Translate

Saturday 31 October 2009

Пало се враќа дома!



Во време во кое сме во серија од неколку добри резултати во серија (4 натправари без пораз од кои имаме 3 победи) на гости на Сан Сиро ни доаѓа нашиот Пало. Момчето кое има црвено-црно срце и кое иако има само 19 години многу повеќе го сака овој тим од многу други поискусни фудбалери кои во моментов го носат светиот дрес! По многу долго време и креаторот на овој пост ќе има конечно среќа да го гледа својот тим на ТВ (доколку нема пречки во трасата).
Според фудбалерите со кои располагаме во моментов има само една или две недоумици за стартниот состав. Како личност која ретко го греши стартниот состав би се осудил да прогнозирам повторно:

----------------Дида

-Одо---Тиаго Силва---Каладзе---Антонини

------Фламини----Пирло---Амброзини

----------------Сидорф

-----Бориело(Хунтелар)---Пато

Значи, да... се враќаме на 4-3-1-2.

Уште еден битен момент кој дава дополнителна тежина на овој натпревар е тоа што (звучи чудно но) во моментов ова е натпревар меѓу два ривали за четвртото место (Парма е четврто а ние сме петто). Со евентуална победа се враќаме онаму каде што се чувствуваме најдобро...
И уште нешто... денес славиме 30 години заедно со Силвио... имало добри има и лоши моменти, да бидеме реални доколку не беше тој, можеби никогаш немаше да го достигнеме нивото и авторитетот кој го имаме во светскиот фудбал. Да се надеваме дека нема да не остави на она ниво на кое што не „зема“ пред 30 години. Среќна годишнина претседателе!

И за крај мала пикантерија

Dominic Adiyiah 20 годишен напаѓач од Гана (Second Striker, Пато type of player) кој што моментално игра за норвешки Фридиркаш и што (е многу важно) беше ЗЛАТНА КОПАЧКА односно НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ на последното U20 World Cup со постигнати 8 гола на 7 натпревари, се наоѓа на работ од потпишување за Милан и тоа за извонредно смешна сума од 1,5 мил. евра (поради икс причини). Доколку го добиеме го трошиме и последното NON-EU место но добиваме конечно замена за Але и Дињо односно AML и АМR. Доколку ова момче дојде во Јануари и по очекуваното враќање на Пало на лето... догодина нападот на Милан ќе се состои од 20-годишни деца :)
Сепак не се залетувајте, јас додека не го видам на терен не верувам во ништо (посебно што верувале или не агентот е оној ист агент кој што посредуваше во „трансферот“ на Сисоко).

Sunday 25 October 2009

Chievo-Milan 1-2 (Grande Sandro!)


НЕСТАААААААААААА!!!АЛЕСАНДРО НЕСТАААААА!!! 1-2!! 1-2!! Уште една,трета во низа победа со пресврт,втора гостинска!Ова е вистинскиот Милан!Па добро каде беше до сега овој карактер,ова залагање и борба до последниот судиски свиреж?!Незнам но само знам дека вака треба да се игра секој натпревар!А натпреварот сам по себе Шекспирова драма во 3 чина!
Гол на Киево.......доминација на Милан......и 2 гола на Милан!Нема да ги оценувам индивидуално ниту играчите,ниту Лео но само едно големо браво до сите нив!Посебни честитки за Дида кој со неверојатна интервенција нe спаси од сигурен пораз,кој потоа нели Неста го претвори во победа.

Само вака продолжете момци, Следна станица : Четврток 20:45 гостуваме кај Наполи.Ќе биде жустро!




FORZA GRANDE MILAN !!!

Saturday 24 October 2009

We're Back!

Историјата се повторува:Пато го бомбардира Реал како Шева на времето

Богами да!Две и тоа какви победи,историски!Првата против тимот кој го немавме победено веќе 3 години и ни беше кошмар(дури и на Сан Сиро),а втората е 250 милионскиот летен трошач,”Кралскиот клуб” ,девет-кратниот европски тешкаш и воедно шпански гигант Реал Мадрид.Немате појма колку ми е смешно кога сега ги читам изјавите на навивачите на Реал од типот колку гола ќе сме примеле,кај ни го земале најдобриот играч па уште ќе не елиминирале....притоа забораваќи дека си имаат работа со Најуспешниот фудбалски клуб на сите времиња(ЛОЛ,звучам како Галијани).Иако поминаа 3 дена еуфоријата сеуште неможе да стивне,и ништо ама баш ништо неможе да ја оспори оваа победа: Ни фактот дека Касиљас имал лоша вечер,дека Милан имал среќа,а уште па помалце дека 94 од тие 250 милиони евра,си го прчеле негде во вип ложата.(Ако е за така тогаш од каде да почнеме за проблемите на Милан?!)
Неста повторно беше столб во одбраната

Забележавме победа на терен каде што никогаш не сме победиле до сега,на теренот каде што Сидорф за прв пат беше запишуван во историјата,дефинитивно на еден од омилените терени на Роналдињо,и конечно на теренот на кој и ќе се одигра овогодишното финале на Лигата на шампионите.
4 години поминаа а ништо не се сменило:Дињо повторно го "легнува" Рамос

А стартот на натпреварот не навестуваше ништо од тоа...катастрофален кикс на Дида кој Раул нормално го искористи и им донесе рано водство на Реал кое во тој момент се чинеше одлучувачко.И си течеше времето и ништо не се смени се до 62рата минута...БОМБА од околу 35 метри од ПИРЛОООО!!!Барав по интеренетот но неуспеав да најдам податок кога последен пат дал Пирло гол(а не па од игра).Некои велат грешка на Касиљас,јас велам мајсторија на Пирло.
Четири минути подоцна нов шок за Реал: Рамос и Кака не се разбраа најдобро,ова го искористи Амброзини кој со одличен пас го најде Пато во фор кој успеа да се снајде против тројца противнички играчи и да постигне гол,сигурно Касиљас лошо излета,но и да си останеше на линија мислите дека Пато ќе погрешеше од таму?
Десет минути подоцна,израмнување на Реал,Раул со одлично чуство упати топка до Дренте од корнер,при кој од 20ина метри Дренте не ни можеше да згреши туку со полу-волеј одлично ја смести топката во аголот.-гол за кој 50% од вината сноси Дида.Нецели десет минути подоцна корнер за Милан,Тиаго Силва одлично се снајде во петерецот,го надскокува Албиол,а притоа Касиљас се судрува со Рамос,топката влегува во голот(од раката на Рамос) но овој гол не важи поради евентуален фаул во напад?Во тие моменти урлав дома,кршев,викав,но за моја среќа правдата беше задоволена
Да не чујам веќе муабети дека Сидорф бил бавен!

Само 2 минути подоцна по еден неуспешен продор на Пато топката доаѓа до Дињо,овој веднаш лево до Сидорф кој застанува со топката во место и тогаш....магија...Одбраната на Реал се формира а Бориело се извлекува во исто време со неа,но Сидорф сеуште го чека Пато да излезе од офсајд,кога овој конечно го прави тоа добива сервирана топка на тацна и од 5 метри постигнува гол за историја.
Секако има уште многу работи за кој треба да се зборува:недосудениот пенал за Реал,рекордот на Раул,првото соочување на Кака со своите поранешни соиграчи...но овој меч е минато(иако мене не би ми пречело пак да зборувам за него)а за помалку две недели следи реванш на Сан Сиро во кој се ќе пишува ново поглавје во историјата




FORZA MILAN!!!

Saturday 17 October 2009

Millano siamo noi


Конечно по едномесечна пауза(поради обврски пред се) се вратив и јас на блогеРајот зборувајќи на тема за која секогаш имам нешто да кажам :)
КАТАСТРОФА е најдобар опис на досегашната сезонза за Милан.Некоординирана игра,стерилен напад,бавна средина и бекови....(можам вака до утре)
На последните 4 натпревари постигнавме само 1 гол и тоа оној на РонДалДињо во последните минути од мечот за спасување г'з против Аталанта.На ова му претходеше Цирих(штета што го немавме Шева во тимот)Бари и Удинезе.
Но тоа е тоа,ние како навивачи можеме или да се буниме да лелекаме кукаме,или пак да се соочиме со фактот дека Милан е во црн период(јас веќе го напpавив тоа)

Но сега следи ново поглавје,Рома.-Тимот кој го немаме победено 3 сезони и во кои притоа на 6 лига и 2 куп натпревар или сме губеле или ремизирале.Ваков скор не памтам да имал Милан против некој тим но времињата се менуваат.
Добро за нас е што Тоти е повреден но тука е секогаш расположениот Црногорец Мирко Вучко кој иако сеуште нема постигнато гол сезонава,сигурен сум дека ќе најде некој посебен мотив токму против Милан на Сан Сиро :)

Бидејќи на ацмилан.цом сеуште нема официјална листа со повикани играчи само ќе го погодувам стартниот состав,а постот ќе биде навремено апдејтиран.

Сторари
Замброта,Неста,Т.Силва,Јанкуловски
Абате,Пирло,Фламини
Сидорф,Роналдињо
Пато

Update:

Dida,Storari,
Antonini,Favalli,Jankulovski,Nesta,Oddo,Thiago Silva,Zambrotta
Abate,Ambrosini,Flamini,Pirlo,Seedorf
Huntelaar,Inzaghi,Pato,Ronaldinho.

-Повиканите играчи на ацмилан.цом

Тоа е тоа мање више,во недела 20:45 сите гледајте Телма ќе биде жустро :)




FORZA MILAN!!!