Translate

Tuesday, 23 September 2008

ORA INIZIAMO...


Почнавме лошо, многу лошо, бевме на работ, имавме нула од две натпревари, тренерот беше пред отказ..едноставно немавме ништо а првенството си течеше..сите со право пишуваа лошо за клубот кој ми е омилен и едноставно ме боли кога ќе прочитам нешто такво..пишував и јас, го бркав тренерот, ги критикував некои од потезите на Galliani, па и некои од играчите, некогаш во афект, а некогаш со ладна глава, но сутиацијата во клубот не дозволуваше да се пишува поинаку..особено по вториот пораз од Genoa не ми се ни отвараше блогов а да не зборам за некоја поголема активност..
И сите како едвај да го чекавме четвртокот и мечот со Zurich за да на некој начин не освежи и резултатски и емотивно..победата иако во UEFA Cup и над екипа како Zurich не врати во живот, а Carlo преживеа..се очекуваше да нема смена на тренерот во овој период на сезоната, но евентуален неуспех во четвртокот ќе значеше дефинитивен крај за Ancelotti..не се случи тоа, напротив Milan одигра доста солидно и доби крилја за наредниот меч против Lazio..и пак кај нас фановите постоеше голема доза на претпазливост и почит пред мечот со тогашниот лидер на табелата..овај пат играчите, па дури и Carlo не изненадија, одиграа различно од тоа што го видовме на отварањето на сезоната, напаѓачки, доминантно и течно..го растурија Lazio и едноставно не натераа полека полека да веруваме во оној “шампионски Milan”..екипа која е спремна да одигра на ниво и со јаките и со слабите екипи (ако воопшто ги има такви)..Помина нешто повеќе од еден ден од победата над Lazio, а веќе во среда имаме нов предизвик – првите три бода во гости..на мегдан со Reggina, во добра форма, во добра мини-серија, со добар здравствен биланс, со голем оптимизам, но со уште поголема доза на претпазливост..никој не сака нов студен туш и ново разочарување..имаме предуслови да го видиме повторно Milan од неделата, а да не зборувам какво олеснување би значела победа пред дербито со комшиите (читај копиљаци) :) официјалците од клубот најавуваат повторно 3 бода и ме радува тоа што оптимизмот и добрата атмосфера се повторно меѓу играчите..на ред доаѓа навидум послаба екипа, но кога се има во обзир дека низ Reggio Calabria не се минува така лесно, треба да се одигра безмалку перфектно..сепак ако ангжираноста на екипа е на ниво тогаш Milan е тим кој гази се пред себе..имаме врвни индивидуалци, колегијалноста задоволува, притисокот полека се намалува, се забелужува дека сега во клубот се создаваат оние предуслови за преродување на тимот и враќање на место кое е природно за Milan..Signore Manara вели дека покрај веќе познатите повреди, се е во ред, comisario disciplinare ни го зема само Zambro, чие место во моментот може да се надолполни..сега само ни фали таа втора победа во првенството, а Carlo ваљда знае да ја постави правата формација што ќе ни ги донеси трите бода од југот..често сакам да сум на неговото место и доколку мене некој ме прашува, би играл со истите 11мина (без Zambro се разбира) зашо ја почитувам онаа изрека –тимот што победува не се менува-..како и што вели самиот наслов на постот, ние почнуваме сега, сезоната за Milan почнува сега, далеку е мај кога ќе треба il capitano да го крене пехарот, одиме чекор по чекор, газиме се пред себе, оти Milano siamo noi, solo noi..
RITONIAMO LA GLORIA!!!FORZA CAMPIONI!!!

17 comments:

Navigator said...

сакав постот да биди малку посериозен и без прогнози затоа тука ќе ја напишам формацијата што ја очекувам за утре и резулатат нормално

-------------------Abbiati----------------

-Antonini--Bonera--Paolo--Janko-

--------Rino---Ambro---Seedorf-----

--------------------Kaka-----------------

-------------Pato-----Borriello-------

Subs: Favalli(Janko), Flams(Rino), Pato(Dihno)
Result: 0:2 Borriello 2

CurvaSud_Milan said...

Другар, Малдини нема шанси да игра. Уште од почетокот на минатата сезона Карло јасно кажа дека Малдини е спремен само за 1 натпревар неделно!

Значи би требало Бонера и Каха да играат.

Рино мислам дека ќе одмори заради повредата,и ќе игра повторно во недела.

Кака по повредата изигра 3 натпревари за една недела, и сега мислам дека ќе одмори, а на негово место ќе игра Дињо. Во нападот скоро сум 100% сигурен дека ќе игра Шева, само незнам на чие место, дали на местото на Пато или на Бориело.


Според мене:

---------Абијати----------


---Антонини--Бонера---Каха----Јанко


-----Фламс------Амбро-------Кларенс

----------------Дињо--------------

-----------Шева-----Пато(Бориело)--

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

Одличен пост за враќање на довербата во вистинските росонери(владе вака ок е? :Р)

Ааа што си однесува до составот го делам мислењето со росонерот....Паузата на Малдини и Кака беше очекувана...исто така и на гатузо....каако и фактот дека шева 100% стартува...така да...

---------------12-----------------
-------------Abbiati--------------

----77------25-----4-------19-----
-Antonini-Bonera-Kaladze-Favalli--

-------84------23(c)----10-------
----Flamini-Ambrosini-Seedorf----

--------------80-----------------
-----------Ronaldinho------------

-----------76--------7-----------
-------Shevchenko---Pato---------


Бидејќи Бориело одигра 90 мин во неделата логично би било да се почне со Пато како втор напаѓач бидејќи Шева ќе ја има улогата на Марко како најистурен шпиц во нападот. :)
Но,лесно може да се случи и Бориело да почне така да....


Milano siamo noi...milano siamo noi....

Anonymous said...

И шо е работава бројќите нејчат да искочат убаво и мора вака да изгледаат :/

Anonymous said...

нејќат*(не сум од Прилеп :Р )

Navigator said...

во право сте за Maldini, кога подобро размислив се сложувам дека не би требало да игра утре..за другите останувам на мислењето поготово за Kaka, како и за тоа дека Sheva во краен случај би добил некои 20тина минути. ама никако во прва постава..

CurvaSud_Milan said...

Друже Замброта не е казнет, туку ако добие уште еден картон нема да игра во недела.(пу пу пу недај боже)

ReBorned said...

----------Abiatti
Antonini-Bonera-Kaladze-Favalli
----Flamini-Ambrosini-Seedorf
-------------Kaka
--------Shevchenko-Pato


Сака некој да се обложи со мене на стартните 11 ? ;)

ReBorned said...

Само би направил една измена... на десен бек на местото на Антонини игра Замбро :)

Navigator said...

абе владе тоа за Zambro на страната на Milan го прочитав..како што ми кажува мојот солиден италијански ..solo Zambrotta e punito.. значи дека е казнет..ама nvm важно е денес да ги згазиме Reggina па со кој состав е најмалку битно

CurvaSud_Milan said...

REGGINA-MILAN: DISCIPLINARY SITUATION
9/23/2008
MILAN - Milan present themselves to the match on Wednesday night against Reggina for the 4th matchday of Serie A with just one cautioned player, Gianluca Zambrotta, and no suspended players. For Reggina, meanwhile, there are no suspended or cautioned players.


Еве го друже од англиската страна, иако италијанската ми е повеќе за верување , зашто многу повеќе внимание и обрнуваат од англискава, сепак мислам дека не би направиле ваква грешка.

Ама и да не е казнет Замброта јас не би го играл зашто ако добие картон нема да игра во недела!


Ри, по изјавата на Карло вчера дека Бориело ќе одмара, Кака дека ќе игра, и дека Јанко е повреден и јас те подржувам за формацијата! :)))

Navigator said...

MILAN: Abbiati; Zambrotta, Bonera, Kaladze, Favalli; Flamini, Gattuso, Seedorf; Kakà; Pato, Borriello
сите сме утнале по некој, ама највеќе ме збуни тоа што Ambro го нема! важно тука ми се моите напаѓачи, нарочито чоекот од кој очекувам два гола денес..и го нема Sheva, што ме прави ужасно среќен :)
FORZA MILAN QUESTA SERA!!!

ReBorned said...

И конечно БориГОЛ!!!
1-0 Полувреме!
Не баш убава игра за око на Милан во првото полувреме...постигнавме гол преку БориГол со глава по нафрлена топка од Сидорф после фаул! Тоа беше еден од само двата шута во ова прво полувреме!
Рики делува малку заморно, мислам дека би било добро по полувремето да остане на клупата а на негово место да влезе Дињо со што би добил 45 минути акција пред дербито а од друга страна и Рики би добил одмор! Исто така би го извадил и Фламс околу 60-та минута затоа што веќе има жолт картон и неколку ситни фаули после тоа!
Од друга страна домакините иако делуваат летаргично во финишот на полувремето вршеа константен притисок кон голот на Абијати кој имаше една одлична интервенција!
Ри, Директно од Реџо Калабрија за Вашиот портал!

ReBorned said...

Конечни 1-2! Але не спаси :)
Ова ќе беше совршено коло ако Хулио Круз не погодеше за комшиите во 79 минута! Сепак, одлични вести... Рома поразена, Јуве дома нерешено со Катанија! Форца Милан!
П.С Не можам да пишам пост... итс Ап ту ју!

Navigator said...

победааа..добро е одиме кон врвот..нека се јави некој кој е заинтересиран за пост :)

CurvaSud_Milan said...

Добро ќе изиграме натпревар со клин шит???!!! У пм веќе...

Енивеј победа си е победа 3 бода си се 3 бода!

Одиме на 3 по ред во недела!!

Ри, ти ќе не дружиш во недела или тешко?

...Ја неможам да пишам, полагам утре!

Ако никој неможе, кажете, имам спремено друг пост, не е за утакмицава , за играч наш е , али добро би дошол после натпреваров. :)