Translate

Sunday 26 September 2010

IN IBRA WE TRUST!!!



Добро е!!
Победивме во еден многу тежок и тврд натпревар за нови три бода и уште многу самодоверба..за повеќе оптимизам и освежување од овој пеколен ритам..го добивме токму она што ни требаше - минимална победа..да се остани фокусиран, а не пак да се дигне во облаци..секоја чест за пожртвуваната игра на момците со оглед на се поголемата присутност на факторот замор..се осеќа кај скоро секој во тимот... Dinho неможи да повлечи контра после 60тина минути, Ibra по примањето на топка прво се гради а после размислува за додавање, TS не е во можност да го покрива Antonini кога кон крајот сеуште се брка резултат, а Pirlo го има намалено радиусот на движење од почетокот на сезоната за половина..меѓутоа да се разбериме, не го пишувам ова во смисла на некоја критика, туку само ги истканувам негативните последици од ваквиот ритам..
ама пак и покрај сето ова, разликата вчера, како и на последните два меча ја прави Ibra..можда ќе речи некој дека не игра којзнае како, ама без него и неговите голови, Milan ќе го имаше еден од најлошите стартови на сезоната..или поедноставно речено, се ќе беше исто како минатите неколку сезони..колку и да не ми е омилен, неможам да не признаам дека Ibra ни ја даде толку очекуваната убоитост во нападот..можеби начинот на игра не е многу променет сезонава, но дури и во такви услови тој успеа од ништо да направи нешто, на четири пати досега..
незнам дали ќе се согласите со мене, ама вчерашната утакмица ме увери во нешто – Seedorf е подобар како резерва..мислам дека и Massimo го увиде тоа и наместо исвиркуван за забавување на играта, тој има една супер-резерва кој можи да покрива повеќе позиции..од друга страна го има KPB од почеток, кој е (со речникот на Б.Илиевски) најпргавиот играч на теренот и многу работи или Binho кој се повеќе се вклопува во играта, поопуштен е и доста добро физички напредувал.. за одбележување е и Rino, во неговата најдобра изведба сезонава, како дефинитивно најистакнат поединец вчера и дефинитивно еден од милениците на Allegri..
и наместо заслужениот одмор, тие од денес се пак во Milanello..ги чека уште потешка недела со две гостувања кај многу незгодни екипи..искрено се надевам дека тренерот има идеја како да се справи со премореноста кај некои од играчите, оти не постои шанса истите играчи да одиграат уште два вакви меча за шест дена..најбитно за него е дека нема нови повредени, а за нас дека уште двапати со ред ќе го гледаме нашиот Milan..СРЕЌНО МОМЦИ!!

FORZA MILAN!!!

Saturday 25 September 2010

Wednesday 15 September 2010

Moving on...



Одиме понатака : Милан - Оксер

Повикани играчи:

Голмани: Абијати,Амелиа,Рома
Одбрана: Ѕамброта,Бонера,Неста,Јепес,Антонини
Средина: Абате,Амброзини,Пирло,Гатузо,Фламини,Боатенг,Сидорф
Напад: Роналдињо,Робињо,Пато,Ибрахимович,Инзаги
Повредни се Фламини и Силва, а Одо и Јанкуловски не се повикани


Веројатен состав:

Абијати
Ѕамброта,Бонера,Неста,Антонини
Амброзини,Пирло,Сидорф
Пато,Ибрахимович,Роналдињо



Оксер не се наивен тим, иако минатата сезона го фатија последниот воз за ЛШ а пак оваа имаат 4 нерешени средби во 4 натпревари не треба да се потценат(како што се потцени некојси Цирих минатата сезона).Најзвучни имиња кај нив се Педрети, Бирса и Ле Талек.


Очекувам победа




FORZA MILAN !!!

Thursday 9 September 2010

UN VIAGGIO A CESENA!!!



Конечно заврши двонеделната репрезентативна пауза! Велам конечно, затоа што ми се чини дека никогаш не сум бил "погладен" за фудбал, клубски секако..дури и оние шампионски денови пред седум-осум години кога исто како и сега одвај го чекав секој следен натпревар, неможам да ги споредам со ова сега..тогаш незнаев многу работи за и околу клубот кои денес ги знам; тогаш неможев да ја пратам секоја утакмица на клубот, а сега можам; и најбитно денес Milan има ситуација на многу сушни скудето сезони, нешто што тогаш неможев ни да го замислам..тогаш после секој изгледан натпревар знаев дека тоа е мојот тим, бев горд оти беше најдобар, играше убаво за око, делуваше доминантно..ама пак, без оглед на постот домашен, секоја сезона влегувавме со надежи за поуспешено издание..и којзнае колку години истата приказна - некаде околу Март или Април кога ќе беа загубени шансите за титулата наоѓавме мал милион причини за неуспехот..е баш затоа го пишувам сето ова... "сега го немаме тоа оправдување!" - Massimo Ambrosini
денес имаме нешто друго..мотивирани навивачи, силна екипа, заситен шампион, нови засилувања, подолга клупа, нов тренер, стариот добар papa Silvio, дури и ганц нов автобус (види фотос) :D
имаме и одлично прво издание сезонава, надокнадено со 4 гола..а како мотивација плус ги имаме и конкурентите на минус..кој два, кој три бода... за репризата која ја очекуваме во второто коло Massimo нема да ги има на располагање Sandro, Seedorf и Flams..со првите двајца клубот несака да ризикува, па се очекува да бидат во тимот за во Среда..со Flams ситуацијата е поинаква, сеуште санира повреда и ќе го нема за скоро..и со ваква слика на екипата, не би требало да има проблеми со оглед на успешните претходни изданија на Papa и KPB, кои најверојатно ќе ги завземат тие места..една од најинтересните работи, секако ќе биди изборот на Massimo на напаѓачкото трио..
мое убедување е дека доколку оваа недела не се играше CL, Dinho-Ibra-Pato би бил логичниот избор, но со оглед на противникот во Сабота, можно е таа комбинација да се чува за Auxerre..како и да е, сите ние повеќе од што и да било очекуваме победа против Cesena, која истотака мотивирана после ремито на Olimpico ќе тргни кон ново изненадување..
затоа подобро да ја вратиме Cesena во реалноста, отколку ние да се вратиме назад, во болното блиско минато!
и знам дека сите одвај чекате да дојди Сабота, мислите ви се само таму и затоа никој ништо не пишуваше на блогот деновиве :) уште Телма да не израдува и да кажи дека Milan ќе оди во пренос, што ми е баш сумљиво...



FORZA MILAN!!!

Thursday 2 September 2010