KPB :) )
Јас лично би сакал да се случи вакво нешто, да се случи нешто, било што. Премногу сме статични и неинвентивни со овој среден ред. Сепак, ако Urby влета во првите 11 не би сакал тоа да се случи на местото на Aquilani кој иако имаше катастрофален последен натпревар, пред тоа беше сосема солиден и тој е нашата најдобра креативна сила во тимот, мораме што побрзо да го вклопиме во играта. (Иронично, ако Urby би влетал во стартните 11 тоа најверојатно би било токму на местото на Aquaman.
Како што забележавте претходно во повиканите има 4 млади пиштоли. Оној петтиот кој го нема тука директно ќе влета во ЛШ (Comi). :)
Тоа е тоа дечки, не удри кризата на комшиите од претходната сезона. Сета среќа што ние не сме Printer, ние ќе се извлечеме од ова :)

Wednesday, 21 September 2011

Без паника...



Се прави вештачка паника во Milanello. Да, вештачка!
А всушност доколку вечерва победиме со Udinese, го имаме истиот старт како и минатата сезона, сезона која заврши одлично за нас на домашен план. Да, добро прочитавте, ист старт како и лани!
Како сите да забораваат на нешто што се случи пред само 1 година. Тогаш стартувавме со победа против Lecce со 4-0 па имавме пораз од Cesenna во гости 2-0 и реми со Catania 1-1 дома. Значи имавме освоено вкупно 4 бода во првите 3 кола под водство на Max. Сезонава имаме бод со Lazio и со евентуална победа вечерва (која нема да биде нималку лесна) ќе имаме идентични 4 бода по првите три одиграни натпревари во Calcio. Затоа стишете го алармот, многу ме боли глава!
А сега околу вечерашниот натпревар. (не) Стандардно имаме цел еден тим во аут поради повреди. Веќе не мислам да ги повторувам истите пред секој меч, само би ги додал на таа листа Bonera (можеби скршено ребро) и Antonini кој исто така не е повикан. Затоа пак во тимот се враќа evergreen-от Pippo.
Еве вака и изгледа конечната листа на повикани:
Abbiati, Amelia, Roma, Abate, Nesta, Taiwo, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Aquilani, Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Valoti (57), Van Bommel, Cassano, El Shaarawi, Inzaghi, Pato .

Околу составот, има варијанти како никогаш досега. И сите тие различни варијанти се поради фактот што (иронично) немаме доволен фонд на фудбалери. Дури постои и една срамежлива варијанта во која TS се враќа повторно во средниот ред на DMC (иако јас лично сметам дека тоа не би било баш препорачливо особено ако се знае дека во одбраната Nesta и Yepes ќе треба да го бркаат Di Natale).
Напред е можно Super Pippo да влета од самиот старт поради извонредно лошото недоразбирање во играта меѓу Pato и Cassano (повторно сметам дека ова е малку изводливо поради тоа што Pippo нема играно официјален натпревар веќе подолго време). Уште една варијанта е SES92 да влета во стартните 11 (како и претходните, малку веројатно). Најверојатно и најочекувано е напред повторно да стартуват Pato и Cassano. Зад нив би бил се' подобриот Aquilani. Всушност, целиот тим би бил ист од претходното коло. Тоа графички би изгледало вака:



Тука јас лично не се сложувам! Едноставно е премногу опасно против вака брза екипа, екипа која во стилот на игра е многу слична на Napoli (кој не' прегази) да се игра повторно Seedorf од самиот старт. Човекот е 35 години и е премногу за него да одигра 3 х 90 мин. во период од само 7 дена! Тоа е барање на проблем! Уште една работа, дали Seedorf толку е ограничен со таа MLC позиција па нема да може да се снајде на MRC на пример? Бидејки ако мене ме прашувате мене, со вака поставена формација сме опасно ранливи по таа наша лева страна посебно на брз фудбалер! Кога само би си ги замениле местата Seedorf и Nocerino (кој патем речено тогаш би играл на својата природна позиција) ќе бидеме подобро покриени, Abate би го чувал Seedorf а Nocerino би му помагал на Zambrotta.
Кај гостите освен Di Natale (со кој традиционално си имаме многу проблеми) особено ОСОБЕНО внимавајте на Torje, младиот Романец кој ќе биде новото чудо од дете од кујната на Udinese и ќе ги натера навивачите на Friuli многу брзо да заборават на Alexis Sanchez. Исто така од втор план ќе бидат многу опасни Isla и суперсоничниот Armero! Во одбраната вреди да се погледне младиот Benatia (имавме пројавено интерес) и одличниот Handanovic.
Се' на се, не' очекува уште еден возбудлив натпревар! Дали момците ќе не' израдуваат вечерва? Јас верувам во нив, а Вие...?

P.S Толку од Gasperini.

Уште едно P.S Имам отворена понуда за епскиот дуел против Barca на San Siro. Доколку успеам некако да ги регулирам работните обврски би Ви upload-ирал слики од лице место ;)

Sunday, 18 September 2011

SSC NAPOLI vs AC MILAN preview!!!

     Во потрага по првата победа сезонава и по некој друг резултат освен 2:2 :), нашите момци утревечер излегуваат на мегдан со минатогодишното изненадување во првенстовото, екипата на Napoli. Во крајно незгоден период треба да си ги испробаме силите со екипа кој според нашиот Max, комотно би можела да претендира за Скудето. И навистина, тоа не се празни зборови на пофалба на противникот. Знаејќи со што се може да се сретне во Лигата на шампионите, De Laurentiis не само што не ја распродаде екипата што му го донесе третото место лани, туку и јас засили. Доволно добро да еден Manchester City неможе да ги совлада, и тоа на City Ground. А колку се добри дома? Лани освоија дури 40 поени, од можни 57! Но не и против Milan. :)
     Досега кажаните работи за тимот од Неапол доволно зборува за сериозноста со која треба да се пристапи кон мечот. Победата која ја очекуваме утре не е важна само затоа што ќе биде прва, туку и поради реалната опасност еден сериозен конкурент за титулата да се одлепи уште на стартот. Зборувам за Juve, кој на стартот делуваше доста моќно, а утре гостува кај својата филијала, долго време нивната втора екипа Siena. Она што треба момците да го сторат утре на San Paolo е да ја играат својата игра. Нешто сосема спротивно од она во Вторникот. Да ја видиме играта од минатата сезона, цврста, доминантна, надмоќна... Иако овојпат ќе биде уште потешко од претохдните два мечеви. Листата на повредени постојано се проширува, се повредуваат играчи кои најмалку треба да се отсутни при овој пеколен ритам. Кога ќе ми текне дека после ова ни следува Udinese во Среда, се прашувам како Max планира за закрпи тим. За утре се повикани и четворица младинци. Ова се јунаците: Abbiati, Amelia, Roma, Abate, Antonini, Bonera, Nesta, Taiwo, Thiago Silva, Yepes, Aquilani, Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Valoti, Van Bommel, Carmona, Cassano, El-Shaarawy, Ganz, Pato.
     И во цела таа кошаркарска еуфорија утре се надевам дека ќе има некој расположен да искоментира нешто во пресрет на мечот, па и потоа. Криво ми е што се поклопува со терминот на финалето, ама за мене Milan е поважен од Шпанија и Франција заедно. Колку добро би било да со бронза во рацете гледаш како Milan ја гази дружината на Пандев... 
     Утре одиме на победа момци и тоа на дупла!!

     FORZA MILAN, FORZA MACEDONIA!!!

Wednesday, 14 September 2011

Tuesday, 13 September 2011

Дерби на светот!



Токму така го најави овој натпревар The Gold Tie Hero. Се среќаваат тимот кој доминира на секое можно ниво во последните неколку сезони и тимот со најмногу титули во светот!
Домакините офанзивно се со најдобар можен состав но имаат некои проблеми во одбраната (Pique и можеби Puyol).
Ние од друга страна имаме проблеми со неиграњето на Binho и особено неочекуваната повреда на Zlatan на последниот тренинг (се очекува да биде во out минимум 4 натпревари, тежок период против тешки противници). Изоставувањето на Zlatan добива поголема тежина поради тоа што доаѓа во последен момент, кога сите коцки на Max се веќе склопени. Zlatan од друга страна е тип на фудбалер околу кој се гради целата игра на тимот и сега нашиот тренер се наоѓа во лоша ситуција кога ќе мора за 48 часа да прави буквално нова, револуционерна формација и тактика против Barcelona.
За домакините има само една непознаница, дали во одбраната ќе заигра Puyol или Mascherano а од таа дилема ќе зависи и стартната позиција на Abidal.
Веројатниот домашен состав е следниот:
Valdes, Alves, Mascherano, Puyol, Abidal, Xavi, Busquets, Fabregas, Villa, Messi, Iniesta.

Од друга страна, Allegri поради претходно наведеното прави повеќе варијанти. Едната од нив е со Pato осамен напред и BOA зад него заедно со Urby кој би влетал во првите 11 во познатата christmass tree формација на Ancelotti. Зад нив би биле Seedorf, The Boss и Nocerino кој поради својата свежина и робусност би добил директен старт. Назад се’ е познато со тоа што Zambrotta ќе стартува на левата страна. Тоа одприлика би изгледало вака:



Другата варијанта за нас е класична 4-3-1-2 со Cassano покрај Pato во самиот шпиц со Boateng зад нив, Urby во овој случај оди на клупата. Дилемата на Max е поради тоа што доколку Cassano стартува заедно со Pato на клупата ќе нема ниту еден шпиц фудбалер кој би можел да го смени текот на играта доколку е тоа потребно во вториот дел (поради негативен резултат или повреда).
Во тој случај ќе мора да се потпреме на експлозивноста на Urby во таква ситуација.
Како и да е, сите дилеми ќе се расчистат вечерва.

Клучно за вечерашниот натпревар? Повеќе или помалку...



Момци, меѓу нас кажано... се чувствувам многу самоуверен, дури застрашувачки самоуверен. Играме без Zlatan, тие се класични фаворити, сите очекуваат класичен дебакл, фрлам поглед на билтенот лево од мене (која иронија, Barca билтен) и гледам: 1.3 Vs 3 Vs 8.00.
Исполнети се сите предуслови за да гледаме добар Milan, Milan во ситуации како овие е најопасен ;)
Forza Milan!!!

Saturday, 10 September 2011

Милан - Лацио 2:2

Ништо страшно, резултат кој само ни покажува колку незгодна екипа се Лацијалите и декa оваа сезона ќе биде многу потешка од претходната. Одсекогаш сум велел дека ваквитe резултати служат како поука и да не приземјат да не летаме многу во облаци.
Ако го додадеме на ова фактот дека во последните 10 сезони бранителот на скудетото само во 2 или 3 случаеви победувал на отварањето на сезоната.
Аквилани и Ночерино имаа солидно деби, а Неста еден од најлошите натпревари во кариерата.Но треба да гледаме и на позитивната страна, на пример кога последен пат сме се вратиле после два гола негатива?или кога последен пат сме дале гол со глава?од корнер?изведен од Аквамен :)
Немам никаков апдејт за повредите на Рино и Боа освен тоа дека вториот направил некои тестови ама сеуште не се знае неговата состојба.

Сега може да се опуштиме и да се одмориме бидејќи следи лесна задача...... :-P




FORZA MILAN !!!

Friday, 9 September 2011

За загревање!

Само да Ве загреам. Коментарите остануваат во претходниот пост.

SI COMINCIA... FINALMENTE!!!


     Здраво дечки! Еве ме и мене назад по неколку тивки и денови исполнети со нетрпение и исчекувања. Нешто слично како сите на блогов најверојатно, не ми беше многу до коментирање, а да признаам и немав нешто идеја за што тоа да пишувам. Чекањето на стартот на новата сезона и сепак не испадна толку лошо, но само заради оние момци што растураат низ Литванија. Што е до фудбалот, се ми се чини дека овој септемврискиот е најомразениот термин за играње репрезентативни натпревари, па така сите одвај дочекавме да пројде, па да гледаме клубски фудбал. Кој продолжението, кој стартот на првенството. Некои фанови веќе дискутираат во каква форма се нивните клубови годинава, а ние за жал уште чекаме на првиот меч. И се поради очигледно непотребниот штрајк.
     Како и да е, утре е денот. Утре ќе го видиме новиот Milan кој сите веќе го прогласија за најголем кандидат за Скудетото 2012. Што се случи изминатите скоро два припремни месеци, се случи, сега на ред е одбраната на титулата. На San Siro ќе го видиме и новиот Lazio, целосно реновиран, со многу нови имиња и без многу познати ѕвезди. Го гледавме и против нашиот Работнички и видовме дека се работи за доста цврста екипа. Иако Работнички и не е некој тим од чии дуели можеш да ја согледуваш силината на калчолигаш, начинот на кој Lazio го одигра првиот меч на Olimpico, покажа зошто новите засилувања заедно со искусните "староседелци", го прават прават Reja толку самоуверен пред отворањето на сезоната. Јас лично неможам да проценам дали новиот Lazio е подобар од ланскиот, ама знам против оваа екипа немаме победа на последните 3 натпревар. Се реми до реми, дефинитивно незгоден противник за нас.
     Уште на стартот, Max се соочува со проблеми со повреди. Во составот не се повикани Zambro, Binho, Taye, Seedorf и секако Flams. Освен таа лева бековска позиција и не би требало да претставува некој проблем пополнувањето на останатите. Иако малку веројатно, во стартните 11, Allegri може да уфрли и некој од послените засилувања - Aquaman, El Shaarawy или Nocerino. Со оглед на пеколниот старт што ни следи (Barca, Napoli, Udinese...), покрај победата, утревечер од момците ќе се бара и попретпазлива игра. Но еден човек може да смени се, неповторливиот Libor Kozak :) Ако не ми верувате прашајте го Legrottaglie. Уствари тој не се сеќава на мечот :)) И веќе е три и пол саат, а јас немам што друго да напишам. Ова се повиканите, па повелете со прогнози за составот и резултатот: Abbiati, Amelia, Roma, Abate, Antonini, Bonera, Nesta, Thiago Silva, Yepes, Ambrosini, Aquilani, Kevin Prince Boateng, Emanuelson, Gattuso, Nocerino, Van Bommel, Cassano, El Shaarawy, Ibrahimovic and Pato.

     Епа момци, претставата може да започне!

    FORZA MILAN!!!
         

Friday, 2 September 2011

2011/2012



Летото заврши Мр.Х не дојде (или пак дојде??) нималку важно, битно ние си ја склопивме навремено екипата и може да се каже дека имаме посилна и поискусна екипа од онаа шампионската од минатата сезона.
Засилувања имаше во скоро делови од тимот а еве ги поважните трансакции што беа направени летово:

In:

Mexes (Roma) End of contract
Taiwo (Marsielle) End of contract
Aquilani (Liverpool) Loan with option to buy.
Noceriono (Palermo) undisclosed fee (2.7m) + 50% Ricardo Pereira
Stephen El Shaarawy (Genoa) Co-ownership


Out:

Pirlo (Juventus) End of contract
Sokratis (Werder via Genova)
Jankulovski Retirement
Oddo (Lecce) Loan


Full squad 2011/2012 season.


GK
32.Christian Abbiati
1.Marco Amelia
30.Flavio Roma

DF

20.Abate
19.Zambrotta
25.Bonera
13.Nesta
33.T.Silva
5.Mexes
76.Yepes
77.Antonini
2.Taiwo
52.De Sciglio(Во тимот за ЛШ! Честито момче !)

MF

23.Ambrosini
8.Gattuso
16.Flamini
4.Van Bommel
22.Noceriono
18.Aquilani
28.Emanuelson
10.Seedorf
27.Boateng
57.Valoti

FW

99.Cassano
70.Robinho
7.Pato
11.Ibrahimovic
9.Inzaghi
92.El Shaarawy


За нови засилувања Х и У ќе мислиме во Јануари.Амбиции за новата сезона? Скудето и да се стигне што е можно подалеку во ЛШ. Реално гледано? јас ќе бидам задоволен и со една Копа Италија.



FORZA MILAN !!!