Translate

Sunday, 21 September 2008

Милан-Лацио 4-1



Дојде и тоа!Првата победа сезонава во Серија А и тоа против доскорашниот лидер на табелата Лацио.Се на се убав натпревар не само за нас Миланезите туку и за неутралните гледачи(ако ги има такви)кои можеа да видат атрактивна игра,пет гола од кои 2 исклучително добри :)
А сега и поединечно за "Актерите на вечерашниот натпревар" :D

Абијати 8 -Клин шит и константност во текот на целиот натпревар.Голот не беше по негова вина,само со чудо ќе можеше да го одбрани ударот на Зарате-но чудо и направи кога излезе нашиот Пандевочи в очи и со одличен рефлекс го скроти ударот

Замброта 8 -Мајстор!Извонредна игра како во одбраната така и во нападот.Постојани излети на противничката половина-брилијантната партија ја зачини со евро гол

Малдини 7 -Капитенска изведба на капитенот :) Не е мала работа на 40 години да трчаш 90 мин и да се носиш со Зарате и Пандев кои се во одлична форма

Каладзе 6.5 -Не ми замерувајте што моите несимпатии кон Каладзе ги истакнувам вака но миласм дека оценава му е доволна :)

Јанкуловски 7.5 -Нашиот Јанко беше константно добар и напред и назад :) Таа 0.5 ја ставив поради она
нешто што најмногу го ценам кај одбранбените играчи-Сигурност и Константост

Гатузо 7 - Сосема доволно за неговото враќање на фудбалските терени по паузата.Едноставно си бешеГатузо! :)

Амброзини 8 - Газда!Го имаше секаде!Борбен како и секогаш и во целост си ја одбработи задачата во дефанзива.Во офанзивата не беше толку активен поради присутвото на Сидорф на теренот

Сидорф 7.5 -Добра игра....и пред се се покажа која е неговата вистинска позиција во тимот.Раниот гол што го постигна беше од исклучителна важност за понатамошниот тек од натпреварот

Кака 8 -Потсети на стариот Кака без повреди...продори,пасови шутеви и еден ГОЛ!И тоа каков!Исто таказа издвојување е неговиот продор во 32 минута :)

Пато 7.5 -Одличен гол во стилот на Пипо кој ме потсети многу на голот кој Роналдо(оргиналот се разбира) го постигна против Наполи минатата сезона за 3-2 :)

Бориело 7 -Најмногу заради залаганоста и пожртвуваноста на теренот и желбата која ја покажа за да се искаже и пред се да постигне гол :)

Измени: Фламини 6.5-Што знам :Р ; Роналдињо 6.5 / ; Емерсон....Аххх....оставам на вас xD

Епа тоа е тоа....тепавме фала богу....до следниот пост еден поздрави(уствари четири поздрави :Р) од вашиот Ултра!





FORZA MILAN!!!

12 comments:

Anonymous said...

Фајнали..... xD

CurvaSud_Milan said...

Како само чекав да пукне!!! Ама после 4от гол и нашиве не беа мн. заинтересирани да дадат уште некој. невермајнд...

Абијати во никој случај немаше клин шит, требаше и мораше да реагира подобро на шутот на Зарате!

Другиот дел од оцените ти се ок.

Среќен сум, радосен сум , исполнет сум, само да не не истушираат во среда?!

Затоа да си останеме мирни до среда, да сврземе 2 победи по ред и на 28 да дојде шлагот!!

Момци, уште од сеа да најавам, ќе се собираме за утакмицата со Интер!

Тројца дечки и денес ми се јавија дали ќе имало собиранка за денес со Лацио, јбг, не се собравме за денес али за со Интер обавезно!

Незнам дали ќе успеам да го подготвам предлог статутот до тогаш за тоа воедно да биде и основачко собрание на кое ќе се официјализираме.

Имам преку 20 контакти на мсн кои цело време ме прашуваат до каде е работата, јбг, едноставно немав време да ги завршам овие формалности.

Како и да е, со или без статут, редно е да се собереме, подобар повод од оваа утакмица нема.

CurvaSud_Milan said...

Ри, никат не сум те прашал, од СК си?

Anonymous said...

Супер натпревар, одлична игра, конечно победа. Изигравме напаѓачки, во еден здив, и заслужено триумфирамвме.

Што се тиче до оцените :)

За Каладзе апсолутно си во право, на пар моменти Пандев го праеше Мајмун...оцената на место ;)
Јанко и Замби најдобро до сега, Гатузо звер, додека според мене за Амбро превисока оцена..Језда си ја заврши работата, али Гатузо за мене изигра бољи. Сидорф, конечно почна да покрива во одбраната, Кака влегува во онаа добро позната форма за него, Бориело ака Наумоски :) срце, трчање макимален труд, браво за дечкото, ме изненади... Пато влегува во гол серија тоа ме радува, додека пак на Рони му треба натпревари...се надевам во среда ќе изигра 90 мин. за да ги работи интерашите во недела.
Не ми е јасно, само што игра Емерсон, али нема везе, на 4-1 нека игра колку сака :)

Поздрав од шиткачот

Navigator said...

екстра утакмица, ама ми се наполни душата немате појма..леле па уште кога ке ми текни на резултатот ми доаѓа да скокам :)
за мечот..кооонечно растрчан, ангажиран, течен, компактен, победнички Milan..доста шанси (а богами доста од нив и искористени), убава поставеност, и по којзнае колку долго време, правилни измени..голот на Seedorf, без оглед на тоа дека беше малку среќен, многу значеше за играта на екипата..после тој гол се играше многу поопуштено, па дури и по примениот гол не стивна играта како што навикнавме да гледаме..да не зборам колку голот на Zambro ги окуражи дечките..капа доле за неговиот и за голот на Kaka..и мене Ultra голот на Ale ме потсети на Pippo, стварно убаво ја закова зад голманот, кој ги спаси жолтите (стварно незнам на кој му текна во жолто да ги облечи :)) од доста поубедлив пораз..не пукна петарда ама не ми е криво, има време и за тоа само што почна сезоната за нас..
за оцените..ако го прекутам лапсусот за Abbiati, имам 2 замерки..на il capitano би му дал најмалку 8ка зашо не само што си ја заврши работата беспрекорно, за разлика од минатите две утакмици, него и ги покриваше сите грешки на колега Kakha..друго, мислам дека Ambro и Kaka не залужија исти оцени..немој да бидиш скромен со оцените :) очигледно беше дека конечно дечкото се враќа во форма и беше дефнитивно најинспирираниот и најубедливиот на теренот..јас би му дал 9ка..
за Puma..ако ја занемариме негативната настроеност на блогот спрема него која btw не ја контам многу, реално е да му стаиме една 6ка..бар тоа го заслужи, не?
P.S. имате од мене во вторник пост за Reggina-Milan

TUTTI INSIEME PER IL NUOVO MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

Шиткач, и јас сакам да го гледам Рони како игра, ама ако се покаже дека оваа формација со двајца напаѓачи е далеку поефективна(а се покажа и со цирих и со лацио) тогаш ќе треба почесто да се дружи со клупата.


Друже навигатор кога доаѓаш за СК?

Navigator said...

најверојатно нареден понеделник ама ако е сигурно ова за собирот за утакмицата против копиљаците ќе пробам да дојдам во недела

ReBorned said...

-Ултра честитки за постот... знам дека не е исто како кога прв пат се пишува ама... Ворд му е мајката!
-Росонер... не сум! :)
-Шиткач се навлече на ова а ;) Ај регистрирај си јузер... Ако, нека им дава пониски оценки Ултра да не им удри многу славата во глава :) Околу Каладзе, ако веќе некој го прави мајмун мило ми е што тоа е Гочето :)
-Навигатор... околу „Пумата“ имаме една наградна игра на блогов... дај те молам кажи ми зошто го викаат Пума :)

Anonymous said...

Хаах!фала ри,фала брат :)

Ааа за оценките...па ок ајде може 9ка за Кака пошо го обожаваме :Р А бијати што знам...со оглед на фактот на што бев навикнат да гледам на голот на Милан во изминатава год импресиониран сум од Абијати! ЛоЛ

Anonymous said...

Значи у вторник иаме пост од Навигатор за Реџина,ни треба доброволец за по натпреварот со Реџина(пошо нема да видам во можност да го следам натпреварот)Владе,брат сакам пост од тебе за собиранката(за да биде поофицијално :D ),ќе има пост од мене за пред утакмицата со Интер и тако даље.....


Навигатор...Шиткач join the discusion(и блогот!-за шиткач xD)

Navigator said...

околу наградната игра..па штознам некако најлогична врска ми е изгледот негов..ако го има добиено според лепотата онда се сложувам :) друго не ми паѓа на памет..шала на страна имам слушнато дека тој прекар го добил во Bayer Leverkusen и после така го завикале и во репка..рака на срце тогаш не беше во ваква, да не кажам очајна, физичка форма..а тоа што му останал прекарот до сеа можи изгледа малку смешно ама јбг наш е па треба да си го сакаме
FORZA PUMA! :)

Anonymous said...

Хаах.... фала за инфо :) стварно...енивеј... ФОРЗА ПУМА ЛОЛ!