Translate

Sunday 26 April 2009

МИЛАН-ПАЛЕРМО 3-0


Победа!4та по ред!Несметајќи го ремито со Наполи на гости,имаме серија од 6 победи каде што дадовме дури 19 гола и примивме само 2!
Во одлична серија сме нема што,но обично по некоја ваква серија следи некое реми и некој пораз и со оглед на распоредот до крајот не би се изненадил ако се случи тоа.

Али тоа е тоа,не се предаваме уште одма иако очекувам дека од следните 5 натпревари ќе има барем 1 пораз и 1 нерешен резултат што и не е така лошо ако се погледне дека гостуваме во Сицилија кај Катанија,играме со Јуве,Удинезе,Рома и Виола.


Дида 7.0 Онака...без работа : )

Фламини 7.0 Заради трудот и трчањето,пак изигра добро како десен бек.

Малдини 7.0 Капитенски без работа

Фавалињо 7.0 Се врати Фавалињо!Јупиии :)

Замброта 7.0 Замбро си е Замбро :)

Пирло 7.0 Имаше доста простор за игра,и забележав мал напредок во последните неколку натпревари во неговата игра.

Бекам 7.0 и Бекс изигра како што знае и се гледаше дека се чуваше при крајот.

Амброзини 7.0 Учествуваше во акцијата за вториот гол и повторно изигра добро.

Сидорф 7.0 Дека сум расположен,иначе 6.5 ќе беше :Р

Кака 8.5 2 гола(од пенал)ама сепак потсеќа на своите најдобри денови посебно кога го мина Балзаерти а овој при тоа го фаулираше за вториот пенал.

Инзаги 8.0 Еден гол и 2 офсајда кои ствааарнооо не беа офсајд,ама јбг нејќат уште еден хет-трик од Пипо изглеа другите :Р


По рeмито на Јуве со Реџина осамени сме на второто место но со само 2 бода пред Бианконерите.Добро е што играме со нив на Сан Сиро и со победа дефинитивно ќе си го обезбедиме второто место :)


FORZA MILAN!!!

Thursday 23 April 2009

SEMPRE ROSSO,SEMPRE NERO,PER SEMPRE ROSSONERO!!!

Siam venuti fin qua, siam venuti fin qua
PER VEDERE SEGNARE KAKAAAAA! ! !
OOOOOOOH OOOOOOH OOOOOH
По успешно изведениот пенал на Кака заечи неговата песна на Сан Сиро...каква емоција...каква атмосфера...јас дома фрлав флаши во воздух од возбуда а којзнае како ќе беше да бев на самото место.
Ова е само мал увод на постот кој го пишувам со големо задоволство,мерак и од повеќе причини :)

Прво,најактуелната вест од Миланело која вели дека Гатузо почнал со лесни тренинзи и дека цели кон вракање за дуелот со Јувентус!
На второ место е прекинот на соработката(чудна соработка,само едната страна е во добивка,а другата во загуба)помеѓу Милан и Емерсон со образложение дека самиот пума побарал раскин на договорот од наводни лични причини.
Но какви се причините лично мене ме здоболе,само јас а и сите вие знаеме дека едвај чекавме да се случи ова,пред се затоа што ова го сигнализира стартот на новата ера во Милан...ерата на млади и надежни фудбалери кои тек ќе се пробиваат на фудбалската сцена.
Одамна зборуваме за смена на истрошените Калач,Фавали,Малдини(само поради возраста е споменат,не поради настапите),Емерсон...и токму заминувањето на пумата и пензионирањето на Паоло и Фавали(се надевам)на крајот на сезоната проследено со збогување со Жељко(а и најверојатно Шева) ќе значи само добри вести за Милан!
Во неколку наврати Галијани изјавува дека Милан ќе се осврне кон купување и давање шанса на млади фудбалери,и мене лично многу би ми било полесно да поднесам ако на крајот на сезоната сите се со спуштени глави доколку во тимот играат Дармиан,Антонини,Абате,Хуртадо,Тиаго Силва,Страсер,Кардачио,Виудез,Гуркуф,Палоши...отколку како што беше во изминатите неколку сезони.Кога на овие деца ќе ги додадеш искусните Замброта,Јанкуловски,Пирло,Сидорф,Гатузо,Амброзини,Инзаги,звездите од типот на Кака и Дињо и подмладоци како Фламс и Пато тогаш добиваме тим кој со две до три засилувањеа може да биде компетентен на сите полиња и да се врати онаму каде што припаѓа...На Врвот!

FORZA IL GRANDE MILAN!!!

Sunday 19 April 2009

MILAN-TORINO 5:1


Петарда!Како што предвиде и посака Иван!

Пипо!Пипо!Пипо!Кака!Амбро!

20ина минути игра за Дармиан!

Добивме и повеќе од она што посакавме пред натпреварот.
Пристапот кон натпреварот беше клучен,и еве доказ дека и без неколку(8 во случајов)стандардни првотимци можеме да ги газиме противниците од рангот на Торино.
Во секој случај победа која ни доаѓа пред финишот на сезоната и дуелите со Палермо,Катаниа,Удинезе,Рома,Јуве и Фиорентина-ни малку лесни противници.

Индивидуално гледано вака:
-Дида без ич работа на ниво изигра,и имаше една добра интеревенција кога Бианки сакаше да биде Маскара со шут од пола терен :)
-Замбро и Фламс топ!посебно Фламс секоја чест звер...мислам на било која позиција да биде игран ќе изигра на ниво.
-Сенди,Паоло и Дармиан исто исто...агресивни кога требаше и без мн работа.
-Бекс,Пирло,Амбро сите изиграа одлично посебно Бекс,и Амбро поради голот.
-Кака,Дињо,Пато,Инзаги се надоврзаа на одличната игра на целиот тим.Посебно Пипо! :)


Следи Палермо исто така на домашен терен,и каква таква победа ќе ни користи.


П.С. Зошто не дебитирашеее Матиооонииии ?!



FOOOORZAAAAA IL GRAAAAAAAANDEEEEEE MILAAAAAAAN!!!

MILAN-TORNIO PREVIEW

Во недостаток на инспирација,ставам една од мојте омилени слики :)


Најпрвин да ви го честитам на сите православни христијани(а и воедно навивачи на Милан,другите не ме занимаат :Р)денот на Господовото восхресение-Велигден.
Во оваа празнична атмосфера со продолжен викенд го очекуваме второто милано-торинско дерби ова коло.Она првото,далеку поатрактивното(иако според играта и резлутатот воопшто не импресионираше)заврши мирољубиво 1-1.-Резултат кој го сакав и кој ни одговара,па вечер со евентуален триумф ќе се израмниме со Јуве на второто место за првпат по подолго време.
Деновиве во медиумите прочитав изјава каде што Галијани потврдува дека објектив на Милан е 3тото место,а второто(иако се работи за голем престиж)немало некое големо значење,и на тоа Анкл Фестер гледа само како директно учество во Лигата на Шампиони.
Но преку глава ние на сите од овие Карло/Галијанови теории на еволуција така да до сега би требало да се на викнеме на вакви изјави кои предизвикуваат паѓање на моралот кај навивачите(барем во мојот случај).

Торино ни е уште еден од оние должници,и е еден од оние тимови кој ни скинал подови кога сме тргнале во мал залет.Само 2-2 беше на првиот натпревар во Торино,по прекрасниот гол на Дињо од слободен удар,и на Пато по асистенција на Дињо ако не се лажам.
Милан хоспитал е полна како и секогаш:Абијати,Антонини,Неста,Бонера,Каладѕе,Гатузо,Бориело немаат веќе плави картони,и мораат да се лечат приватно :) Кога на ова ќе ја додадеме суспензијата на Јанко,тогаш добиваме 8 првотимци без кои ПОВТОРНИ неможеме да сметаме.
Пумата не е воошто повикан,и му благодарам на милниот Бог за тоа :)

Дида,Калач
Матиони,Замброта,Дармиан,Сендерос,Малдини,Фавали
Фламини,Пирло,Амброзини,Бекам,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато,Инзаги,Шевченко

Има некои дилеми Карло околу составот,но тоа не е нешто кое не сме го виделе така да,што и да видиме вечер на теренот како формација нема да не изненади : )

Дида
Матиони,Сендерос,Фавали,Замброта
Кака,Пирло,Амброзини,Роналдињо
Пато,Инзаги

Јас би играл вака...но за Карло да почне вака ќе му треба минимум една шибица,и два три шата :) затоа многу поверојатно е дека Карло ке почне вака:

Дида
Замброта,Сендерос,Малдини,Фавали
Амброзини,Пирло,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато

-Карло рече дека ако не се опорави целосно Паоло,може да се случи и Дармиан да почне,но мислам дека шансите за ова се минимални,и дека Карло радо би почнал со Сенди и Фавалињо во срцето на одбраната,и Фламс десно односно Замбро лево,но ова се само претпоставки....вечер во 20:00 ќе знаеме се за сигурно :)
-Би сакал оваа утакмица да победиме убедливо,пред периодот од тешки натпревари кој ни претстои,убедлива победа може само да ни ја крене самодобербата.
-Успешно деби на Матиони
-Поголема минутажа за Шева и Дармиан.


Христос се роди,и FORZA IL GRANDE MILAN!!!

Sunday 5 April 2009

MILAN-LECCE 2-0 ANALYSIS & RATINGS

Сендииииии!!!Пипоооооооооо 2-0!
Каков финиш!Вау! : )
За сите оние што не ја гледаа само да кажам треба да се каат!Ваков победнички дух во текот на сите 95 минути да имавме во текот на целата сезона сега ќе бевме на самиот врв али јебига.
Како и да е по многуте пропуштени шанси,во 90тата минута по изведенот слободен удар од десната страна,Сендерос беше највисок во скокот и сеуште незнам како но со удар со глава го погоди Роналдињо во глава и токму тоа го излажа голманот на гостите и ја затресе мрежата(иако мислам дека и така ќе беше гол).
Вториот гол падна само 2 минути подоцна.По еден атрактивен потег на Роналдињо и пас со пета до Шева,овој одлично се снајде и со прецизен центаршут од левата страна го најде Пипо кој чекаше топка во петерецот и одеднаш беше 2-0.
Очигледно дека измените на Карло(Сенди,Дињо и Шева) беа клучни за конечниот исход.Ова заедно со целосната офанзива од Дињо + три напаѓачи на крајот на натпреварот е за поздрав и би ми било мило ако ова значи дека конечно му дошол паметот на Карло :)

Дида 7.0 Изигра на ниво.Без мн работа,но и таа малку што ја имаше добро ја заврши

Замброта 7.0 Стандардно напред и назад

Малдини / Нема оцена за 40 минути игра.Се надеваме дека брзо ќе се опорави :)

Фавали 7.5 Според мене најдобро изигра од цела одбрана : ) Незнам зошто ама така по мерак ми беше вечерва.

Јанкуловски 7.0 Читај замброта

Пирло 7.0 мислам дека полека но сигурно се враќа во форма....по 2та одлични натревари за Италија продолжува со добрите игри за Милан.

Фламини 7.0 Исто исто...стандардно за него.Дури и шутираше на неколку пати кон протвничкиот гол.

Сидорф / Не одигра ништо посебно,би згрешил ако му ставам оцена тоа знам така да оставам на вас да оцените :)

Кака 7.0 Не е стариот добар Кака но не ни игра лошо.Онака само малце му треба за да блесне како што тој најдобро знае.Верувам во него :)

Пато 7.0 Не даде гол,ама беше најопасем во текот на целиот натревар.Посебно во 45тата минута кога се ослободи од 2ца противнички играчи но биеше близу голот.

Инзаги 7.5 Вака или така пак Пипо даде гол : ) Јес да се истегна додека прослуваше ама и да не биде во игра за следниот натпревар го имаме Шева :)

Измени: Сендерос 7.5 Гоооол!звер као ме израдувал :)
Дињо 7.5 Пола гол и полу асистенција!звер 2ка :)
Шева 7.5 Асистенција за вториот гол! звер 3!


Не го даваме 3тото место!

FORZA IL GRANDE MILAN!!!

MILAN-LECCE PREVIEW


По паузата од репрезентативните натпревари продолжува викенд фудбалот во Италија и цела европа впрочем.
Вечер во 21:00 часот нашите миленици играат против Лече-тим кој многу ни должи,затоа што кога конечно по 4 години се најдовме на врвот,токму Лече со гол во 92-та минута ни ги скрши срцата на нас навивачите и токму тогаш започна една мини криза на Милан која траеше долго време.
Милан болницата е полна како и секогаш,така да Карло повторно ќе има многу проблеми околу составувањето на првите 11-мина.


Dida
Zambrotta,Maldini,Favali/Senderos,Jankulovski
Beckham,Pirlo,Flamini/Ambrosini
Kaka/Ronaldinho
Pato,Inzaghi

Не баш прецизна проценка за составот,но не се осмелувам за ништо поконкретно затоа што по последните изјави ни Карло самиот не е сигурен за составот што ќе го изнесе.
Од следните 5 натпрвари 4 ги играме на домашен терен,и токму тие Галијани ги посочува како клучни за задржување на 3тото место и зголемување на разликата пред конкурентите.

Воедно некои вести околу останување на Карло и следната сезона,дека приоритет на лето ќе ни биде централен дефанзивец и еден добар напагач како и осврт околу трансфер политиката на клубот која како што вели Анкл Фестер ќе се фокусира на младите играчи.


FORZA IL GRANDE MILAN!!!