Translate

Sunday 28 September 2008

Мачни но слатки три бода!



Мачни но многу слатки три бода против „Мерда“! Натпреварот кој толку многу го очекувавме заврши на наше задоволство и срцата ќе ни бидат полни се до следната средба во 2009 година! Во натпревар во кој многу повеќе се тактизираше а многу помалку се играше, свој печат стави Роналдињо Гаучо со својот прв гол во дресот на Милан! И тоа со глава! Извонреден скок на Дињо кој сигурно на две раце може да ги изброи сите голови на глава во својата кариера! Нашите започнаа со 4-3-2-1 со Рики и Дињо позади Але а пред Амбро, Џенаро и Сидорф! Првата од ретките шанси на овој натпревар ја имаше токму Дињо со извонреден дроп кик удар со лева кој со фантастичен рефлекс го одбрани неговиот колега од репрезентацијата, Цезар! На спротивната страна Мерда имаше две полушанси но без конкретна закана кон голот на одличниот Абијати! И се случи таа 37 минута, клучна за конечниот исход! Рики се исфрли во еден контра напад по топката добиена токму од Дињо и кога се двоумеше дали да ја нафрли таа топка затоа што во противничкиот шеснаесетник беше само Але, така ја нафрли таа топка што буквално му ја нацрта на главата на оној од кој и ја доби претходно... Роналдињо! Роналдињо зачудувачки моќно се извиши и ја смести таа топка во левиот горен агол на Цезар! Ерупција, воодушевување, поклонувања на Дињо до публиката која што цело ова време беше до него! По ова натпреварот повторно доби едно умртвено темпо (благодарение на Милан) и првото полувреме заврши без посериозна закана! Во вториот дел „гостите“ почнаа срамежливо да ги покажуваат своите напаѓачки амбиции (сосема логично поради фактот што на нив им гореше под нозете) но одбраната на Милан зачудувачки добро се носеше со Ибра ака Чопката енд д рест! Мерда беа се понервозни како што минуваше времето и тоа го покажуваа со неколку брутални стартови при што беше исклучен Бурдисо со втор жолт за старт над Рики во акција која ветуваше опасност кон голот на Цезар! По него „Матриксот“ (колку го мразам што со овој прекар го валка името на еден прекрасен филм) се обиде да го поправи вон теренот она што не успеа додека беше на него и си доби црвен картон од клупата! По ова нашите рутинирано ја играа играта на чување на резултат иако можеби требаше да се тргне напред и да се реши натпреварот со оглед на бројчаната предност! Мерда имаше 2-3 опасни ситуации кон голот на Абијати во останатиот дел од мечот! Во таборот на Милан не може да се обележи еден фудбалер! Буквално сите беа на ниво! Рино беше ѕвер, се бореше и против противниците и против болката во својата рака! Рики беше моторот на Милан а Сидорф беше диригентот од позадина! Дињо си е Дињо! Го немаше никаде но го реши мечот!
И на крај збор два околу Карлито!
Се повтори она што го пишував за него после поразот од Џенова овде на блогов! Едноставно човекот секогаш кога е под притисок се вади во ВИСОК СТИЛ! Без разлика дали тоа ние ќе го признаеме или не... секогаш се вади со стил! По тие два стартни порази нанижи 5 победи (оваа против Мерда се брои за две) и сега бродот Миланело е во многу помирни води и е на само -1 бод од Мерда!
Forza Milan!!!

Saturday 27 September 2008

Милан-Интер


Само еден ден не дели од најголемото градско дерби во Италија,Европа,па и за некои Светот.Јас,како и секој вистински Росоњер на овој натпревар чека цела
година.Епски дуели,голови за паметење,тактички надмудрувања е само дел од репертоарот
што го нуди Миланското дерби.Цела недела ја поминав во погодувањето на евентуалните состави,прогнози и тн..Иако треба да се трудиме овој натпревар да го гледаме како само 3 бода јас воопшто неможам на тоа така да гледам!Макар и да не победеше Милан со Реџина,послатка би ми била победата и 3те бода со Интер.Како и да е,да не го тапшам многу многу одиме на главната поента: Победа над најлутиот ривал и пред се 3 бода!

Милан е во добра серија од 3 победи во во последните 3 натпревари со што се рехалибитираше
Од стартните 2 пораза.
Интер пак,сезонава од 5те натпревари што ги одигра сеуште нема пораз,а има само еден нерешен резултат.
Судија ќе биде Морганти-за детали околу тоа на кого како му е среќен ќе добиеме од Бране непосредно пред стартот на мечот :)

Абиати,Дида
Замброта,Антонини,Бонера,Малдини,Каладзе,Фавали,Јанкуловски
Гатузо,Фламини,Амброзини,Емерсон,,Кардачо,Сидорф
Кака,Роналдињо,Пато,Шевченко

-Овие ќе бидат играчите кои ќе конкурираат за стартните 11
Само не ми се допаѓа тоа што го слушам и изгледа е се поизвесно а тоа е дека Анчелоти ќе почне со неговата омилена формација со 2ца полушпица и само еден истурен напаѓач.Доволно кажано повеќе за ова по натпреварот(се надевам дека нема да имам причина да зборам мн мн за ова :) )
ПС:Сега можеме официјално да почнеме со прогнозите! :D
INTERISTA DIVENTI PAZZO!!! FORZA MILAN!!!

Friday 26 September 2008

ОСНОВАЧКО СОБРАНИЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ФАН КЛУБ НА МИЛАН ВО МАКЕДОНИЈА!



Почитувани Росонерки и Росонери од Македонија, ве покануваме на собирот на Росонерите од Македонија кој ќе се одржи по повод одржувањето на основачкото собрание за формирање на фан клубот каде ќе ви биде предложен предлог статут за формирање на здружението на навивачи на Милан во Македонија, односно формирање на долго најавуваниот фан клуб! Право на глас според законот има секој кој има полни 18 години!

Потоа ќе следи задничко еуфорично проследување на натпреварот против пациентите од другиот дел на нашиот град!!!


Дојдете да бидете дел од историјата на формирањето на Официјалниот фан клуб на Милан во Македонија!


Место: Sports bar SHANKLY'S

Дата: 28ми Септември

Време: 19:30

За сите други било какви информации ако ви требаат, околу локацијата или било што,

лице за контакт, Владимир, тел. број 070 343-446


ДА НАПРАВИМЕ МАСОВЕН СОБИР ДРУГАРКИ И ДРУГАРИ РОСОНЕРИ!!!

Thursday 25 September 2008

Милан со три бода од Реџо Калабрија!


Продолжува потерата по врвот, продолжува собирањето на плодови од 4-3-1-2 формацијата на Милан! Уште една победа, втора по ред (трета со се онаа над Цирих) и прва на гости сезонава! Победа во Реџо Калабрија против домашната Реџина со 1-2. Рака на срце, блед натпревар од страна на Милан, можеби поради фактот што релативно рано (24 минута) беше отворен резултатот од страна на БориГол со неговиот прв гол во дресот на Милан сезонава! Имаше фаул близу десната аут линија и Сидорф одлично го пронајде корпулентниот Боригол кој уште подобро го искористи екстремно лошото маркирање од противничките фудбалери и постигна убав гол со глава од 11 метри! По постигнатиот гол имаше уште една шанса за БориГол кога излезе сам пред голманот на домакините но се сплетка со топката и шансата пропадна! По ова се повтори старата болка на Милан... едноставно не се оди да се дотолчи противникот со уште некој гол и да се реши предвреме натпреварот туку Росонерите се повлекоа и играа млитаво како да чекаа да заврши натпреварот уште во таа 24 минута! Од друга страна, домакините иако беа очајни, кога увидоа дека фудбалерите на Милан не се заинтересирани за голот на Кампањоло тргнаа напред и создадоа константен притисок кон голот на Абијати во финишот од првото полувреме! Во овие моменти Абиати имаше 2 одлични интервенции! Во второто полувреме домакините продолжија да атакуваат кон голот на Милан и константно не решетеа по нивната десна а нашата лева страна во одбраната (Фавали). 90 проценти од нападите во тоа второ полувреме беа по нашата лева страна а во половина од тие напади Фавали беше поминат! Незнам како Карлито не го увиде тоа! БориГол при спринтот кон една топка ја истегна задната десна ложа и беше заменет од Шева кој беше очајно слаб! Фламс беше на граница на добивање на втор жолт картон и буквално во последен момент беше заменет со Амброзини. Сепак домакините успеаа да го изедначат резултатот по уште една смешна ситуација пред нашиот гол, вистински карамбол (их која рима)! Коради беше човекот кој го врати резултатот на егал! Ова се случуваше во 59 минута! И таман помислив дека повторно ќе останеме пократки за два бода од никаде изникна Але Але Але Пато!!! Дечкото иако беше невидлив во текот на целиот натпревар успеа со својот 3 гол за само 6 дена да ги донесе со себе 3 бода во Милано! Амброзини испрати длабочинска топка покрај десната аут линија која ја прифати Кака и ја сврти кон срцето на шеснаесетникот а таму ја распали од прва Але Але Але Пато и Кампањоло беше немоќен! По водечкиот гол на Милан стандардната замена на Карлито, евергринот Емерсон овојпат на местото на Але Але Але Пато! Домакините имаа уште една шанса до крајот на мечот и тоа беше се! Милан освои нови 3 бода кои добиваат уште поголема тежина ако се знае дека Рома беше поразена во гости од Џенова а Јуве изигра само нерешено дома со Катанија! Ова ќе беше перфектен викенд доколку Круз не погодеше за комшиите во 79 во натпреварот против Лече! Како и да е имаме шанса да им дојдеме на комшиите на само бод во Недела! Але Але Але Пато е во страшен ритам со 3 гола во само 6 дена! Не знам дали БориГол ќе биде спремен за во Недела но кој и да игра очекуваме три бода!!!

Tuesday 23 September 2008

ORA INIZIAMO...


Почнавме лошо, многу лошо, бевме на работ, имавме нула од две натпревари, тренерот беше пред отказ..едноставно немавме ништо а првенството си течеше..сите со право пишуваа лошо за клубот кој ми е омилен и едноставно ме боли кога ќе прочитам нешто такво..пишував и јас, го бркав тренерот, ги критикував некои од потезите на Galliani, па и некои од играчите, некогаш во афект, а некогаш со ладна глава, но сутиацијата во клубот не дозволуваше да се пишува поинаку..особено по вториот пораз од Genoa не ми се ни отвараше блогов а да не зборам за некоја поголема активност..
И сите како едвај да го чекавме четвртокот и мечот со Zurich за да на некој начин не освежи и резултатски и емотивно..победата иако во UEFA Cup и над екипа како Zurich не врати во живот, а Carlo преживеа..се очекуваше да нема смена на тренерот во овој период на сезоната, но евентуален неуспех во четвртокот ќе значеше дефинитивен крај за Ancelotti..не се случи тоа, напротив Milan одигра доста солидно и доби крилја за наредниот меч против Lazio..и пак кај нас фановите постоеше голема доза на претпазливост и почит пред мечот со тогашниот лидер на табелата..овај пат играчите, па дури и Carlo не изненадија, одиграа различно од тоа што го видовме на отварањето на сезоната, напаѓачки, доминантно и течно..го растурија Lazio и едноставно не натераа полека полека да веруваме во оној “шампионски Milan”..екипа која е спремна да одигра на ниво и со јаките и со слабите екипи (ако воопшто ги има такви)..Помина нешто повеќе од еден ден од победата над Lazio, а веќе во среда имаме нов предизвик – првите три бода во гости..на мегдан со Reggina, во добра форма, во добра мини-серија, со добар здравствен биланс, со голем оптимизам, но со уште поголема доза на претпазливост..никој не сака нов студен туш и ново разочарување..имаме предуслови да го видиме повторно Milan од неделата, а да не зборувам какво олеснување би значела победа пред дербито со комшиите (читај копиљаци) :) официјалците од клубот најавуваат повторно 3 бода и ме радува тоа што оптимизмот и добрата атмосфера се повторно меѓу играчите..на ред доаѓа навидум послаба екипа, но кога се има во обзир дека низ Reggio Calabria не се минува така лесно, треба да се одигра безмалку перфектно..сепак ако ангжираноста на екипа е на ниво тогаш Milan е тим кој гази се пред себе..имаме врвни индивидуалци, колегијалноста задоволува, притисокот полека се намалува, се забелужува дека сега во клубот се создаваат оние предуслови за преродување на тимот и враќање на место кое е природно за Milan..Signore Manara вели дека покрај веќе познатите повреди, се е во ред, comisario disciplinare ни го зема само Zambro, чие место во моментот може да се надолполни..сега само ни фали таа втора победа во првенството, а Carlo ваљда знае да ја постави правата формација што ќе ни ги донеси трите бода од југот..често сакам да сум на неговото место и доколку мене некој ме прашува, би играл со истите 11мина (без Zambro се разбира) зашо ја почитувам онаа изрека –тимот што победува не се менува-..како и што вели самиот наслов на постот, ние почнуваме сега, сезоната за Milan почнува сега, далеку е мај кога ќе треба il capitano да го крене пехарот, одиме чекор по чекор, газиме се пред себе, оти Milano siamo noi, solo noi..
RITONIAMO LA GLORIA!!!FORZA CAMPIONI!!!

Sunday 21 September 2008

Милан-Лацио 4-1



Дојде и тоа!Првата победа сезонава во Серија А и тоа против доскорашниот лидер на табелата Лацио.Се на се убав натпревар не само за нас Миланезите туку и за неутралните гледачи(ако ги има такви)кои можеа да видат атрактивна игра,пет гола од кои 2 исклучително добри :)
А сега и поединечно за "Актерите на вечерашниот натпревар" :D

Абијати 8 -Клин шит и константност во текот на целиот натпревар.Голот не беше по негова вина,само со чудо ќе можеше да го одбрани ударот на Зарате-но чудо и направи кога излезе нашиот Пандевочи в очи и со одличен рефлекс го скроти ударот

Замброта 8 -Мајстор!Извонредна игра како во одбраната така и во нападот.Постојани излети на противничката половина-брилијантната партија ја зачини со евро гол

Малдини 7 -Капитенска изведба на капитенот :) Не е мала работа на 40 години да трчаш 90 мин и да се носиш со Зарате и Пандев кои се во одлична форма

Каладзе 6.5 -Не ми замерувајте што моите несимпатии кон Каладзе ги истакнувам вака но миласм дека оценава му е доволна :)

Јанкуловски 7.5 -Нашиот Јанко беше константно добар и напред и назад :) Таа 0.5 ја ставив поради она
нешто што најмногу го ценам кај одбранбените играчи-Сигурност и Константост

Гатузо 7 - Сосема доволно за неговото враќање на фудбалските терени по паузата.Едноставно си бешеГатузо! :)

Амброзини 8 - Газда!Го имаше секаде!Борбен како и секогаш и во целост си ја одбработи задачата во дефанзива.Во офанзивата не беше толку активен поради присутвото на Сидорф на теренот

Сидорф 7.5 -Добра игра....и пред се се покажа која е неговата вистинска позиција во тимот.Раниот гол што го постигна беше од исклучителна важност за понатамошниот тек од натпреварот

Кака 8 -Потсети на стариот Кака без повреди...продори,пасови шутеви и еден ГОЛ!И тоа каков!Исто таказа издвојување е неговиот продор во 32 минута :)

Пато 7.5 -Одличен гол во стилот на Пипо кој ме потсети многу на голот кој Роналдо(оргиналот се разбира) го постигна против Наполи минатата сезона за 3-2 :)

Бориело 7 -Најмногу заради залаганоста и пожртвуваноста на теренот и желбата која ја покажа за да се искаже и пред се да постигне гол :)

Измени: Фламини 6.5-Што знам :Р ; Роналдињо 6.5 / ; Емерсон....Аххх....оставам на вас xD

Епа тоа е тоа....тепавме фала богу....до следниот пост еден поздрави(уствари четири поздрави :Р) од вашиот Ултра!





FORZA MILAN!!!

Friday 19 September 2008

Милан - Лацио


По бедните 0-2 со Џенова ни требаше некој на кој ќе може да ја истуриме целата нервоза. И ете ти го Цирих на Сан Сиро. Се почна како што се очекуваше , додуша и повеќе од тоа што се очекуваше Шевченко почна да прави акробации, за чудо почна и да поминува покрај противничките играчи, арно ама немаше среќа па ја погоди пречката, па дури и прими топка во фор и дел заради недоволната снаодливост дел заради недоволната среќа пак не успеа да даде гол но со еден одмерен шут на Јанкуловски во правец на нозете на дефанзивецот на Цирих топката ја смени насоката и се најде во мрежата, баш според планот на Јанко. :) (сепак редно беше и нас да ни се насмевне среќата). Потоа со една одмерена бомба на Але беше 2-0 и потоа со еден одличен потег и шут на Марко веќе беше 3-0. Од овој човек очекувам 25+ голови сезонава, освен ако Карло не го залепи за клупа. Но за да не биде се така убаво и розево, и конечно да одиграме натпревар без примен гол се погрижи незнам кој од Цирих со нели прекрасен евро гол, очигледно на сите екипи им лежи Сан Сиро за постигнување такви голови, зашто се сомневам дека постигнале такви голови во кариерата повеќе од два пати, вклучувајќи ги и тренинзите. Нејсе, сепак имаме 2 гола предност и ако со овој резултат не отидеме понатаму Карло треба веднаш сам да си пресуди, да не му пресуди некој друг.

По оваа победа на ред е како што милуваат нашите коментатори да кажат ЗАБРЕВТАНИОТ Лацио. На чело со Гочето и Зарате лацијалите успеаа да стигнат и на чело на Серие А, со две победи против не така слаби противници. Сепак во овие моменти и Ман Јун да ни се нацртаат на Сан Сиро ние едноставно мора да победиме. Иако е само почеток сепак непријатно е да бидеш во зоната за испаѓање заедно со Каљари. Како да не беа доволни двата порази па почнаа да ни се случуваат и малери со повредите, иако во прв момент се израдував што се повреди Пирло, да, баш се израдував, зашто конечно ќе го добие заслужениот одмор, како што кажав , ако не му текнува на тренерот ќе им текне на мускулите дека им треба одмор, сепак сега кога се дозна дека ќе паузира два месеци и се разочарав. Сепак со Пирло без Пирло , со Кака без Кака, едноставно овој натпревар треба да се победи. Формацијата со која ќе излезе Карло во овој момент чисто се сомневам дека и Нострадамус може да ја предвиди, а се сомневам дека и самиот Карло знае како ќе почне, па затоа и јас ќе се воздржам од предвидувања. Тоа би било тоа во ова кратко preview за натпреварот со Лацио и на крај ќе цитирам само една изјава на Венгер дадена денеска која е тесно поврзана со случувањата во Милан :

"The manager is the most important man at the club, if not why do you sack the manager if it isn't going well?

Вел Карло евритинг из ин јоур хендс!

FORZA MILAN!

Sunday 14 September 2008

Џенова 2 - 0 Милан

Сеуште живееме во минатото! Дон Силвио и Галијани, Карлито и играчите, навивачите...
Сеуште никој не успева (или не сака) да види кон што води ова! Од една страна газдите на клубот што го сакам сакаат да поминат цела декада (па и кусур) без воопшто да вложат во одбраната... од друга страна тренерот не може (или не сака) да сфати дека неговата тактика веќе ја знаат и дечките од Албинолефе и дека скоро секој има против игра на тоа! Господинот Анчелоти ака Големата глава упорно форсира некои негови фикс идеи исто како што управата упорно го подржува после сите посрамотувања! Три важни прашања ми се вртат низ глава:
1. Што бара во игра Фавали?!
2. Зошто Дињо излезе на полувреме?!
3. Зошто се форсира Шевченко кога и тој самиот е свесен дека не е подготвен за игра?!
Уште колку време им треба на управата и навивачите коишто го подржуваат Анчелоти да сфатат дека ова не’ води кон пропаст?! Едноставно го допревме дното! Ако по првиот натпревар против Болоња можевме да се тешиме со извонредната игра и немањето среќа, овојпат можеме да се пофалиме дека имавме среќа! Да, среќа да не примиме уште некој гол! Фудбалерите делуваат максимално дезорганизирано на теренот, тренерот во обложувалниците има коефициент 1,07 дека ќе игра со своето добро познато „кристмас три“ односно 4-3-2-1! Анчелоти е тренер на Милан од 2001 година и досега покажа само едно... дека е добар стратег во т.н тет а тет дуели односно елиминациски натпревари (читај ЛШ)! Карлито никогаш не покажа дека може да ниже резултати во серија, дека може да изгради уникатен стил на игра! Рака на срце, треба и некои фудбалери да застанат пред огледало и да погледнат каков дрес носат на себе и да го стават тоа во корелација со нивната пожртвуваност на теренот! Немаме игра, играме бледо, фудбалерите не се гладни за успеси! Сето тоа укажува дека тимот е заситен од тренерот, дека е потребно ново лице со нови идеи и нов (се надевам поволен) ветар на Сан Сиро! Сепак, кој би дошол на место на недопирливиот Карлито?! Незнам, особено не сега после 2 кола во новата сезона! Тренер се менува во летниот период а не по само 1 месец од почетокот на сезоната! На евентуалниот заменик би му било уште потешко, да раководи со ресурси кои не се донесени по негова желба! А и што имаме на располагање?! Донадони кој имаше сомнителни резултати во серија на чело на Азурите и Франк Рајкард кој едноставно не може (или барем не би смеело) да дојде во Миланело! Барем не сега!! Дињо си замина од Барса поради Рајкард, не сакам да имаме нова сапунска серија во Милан! Не го сакам за тренер на мојот омилен тим човек кој упорно на десен бек го форсираше евергринот на Барса Олегер (слично како и наш Карлито со Фавали) и како фудбалер од среден ред го игра Едмилсон! Доста со такви експерименти! Доколку може да се најде заеднички јазик со Ајакс за да се ангажира Марко Ван Бастен односно со Рома за да се добие Спалети во ред, во спротивно со Рајкард и со Донадони сметам дека ќе заглавиме со нов недоволно квалитетен тренер на клупата на Милан. А знаеме колку емоционално се врзуваат газдите со своите тренери па кој ќе чека следни 5 години за да се направи нова смена! Толку за тренерот!
Како што беше претходно наведено некои фудбалери треба да застанат пред огледало и да се замислат што тие контрибуираат и жртвуваат за доброто на својот клуб! Андреа Пирло (и покрај тоа што за мене е најдобар фудбалер во светот на неговата позиција) мора да биде седнат на клупа и тоа неколку натпревари во серија! Иако тоа на прв поглед делува невозможно, сепак попрво би го играл Матиас Кардачио отколку да продолжам со Пирло во првиот тим! Со Кардачио и со пораз можам да се вадам на неговото неискуство и зрелост! Да бидеме реални, Пирло не игра ништо после СП 2006 во Германија! Тоа е факт!!! Не велам дека квалитетите на Пирло паднале но тој нема отсуствувано на ниту еден натпревар на Милан, па дури и кога се игра во купот! Едноставно е преморен и презаситен! Е сега повторно тоа е вина на тренерот кој неможе (или повторно не сака) тоа да го види! Кога ќе се врати стариот Пирло ќе се врати и стариот Милан! Кога Пирло е во ритам, Милан може да го води и Биљбиљ Соколи!
Кларенс Сидорф! (или Slowdorff на некои странски форуми) Господинот се натпреварува со Пирло кој помалку ќе истрча на некој натпревар... денес не беше стартер и веднаш се забележа поголема ангажираност во неговата игра! Мора да сфати дека неговото место во стартните 11 не е по дифолт туку треба да го заслужи!
Андреј Шевченко! Мајсторе извини ама ти си во аут! Мора да ја вратиш твојата физичка и пред се психичка форма! Можеби (големо МОЖЕБИ) ќе бидеш во ред за 1 месец но не сега! Врз Милан има огромен притисок од сите страни а врз Шева тој притисок е на квадрат (со оглед на моментумот при неговото заминување и враќање во Милан)!
Фавали... не сакам да коментирам! Незнам зошто игра Фавали кога на клупата го има Јанкуловски па и Антонини кој е сосема солиден бек! Зошто мора секогаш да се игра со истите фудбалери без разлика на резултатот или мотивацијата! Кога игра Амбро или Гатузо можеби ќе се нервирам околу нивната техничка потковеност но барем знам дека воопшто не е доведено во прашање нивното срце долу на теренот!
Текстов е пишуван во афект... можеби и премногу се разводнува но таков е и проблемот на Милан, разводнет! Жално е тоа што сета вина се префрла на тренерот но реално не може да се смени целиот тим, нели?! И за крај, бисерот на сета оваа ситуација!
Карло Анчелоти нема да добие отказ! Сигурен сум околу тоа! А и дали е отказот паметен потег сега, на стартот од сезоната?! Меч со две острици! Сепак... Карлито фала ти за сите радосни моменти но време е да се разделиме! Ти велеше дека единствено би ја заменил клупата на Милан за онаа на Рома! Епа, work's for me!

Saturday 13 September 2008

Џенова - Милан

По болниот и тотално незаслужен пораз од Болоња и паузата од две недели за квалификационите натпревари за ЈАР 2010 конечно го дочекавме и продолжението на калчото. Во недела ќе треба да докажеме дека тоа што се случи против Болоња беше чиста случајност и немање на доволно среќа. Но, во меѓувреме се случи и еден преседан да не речам скандал. Во пријателски натпревар против второлигашот Лугано загубивме со 2-0. Составот со кој настапивме на тој натпревар беше сосема солиден и едноставно мораше да победи, без разлика што беше само пријателски натпревар. Еве го и составот со кој настапивме : MILAN: Abbiati; Bonera, Senderos, Maldini, Antonini; Cardacio, Emerson, Ambrosini; Seedorf; Inzaghi, Pato.
По натпреварот Анчелоти за прв пат од кога е тренер на Милан, односно од 2001, не се појави на пресот по натпреварот и одговорноста ја превзеде Сидорф и ни се извини на сите фанови за таквиот испад што го направија. Сепак, имам впечаток дека многу малце фанови го примија тоа извинување и го опростија тоа што се случи. Единствено извинување ќе биде победа утре против Џенова, ако не се случи тоа голем дел од подржувачите на работата на Анчелоти(вклучувајќи ме и мене) ќе се приклучат кон оние кои одамна бараат негова смена. Знак дека нешто такво е можно даде и Галијани со тоа што после мечот со Лугано не излезе да каже "работата на Анечелоти е сигурна" што вообичаено го правеше после вакви испади.
Bac to the subject. Утре Анчелоти ќе го има на располагање скоро комплетниот тим, исклучувајќи ги Неста, Гатузо и Инзаги. Од овие тројца реално само Неста би ни бил неопходен во овие моменти, но со оглед на тоа што Манара најави негово враќа кон половина на Октомври и од него не треба да очекуваме ништо во скоро време. Утре најверојатно дебито ќе го има Филип Сендерос, кој одигра 45мин. против Лугано, ќе игра покрај Малдини. Утре најверојатно по незнам кој пат по ред во првиот тим скоро со сигурност ќе настапи и Пирло. Не памтам кога последен пат човекот бил одморен, ги игра сите калчо натпревари , ги игра сите репрезентативни натпревари, непамтам кога последен пат бил повреден па да биде на принуден одмор. Едноставно лошите игри на Пирло се должат исклучиво на неговиот замор. Тоа Липи го увиде на мечот со Грузија и на полувреме го замени со Анџело Паломбо. Незнам колку време му треба на Анчелоти да го увиди истото. На Андреа очајно му треба одмор. Покрај него би требало да играат Фламини и Амброзини, пред нив Сидорф и Роналдињо, а како единиствен напаѓач најверојатно Шева(кој на квалификационите натпревари за Украина постигна 2 гола, еден од пенал,решавачки во 94мин. , и еден од игра, одигра вкупно околу 110 мин. на двата натпревари) Еве како би изгледало сето тоа :

-------------------------Абијати--------------------------

--Замброта--Сендерос---------Малдини---Јанкуловски--

---Фламини------------Пирло-------Амброзини-----------

-----------Сидорф------------Роналдињо-----------------

-------------------Шева(Пато)----------------------------

Анчелоти за утре на располагање ќе ги има и Кака и Бориело. Како одигра 45мин. против Лугано и изјави дека не чуствува никакви болки во коленото и е спремен за настап. Мислам дека Анчелоти нема да брза со негово враќање но доколку има потреба(се надевам дека нема да има) ќе влезе во игра.
Резултатот од семафорот погоре ќе биде сосема доволен за да се заборават и натпреварите и против Болоња и против Лугано. Ако не, како што кажав, бројката на фанови кои ќе бараат смена од Анчелоти драстично ќе се зголеми. Но не треба со ништо да се брза, зашто ако се види дека единствени опции во моментов се Рајкард, Донадони и Закерони, тогаш треба неколку пати да се размисли пред да се донесат било какви одлуки. Сепак Анчелоти е неколку класи подобар тренер од овие тројца што се на располагање.
Како и да е, недела, 15 00, Макпетрол ТВ Џенова-Милан!!!


FORZA MILAN!

Thursday 4 September 2008

Избраните 27


Како што и впрочем кажува и насловот,во овој пост ќе ги претставам 27те играчи кој по напорното(и според Анкл Фестер најактивното) ќе ги бранат клубските бои во претсојната сезона(барем до зимава сигурно :) )

И знам дека скоро сите многу добро ги знаеме кои се тие играчи али незнам зашто амa мене ми е многу мерак да си ги напишам така убаво во еден пост,за да се направи еден overview




1.Dida (34)

12.Abbiati (31)

16.Kalac (35)


3.Maldini (40)

4.Kaladze (30)

13.Nesta (32)

15.Zambrotta (31)

18.Jankulovski (31)

19.Favalli (36)

24.Senderos (23)

25.Bonera (27)

36.Darmian (18)

77.Antonini (26)


5.Emerson (32)

8.Gattuso (30)

10.Seedorf (32)

14.Cardacio (21)

21.Pirlo (29)

20.Viudez (18)

22.Kaka (26)

23.Ambrosini (31)

80.Ronaldinho (28)

84.Flamini (24)


7.Pato (19)

9.Inzaghi (35)

11.Borriello (26)

76.Shevchenko (31)



Годините на играчите ги ставив во заграда за да секој има во предвид колку имаат "дедовците" од Милан.Па еве ќе им помогнам јас со следново: Просечната старост во Милан е 28.7! Што за еден италијански(па на крај краева и светски)клуб е сосема во ред!Искуството помешано со младоста,а кога и на ова ќе се додае фактот дека има и играчи во подоминати години кои имаат само епизодна улога тогаш слободно можеме да заклучиме дека моменталниот тим на Милан е сосем доволен за(барем)едно Скудето



Атакуваме на титулата посилни од било кога....






FORZA MILAN!!!