Translate

Saturday 28 July 2012

Прошетката на Milan низ САД



Момците пристигнаа во Мајами и веќе денес ќе одиграат пријателски натпревар против тимот на Челзи. На ова патување се наоѓаат и учесниците на ЕП па единствени 2 кои ќе недостигаат се Пато и Габриел кои се дел од олимпијадата во Лондон.
Сепак, поради проблеми со пасошот и Робињо нема да биде во можност денес да настапи против Челзи па нашиот напад ќе го сочинуваат Ел Шарави и Ганз. Средниот ред зад нив ќе биде оној истиот од почетокот против Шалке а според информациите во одбраната (за мене нејасно зошто) ќе настапат Бонера и Јепес како стартери. Омилениот Де Шиљо повторно ќе стартува десно :) а Нини лево. Нормално, Амелија на голот.
Овој пост може да послужи да се прокоментираат сите натпревари на едно место па еве убава прегледност што не' очекува во следниот период:





Настрана од мечот, се поизвесно е доаѓањето на Синот на Сан Сиро. Имав прилика да го гледам вчера против Бенфика и морам да кажам дека иако се трудеше многу, трчаше, дури освои и неколку топки во одбраната, сепак играта на Реал Мадрид не е негова игра. Греота е да се гледа колку пати втрчуваше сам но топката кога Реал е во напад цело време се пимпла низ страните (Ди Мариа и Каљехон па дури и Игуаин кој иако формациски беше осамен напаѓач се повлекуваше крилно). Незнам дали ќе профункционира играчки тоа негово евентуално враќање но знам дека физички делува далеку поспремно од второто враќање на Шевченко на пример. Исто така знам дека од неговото евентуално враќање многу ќе добие Стефан Ел Шарави кој уште еднаш пред 2 дена спомена дека Рики Кака е неговиот идол, дека својата игра и својот карактер го гради според неговата фигура и дека ќе го пречека со раширени раце назад во Милан (и покрај тоа што тоа може да значи намалена минутажа за него). Сакам да кажам дека Стефан ќе добие непроценливо искуство и boost morale од неговиот идол, чувството кога тој што го идолизирате и кон кој ја градите Вашата кариера ќе застане покрај Вас, е непроценливо!
Кога на сето тоа ќе се додаде и емоционалната жичка која колку и да сакаме да ја игнорираме едноставно е невозможно кога Рики е во прашање, мислам дека вреди да се врати назад под одредени услови (loan, плата на пола и сл.) иако за тие пари веројатно можеме да донесеме млад, талентиран фудбалер. Доаѓањето на Рики може да значи и поголема формациска флексибилност, тој би можел да одигра напред како SS заедно со Пато а зад Боатенг, може да игра природно на AMC зад Пато и Робињо (Касано) а може да игра и во Xmas tree со Боатенг зад Пато.
Освен Рики, шпекулациите велат дека нашите пресекле дека за останатите делови од теренот ќе се оди на Јанга-Мбива и Матри. Сепак, двајца леви бекови се на излезна врата (Таиво во Динамо Киев а Виља во Валенсија) па веројатно ќе одиме и на лев бек (денес се шпекулира дека биле понудени 6 милиони евра за Балзарети).
Што и да се случува, мора да се случува побрзо затоа што треба воигрување на тимот, на пример евентуалното доаѓање на Рики може да значи повеќе претумбации и Боатенг најверојатно ќе треба повторно да се форсира во средниот ред каде за волја на вистината тактички беше ужасен.

За крај еве едно интересно мини интервју со момчето:


Tuesday 24 July 2012

AUF SCHALKE!!!

 
     Времето жешко, вас не ви се коментира многу, мене не ми се пишува ич, ама редно е да се обележи првата посериозна припремна уткамица во новата сезона. Само три дена после турнирот во Бари, нова шанса за запознавање со тимот и поважно, за нивно меѓусебно воигрување. Полека муабетот околу Milan се префлува на тоа што да се очекува како дополнување на овој ростер и што со тој евентуален фонд на играчи ќе може да стори Allegri. Во тој стил и овој загревачки дуел со германците. Откако се уверивме дека TIM турнирот нема смисла кога се одржува во Јули и резултатските неуспеси во двете полувремиња, сега да одмериме на 90 минути со противник кој што нема да ја извади својата младинска школа на терен и нема да испробува тактики што никогаш нема да ги одигра во првенството. Името и педигрето на противникот се малку битни во моментов. Тоа што Schalke е елитна германска екипа и тоа што лани завршија трети, малку кој го интересира пред една пријателска припремна уткамица. Ниту составот на противникот е нешто за кое треба да зборуваме ние. Единствените три работи што може да не заинтересираат од Schalke летово, освен да бидат добар спаринг партнер, се трите нивни огромни таленти во имињата на: Papаdopoulos (CB), Holtby (CAM, WF) и Pukki (FC, ST). Што и да се испазари од ова во Гелзенкирхен, не може да е грешка. Е сега, Holtby кој е полуангличанец е нешто загреан за трансфер во EPL, a Arsenal пројавува интерес, Teemu Pukki за жал немаше многу простор покрај Huntelaar и Raul минатите две сезони, па така стагнираше и во форма и во цена и којзнае колку би бил интересен за нас во потрагата за класичен шпиц, а гркот Papadopoulos е веројатно во најтесниот круг на имиња што ги брка Galliani. Фин момак, не толку убав, перспектива невидена за грчки услови, а башка тоа и од наше приморје е, Katerini, на Ри саат време возење му е :) И нема да изненади ако ова всушност е trial на момчето, чести се тие умислени пријателски натпревари.

    Кај нас, истата екипа од пред три дена и веројатно некој комбиниран состав за почеток. Единствените измени се: Flamini и Filkor IN, Iotti и Carmona OUT. Очекувам почетен состав што ќе биде посилен од нивото на Trofeo TIM, ама со оглед на измените во вториот дел, тоа да не биде Milan A и Milan B потоа. Amelia ќе почне, заедно со De Sciglio десно, Acerbi и веројатnо Albertazzi на стоперските позиции, а лево Nini, со отворена опција Taiwo да ја добие дефинитивно последната шанса. Средината мора да биде иста како против Juve - Traore-Ambro-Urby. Напред Boa и SES очекувам да стартуваат, a Binho да биде оставен за во втор дел на сметка на Ganz (ми изгледа како најомилен младинец на Max). Премногу е рано, поминаа само 15тина дена од првиот собир на екипата, играчите од ЕП сеуште не се достапни за натпревар, така да многу е тешко да се оценува играта или индивидуален придонес. Ги немаме добиено ниту очекуваните засилувања за да констатираме игра која ни одговара или формација во која тимот се однесува најдобро. Ептен е незгодно и неблагодарно да коментираш после припремен натпревар, а поентата да ти е некаде во сезоната што следува. Сепак, сакаме да видиме до каде се, како им оди, кој и да истрча на терен. Сакаме и да победуваат, нормално. Milan скоро и да немал одлични, импресивни припремни циклуси, ама зошто да не биде годинава исклучок. Следните натпревари се со силни противници, па ајде да отвориме уште утре, со една убава претстава против Schalke 04!

FORZA MILAN!!!

Saturday 21 July 2012

TIM TROFEO!



Полека но сигурно почнува загревањето за сезоната што претстои. Сезона која за Милан ќе биде најблаго кажано, поинаква. Тимот го напушти цела екипа (11 фудбалери) од кои голем дел беа дел од историјата на клубот а си заминаа и 2 фудбалери кои беа сегашноста на Милан. Кога се мора без секој се може па со оваа парола го започнуваме и првиот (полу) официјален турнир, Тим Трофеј! Вакво чудо од турнир во кој 3 најдобри екипи во Италија меѓусебе по 45 минути, можат да измислат само италијанците но Тим трофејот секогаш бил одлично место да се загреат срцата пред почетокот на сезоната и да се видат на дело некои нови фаци и членови на младинскиот погон. Во очекување на новите засилувања (или поточно кажано, замени) за Zlatan и Thiago Silva, Милан вечерва ќе ги претстави на дело оние кои веќе се тука (Traore, Acerbi, Constant) како и оние кои биле дел од младинскиот погон а сега се или на вратата на сениорскиот состав или на вратата за заминување на позајмица (De Sciglio, Carmona, Cristante, Valoti, Ganz).
Се' на се, одлична премиера во Бари!

Веќе добро знаеме, секоја од екипите ќе одигра по два натпревари со секој од своите противници во траење од 45 минути. Доколку резултатот заврши нерешено, се оди на шутирање на пенали. За победа во регуларен дел се добиваат 3, за победа на пенали се добиваат 2, за пораз на пенали 1 поен а за пораз во регуларен дел не се добиваат поени.
Составите на екипите на двата натпревари ќе бидат шарени но приближно би требало да изгледаат вака:


Нашиот Милан својот прв натпревар ќе го одигра во 21:45 против тимот кој ќе биде поразен од првиот натпревар на TIM меѓу Интер и Јувентус. Веднаш потоа во 22:45, Милан ќе го одигра својот втор натпревар против победникот од Интер и Јувентус и со тоа ќе се знае победникот на TIM Trofeo.
Откажав на девојка ми излегување за вечерва и спремен сум за TIM. Ќе имаме солидна шанса (не би рекол одлична затоа што сепак е почеток на подготовките и физички/тактички тимот е на почетно ниво) да го видиме на дело Traore, El Shaarawy, De Sciglio, Carmona, Valoti и некои други барем за мене, понтересни фаци. 
Forza Milan!!!




Saturday 14 July 2012

Grazie Thiago!!!









                                   

Tuesday 3 July 2012

Лето 2012


Лежејќи в кревет, сон не ме фаќа и со почетокот на трансфер периодот само една работа ми е во мислите. Милан
Не дека тоа е единствената причина поради која неможам да спијам, ама дефинитивно како некоја опсесија во главата си правам некои трансфери, формации, споредби на играчи и тн.
Пред нас е едно многу важно лето, а ако не и најважно до сега.
Испративме 7 играчи од кои 6 првотимци кои оставиле сериозна дамка, цел на управата е да се најдат барем нивни достојни замени.
Е сега на нас навивачите лесно ни е да си одбереме 5-6 супер играчи за тие позиции, ама со оглед на финансиската позиција на Милан не сме баш во таква можност.
Кога веќе станаа реалност најавите дека нема да се купува на големо, спласнаа и амбициите за некој екстравагантни трансфери, мада кога станува збор за Милан и Галијани ништо не би ме изненадило.

Abbiati                          Traore
Amelia                           Muntari
Gabriel                          Constant
                                     Flamini
Abate                            Ambrosini
De Sciglio                      Nocerino
Bonera                           Montolivo
Acerbi                           Boateng
T.Silva
Mexes                           El Shaarawy
Yepes                            Cassano
Antonini                         Robinho
Mesbah                          Pato
Emanuelson                    Ibrahimovic

Иако сите го знаевте тимот сакав да го пишам за визуелно да видиме како горе долу изгледаме подредени на сите позиции.
На голманската позиција би рекол дека сме сосема солидни, освен некако недајбоже пад на формата на Кичо би можел да кажам дека сме и одлични.
Одбраната ни е солидна се додека не стигнеме до онаа болна лева позиција.
Средниот ред можам да кажам со чисто срце дека ни е најлош во последните 12-13 години, не само по имиња туку и по квалитет дефинитивно.
Јас освен Ночерино,Монтоливо и Боатенг незнам од кој друг да очекувам врвен фудбал.
Нападот е горе долу добар, и ништо чудно вака и да продолжиме во наредната сезона, мада моја лична желба е клоца за Робињо.


За левата позиција во одбраната имаме неколку опции:
-задржување на моменталниот тим
-враќање на дидац виља
-купување на нов лев бек

Моја а верувам и на вас најпосакувана опција би била последната, а за задржување на Месбах,Анте и Урби не ни размислувам.

Друг муабет е што не ни верувам дека Алегри ќе вложи толку доверба во Емануелсон назад во одбраната.

Од опциите за купување освен Балѕарети друг не ми текнува во моментов и јас би го прифатил дечкото дефинитивно, ама работата е што има 30 години и што најверојатно ќе заврши како Одо (една добра полу сезона) и Ѕамброта (една ипол сезона).
Единствено што ми се допаѓа кај Балѕарети е што е брз,борбен,со добар кросинг и најважно да речам е Италијанец.
Бидејќи не не поврзуваат со други бекови, а и реално незнам колку капацитет има Милан да бира ќе останам само на него сега за сега.
Враќање на Дидац јас би ја ставил како резерва опција ако не успееме да најдеме некој добар лев бек и не е така лоша варијанта бидејќи дечкото не само што имаше добра сезона во Еспањол туку и е награден со повик на олимпискиот тим на Шпанија.


Околу нов везњак се изнаслушавме имиња, а последно од овој муабет е дека Диара по трет пат (ако е точна евиденцијата на Ри) одби да преговара со Милан.
Јас мислам дека доста му беше молење на дечкото, па не е он Меси па да трчаме така безглаво по него.
Најновите 2 имиња кои се поврзуваат со Милан се Велосо и Чигарини.
Првиот добро го познавате и е мој фаворит и сум убеден дека ако Галијани запне може многу лесно да ја добиеме новата 4ка во Милан.
Вториот е продукт на Парма и по неуспешните авантури со Севиља и Наполи (трансфер вреден 10.5м евра??) игра сосема солидно во Аталанта.
Уште како млад е наречен новиот Пирло но е далеку од него сега за сега, но според стилот на играта и тие одлични долги топки кои секогаш ги форсира постеќа на својот постар сонародник.
На неколку меча пред крајот на сезоната имав и можност да го гледам и баш тоа заприметив дека во еден натпревар испраќа по барем 5-6 такви долги топки (дел од нив и фантастични) кон противничкиот шеснаесетник и убаво ќе му дојде еден Ибра кој ќе ги спушта таквите топки.
Инаку и двајцата имаат по 26 и се во зрели фудбалски години

Околу trequartista и напаѓач нема многу што да разговарам бидејќи не е ни сигурно деќа ќе дојдат таков тип на играчи.
Ама при едно сценарио каде што на пример:


Таиво 5м
Дидац 5м
Месбах кило боранија
Робињо 15м
Би си заминале тогаш се отвара место и финансии за еден таков трансфер.
Моја желба како и секогаш биле Италијани, така да еден повреден Џузепе Роси од Виљареал кој е на распордажба не би ни дошол лошо.

Само што почна преодниот рок, а моја претпоставка е дека својата разврска ќе ја добие тек на средината на август кога ќе се надеваме на некој ас од ракавот на ќелавиот.






Monday 2 July 2012

Benvenuto Hachim!!




Вест која денес можеби нема многу да Ви значи но сите во еден глас тврдат дека ќе значи во перспектива! Милан беше побрз од цела Италија и од половина Европа и денес успеа да потпише договор со Hachim Mastour (14), момчето со корени од Мороко но родено во Италија. Многу слична судбина како неговиот многу добар пријател, Стефан Ел Шарави. Момчето кое е нарекувано „новиот Кака“ беше дел од Реџана и беше цел буквално на сите големи клубови во Европа! Со само 14 години брилјира со чувството за гол, брзината и неверојатниот дриблинг и технички способности! Момчето веќе беше споменато и лично од Ариго Саки како една од најголемите надежи на италијанскиот фудбал!

И можеби факт кој најмногу запрепастува и ја покажува големината на овој трансфер и големината на неговите квалитети, момчето со САМО 14 години ќе влета директно во Primavera во која најмладите фудбалери во тимот се 17-18 години!






Sunday 1 July 2012

EURO 2012 FINAL


      
      По 30 одлични натпревари, по 20 дена фудбалска авантура низ Полска и Украина, финалето на ЕУРО 2012 ќе го одиграат Италија и Шпанија. Оценката на најголемиот број на фанови низ светот е дека финалистите се по мерка, ја заслужија борбата за тронот. И ние во нив, горди на успехот на аѕурите, среќни поради можноста по вторпат, во живо да бидеме сведоци на крунисувањето на омилената репрезентација како првак. Двете екипи размислуваат позитивно, шампионски, ама и претпазливо со огромна почит кон противникот. И не смее да не биде така. Од една страна актуелен светски и европски шампион, апсолутно најдобрата репрезентација според индивидуалците кои ја сочинуваат. Шпанците бркаат историја, нешто што никој никогаш не го направил. Три последователни големи трофеи, колку тоа доминантно звучи! Екипа што покажа дека не мора да плени со игра за да добива важни натпревари и што знае својата играчка беспрекорност да ја сведе на чиста едноставност. Тоа е дури и екипата што покажа дека може да игра без напаѓач :) И пак се тука, во финале. Ама спроти себе, одново Италија. Двојно чувство ме обзема кога размислувам за патот до финалето. Среќен сум за успехот, за момците и Prandelli и затоа што знаев дека можат дотука и еден чекор понатаму. Но се сеќавам и на критиките, зборувајќи за италијанската репрезентација повеќе околу нефудбалски теми, отколку за тоа за што се во Полска. Верувајте, сеќавајќи се на таа вербална тортура уште пред првенството, најгласна после поразот од Русија во припремите и после ремито со Хрватска, сега не знам што осеќам повеќе, гордост или нервоза. Дали да им кажам гласно, во лице дека ова е истата таа Италија или тивко да се гордеам со успехот кој го доживувам како свој.


      Споредувајќи ги двете репрезентации и игрите на првенството, многу фанови ќе забележат дека две поголеми изненадувања. Италија напаѓа и не игра дефанзивно и Шпанија не е онолку доминантна како што сме навикнале да ја гледаме. И двата тима имаа страв од голем неуспех уште во групата. До последната минута од третото коло, не се знаеше дали фаворитите од Ц групата ќе минат понатаму. Иако Шпанија мина како прва, со седум бода, во дуел каде сама одлучуваше за својата судбина, го одигра најбледиот натпревар кој лесно можеше да има многу поразличен исход. Италија пак, типично за неа, се провлекуваше во последното коло и тоа, како и најчесто, зависеше од други. Можеби единствената работа за која ги мразам е тоа бавно влегување во ритам. Ништо, во последниве година дена, не ми предизвикало таков стрес како мечот со Ирска. Во четвртфиналињата и двете репки доминантни, но со различен исход на резултатот. Шпанија наиде на неочекувано анемичната Франција, а Италија пројде дури на пенали, иако веројатно и Paul Gascoigne би признал дека Италија беше апсолутно подобра таа вечер. Полуфиналето пак, различна приказна. Сега Шпанија врви на пенали, но не е доминантна. Напротив, Португалија има повеќе чисти шанси, ама решаваат шутирачки поспремните штопери на Фуријата и Панчев одново се осеќа глупаво :) Ден потоа, најдоброто што може да го понуди squadra azzurra. Изгазен најголемиот фаворит, најнадежната екипа на ЕУРО, составот со најдобрите резултати кој не знаеше ништо освен победа цели 15 меча од натпреварувачки карактер. Го спуштија на земја за мене, најпреценетиот и најарогантниот тренер, ги вратија во мода критичарите на германскиот национален состав, ама најбитно, се вратија тие сами во кремот на европскиот репрезентативен фудбал. И сега одново слушаме за големината на “La nostra nazionale”. А тек што ќе се зборува од вечерва... :)


        Италија и Шпанија го немаат оној фудбалски ривалитет познат за некои други европски земји. Впрочем, Шпанија ретко и кратко се појавувала меѓу најдобрите низ историјата. Само седум меѓусебни дуели на големи натпреварувања. Од нив, 4 победи за Италија, 2 нерешени заедно со последната од пред дваесетина дена и еден пораз на минатото ЕП. Но вечер тоа ништо нема да им значи на Del Bosque и Prandelli, бидејќи и двајцата ќе играат за својата историја, за своето прво европско злато. Не е така и кај играчите. Најголем дел од нив знаат што значи да се биде светски или европски шампион и како се стигнува дотаму. Стигнаа и сега на чекор од нова голема радост. Ќе има славење вечерва и ќе биде големо. Ќе го нема Materazzi на теренот во Киев, ама затоа капата што му ја стави не пехарот од 2006тата му ја предал на Chiellini, за и тој да го стори истото. Ќе го нема ни Canna, ама Gigi е доволно заслужен да го крене, овојпат сребрениот трофеј. А и Prandelli не е пушач, ама не би му сметал вкусот на успехот на пурата на Lippi. Circo Massimo е спремен за повторно да ги пречека шампионите! И ние сме!!

FORZA ITALIA!!! FORZA AZZURRI!!!