Лежејќи в кревет,
сон не ме фаќа и со почетокот на трансфер периодот само една работа ми е во
мислите. Милан
Не дека тоа е единствената причина поради која неможам да спијам, ама дефинитивно како некоја опсесија во главата си правам некои трансфери, формации, споредби на играчи и тн.
Не дека тоа е единствената причина поради која неможам да спијам, ама дефинитивно како некоја опсесија во главата си правам некои трансфери, формации, споредби на играчи и тн.
Пред нас е едно
многу важно лето, а ако не и најважно до сега.
Испративме 7 играчи од кои 6 првотимци кои оставиле сериозна дамка, цел на управата е да се најдат барем нивни достојни замени.
Е сега на нас навивачите лесно ни е да си одбереме 5-6 супер играчи за тие позиции, ама со оглед на финансиската позиција на Милан не сме баш во таква можност.
Испративме 7 играчи од кои 6 првотимци кои оставиле сериозна дамка, цел на управата е да се најдат барем нивни достојни замени.
Е сега на нас навивачите лесно ни е да си одбереме 5-6 супер играчи за тие позиции, ама со оглед на финансиската позиција на Милан не сме баш во таква можност.
Кога веќе станаа
реалност најавите дека нема да се купува на големо, спласнаа и амбициите за
некој екстравагантни трансфери, мада кога станува збор за Милан и Галијани
ништо не би ме изненадило.
Abbiati Traore
Amelia Muntari
Gabriel Constant
Gabriel Constant
Flamini
Abate Ambrosini
De Sciglio Nocerino
Bonera Montolivo
Acerbi Boateng
T.Silva
Bonera Montolivo
Acerbi Boateng
T.Silva
Mexes El Shaarawy
Yepes Cassano
Yepes Cassano
Antonini Robinho
Mesbah Pato
Emanuelson Ibrahimovic
Mesbah Pato
Emanuelson Ibrahimovic
Иако сите го
знаевте тимот сакав да го пишам за визуелно да видиме како горе долу изгледаме
подредени на сите позиции.
На голманската
позиција би рекол дека сме сосема солидни, освен некако недајбоже пад на
формата на Кичо би можел да кажам дека сме и одлични.
Одбраната ни е
солидна се додека не стигнеме до онаа болна лева позиција.
Средниот ред можам да кажам со чисто срце дека ни е најлош во последните 12-13 години, не само по имиња туку и по квалитет дефинитивно.
Јас освен Ночерино,Монтоливо и Боатенг незнам од кој друг да очекувам врвен фудбал.
Средниот ред можам да кажам со чисто срце дека ни е најлош во последните 12-13 години, не само по имиња туку и по квалитет дефинитивно.
Јас освен Ночерино,Монтоливо и Боатенг незнам од кој друг да очекувам врвен фудбал.
Нападот е горе
долу добар, и ништо чудно вака и да продолжиме во наредната сезона, мада моја
лична желба е клоца за Робињо.
За левата
позиција во одбраната имаме неколку опции:
-задржување на моменталниот тим
-враќање на дидац виља
-купување на нов лев бек-задржување на моменталниот тим
-враќање на дидац виља
Моја а верувам и на вас најпосакувана опција би била последната, а за задржување на Месбах,Анте и Урби не ни размислувам.
Друг муабет е што
не ни верувам дека Алегри ќе вложи толку доверба во Емануелсон назад во
одбраната.
Од опциите за
купување освен Балѕарети друг не ми текнува во моментов и јас би го прифатил
дечкото дефинитивно, ама работата е што има 30 години и што најверојатно ќе
заврши како Одо (една добра полу сезона) и Ѕамброта (една ипол сезона).
Единствено што ми се допаѓа кај Балѕарети е што е брз,борбен,со добар кросинг и најважно да речам е Италијанец.
Единствено што ми се допаѓа кај Балѕарети е што е брз,борбен,со добар кросинг и најважно да речам е Италијанец.
Бидејќи не не
поврзуваат со други бекови, а и реално незнам колку капацитет има Милан да бира
ќе останам само на него сега за сега.
Враќање на Дидац јас би ја ставил како резерва опција ако не успееме да
најдеме некој добар лев бек и не е така лоша варијанта бидејќи дечкото не само
што имаше добра сезона во Еспањол туку и е награден со повик на олимпискиот тим
на Шпанија.
Околу нов везњак
се изнаслушавме имиња, а последно од овој муабет е дека Диара по трет пат (ако
е точна евиденцијата на Ри) одби да преговара со Милан.
Јас мислам дека доста му беше молење на дечкото, па не е он Меси па да трчаме така безглаво по него.
Јас мислам дека доста му беше молење на дечкото, па не е он Меси па да трчаме така безглаво по него.
Најновите 2 имиња
кои се поврзуваат со Милан се Велосо и Чигарини.
Првиот добро го познавате и е мој фаворит и сум убеден дека ако Галијани запне може многу лесно да ја добиеме новата 4ка во Милан.
Вториот е продукт на Парма и по неуспешните авантури со Севиља и Наполи (трансфер вреден 10.5м евра??) игра сосема солидно во Аталанта.
Уште како млад е наречен новиот Пирло но е далеку од него сега за сега, но според стилот на играта и тие одлични долги топки кои секогаш ги форсира постеќа на својот постар сонародник.
На неколку меча пред крајот на сезоната имав и можност да го гледам и баш тоа заприметив дека во еден натпревар испраќа по барем 5-6 такви долги топки (дел од нив и фантастични) кон противничкиот шеснаесетник и убаво ќе му дојде еден Ибра кој ќе ги спушта таквите топки.
Инаку и двајцата имаат по 26 и се во зрели фудбалски годиниПрвиот добро го познавате и е мој фаворит и сум убеден дека ако Галијани запне може многу лесно да ја добиеме новата 4ка во Милан.
Вториот е продукт на Парма и по неуспешните авантури со Севиља и Наполи (трансфер вреден 10.5м евра??) игра сосема солидно во Аталанта.
Уште како млад е наречен новиот Пирло но е далеку од него сега за сега, но според стилот на играта и тие одлични долги топки кои секогаш ги форсира постеќа на својот постар сонародник.
На неколку меча пред крајот на сезоната имав и можност да го гледам и баш тоа заприметив дека во еден натпревар испраќа по барем 5-6 такви долги топки (дел од нив и фантастични) кон противничкиот шеснаесетник и убаво ќе му дојде еден Ибра кој ќе ги спушта таквите топки.
Околу trequartista и напаѓач нема многу што да
разговарам бидејќи не е ни сигурно деќа ќе дојдат таков тип на играчи.
Ама при едно сценарио каде што на пример:
Ама при едно сценарио каде што на пример:
Таиво 5м
Дидац 5м
Дидац 5м
Месбах кило
боранија
Робињо 15м
Би си заминале тогаш се отвара место и финансии за еден таков трансфер.
Робињо 15м
Би си заминале тогаш се отвара место и финансии за еден таков трансфер.
Моја желба како и
секогаш биле Италијани, така да еден повреден Џузепе Роси од Виљареал кој е на
распордажба не би ни дошол лошо.
Само што почна преодниот рок, а моја претпоставка е дека својата разврска ќе ја добие тек на средината на август кога ќе се надеваме на некој ас од ракавот на ќелавиот.
81 comments:
Напаѓач и особено trequertista треба да си го мавнеме од глава! Единствени приоритети во тимот во моментов се 2 позиции, LB и DMC! Дури сум на мислење дека и по евентуалната продажба на Робињо пак парите ќе одат на претходните позиции а напаѓач или нема да дојде или ќе дојде некој на позајмица.
Во последните неколку дена се повеќе се шират муабети за евентуално доаѓање на Чаби Алонсо ако Модриќ замине во Реал. Морам да бидам реален и д кажам дека ова ми е смешно. Не дека не го сакам Чаби во тимот туку дека едноставно таа операција е невозможна. Иронично, убаво паметам, во текот на целата кариера на Пирло во Милан, секогаш зборував дек ако еден ден Пирло си замине од Милан само во Чаби Алонсо ја гледам неговата природна замена.
Јас липно повеќе би се ангажирал околу Стротман. Момчето кое има сосема пристојна трансфер цена за овие луди времиња, не одигра ниту една минута во дебаклот на Холандија на ЕП и со тоа неговата цена стагнираше. Таму го "имаме" MVB и пред скро време имавме контакти со ПСВ токму за него па мислам дека од сите опции токму оваа ни е најпрактична од сите аспекти (цена, години, трансфер релации).
За лев бек Балзарети нормално но јас би му дал шанса на Виља. Реално момчето "доби" само 1 шанса (пред 2 сезони во последното коло потив Удинезе) и одигра сосема солидно. Тоа што Валенсија го сака токму него како замена за еден Жорди Алба доволно зборува за неговата последна сезона во Виљареал!
Гледам со голем оптимизам кон доаѓањето на Монтоливо. Минатата сезона немавме ниту еден фудбалер во средниот ред со негови карактеристики. Минатата сезона најдобри додавачи во тимот ни беа напаѓачите (Златан и Касано) и дефанзивците (Тиаго Силва). Во средниот ред немавме фудбалер кој знаеше да додаде топка прецизно повеќе од 3 метра. Монтоливо е баш таков тип на играч!
Didac Villa сепак на крајот не остана во потесниот избор за Олимписките игри во тимот на Шпанија. Сепак од друга страна тоа може да биде и добра вест за момчето, сега конечно ќе има за прв пат целосни подготовки со тимот (се сеќавате, дојде во Јануари па беше позајмен следната сезона) и за прв пат ќе добие вистинска шанса да се наметне кај стручниот штаб! Виља ќе ги започне подготовките со тимот на 9ти Јули!
Е токму поради ова го напишав постов, да се развие една ваква дискусија, ги чекам другите сега :)
А и јас сум голем песимист за Чаби, затоа го немам ни спомнато.
И да, ако имаше некој скептик тогаш после Еврово дефинитивно ни стана јасна дека Монтоливо ни е надобро засилување сега за сега.
-Edoardo Pazzagli е дојден како free agent, 23 годишен голман од Фиорентина, цел живот бил трет и четврт голман најверојатно одма ќе биде позјмен негде и ќе биде шетан во стилот на Фердинандо Копола кој веќе 10 години шета по клубови и има 34 години.
-Се очекува најдоцна до крајот на неделета да се официјализира преминот на Месбах во Торино
-Бакаје Траоре сеуште нема купено свој дом во Милано и престојува во хотел, како причина се наведува дека ќе види како ќе му биде во првите 6 месеци. - нешто што јас си го сваќам од типот овој нема многу да остане кај нас :)
Или можеби правел муабет со Таиво па овој му рекол дека Калчото да го играш не е баш исто како кога го гледаш на ТВ.
Mesbah е на чекор од премин во Torino. Фалат само мали детали, работата е речиси завршена. Нема никакви шпекулации за евентуалното обештететување.
Ако сакаат и ќе им платиме, само нека го земат.
Моја лична желба (а нема никад да се оствари) е да се ослободиме и од Бонера и Анте ама кој ме слуша мене...тие играчишта се....
Milan and Torino are negotiating about Mesbah. Milan want co-ownership, while Torino want to sign the player on loan with a buy-out clause.Sky reports Milan and Torino still haven't reached an agreement for Mesbah. The situation is the same as before
Balzaretti вели дека или оди во ПСЖ или останува во Палермо.
Златан и официјално ја доби #10. Мој следен тип е Ночерино #8.
Мој следен тип е Мудингаи 9ка :)
Also from Di Marzio, Juve will sign Italy U-21 bomber Manolo Gabbiadini from Atalanta and send him on loan to Bologna with Marco Motta
Најдобриот стрелец во Italy U21!
-Прециози денес рекол дека Велосо веќе има договор со друг клуб.
-Чигарини ставил потпис со Аталанта.
-Интер потпишува со Хандановиќ 11м
-Можно е Ј.Цезар да го раскине договорот со Интер.
-Третиот дрес за 2013/2014 ќе биде жолт.
-Монтреал Импакт од МЛС ќе има повеќе Италијанци во стартниот состав одколку Интер.
-Се очекува и официјализирање на преминот на Лусио во Јуве.
Бока губи 2-0 на гости кај Коринтијанс (3-1 вкупно) на 15 минути до крај во финалето на Копа Либертадорес.
Ќе си речете и сеа што има ова врска ама ако Бока освоеше немаше веќе да бидеме најтрофејниот клуб во светот и на ќелавиот му било битно тоа :D
Кога го прашаа што ќе се случи ако Бока победи тој ди одговори без око да му трепне: Тогаш повторно ќе бидеме најтрофејниот клуб, во Европа!
Него кај сте другите по одмори да не отидовте дај активирајте се :)
Астори во Спартак Москва.
Верати во ПСЖ
Силвестре во Интер
Велосо во Динамо Киев.
Жулио Цезар воопшто не е побикан на првата прозивка на Интер и неговото време во Интер е завршено. Има шпекулации за премин и во Милан
Cesar е одличен голман, ама прашањето е дали ни треба моментално. Веројатно е поквалитетен од Кичо, ама ниту е некоја голема разлика во години (година и пол), ниту огромна разлика во квалитет. Ете да претпоставиме дека ќе дојде. Кој ќе биде прв голман? Дали Amelia ќе си оди? Зошто беа купени двајца млади голмани претходно? Најблаго речено, конфузна ситуација.
За Verratti... Штета за момчето што заминува недокажан во странство. Којзнае дали ќе се развива како што се најавува. Ова е голем ризик за него. Ако случајно потфрли следниве сезона или две, ќе го вратат во тим како Bologna и никогаш нема да го достигне потенцијалот што го има. Да избереше тим од Италија што има дефицит на играчи од тој дел на теренот, мислам дека многу подобро ќе се вклопеше. Да се разбериме, не зборам во смисла дека ова е штета за Milan, туку за момчето. Ете нека ја избереше Roma, одличен тим за промоција.
Printer убаво почна да се засилува назад, ама на принцип "продај па купи". Juve се обидува да продаде играчи што се небитни за тимот како Elia, Quagliarela, Krasic, за да доведе напаѓачка бомба - Cavani или van Persie. И тогаш ќе бидат премногу јаки за Serie A. Во средина имаат едно 10 играчи што можат комотно да ги ротираат. Ќе биде страшно секое ново засилување на Juve.
FIFA дозволи применување на технологија во фудбалот! Огромен чекор (гол линијата)! Ќе се применува на СП 2014!
Се слагам, изговорот на Верати бил дека иако го сака Јувентус знаел дека во ПСЖ ќе игра повеќе (жими мајка)
Единствена надеж е што е ќе биде туториран од Анчелоти кој го направи Пирло играчот што е денес.
Околу Цезар сум индиферентен, сигурно ќе бара јака плата.
-----------------------------------
Пирло,Маркизио,Видал,Асамоа,Исла кои се тие 10 играчи ивче?
Освен ако не ги рачунаш Пепе,Џакерини,Мароне,Погба..
Башка не памтам една ебана повреда да имаа прошлата сезона јуве, да им беа повредени пирло,маркизо и видал у исто време ќе ги видев што ќе праеа, или барем пола од малерот што не стегна нас прошлата сезона.
Лусио не им е лош потег, и освен некој лев бек/крило нивната одбрана е сосем солидна.
Јувентус има најдолга клупа на секоја позиција (освен на DC и покрај тоа што доаѓа Лусио). Ама со сите здрави фудбалери во тимот сметам дека ние сме за една нијанса понапред од нив! Ама ќе повторам, СО СИТЕ ЗДРАВИ ФУДБАЛЕРИ!
Или подобро речено со здрави први 11 на двете екипи.
Епа сеа ако ти не ги рачунаш... :) Кај нас сите се за рачунање? :)
Еве десет везњаци што можат да ги ротира Conte: Pirlo, Marchisio, Vidal, Elia, Giovinco, Pepe, Giaccherini, Asamoah, Isla, Pepe. Има уште што намерно не ги набројав, ама ако ние можеме да рачунаме на Muntari, тие можат и на Krasic. Ако ние можеме да рачунаме на Strasser, тие можат на Marrone и Padoin. Не е срамота ако призаеме дека средниот ред им е убедливо најдобар во Италија. Затоа практично играат со шестмина везњаци на терен, освен во натпревари каде се очигледни фаворити. Цела екипа веројатно не им е најдобра, ама тие планираат нови засилувања, а од кај нас неколку пати слушнавме за крај на меркатото. Затоа прееска реков дека секое следно засилување на Juve е доста опасно за нас.
*што може да ги ротира
Не е дека нејќам да признаам, и во самиот пост пишав дека имаме само 3ца играчи од средината кои се на некое ниво, а од другите....ништо не очекувам.
-Елиа ќе си иде така да и него со Красич стави го
-Пепе 2 пати си го пишал :)
-Џакерини е бек/крило
-Џиовинко е trequartista али ај нека седи.
Значи во таа 3-5-2 со 3ца везњаци освен стартните Пирло,Видал,Маркизио ги имаат Исла и Асамоах за ротацијата.
И пак ќе поновам, они да имаат (дајбоже да имаат) барем пола од повредите што ги имавме ние прошлата сезона, ќе се вратат таму кај борбата за 6-7 место, ние прошла сезона игравме и со по 16 играчи повредени, од кои 7-8 стартери, коа ќе ги видам Јуве со Сторари,Лусио,Падоин,Мароне,Касерес,2ца младинци,Пепе и уште некој рандом играч да победуваат неколку кола по ред тогаш ќе ги видиме колку се јаки ;)
Ама јас не спорам дека немаа ептен среќа со повреди и дека и при толку многу повреди кај нас, првенството пак беше тесно до сам крај. Јас само се плашам од нивниот среден ред што моментално е најдобар во Италија. А на Pepe сум му запнал, видов :) Разбрав дека зборуваме за среден ред, а не за централни везњаци (CM). Оти во позициите на сите играчи што ги наброив стои тоа М-midfielder. Giovinco CAM, Giaccherini и Elia LWM, Krasic и Pepe RWM. Нив им е таква формацијата, не може да имаат па 10 централни везњаци на крај краева. Која екипа има таков ростер? Уште повеќе, нас ни требаат толку CM-a, затоа што формацијата тоа ни го бара.
Ми текна нешто :)
Ај бе се кладиме дека ако во следните 3-4 дена Verratti не замине за Париз, Galliani ќе го лапне! Исплата на кладбата преку сметка :)
На Верати веќе му го ладат шампањското во Париз...
Значи не може една Калчо сезона да започне без проблеми:
Аталанта ќе ја започне сезоната со -2 а Сиена со -3 бода!
tokmu zatoa imaat 3 mesta za u lg i padna pozadi bundes za premier i la liga ne ni praam muabet,a kako sto trgnalo ifrancuskata ligue 1 za nekoja godina ke bide podobra liga ccc zalno
http://www.youtube.com/watch?v=RWFERQsSefc&feature=g-all-u
Барса може(ла) да ни завидува!!
Сержињо! Еден од најпотценетите фудбалери кои играле по левата страна воопшто! Фудбалер кој ја покриваше цела лева страна и фудбалер кој ќе покриваше уште толку ако имаше уште еден терен напред! Фудбалерот кој го понижи Хавиер Занети во директен дуел во најдобрите години, во тие легендарни 6:0!
После него и Il Capitano немаме лев бек!
Да не испаѓа дека се контрам и го бранам Калчото како некој што се прави со сила слеп, ама имам коментар. Не се слагам дека одземањето на бодови заради местење, влијае на квалитетот на лигата ВО ТОЛКАВА МЕРА како што беше споменато. Првата поголема афера со местење во поновото минато беше онаа со судиите и играчите во Bundesliga-та. Беше огромна афера ако се сеќавате. Еве тоа е таа иста лига што денес е пред италијанската. Да се разбереме, рејтингот на лигата не го креираат Siena и Atalanta, туку оние што играат во Европа. Тоа може да остава лош впечаток, но лошиот впечаток не значи лош квалитет. Ќе речете дека разликата е тоа што во Италија многу почесто се случуваат такви работи. Ај да се потсетиме дека во текот на 90тите Калчото скоро и да немаше конкуренција во однос на квалитетот. Зошто тогаш некој не спомнуваше местење, а веќе утврдивме дека италијаните секогаш местеле? Тоа што во Италија се мести, ќе го премисли ли Ronaldo или Messi да дојдат во Milan или Juve ако некој им го понуди она што може да го понуди Manchester City? Јас лично, гледам две главни причини за опаѓањето на квалитетот на лигата:
1. Немањето на квазиинвеститори (претседателите низ Шпанија) кои размислуваат само за текот на својот мандат и добивање на нова поддршка, без притоа да се води сметка за огромните долгови што ги оставаат или немањето на милијардери од типот на Ambramovic, Mansour bin Zayed, Shinawatra...
2. Природниот циклус што се случува во се, па така и во фудбалот. Не може бре некоја лига вечно да е најдобра, нормално. Кажете ми кој пред 15 или 20 години се надеваше на ваква експанзија на ЕПЛ? Дали некој воопшто можеше да претпостави дека лигата во која скоро и немаше играч надвор од островот и имаше хроничен проблем со дивјачките фанови, денес ќе биде неприкосновена?
И ај да претпоставиме нешто: денес читаме за казна во поени за Siena и Atalanta, утре Milan и Juve ги купуваат арапски конзорциуми и имаат по 150 милиони евра буџет во првата година. Она што реално се случува низ Шпанија и Англија, па и Франција. Нормално, Milan и Juve ќе бидат меѓу фаворитите за освојување на ЛШ, можеби некој и освои. Ќе го стави ли некој квалитетот на лигата во тој случај во корелација со казните? Можеби најголемиот проблем на модерниот фудбал е што реномето почна да се купува со пари. Фала богу сеуште не историјата, но којзнае, можеби ќе почнеме да броиме титули откако Barca почна да освојува ЛШ...
Се сложувам во буквално се’ што Иван напиша но на тие негови 2 клучни точки би додал уште една, трета која не е помалку важна, ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА НА ИТАЛИЈА!
Италија како земја има извонредно лоша фискална политика кога станува збор за платите на професионалните фудбалери! Тема која што е безброј пати потенцирана но само накратко ако некој не знае како оди тоа, во Италија секој клуб за секој фудбалер кој што игра за него плаќа „дупли“ плати односно покрај платата на самиот фудбалер плаќа уште толку на име даноци за фудбалерот! Значи ако дојде еден ѕвезда фудбалер од светски рамки во било кој клуб во Италија и да зема 10 милиони евра по сезона тој ист фудбалер всушност ќе го чини неговиот клуб близу 20 милиони евра! Тоа е најголемата пречка зошто во последните сезони (по експанзијата на платите и трансфер сумите благодарение на квази клубови и сопственици) тешко доаѓа ѕвезда од светски калибар во Калчо а од друга страна има одлив на светските ѕвезди кои веќе се во Калчото (Шевченко, Кака, за малку Силва)! А кога една лига во себе нема дел од кремот на светскиот фудбал таа лига станува помалку интересна и за навивачите на трибините и за спонзорите и за ТВ правата а со тоа се добива помал приход за клубот што значи уште помал трансфер буџет во иднина. Значи тоа е еден ланчен процес кој завршува максимално лошо!
Како нус ефекти и појави кои помалку или повеќе се поврзани со претходнонаведената огромна причина се недостатокот на сопствени стадиони на клубовите (сите клубови играат на стадиони кои се во сопственост на општината, мразот го скрши лани Јувентус) и енормно лошата рапсределба на финанскисте средства од ТВ правата (распределување еднакво за сите екипи од Серија А и Серија Б, погледнете на кој начин тоа се остварува во Шпанија, 90 % за Реал и Барса, 10 % ги делат сите други клубови заедно)!
Многу е интересно од аспект на даноците за платите да се размисли дали постои човек, компанија или магнат кој ќе може да ги издржува платите на Меси, Роналдо или Јаја Туре кога тие би биле во Италија! Јас лично сметам дека не постои таков Абрамовиќ, арап или матен тајландски поранешен премиер кој ќе може да ги покрива тие плати на италијанско тло!
А тоа што англиската Премиер лига е огромна перална за пари на нечисти финансии стекнати од нелегални активности е сосема друга приказна. Не треба да се оди до гледање на работите под тепих, доволно е површно гледање на работите (Шинаватра не смее да се врати во Тајланд оти ќе биде уапсен, Абрамовиќ до скоро немаше расчистено со руските власти, матниот исланѓанец го финансира Вест Хем а „чистиот“ Флавио Бриаторе си врти пари во QPR!
Зборувате за мене момци нема што да додадам калчото е такво како што е, ама верувајте нема Премиер и Шпанија да бидат на врвот секогаш.
Ќе им стане јасно на луѓето дека примера се претвори во Барса vs Реал, и ќе им стане јасно на толку гордите англичани дека над 60% од играчите во нивната лига се странци! Затоа ќе имаат тиња репрезентација.
Последните информации за нашите бековски позиции зборуваат дека раководството конечно се одлучило и тоа тандемот Antonini/Didac за LB односно Abate/De Sciglio за RB!
De Sciglio веројатно ќе го одбере дресот со број 2!
Што вели Evani за De Sciglio:
Evani: "De Sciglio is a versatile player. He can play both on the right and on the left in the defence and he can also play in the midfield"
Evani: "De Sciglio could even be used as a central defender even though he’s still lacking physical strength."
Evani: "De Sciglio is an intelligent player who really uses his brains in the plays that he makes on the pitch."
Evani: "De Sciglio is also good at shooting. He prefers to use his right foot but he can also use his left foot."
Evani: "De Sciglio is already mature. He has a great ability to learn and he applies himself 100%."
Evani: "I predict a great future for De Sciglio."
Кеита го раскинал договорот со Барселона и потпишуал негде во кина.
Tactical facepalm
Дојде и тој ден :)
Денес официјално започнува новата сезона во Миланело. Без оние кои учествуваа на ЕП но со многу деца од Примавера и нови фаци :) Дел од нив (Ацерби, Иносенси, Нардуцо, Кармона...) преспаа во Миланело :)
Во Description на твитер профилот на Ацерби пишува:
Calciatore. Difensore. Milanista.
Мислев за тоа да пишам нешто, пошто едни фанови на милан се заебаваа со тоа нешто во стилот:
Meytar Zeevi
Acerbi's Twitter profile is great: Player. Defender. Milanista.
Matteo Bonetti
My name is a Acerbi. I am the soccer players for the Milanista. I like to play for defender on.
Meytar Zeevi
My name is Acerbi. Football player. Defender. Milanista. Mole-owner. I think he'll be a good player seriously.
Мене баш ми се допаѓа како е напишано.
А The Milan Guy е еден од најголеми идиоти и шизик чие его не знае за граници. Всушност кога му напишав најнови информации за состојбата на Касано тогаш кога се случи тој после 3 секунди напиша на твитер: JUST IN: According to my latest insiders Infos Cassano's situation is.... И го напиша она што јас му го напишав нему неколку секунди пред тоа. Па можеш да видиш на кој начин ги пишува информациите.
Од друга страна на пример Milan Diavolo е типац кој треска зелени каде што ќе стигне! Измислува фанстастични transfer rumours кои имаат исто толку смисла колку што едно магаре има смисла со козметика.
Единствен релевантен твитер акаунт за информации и вистински инсјадерски муабети е Milanello, човек кој е внатре во Milanello (сè уште незнам во која релација )и кој неретко има директно муабети со фудбалерите, стафот па и Галијани!
Ме радува раздвиженоста низ Milanello и почетокот на припремите. Ми го враќа чувството што ме држи 10 месеци во годината :) Ако сте слободни, може да се официјализира почетокот на сезоната со еден пост, па за 10тина дена, за првите пријателски од Tim Trofeo ветувам мој пост. Се враќаме на старите обврски и возбудување момци!
FORZA GRANDE MILAN!!!
Многу сурови но точно зборови на Галијани за финансиската ситуација во клубовите во Италија, во земјата и воопшто светскиот тренд. Убаво сиже на тоа што го зборувавме претходно низ коментари во овој пост.
Јас сум на моб. не можам пост.
И Франческо е ѕвер Ри, само не е толку фокусиран на Милан другиве препишуваат од него и Миланело мање више.
Кој Франческо?
https://twitter.com/FRANCESCalciO
Ganz на првиот тренинг меч вчера постигнал хет трик и имал одлична комуникација во нападот со El Shaarawy. Момчето деновиве ќе треба да го комплетира својот премин во Bari.
Хахахахахахаха новите away kit на Printer за следната сезона. Curva Nord се бесни!!!
http://forzaitalianfootball.com/wp-content/uploads/2012/01/Inter-away-kit-201213--e1327810280965.jpg
Леле кој феил :)) Ако лани Juve ги зезаа за розевите дресови, каде ќе им биде крајот на пацериве. И да биде уште поиронично, дресот го облекол Snejider, а тој веќе се пакува за Русија :)) Трагедија! Мрш!!
Она со розевите на Јувентус држи до некаде место затоа што нивниот прв официјален дрес во историјата бил розев!
Ова е смешки, читајте ја официјалната реакција на Curva Nord:
Curva Nord on red away shirt: "An insult to our history, to our traditions, in the name of the money God which now has created a marketing strategy above any values."
CN: "In the stadium, on one end, it starts with the blue and ends with the red, separated, very distinctive and far between these colors. It is a symbol of opposition, a rivalry will never fade."
CN: "We invite you to NOT buy this shirt, or in any event, not to come to the stadium wearing it. NOT IN THE CURVA NORD, NOT IN ANY PART OF THE STADIUM.
CN: "We continue to consider our shirt formed by two colors that have made us fall in love since we were children. Those that have given us unique stories, passionate and winning stories in a long period of time of over 104 years: THE BLACK AND BLUE!"
Веројатно отишле со таа варијанта поради тоа што имаат нов спонзор од Кина кој ќе инвестира во изградба на нов стадион за нив.
А што е ова со Снајдер и Русија? Незнам.
Каква и да е позадината на потегот, ова не е Америка па ќе работиме се за маркетинг и кеш. Тука има традиција, историја, ривалства, чест, љубов, гордост... Кој од нас би прифатил син дрес, па макар е и трет дрес?
А Snejider има понуда од Anzhi, агентот кажа дека не се одбивала. Сепак, мислам дека тој чека понуда од United, каде најверојатно ќе го продаваат Nani и со тие пари ќе купуваат офанзивен везњак.
Добро е што за брзо време доаѓа TIM трофејот! Таков циркус од 3 х 45 минути можат да измислат само италијанците ама добро е за да се видат новите фаци и младите фудбалери :)
according to italian newspapers,when Аllegri was asked how many titles Juventus won,he said "they have 31 titles,because they won serie B,too"
:))))
Што сте замолчиле? Чекате исход?
Аха. Не ми се коментира одново за истата глупост...
Се' ќе биде во ред, on one way or another ;)
Исто и јас, нека заврши целата фарса па да иаме за што да збориме.
Не ми се верува дека истиот филм ни го пуштаат отпоново, т.е. мислам дека нема да биде истиот, насловот е тој само до него ќе стои 2, втор дел, а сите знаеме дека секогаш вториот дел од филмот е полош од првиот. Така да нема ништо да ме изненади што и да се случи овие денови, само знам дека ќе бидам бесен при евентуална продажба на ТС!
Двајцата најдобри играчи на својата позиција ги продаваме.
Што ви кажува тоа?
Јес да во цифри со се плати ќе се добие негде околу 170м ама сепак, квалитет пред квантитет? Ибра пред Дестро/Џеко
Т.Силва пред Астори/Деде?
Ако им се верува на медиумите уште вечерва ќе може се да се официјализира, па дури и до утре доаѓањето на Дестро да се договори.
game over?
Алегри во интервјуто ВЧЕРА:
"Fortunately Thiago Silva and Ibrahimovic won’t leave Milan."
Исто така, половина од интервјуто го потроши на пофалбите за нив двајца, дека Тиаго Силва е најдобриот дефанзивец во светот и дека е благодарен на раководството и на Берлу што направил жртва и го оставил во Милан а за Златан рече дека не би го менувал за ниту еден напаѓач во светот и кога ќе се врати од одмор од него ќе побара да покаже поголемо лидерство во соблекувалната и да биде пример за останатите...
Судејки според тајмингот и зборовите на неговото интервју, веројатно и самиот Алегри дознал како Нас, преку медиумите! Тренерот воопшто не бил консултиран или подобро кажано на тренерот воопшто не му било кажано во кој правец се движат работите!
Имам еден одличен колаж пост кој го спремав претходната недела кога за малку ќе заминеше ТС ама чекам да се официјализира...
Интересна реакција на Curva Sud:
Curva Sud Milano: "Even if Ibra and Thiago Silva are sold, then we won’t be protesting or making any demonstrations."
Curva Sud Milano: "In all these years, Galliani has demonstrated that he’s the number 1 when it comes to the transfer market.
"Who was Thiago Silva before he joined Milan? And who brought him to Milan?"
Curva Sud Milano: "There’s still a month and a half left of this transfer window. We will wait before we make any judgments."
Curva Sud Milano: "When the transfer window is closed, then we will draw our conclusions."
Curva Sud Milano: "At this moment, don’t expect us to make any demonstrations for Thiago Silva and Ibra."
Curva Sud Milano: "The club, especially Galliani, can work in a calm manner."
Curva Sud Milano: "In the end, we have rarely been disappointed - both in terms of new signings and in terms of victories."
Silva is apparently very mad about all this, and he is gonna met Curva Sud and tell them it's not him who wanted to go, but the club who wants to sell him.
Нешто слично изјави и неговата сопруга.
Многу џентлменски пораки морам да признаам. Кога станува збор за навивачи, ние сепак имам предрасуди и други очекувања. Така е барем кај нас. Ова е многу поцивилизирано и помудро од тоа што го очекував како реакција. И пред се, многу е точно!
А не разбрав Ри, чекаш да се официјализира заминувањето и останувањето?
Нема останување, двајцата си одат! Не е фер спрема Тиаго, па до пред 3 дена ја имаше оваа слика на официјалниот канал на Милан http://net-storage.tccstatic.com/storage/milannews.it/img_notizie/thumb1/ee063b1bb532bc074c2f382099be4baf-58126-c1f10e8980ffb612361aeddb17bd0a65.jpeg
Не е во ред!
Во останатите вести, Интер не ја искористи опцијата да го откупи Андреа Поли од Сампдорија и сега тој може да преговара и со останатите клубови од Италија. Лани Алегри изјави дека го смета Поли за најдобар млад фудбалер од средниот ред во Италија! Зошто да не?!
Ве читам, ама желбата да прокоментирам било што ми е еднаква на нула, ке почекам да се заврши веке еднаш оваа сага па ке го заокружиме случајот.
Во мегувреме, http://bleacherreport.com/articles/1257298-ac-milans-10-greatest-recent-moments-at-the-san-siro
Море кога веќе си заминуваат Ибра и Тиаго, што мајка бараат играчи како Робињо Бонера и Антонини во тимот?
Бидејќи ги рачунаме за Месбах и Таиво како веќе продадени.
Нели подмладување, најмладиот тим на Милан после којзнае колку време, се најавува и заминување на Касано нека брка работа и он.
Нека ги донесат Астори,Огбона,Верати,Поли,Дестро и уште 2-3ца странци па да бидеме мање више задоволни дека купувале паметно, дека донеле млади италијанци, а не вака однапред знаеме што сценарио не чека.
Ќе си оди и Робињо и можеби (само ако тој инсистира) и Касано. Сепак, за Касано верувам дека ќе остане а Робињо речиси сигурно ќе замине! Дилемата е Џеко или Тевез. Јас сум за Џеко со две раце (наводно тоа била и желбата на Алегри) но G повеќе влече на кај Тевез (кој не го сакам затоа што е фрик!). Сепак, со овој среден ред на Милан веројатно подобра варијанта е Тевез, фудбалер кој може сам да постигне гол и фудбалер на кој не му треба којзнае колкава подршка од креативен среден ред за да биде ефективен (нешто на што на Џеко му е потребно). Пак ќе повторам, моите симпатии и моето срце е за Џеко но разумот ми вели Тевез).
Слично размислуваме, ама Џеко е помлад за едно 2-3 години, Џеко ги има физичките предиспозиции на златан а Карлитос оние на Робињо.
Башка Џеко навива за Милан од мал.
И читам дека додека играл во примаверата Дестро го нарекувале Златан иако е далеку од тоа, она што ми се допаѓа кај ова момче покрај возраста,националноста,12 гола е начинот на кој ги прославува головите.
И знам дека еднаш не одбил и дека ќе биде многу тешко но нека запнат за Верати!Млад е надежен а тоа ни е нели целта, да се мисли за иднината подобро да се купат вака млади играчи и да се жртвуваат неколку сезони одколку да купуваме крпеници за сезона ипол.
Верати планираат да го презентираат речиси симултано со Златан и Тиаго...
Инаку Дестро го сметаат како опција која сигурно ја потпишуваме без разлика дали ќе дојде Тевез, Џеко или некој трет...
Di Marzio вели дека презентацијата на Златан и Тиаго во ПСЖ ќе биде дури во Понеделник! Завршете ја оваа рашомонијада!
Одам да трчам! И вчера пред да одам да трчам се надевав и посакував кога ќе се вратам се' да биде завршено (се враќам за околу 6км односно 40тина минути)!
Истото го посакувам и денес иако знам дека кога ќе се вратам се' че биде статус кво!
Претераа!
Забораваш дека читаме од истите избори Ри :) ја само си ги искажав желбите а кога станува збор за нашиот драгоцен Милан желбите и реалонста се сосема различни.
Не знам за какви избори зборуваш, јас сум партиски неопределен :))
И еве некои матни муабети:
Ag Thiago Silva: "If Ibra signing Thiago well to PSG? No no, the two are not related"
A surprise comes from "L'Equipe" the words of the agent of Thiago Silva, Paulo Tonietto: "There is nothing definite yet. Thiago and I we were not even invited to speak about this, prior to finalizing a deal i clubs must consult us. "He continues: "If he is also signing Thiago ibra PSG? Nono, the two are not related, Thiago and I do not know anything yet, we do not know of any offers, just sign Ibrahimovic, Thiago's up to you decide if you want to or not to sign ".
Ај бе да стаиме мораториум на коментарите до официјализација на случувањата :) Се смеам, коментирајте си ако имате нерви, јас се уклучувам еднаш дневно, гледам дали има официјално соопштение од Galliani и бегам. Уште стојам на тоа дека ТЅ не оди никаде, за Ibra не сум сигурен. Тоа се двајцата најдобри индивидуалци, ама со различни потенцијали и лични особини. Од тие причини, евентуалното заминување на швеѓанецот ќе се осети болно, но со далеку помали последици од другиот најавен трансфер. Само се надевам дека сите овие случувања летово нема да паднат исклучиво на грбот на Thiago и дека тоа нема да се одрази на неговата форма.
Еден замина, го чекаме другиот...
Grazie Thiago!
Која беше поентата на откажаниот трансфер и драмата пред 2 недели?
Navigator official statement:
Нека си ебат матер Силвио, Галијани, Барбара, Алегри, Браида, Анчелоти, Леомердо, агентот на Тиаго и сите други што било кога летово кажаа дека ТС нема да замине. Им посакувам се најлошо на личен план. Целиот стрес и нервоза што ги проживеавме овие 2-3 недели, нека ги обземе и нека ги држи следните 2-3 години секој поединечно. Од мене, најискрено до вас управо, нека ве прогонува денов при секој изгубен меч ради грешка на одбраната и секоја пропуштена шанса од напаѓачите, ако остане некој. Поздрав, со надеж дека нема уште долго да ве гледаме на чело на клуб како го запустувате.
Полошо од ова е само ако Златан не успее да ги договори личните услови со ПСЖ!
Post a Comment