Translate

Thursday 26 February 2009

И шо сеа?




И нишо!Пак разочарување,пак надиграни,пак надмудрени....па добро бе надвор од трката за титула во Серија А сме,надвор од купот на италија,и сега надвор од купот на уефа?и ако пак сега прочитам некоја изјава од типот: "Немавме среќа,здравје боже следната година" ќе повратам!Кој тим со играчи од типот на Пато,Кака,Роналдињо,Пирло,Гатузо,Малдини... главен приоритет му е 3то место во домашното првенство!Па налет и нека е тоа 3то место!Ми пукна филмот!Ова веќе неможам да го поднесам!и нема да плукам по играчи и да мудрувам за засилувања,промени и сл.Апсолутно ми здодеа од такви муабети.ТИЕ се раководните луѓе и ТИЕ треба да мислат што понатака.


Воедно најавувам дека ќе бидам отсутен со постови на блогов во периодот кој претстои од свои причини.




Поздрав Росонери!


Ваш Ултра

Wednesday 25 February 2009

MILAN-WERDER PREVIEW


Се враќаме на европскиот фудбал!Иако тоа е само Уефа купот,но сепак тоа е токму трофејот кој ни недостига во клубските витрини.
Без мн должење и кратење....по првичните 1-1 на гости имаме одлична шанса и со лагана игра и резултат да одиме во следната рунда каде што ќе не чека Сент Етјен.
Одбраната е целосна освен Неста се разбира.
Освен италијанската тројка Неста,Гатузо и Бориело и Кака и Дињо нема да бидат во можност да настапат поради повреда
Дида
Антонини,Бонера,Сендерос,Фавали
Бекам/Фламини,Пирло,Амброзини
Сидорф
Инзаги,Шевченко
Мислам дека Замброта ќе биде одмаран во одбраната и ќе почне Антонини иако ако добие жолт картон ќе биде суспендиран.Останатиот дел од одбраната мислам дека го погодив.
Во средината има само дилема околу Бекс и Фламс но мислам дека Фламс ќе почне иако центаршутевите на Бекам можат да бидат многу корисни за Пипо и Шева.
Инзаги и Шева-Најлогично нешто во моментов.
Иако ни одговара и 0-0 се сомневам дека на тој начин ќе сакаме да продолжиме во следното коло.

Па време е Шева да даде гол!







FOOORZAA IL GRAAANDEE MILAAAAAN!!!

Sunday 22 February 2009

MILAN-SARDINITE 1-0


1-0!Конечно по серијата од 3 меча без победа ја почуствувавме сласта на победата.
Резултатот како и играта неубедливи но можеме да бидеме задоволни и со тоа ако се погледне листата на играчи кои недостасуваа-Самиот факт дека игравме без напаѓач во последните неколку минути говори сам за себе.

Абијати 7.5 Одличен како и секогаш,макар и што доби жолт картон.

Замброта 7.0 Ништо посебно до него,изигра на ниво : )


Бонера 6.5 Не изигра лошо но се повреди и беше заменет така да оценава не е целосна.Да се надеваме дека не е ништо посериозно :)


Малдини 7.5 Ил Капитаноооо Ил Капитаноооо остануваат уште околу 20 натпревари уживање во неговата игра....затоа не пропуштајте ни еден натпревар на Милан!


Фавали 7.0 Солиден и напред и назад.Малце нафрлаше но тоа беше бидејќи Јанко ја окупираше левата страна.


Пирло 7.5 Според мене добар натпревар од него.Да ги имавме Бориело и Пато во нападот ќе победевме 4-0 и Пирло ќе имаше 9ка :)


Фламини 7.0 Уште е рано Фламс за да им земе место на Гатузо и Амбро во првиот тим : ) Само нека биде трпелив и може да стане 2 пати подобар од нив : )


Бекам 6.5 Една од послабите негови партии од кога е дојден...


Јанкуловски 7.5 Постојано активен иако повторно беше игран надвор од неговата позиција.Од кога е дојден во Милан шетан е на сите позиции на левата страна и одлично се снаоѓа сегде :)


Сидорф 7.5 За голот и со кој се надевам дека ќе му се врати довербата кај него самиот и кај навивачите.Да не го дадеше голот оценката ќе беше 6 :Р


Инзаги 6.5 Има право и тој на лоша утакмица....иако не смее да му се повтори кога е оставен сам напред : )


Измени:Сендерос 7.0 Брее животно!Зема крвнички една топка и плус рипна да се тепа :) Малце памет у глава и искуство и Сенди може да биде новиот Стам! :)


Амбро / Антонини /


*Зошто не влезе Виудез само Карло си знае :)



Следно....Вердер Бремен в четврток повторно на Сан Сиро....да ја покажеме нашата сила во Европа!



FORZA IL GRAAAAAANDE MILAAAAAAAN!!!

Sunday 15 February 2009

RK MERDA-GRANDE MILAN

Почитувани :
Се известуваат сите вљубеници на фудбалот во Италија да се откажат од играње и гледање фудбал затоа што има нова административна сила (која полека прераснува и во ракометен клуб )која гарантира местенки,нефер плеј,плачење,лигавење и сл.
4 скудета на поклон?не им е доста?вие што мислите?мене ми е смачено од се ова а и знам многу луѓе кои го мислат истото.Веќе ми здодеаа муабетите дека резултатот кажува се и сл.Лигата на Шампиони-нерешливата дилема за душманите и единственото место каде што неможат пацерите да местат-резултатите го кажуваат тоа.
Се на се тоа е тоа...повторно разочарување и она од кое најмногу стравував се случи-а тоа е вечните лузери да тепаат во свој стил.Јас искрено веќе се навикнав на ова...изминатите 3 години се срам за фудбалот во италија и светот воопшто.Така да,ќе ви кажам другари да кулирате...смирете се,не одговарајте на провокации од некомпетентни кретени кои себеси се нарекуваат навивачи,а се всушност квази-навивачи и пред 06 навиваа за некој друг тим.
Зошто изгуби Милан?поради отсуството на пола прв тим?поради поништениот гол?пенал кој требаше да биде досуден?раката на наркоманот?не е ни битно сега...само ќе признаам дека беше интересен натпревар :)

Индивидуално нема да го оценам играчите,можеби само накратко:
1.Крајно сум разочаран од Каладзе,со чисто срце сум кога велам дека не Каладзе со неговите изведби не заслужува место во Милан
2.Добро одиграа скоро сите пред се: Абијати,Малдини(кој само во една ситуација го пушти ракометарот)Дињо(поздрав до камбијасо и самуел),Пато...а Бекам не одигра ништо спектакуларно-потврдување на она што го велам дека не ни треба за долгорочни цели.
Тоа е тоа момци...не се нервирајте....јас лично сум повеќе ЦРВЕНО-ЦРН од било кога.Скудетото оваа година по се изгледа ни избега,но останува Уефа купот кој МОРАМЕ да го освоиме за да ја потврдиме нашата европска доминација и барем малку достоен начин да го испратиме најдобриот одбранбен играч на сите времиња,воедно и наш капитен МАЛДИНИ! Најмногу ми е жал што во своето последно дерби доживеа пораз.Воедно поздрав до вистинските навивачи на мерда(се надевам дека ги има такви)за банерот посветен на Малдини: "Per 20 anni nostro rivale,ma nella vita sempre leale"



П.П.С. Р.К. Металург се заинтересира за услугите на адриано!

П.П.П.С. Поздрав од Пато и новиот криптонит за мерда!

Ale ale Milan Ale, Forza Lotta, Vincerair, NO TI LASCEREMO MAI.....


FORZA IL GRAAAAAAAAAAAAANDEE MILAAAAAAAAAAAAAAAAAAN!!!

Thursday 12 February 2009

FC INTER-AC MILAN PREVIEW



Дојде и тој ден!Натпреварот за кој живееме цела година е пред нас!Како и секое дерби и ова е има исклучителна важност,но она што му дава посебен шмек е фактот дека се работи за борба за скудето и секако дека ова ќе му биде последното дерби на Ил Капитано!Па мислам дека ако ништо друго барем со победа да се опрости во 56тото дерби за него.Кога сме веќе кај бројќите...веќе од добро ни е познато дека Шева со 14 гола е прв стрелец на дерби натпреварите со мерда и дека претставува(ше) вистински кошмар за матераци и компанија.Арно ама Шева од 2006 нема дадено гол против душманите,така да мислам дека е вистинско време да се прекине тој пост!
Наместо да чекате податоци од Бранко-интеристата,јас ќе би ги презентирам бројките околу дерби дуелите:
Вкупнo се одиграно 198 натпревари во сите конкуренции каде што Милан има забележано 69 победи,мерда 68 и 61 натпревар завршил без победник.
Додека пак во Серија А мерда е поуспешна со 61 победа наспроти 58те на Милан но податоков треба да биде земен со резерва затоа што мерда почна да победува со калчополи а пред тоа со години немаа победа :)
Составот е добро познат и со поодамнешните повреди на Гатузо и Бориело како и суспензијата на Бонера останува само прашањето дали Неста и Кака ќе бидат фит за во недела.Искрено јас верувам дека барем еден од нив ќе биде на клупата а би било чудо ако двајцата се најдат на теренот од почетокот.Абијати
Замброта,Малдини,Неста/Каладзе,Јанкуловски
Бекам,Пирло,Амброзини
Сидорф,Роналдињо/Кака
Пато


Ако нема некоја промена во последен момент овие се дечките кои ќе истрчаат в недела.
И за крај само...Ако ова му е последен дерби натпревар и последна сезона на Малдини барем нека си замине со победа,инаку интересен факт е дека Барези и Чезаре Малдини во своето последно дерби биле поразени,но да се надеваме дека нема да биде исто со Паоло :)
Ако се простуваме со скудетото во овој натпревар да го направиме тоа достојно па и да изгубиме да знаеме дека сме се обиделе!Само се молам се да биде на регуларен начин!и да покажеме дека сме подобри од мерда!



FORZA MALDINI!!!INTER MERDA!!!FORZA IL GRANDE MILAN!!!

Saturday 7 February 2009

MILAN-REGGINA 1-1 ANALYSIS & RATINGS

И повторно разочарување на домашен терен :( Губиме бодови кој однапред ни се ставени на контото.Се сеќавам дека Карло имаше некоја изјава деновиве каде што алудираше на претпазлисвост во овој дуел.Има многу фактори зошто не победивме вечер.Среќата(која ја немавме,неубедливата игра од стартот,неиграњето на Пирло(па и на Сидорф од почетокот)повредата на Кака,судијата......и на крај односот на играчите на Реџина кои веќе ми се гадат!
На крајот се гледа дека Милан-Реџина 1-1,8 бода од врвот пред следното коло и дербито со мерда.

Абијати 7.5 Неколку одлични интервенции а не беше виновен околу голот.

Замброта 7.0 Не одигра лошо,но не ни одигра нешто посебно.

Малдини 7.0 Си беше Капитано.

Бонера 6.5 За жолтиот картон поради кој нема да игра в недела со душманите.

Јанкуловски 7.0 Играше добро посебно во нападот.Повторно одигра добро надвор од својата позиција во последниот дел од натпреварот.

Фламини 7.0 Се трудеше,трчаше...си ја заври работата.

Амброзини 6.5 Незнам што да кажам....оставам на вас

Бекам 7.0 Имаше многу повеќе работа од претходните натпревари поради неиграњето на Пирло и Сидорф но добро се покажа.

Кака 7.0 Гол и статива-освен ова ништо посебно од Кака...од сагата со сити до денес нема одиграно како што знае... :(

Роналдињо 7.0 Според мене добро одигра и докажа дека заслужува место од почетокот.

Пато 7.0Bold Немаше многу шанси за гол,но сепак добро играше и на моменти мајтап си правеше со противниците кои беа премногу груби кон него.

Сидорф 6.5 Инзаги / Антонини /

Тоа е тоа момци...сега ни останува дербито со Интер за кое повторно не сум оптимист.Сепак остануваме Црвено Црни!



FORZA IL GRANDE MILAN!!!

Friday 6 February 2009

DICIAMO INSIEME... FORZA MILAN!!!



И сега, кога земаме добар залет, со шест утакмици без пораз и кога го превзедовме второто место на табела, ни доаѓа фенерџијата..ситуација што најголем дел од клубовите ја посакуваат заради зарджување на континуитетот на победи и подигање на моралот во клубот..ама за жал, тоа не е случај со нашиот grande Milan..веќе навикнавме да го гледаме како дели бодови на слабите и изнемоштени екипи низ Италија, а игра сјајно против оние од кои сите стравуваат..некаде на нет причитав една компарација што ептен ме изнасмеа ама после видов дека е уствари трагична за нас rossoneri-те..”Milan е како фудбалски Robin Hood, секогаш зема од богатите, а често им дава на сиромашните”..меѓутоа како што имаме многупати кажано досега, Milano siamo noi, и едноставно не се плашиме од никој..ама останува проблемот како против екипите како утрешниот противник – Reggina..овој пат имаме една ситуација каде душманот уште на 3-4 дена пред натпреварот излегува со изјави како тие можеле да извлечат поволен, за нив, резултат и слични глупости, што по мене е добар знак колку тие само стравуваат од петарди или слични пиротехнички средства на San Siro..Carlo е паметен тренер, иако не носи паметни одлуки во одредени моменти, и се надевам ја сфати пораката на четата на Orlandi..клубчето од Reggio Calabria има страшен ефект на гости со се на се 5 бода од 11 меча..фасцинантни бројки кои заслужуваат секаква почит..затоа Milan ќе мора да нападни утре уште од самиот почеток, за веќе на полувреме да можиме да израчунаме колку само сме биле блиску до Merda..имаме одличен тим на располагање, во добар сме налет, имаме фенерџија за противник, едноставно имаме се за да му направиме притисок на лидерот..башка тоа го имаме најдобриот термин, ем играш во сабота на ден пред сите, ем те има на телевизија :)
DICIAMO INSIEME... FORZA MILAN!!!

Sunday 1 February 2009

LAZIO-MILAN 0-3 ANALYSIS & RATINGS

ПОБЕДА!3 и тоа какви бода во вистинско време!Милан го уништи Лацио во секој сегмент на играта иако рака на срце првиот гол на Пато беше постигнат од офсајд.Но ова не е ништо кога ќе се погледнат судиските одлуки на страна на мерда сезонава.Се на се одлична игра пред се во второто полувреме каде што бевме тактички супериорни.Оваа игра Милан ја покажува од почетокот на 2009 односно од натпреварот со Рома,и само со Џенова потфрливме резултатски.Можеби е тоа поради играњето на Бекам :)
Абијати 8.0 Уште една одлична изведба од него!Заслужена оценка.Немам повеќе зборови за него.

Замброта 7.5 Замбро беше константно добар и напред и назад.Со оваа игра тешко дека некој ќе му го земе местото во наредниов период.

Бонера 7.5 Многу ми се допадна неговата избедба вечерва.Од секогаш сум бил негов фан и она што ме импресионираше е сигурноста и ако не се лажам ништо не помина кај него вечерва.Неговото враќање на терените може да означи крај на нашите одбранбени проблеми.

Сендерос 7.0 Солидна избедба и од него.Вршеше поголем дел од валканата работа назад и често беше груб во стартовите.Една од главните причини зошто Зарате и забележително Пандев беа прилично безопасни.Според мене има доволно причини да остане и по завршувањето на позајмицата.

Јанкуловски 7.5 Си беше Јанкуловски :)

Пирло 7.5 И тој си беше одличен денес.Иако имаше некои пропусти но испрати неколку одлични топки до Кака и Пато.

Бекам 8.0 2 Асистенции и константно добро покривање на неговата десна страна како и неколку добри топки кон нападот.Можеби мен оф д меч заедно со Абијати.
Амброзини 7.0 Добар натпревар од Амбро.Си ја забрши работата во средината без грешка.

Сидорф 7.0 Одлична топка до Кака за третиот гол.Другото беше онака,во негов стил :)
Кака 7.0 Повторно со најслаба оценка.Сево ова го правам за негово добро за да се опамети :Р да не го дадеше голот оценкава ќе беше мн пониска.

Пато 7.5 Патоооо Патоо Патооо.....така до 10! :)

Измени:Шева / Дармиан /

5ти натпревар по ред играме одлично и 5ти натпревар по ред не губиме.Играта што ја демонстрира Милан во новата година е слободно можам да кажам игра на тим што е аспирант за титулата.Следното коло ни гостува Реџина,ама нема да ја потценам(види јуве и мерда)


П.С. Поздрав со сликава од Патката :)


FORZA IL GRANDE MILAN!!!

LAZIO-MILAN PREVIEW

Уште еден ту-би ор нот ту-би натпревар :) .И повторно на Олимпико во Рим но овојпат против Горчо и неговиот Лацио.Ако се земе предвид фактот дека во минатото коло 3тите бода ни избегаа во последните неколку секунди,и дека вчера Јуве изненадувачки го доживеа вториот пораз во серија тогаш побеќе од очигледно е дека победата е императив.

Повредите и суспензиите во Милан веќе станаа секојдневие,така да повторно ќе играме без Неста,Каладѕе,Гатузо,Бориело...а од ова коло и без Фламини и КАПИТЕНОТ-единствениот играч кој е константен во одбраната.Добра вест е што Бонера се опорави од повредата.
Кај Лацио Броки се опоравил навреме и најверојатно ќе игра вечерва.Главната опасност повторно доаѓа од двоецот Пандев-Зарате


Абијати,Дида
Антонини,Бонера,Матиони,Фавали,Сендерос,Замброта,Јанкуловски
Амброзини,Емерсон,Пирло,Бекам,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато,Шевченко,Инзаги


*Само еден од Емерсон/Матиони ќе биде на клупата,сеуште не се знае кој.


Абијати
Замброта,Бонера/Сендерос,Фавали,Јанкуловски
Амброзини,Пирло,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато

Според мене вака треба да се почне и конечно да му се даде шанса на Дињо од почеток,но ништо чудно и Сидорф да игра на негово место,а Бекам или Јанко евентуално да играат во средината.

По нерешениот резултат со Џенова бев крајно разочаран,и како да се опростив со скудетото но со поразот на јуве вчера надежта се врати во мене.Па и да не ја освоиме титулата барем да знаеме дека сме се обиделе!


FORZA IL GRANDE MILAN!!!