Translate

Sunday 22 December 2013

Миланско Дерби


Какво финале на фудбалската полусезона. Меч измислен за ставање крај на календарската година. Човек не може да посака подобар противник од најголемиот градски ривал за ваква пригода. Derby della Madonnina – најголемото градско дерби во Европа, секогаш примамливо дури и за оние што италијански фудбал гледаат трипати годишно. За нас, кремот на секоја сезона, повеќе од фудбалски празник. Дерби каде што не е важно кој е фаворит. Дерби каде што не е важен пласманот на табелата, моменталната форма, или блесокот на некој играч. Дерби каде што играч од типот на Матри (пример Скиелото минатата година) со еден потег може да го одлучи. 

За жал, годинава во најавата за мечот повеќе читавме за забрани и закани, за протести и солидаризирање со најголемите фудбалски непријатели. Покрај сите овие работи што ни ги носи Миланското дерби, оваа година имаше натегања околу присуството на Curva Nord на ова дерби и за среќа се испадна во најдобар ред. Но друг проблем излезе денес, и најверојатно Curva Sud нема да ја имаат планираната кореографија која им е суспендирана и не им е дозволено да ја истакнат, па од солидарност најверојатно и без кореографија ќе бидат и навивачите на Интер. Се ова на некој му изгледа небитно и смешно, но ако си навивач на некој од овие два клуба е есенцијално со цел дербито да биде комплетно.


Милан и на овој натпревар нема да биде комплетен и ќе биде без 10-ина играчи од првиот тим како што и навикнаме да го гледаме во изминативе 3 сезони. Абијати, Кака, Бало, Де Јонг, Мунтари и Де Шиљо се играчите што 100% почнуваат, а околу другите позиции има најразлични комбинации по интернетот. Сепак, еден игра е незаменлив моментално, некој сепак се истакнува и со формата и со целото влијание што го има во клубот. Не, не зборувам за капитенот, тој нема да настапи вечерва бидејќи доби жолт картон заради глупост на минатиот меч. Зборувам за Kaka, духовниот лидер на момците и сите во клубот. Логично е што од него повотрно очекуваме магија, потег што ќе ни ја донесе највредната победа во првенството.


Во стартниот состав вечерва ќе се најдат: Abbiati; De Sciglio, Zapata, Bonera, Constant; Poli, De Jong, Muntari; Kakà, Saponara; Balotelli. Воглавно очекува состав, со исклучок на Ricky Saponara. Момчето кое цела полусезона не доби адекватна шанса, сега е вметнат меѓу стартерите во вакво дерби. ОК, некој очигедно или нема поим што прави со тимот или сака да го тестира на вистински начин во пресрет на преодниот рок. Формацијата е онаа очекуваната 4-3-2-1, истата што дозволи неколку добри перформаси во последните месец дена. Интер па од друга страна мечот ќе го почне со 3 централни дефанзивци, 2 бека, 2 дефанзивни играчи за врска, 2 "креативци" и еден напаѓач. Дефанзивно секако но и многу претпазливо, да не речам кукавички :)


Голема е можноста вечерашниот меч да мине во знакот на Кака. Јас лично се надевам и верувам дека голот број 100 за Милан нашиот Капитен може да го постигне токму против Интер и да ни донесе многу значајна победа. Во истовреме, незнам за вас ама за мене ова ќе биде првпат по 10ина години да не го гледам мечот на ТВ туку на некој сопкаст со странски коментар. Како и да е, верувам во добар меч, лавовска битка, картони, голови и победа за црвено-црната страна од градот :) Во коло кога сите потенцијални противници за Европа имаа одлични резултати, без оглед кој е противникот и каква е тежината на мечот, мора да одиме победа. Мотивот кај никого нема да изостане, дефинитивно, но сега ни треба повеќе од тоа, ни треба победа. Ова може да биде таа победа, тој пресврт што ќе го најави далеку подоброто продолжение. Одиме на победа, на најслатката!

Come sempre al inizio stagione....

FORZA GRANDE MILAN!!!

Monday 16 December 2013

Скок во првата половина на табелата + CL draw


Или поточно, скок до 8-мото место. Со евентуална победа вечерва против Roma ќе стигнеме до 8-мо место а воедно овие бодови ќе се бројат како 6 затоа што ќе бидат извојувани против директен конкурент за евро настап. Roma започна фуриозно во оваа сезона но кога еднаш се лизна, следуваше речиси слободен пат. Доколку ние вечерва успееме да ѝ го нанесеме првиот пораз сезонава, сметам дека бледата форма на римјаните ќе продолжи и после ова коло.

Кога сме веќе кај бледата форма, Milan продолжува со бледата форма. Извојувавме многу значаен пласман во елиминациите за ЛШ но пропуштаме многу шанси за приближување кон врвот во Италија. Како и да е, како и сите досегашни натпревари така и ова е „натпревар кој мора да се добие“. За жал Stephan El Shaarawy нема да биде на располагање до крајот на оваа календарска година а само што се врати. Формациски веројатно нема да менуваме од она X-mas tree кое го негуваме во последно време со тоа што по повредите на El Shaarawy и Birsa, веројатно вечерва покрај Kaka ќе застане Montolivo на AMC, фудбалерот кој нѝ должи одлична претстава после она што го направи во првата половина од првото полувреме против Ajax! Дупката која Montolivo ќе ја остави во средината ќе биде пополнета од Muntari кој ќе игра рамо до рамо со De Jong и Poli. Во дефанзива би требало повторно да добие старт Bonera кој би играл заедно со Mexes, Urby и De Sciglio кој по брилијантната партија против Ajax повторно ќе стартува на позиција десен бек. Другата варијанта е да се игра со Saponara или Niang а Montolivo да се врати во средината. Третата варијанта е да се започне со 2 класични шпица па Matri да добие шанса покрај Balotelli. Кога сме кај Matri, една разочарувачка вест за него лично а одлична за сите rosso nero фанови, Pazzo е на клупа вечерва! Нѝ фалеше многу!

 
Ждребот за елиминацискиот дел од ЛШ се одржува во овие моменти. Milan го доби својот противник, тоа е Atletico Madrid. Веројатно на хартија најдобриот ждреб заедно со Man Utd. Нè очекува интересен двомеч во кој се надевам дека ќе проработи таа CL аура која овој тим историски ја поседува во себе. Поголема анализа на противникот и на нашите шанси во овој двомеч кога ќе дојде време за тоа.

FORZA MILAN!!!

Tuesday 10 December 2013

Милан - Ајакс за продолжение на Европската "бајка"


Вака лесно делува задачата која ја имаме за утре и не би требало да имаме многу проблеми исполнувајќи ја, не толку дека сме фаворити против холанѓаните, туку фактот што, се освен пораз ни одговара.Она што не може да радува е нашата форма сезонава (која рака на срце во последните 2-3 натпревара е солидна), но и тоа дека сезонава во Лигата на Шампионите сме друга екипа. Тешко дека може да се надеваме на магичната, а веќе и далечна 2007ма кога резултатите од домашното првенство беа само бледа дамка на блескавите партии во најквалитетното клубско натпреварување.

Ајакс не е екипа што треба да се потцени иако 4те титули во ова натпреварување се далеку зад нив, и фактот дека повторно има смена на генерации кај нив. Последен пат кога гостуваа на San Siro - победија, во тогаш првиот натпревар на клупата за Де Бур. Да се надеваме дека нема да бидеме толку добри домаќини повторно. Нашиот лидер сезонава Кака е екстремно мотивиран да го постигне својот 100ти гол за Милан токму против Ајакс, со што ќе му  обезбеди на клубот европска пролет. Токму Кака и опоравениот Ел Шарави, кој најверојатно ќе влета во првиот тим по повредата на бутниот мускул на словенечкиот Кројф се очекува да бидат подршка за Бало во нападот.


Пацини по подолго време повторно ќе биде во составот, но мали се шансите да добие можност да изигра неколку минутки, се разбира освен ако резултатот не го дозволува тоа и Макс пушти срце. Абијати ќе биде на голот, Де Шиљо најверојатно ќе си го завземе своето место, дуото од Мексес и Запата ќе биде последниот одбранбен бедем, заедно со Урби на левата бековска позиција. Во средината сигурни се Монти и нашиот најконстантен играч сезонава Де Јонг, кој игра како во најдобрите денови и воопшто не се чуствува дамка од долгата повреда.  Единствено стои прашањето меѓу Поли и Ночерино, кое за мене и не е некоја дилема. Победа, или нерешено, па во добро расположение да ја чекаме ждребката и да се надеваме дека пак нема да налетаме на Барса!!? упс :)

                      

FORZA MILAN!

Saturday 7 December 2013

Livorno - Milan


Сосема солидна шанса да се продолжи со позитивната атмосфера како психички така и со резултатите на теренот. По двете одлични победи во серија во кои постигнавме 6 а примивме само 1 гол, гостуваме на Livorno како увертира за решавачкиот натпревар од ЛШ против Ajax. Нови 3 бода и зголемување на самодовербата може да донесат одлични врзани резултати и поход кон горниот дел од табелата во иднина. De Sciglio се враќа во тимот но сè уште не е спремен за 90 минути па ќе седи на клупата а веројатно Poli ќе продолжи на позиција на десен бек. Во срцето на одбраната се враќаат и двата стартери кои беа отсутни против Catania, Zapata и Mexes. Остатокот од тимот веројатно ќе биде оној истиот што ја извојува онаа победа на Сицилија претходниот викенд со тоа што Abbiati повторно се враќа меѓу стативите.


El Shaarawy ќе добие шанса од клупата а Constant, Abate и Muntari веројатно ќе бидат фит за мечот против Ajax.

Max Allegri денес ќе го води Milan по 100-ти јубилеен пат во својата кариера. И тој а и сите фанови очекуваат само едно од денешниот натпревар:


FORZA MILAN!

Saturday 30 November 2013

Mентална Bunga Bunga во Milanello!


Во ситуација како оваа најтешко е да се пишува за тековните натпревари. PR секторот на Berlu, did it again! Вчера G убаво си кажа дека од Х причини (читај, недоразбирањата со Lady B) ќе си даде оставка и ќе го напушти клубот. Реакциите беа поделени, некои беа против, други беа воздржани а трети (меѓу кои сум и јас) сметаа дека колку и да изгледа болно, ова беше неизбежно. Клубот забрзано тоне како на играчки така и на планот на менаџментот а најголем дел од тоа спаѓа на CEO односно на Uncle Fester. Тоа е личност која го задолжи клубот и која заедно со Berlu го направи она што е, во секоја смисла. Како што некогаш клубот беше недопирлив и најдобар светски бренд, така денес истиот тој клуб е на маргините на Италија и служи за потсмев! А тоа не е мојот Milan!

Како и да е, се очекуваше да си замине G за да се донесат некои нови луѓе кои ќе се обидат да му помогнат на клубот да го фати новиот европски терк. Меѓу нив и вечниот Il Capitano, Paolo Maldini.

И она што следуваше потајно го очекував, дури го напишав истото на еден пријател уште синоќа. Се случи токму она од што се плашев а го очекував. Кога сите конечно собраа храброст со тешко срце да се разделат од харизматичниот G, нов спектакл! G беше повикан на вечера кај Berlu и денес почнаа најавите од типот: Galliani resta, Grazie Presidente!!! Ви делува познато? Ќе ве потсетам:


Веројатно ова е само привремено одложување на одлуката на G до крајот на сезоната. Како и да е, клубот се претвора во една голема рашомонијада! Фановите не го заслужуваат тоа, Milan не го заслужува тоа!!


А фудбалерите кои конечно очекуваа да го искористат позитивниот моментум после конечно добро одигран еден натпревар, сега повторно гостуваат во Сицилија со турбулентна атмосфера. Настрана она што се случува во менаџментот, турбулентна е ситуацијата и во одбраната на клубот. Првиот голман Abbiati и Abate не се меѓу повиканите поради повреди а нема ниту да настапи и Mexes поради симптоматичната повреда на окото. Zapata е суспендиран и тоа значи дека оние четворица кои ќе настапат утре против Catania сигурно не настапиле во таков состав ниту на тренинг. Конечно една добра вест е конечното враќање на El Shaarawy кој мечот ќе го почне од клупата за резервни фудбалери и веројатно ќе добие шанса во текот на мечот. Тоа треба малку да му ја олесни работата на Ricky Kaka. Поради неиграњето на Abate и сè уште неопоравениот De Sciglio, Andrea Poli ќе се префрли на позиција на десен бек и од таму ќе го започне утрешниот дуел. Друштво во дефанзивата ќе му прават Bonera, Silvestre и Urby а зад нив меѓу стативите ќе застане Gabriel. Знам, лудо изгледа нели?

Испразнетото место на Poli во средината би требало да го покрие Nocerino кој по подолго време ќе добие старт во првите 11. Формациски мечот би требало да се започне со 4-3-2-1 затоа што според Лудиот Макс тоа нуди поголем посед на средината и значи дека ќе играме со 11 а не со 10 фудбалери на теренот (Matri ќе остане на клупа). Сликовито тоа би требало да изгледа вака:


Иако Сицилија никогаш не е идеалното место за извлекување на бодови, сезонава Catania игра многу лошо а Milan мора некогаш да почне да собира бодови, барем во дуелите против екипите од вториот дел на табелата. Зошто тоа да не се случи утре?

Forza Milan!!!

Tuesday 26 November 2013

Селтик vs Милан - Лига на Шампиони


По агонијата во домашното првенство се враќаме онаму каде што и не сме толку очајни. Пет бода во четири натпревари и не се за некоја пофалба, но со оглед на фактот дека Ајакс има 4, а Селтик 3 бода, тогаш ни е јасно како сепак се најдовме второто место. Дури и да не победиме вечер (што е реална опција), мали се шансите Ајакс да ја изненади Барселона, што значи дека пак на крај сами ќе ја решаваме нашата судбината против Холанѓаните, и тоа на домашен терен.

Нашиот тренер рече дека не треба да ги мешаме домашното првенство и ЛШ (можеби тоа значи дека планира да го освоиме трофејот во ЛШ), ама сакале ние или не пак е ова истиот тим, истиот тренер, истата управа на истиот стадион со истите исфрустриани навивачи.

По ремито со Џенова работите излегоа од контрола и е настанат тотален хаос. На излезната врата се голем дел од првотимците како и тренерот, а најверојатно и ќелавиот. Во било која друга ситуација ова би било прифатено со доза на носталгија и разочараност, ама кога ќе видиме кој ќе истрча вечер и како ќе изигра веднаш ќе ни стане јасно дека на овој Милан му требаат промени.


Мунтари и Мексес се последни на листата на повредени и се приклучуваат на Амелија, Матија, Ел Шарави, Пацини... Абијати повторно ќе застане на голот, Абате, Бонера и Запата ќе бидат пред него и повторно вечната дилема: кој е полош? Урби или Констант? Во средината Де Јонг, Монтоливо и Поли би требало да си ги завземат своите места како и Кака зад напаѓачите Балотели и Робињо. Ова е мојата прогнза за составот но можно е и лудиот Макс да има и други замисли како на пример Бирса да почне.


Нема повеќе што да додам, мој скромен тип е 0-0 или 1-1.

FORZA MILAN !!!

Saturday 23 November 2013

Враќање во ритам


Кога велам враќање во ритам, мислам на клупскиот фудбал во Европа, после онаа пауза за репрезентативен фудбал која му паѓа тешко на секој фудбалски фан и (особено тешко) на секој посетител на спортските обложувалници. Наше евентуално враќање во ритам не гледам во блиска иднина, во моментов нашето фаќање на ритам изгледа како да играме тешкото на Elysium - Trancelestial Psychobabas во позадина. Сепак ако бидам малку чист пред себе и својата совест, искрено очекувам некаква победа денес. Играме против наши пријатели, играме дома а играњето дома сезонава и не е некој особен проблем за тимот. Изгубивме од тимови од кои реално и очекувавме да изгубиме а останатите натпревари воглавно ги решававме во наша корист. Тоа што дојде и оваа репрезентативна пауза веројатно годеше на тимот за атмосферата и средувањето на мислите иако никој од претходноповредените не се врати во тимот. За натпреварот против Genoa повторно ќе недостигаат истите повредени, ќе отсуствува и Montolivo кој е суспендиран поради црвен картон но се враќа Balotelli по суспензијата.


Постојат само 2 дилеми во тимот, едната е дали ќе стартува Matri или Robinho (од тоа зависи дали ќе се игра со формација 4-3-1-2 или 4-3-2-1) а втората е кој од Urby или NoConstant ќе стартува на лев бек. Во отсуство на Montolivo, капитенската лента ќе му припадне на фудбалерот кој најверојатно и најмногу заслужува да ја носи со своите игри по доаѓањето сезонава а воедно тоа ќе биде и јубилеен 200-ти Serie A натпревар на Ricky во дресот на Milan. Не се сомневам во уште една негова пожртвувана игра и обид да го крене остатотокот од тимот. Кога сме кај него и шпекулациите дека можеби во иднина ќе игра малку поназад, тоа беше негирано од сите можни страни, Allegri, G па дури и од самиот Ricky.

А кога сме кај G, тој ќе пристигне на San Siro со нова фризура.


Тоа е тоа, стегајте каишите и не заборавајте: Колку и да изгледа тешко и невозможно, тоа е во црвено-црниот ген:



Forza Milan!!!

Saturday 9 November 2013

Chievo - Milan


На Бентегоди во Верона со почеток од 15:00 часот во Недела се среќаваат двете најголеми разочарувања сезонава во Серија А. Домаќините имаат само една победа досега и се тотална спортивност од нивните градски ривали кои пак го делат третото место со нашите градски ривали. Милан пак по којзнае кој пат пак има бавен старт, и пак има проблеми со повреди и пак има исфрустирани навивачи.

Овојпат за фрустрацијата да биде поголема Балотели поради жолти картони ќе отсуствува. Мексес се враќа во тимот Де Шиљо и Силвестре повторно нема да бидат на располагање исто како и Пацини, Ел Шарави и Бони. И кога во вакви тешки моменти вестите кои најмногу не возбудуваат се дека Алегри останува а Бурдисо е потенцијално засилување тогаш ти се темни се и тие иде да го избришеш постот кој и онака не си имал многу ентизујазам да го пишеш. Се шушка нешто за промена во формација и некој експеримент на тренерот, па визуелно вака би требало да изгледа тоа:


Во очајна и безнадежна ситуација сме и ЛЕ веќе изгледа како реалност. Ако некој мене ме прашува тогаш уште од сега треба да почнеме да мислиме на следната сезона. Интер според мене направи паметен потег што не се пласираше во ЛЕ со што си го скрати значително распоредот за оваа сезона, за да не губи време со вторкласно натпрерување каде што повеќе може да изгуби одколку да добие. Јас лично радо би потпишал да бидеме 7мо или 8мо место одколку 4то или 5то.

И за крај па ако и Киево неможе да го победиме тогаш ептен сме очај!!


FORZA MILAN!!!

Wednesday 6 November 2013

Меч во кој нема што да се загуби

Milan конечно влезе во сопствениот вител со проблеми и не може да исплива на површина. Сите оние проблеми кои со години наназад се натрупуваат и кои ги знаат сите кои се на еден или на друг начин блиски до клубот, почнаа да испливуваат на површина во серија и го притискаат клубот надолу. Овие проблеми беа добро познати и на раководството но тие останаа глуви на укажувањата на фановите, поранешните фудбалери на клубот и спортските аналитичари.


Не се донесе квалитетен дефанзивец, не се донесе квалитетен фудбалер за врска, упорно се продолжуваше со политиката на срамежлив трансфер пазар кој е насочен претежно кон фудбалски (полу) анонимуси, упорно се продолжи со тренерот кој нема решение за играта од прекини веќе 4 сезони во серија а да не зборуваме за (не) навремени измени и тактичка флексибилност. Продолжија проблемите со повредите во серија иако истото се случува веќе години наназад. Медицинскиот центар во Milanello кој е еден од наопремените (според огромен број на независни експерти и најдобар во светот) продолжува да биде атентатор на многу перспективни кариери (Pato, El Shaarawy, De Sciglio) и продолжува да биде кочничар на резултатите на тимот, буквално секоја сезона. Сега сите тие проблеми и некои други кои не беа спомнати, излегоа заедно на површина. Тренерот не знае што да прави а играчите си прават што сакаат! Како што спомена Costacurta веднаш по поразот од Fiorentina, некои фудбалери не ја знаат тежината на дресот што го носат. Јас би додал и дека раководството стана сенилно па и тоа заборава што значи овој бренд кој тие самите го создадоа! Milan не смее да биде фонтана на желби која ќе ги исполнува најлудите сништа на фудбалери како Muntari, Constant, Zaccardo, Birsa... фудбалери кои можеле само да посакаат да бидат дел од Milan а тоа што во тој тим се првотимци е лудост за посебна дискусија.

Толку за (не) приликите во и околу клубот!


Гостуваме на Nou Camp, нашиот втор дом во последните неколку сезони. Во некои други времиња, со некој друг (вистински) Milan, овие натпревари би биле вистинско уживање. Вака ќе се надеваме на малку повеќе спортска среќа и игра на мускули со која би избориле евентуално добар резултат.  Ама кога можеше познатата La Masia да се вади со грешка на нашиот голман вчера, зошто да не можат да изборат позитивен резултат и сениорите?
Според повеќе извори, Allegri се одлучил за 4-4-1-1 со Ricky како осамен зад напаѓачот.


Е сега во последните неколку минути преовладува една шок информација која доколку се потврди, може да се претвори во вистински куршлус! Првата информација е дека Urby ќе стартува на лев бек место Constant. Ова и не значи ама баш ништо затоа што и двајцата се оперирани од дефанзива па кој и да игра ќе играме со тројца во одбрана а таа дупка на нашата лева страна ќе биде константно експлоатирана од домаќините. Ама затоа втората информација вели дека наводно Allegri планира да го стартува Robinho со Kaka а дека Balotelli ќе остане на клупата?!? Искрено, Balo не игра ама баш ништо и делува безобразно незаинтересирано (имаше само 1 шут кон голот против Fiorentina) но евентуално негово неиграње на ваков натпревар може да значи бура и тоа да повлече други реперкусии особено што грбот му го чува агент како Raiola за кој веќе имаше шпекулации дека на полувремето против Fiorentina викендот влегол во соблекувалната на Milan и му се внесол во лице на Allegri околу начинот на кој (не) го користи Balotelli. Ако тоа е вистина, тоа е срам за клубот на прво место но тоа е за некоја друга дебата. Сакав да кажам дека евентуално неиграње на Balotelli на меч против Barcelona (а не дека не заслужува да седи на клупа) може да значи пукање на тиквата и притискање на Raiola за негов трансфер.

Овие дилеми ќе се расчистат за отприлика нешто повеќе од 1 час па ќе видиме на што ќе се сведат муабетите низ фудбалските кулоари. Јас немам дилеми, сакам фудбалаери кои ќе изиграат машки, сакам фудбалери кои ќе остават 100 % од себе на зелениот тепих на Camp Nou, па ако треба и нека дојде нов пораз! Би прифатил пораз само да видам жар, спортски инает и будење на тимот.

Forza Milan!!!

Saturday 2 November 2013

Milan - Fiorentina


Три часа пред почетокот на мечот со Фиорентина и не е некое време за некој потемелен и пост со повеќе анализи. Но искрено речено и нема мотив за анализи. Во ситуација кога институција како Милан е на 10то место и со само два бода повеќе од екипата пласирана на 14то место немаш мотив и немаш желба да анализираш. Знаеш дека полека но сигурно сезоната оди во бестрага, како одминуваат колата станува реалност дека нема да играме ЛШ и кога ќе го помислам ова ми иде чувство на тага и бес во исто време! За нештата да бидат потрагични Алегри се обидува сега суптилно со неговите изјави дека горе-доле се помируваме со лошиот пласман, единствено ќе се обидеме да се искачиме некое место погоре и најтрагичното од се е што најавува дека во Купот на Италија сака добар пласман(клише изјава од порано, но овој пат има друга тежина). Со ова сака милионите навивачи на Милан да ги убеди дека ако го освоиме купот па и нема да биде така лоша сезона?!

Од очај во очај, претходниот натпревар со Лацио беше оној од кој мораше да почнеме да победуваме, таков е и овој. Ништо не е сменето, само што е друг противник и едно коло помалку. Ни гостува одлична екипа, екипа во која менаџментот знае што работи па наместо да го купи Матри за 11 милиони евра, го купи Џузепе Роси за 10. Го купи сеуште недоволно опоравен од повредата и тука постоеше ризик да 10 милиони отидат во неповрат, но прво и основно кој ризикува тој и добива(во случајов 9 првенствени гола на Роси) и  второ, има една плејада доктори кои ги плаќаме за да оценат во каква состојба е играчот кој се купува. Ни гостува екипа која во дуел со актуелниот шампион се "налути" на полувремето и во вториот дел им даде ни помалку ни повеќе туку 4 голови за 45 мин. Е против таа екипа ние треба да ја стартуваме победничката серија која ни е повеќе од потребна. Не дека немаме доволно квалитет, не дека немаме можеби и подобри индивидуалци од нив, но очајната форма досега и бродот кој плови без капетан не ни дава за право да бидеме сигурни дека еве од вечерва, од денеска па натаму со сите(скоро) вратени фудбалери од повреди отвораме ново поглавје сезонава. Но тоа е што е, надежта ја имаме, нели, таа последна умира.

Повикани фудбалери:
  • Abbiati, Amelia, Gabriel, Abate, Constant, Vergara, Zaccardo, Zapata, 
  • Birsa, Cristante, Emanuelson, De Jong, Kakà, Montolivo, Muntari, Poli, Saponara, 
  • Balotelli, Matri, Niang, Robinho.
Составот за денеска во однос на тој со Лацио најверојатно ќе претрпи само една измена и тоа Констант на местот на Матиа на позиција лев бек. Добри вести за Монтела и Фиорентина. Тоа изгледа отприлика вака:


Се на се, во каква ситуација и да сме, во каква и форма да сме #weareacmilan и мораме да одиме на победа! Секој еден кој го носи црвено-црниот дрес мора да го знае тоа! (само да имаше кој да им го каже тоа). Алегри пријателе, ова ти се последните сламки за спас, од тука може конечно да ти почне одбројувањето на деновите поминати на клупата на Милан, па ако не за нас навивачите, ако не за клубот како таков, барем за тебе направи нешто и донеси победа!

FORZA MILAN!

Wednesday 30 October 2013

Милан - Лацио!


Натпревар помеѓу две екипи кои разочараа сезонава. Можеби лацијалите и немаа некои големи очекувања сезонава, но фактот дека имаат само една победа повеќе од нас доволно говори во какви проблеми се западнати. За нашата ситуација незнам повеќе што да кажам. Tонеме или тапкаме во место? Единствени топли ветришта се оние кои ги ветуваат засилувањата Рами и Хонда во Јануари кои се надеваме дека барем малку ќе не стоплат во оваа се чини студена зима за нас.

Во последните 7 лигашки дуели на Милан и Лацио гостинската никогаш не победила, минатата година Пацо со 2 гола се погрижи да не ни создаваат многу проблеми лацијалите. Но сега ситуацијата е многу поразлична. Пацо и Ел Шарави не играле фудбал одамна, Балотели само што се врати од суспензија и повреда, а неефикасноста на Робињо и Матри (кој конечно го скрши мразот) не ветува многу. Недавањето на шанса на младите сили кои се желни да се докажат (Нианг и Сапонара) исто така не е причина за радост. И пак се вртиме во круг и на овој натпревар ќе очекуваме магија на Бирса или Кака. Абијати се враќа во тимот, но не се очекува да го започне мечот. Прогнозираниот стартен состав е следниот:

Gabriel, Abate, Zapata, Zaccardo, De Sciglio, De Jong, Montolivo, Muntari, Birsa, Kaka, Balotelli.


Управата во меѓувреме беше активна низ медиумите. Најпрво онаа чудна жалба за слободниот на Parolo, потоа пресови на Allegri и денес на Galliani. Најинтересна тема беше "Balo во Chelsea" покрената од Raiola, кој очигледно ја користи истата финта за многу од неговите фудбалери кога сака да издејствува повисока плата. Се започнува со муабет дека играчот Х одлично би се вклопил во тимот Y, новинарите почнуваат со шпекулации, се створа притисок врз клубот и најчесто завршува со нов договор и секако, повисока плата. Управата веднаш реагираше и отфрли опција за трансфер. Max вчера зборуваше за вечерашниот меч, за формацијата и стартерите, но и индивидуално за некои од играчите. Нашиот "coach without ideas or character" вети дека со враќањето на повредените играчи, клубот ќе се најде значително повисоко на табелата до Божиќ. Ако не почнеме да се искачуваме уште вечерва, ќе биде едноставно невозможно. Затоа веруваме дека можеме до победа, барем ние навивачите!


FORZA MILAN! 

Sunday 27 October 2013

Време е сите да свртиме нов лист!


Натпревар против одмерен противник на гости. Не е противник од кој треба да се стравува но не е противник со кој можеме лесно да поминеме. Во конкретнава ситуација, Parma е противник по мерка. Одличен противник со кој конечно можеме да свртиме нов лист и да започнеме поход кон врвот. Повредените се враќаат во тимот. Balotelli ќе стартува од првата минута. Единствениот кој нема да биде на располагање а вреди да се спомене е Mexes. Нормално, сè уште се во аут El Shaarawy и Pazzini но имаме доволно опции напред за победа. De Sciglio веројатно ќе започне на клупата бидејки одамна не одиграл натпревар а таму ќе се најде и Ricky Saponara и веројатно Ricky Kaka. Повозрасниот имаше одличен (но и физички многу тежок) натпревар против Barcelona и денес мечот ќе го започне од клупата. Birsa и Robinho ќе му прават друштво на Balotelli во нападот. А кога сме кај Balotelli, тој веројатно е решен да сврти нов лист, во имиџот и во животот. Денес мечот ќе го започне со нова фризура или поточно кажано, без фризура.


Во дефанзивата, местото на суспендираниот Mexes повторно ќе го заземе Silvestre кој беше одличен против Udinese. На голот повторно предност ќе добие Gabriel. Се на се, тимот кој ќе го започне мечот би требало да изгледа вака:


Како што може да се види, составот на домакините е компониран од стари и искусни волци и треба да се пристапи внимателно. Во нападот имаат еден гремлин кој се храни само со Nutella, човекот без срце на кој не сакам ниту името да му го спомнам. Друштво ќе му прави Amauri кој секогаш ни предизвикувал проблеми. И средниот ред им е составен со играчи за почит. Сепак, некогаш мора да тргнеме а сега има одлична клима за тоа, после одличниот настап против Barcelona. Јас не пропуштам ваква 2ка на 2.35, а Вие?

Forza Milan!!!

Tuesday 22 October 2013

На мегдан со Барселона. Пак.


По којзнае кој пат во последниве 3 години почнувам да пишувам пост за натпревар помеѓу овие две екипи. Секогаш ми се вртат истите две три реченици кога ќе сакам да пишам нешто. Можност за докажување со најдобриот тим на светот, респект, пожртвуваност, екстремна мотивација, цврста одбрана итн. Респект и те како треба да се има за еден од најдобрите клубови и генерации на сите времиња, но на крајот од денот тоа се само 11 смртници против други 11 смртници на другата страна од теренот. 

Милан секогаш играл мотивирано во ЛШ, Милан секогаш играл добро против силните екипи во ЛШ. Па кога можевме минатата сезона со головите на Сулеј и Боа да ги совладаме 2-0, зошто да не можеме и оваа година кога го имаме и Бало достапен во нападот, и искуството на Кака во големите натпревари. Треба да се тргне фокусот од каталонците, Милан е нашиот тим против кој и да игра! И каков и да е резултатот на крај пак наредниот натпревар ќе го подржуваме тимот во црвено-црно.


Бало ќе биде во тимот но сеуште не се знае дали ќе биде спремен за да игра. Последните оптимистички најави се дури и дека може да го почне мечот. Кака сеуште не е спремен за 90 минути и најверојатно ќе чека шанса од клупата. Амелија, Абате, Констант, Запата и Мексес би требало да ја сочинуваат одбранбената петорка. Де Јонг, Монтоливо и најверојатно Сулеј ќе го држат средниот ред, за кој Макс рече дека има предност пред Поли, иако вториот одигра одлично во саботата. Едно место останува за Робињо, додека за останатите две (Матри и Бирса) во игра се и Марио и Рики.

Составот на Барса и нивните амбициите, искрено речено, ич не ме интересираат, тие си имаат свои математики, а ние наши. Нашата е многу едноставна, 4 бода од два натпревара со Барса би се сметале за огромен успех, додека пак 0 или 2 бода не се никаква опција. Коефициентот за наша победа се движи околу 5 негде, па еве ви шанса да направите и некоја добра пара покрај тоа што ќе уживате во победата на вашиот омилен тим. Секако, ова треба да се случи ако се поклопат сите коцки. Еве и една сликичка како шлаг на тортата. Нека стои подолго и нека трепка.


FORZA MILAN !!!

Saturday 19 October 2013

Шоуто продолжува!


Шоуто во Milanello продолжува! Единственото шоу во кое нема главни ликови, сите се споредни улоги, а нема ниту режисер! Секој прави што сака, а сето тоа на скалата за доволно од 1 до 10 е некаде на -3. Balotelli кој едвај го дочекавме да ја заврши суспензијата, се повреди и вечерва сигурно нема да настапи, а огромна е веројатноста да го пропушти и мечот против Barcelona. Embrace yourself, Matri is coming! Ale Matri заедно со својата гол форма веројатно доаѓа каскајќи на едноока мазга со 3 нозе. Во ситуацијата во која сме, не верував дека некогаш ќе го кажев ова ама добро е, се враќа Birsa! Дечкото ќе стартува во дупката зад напаѓачите а на клупата ќе се врати и Kaka. Montolivo веројатно ќе стартува како regista, на местото на De Jong. Од двете негови страни ќе бидат Poli и Sulley. Нападот веројато ќе биде најстерилниот напад во историјата на Milan со оглед на тоа дека рамо до рамо ќе застанат Robinho и Ale Matri. Ама шоуто не би било комплетно ако не ја начнеме и одбраната, нели? Одбраната која досега има бројки за „почит“ зад своето име, овојпат и на тие бројки ќе биде без Mexes кој си реши да одмори малку (кога можел Balo, зошто не и тој) па ќе паузира неколку меча. Тоа значи дека најужасната одбрана ќе остане да ја води оној кој беше најужасниот дел од неа сезонава, Zapata. До него ќе застане еден од Zaccardo или Silvestre кој е рековалесцент и се враќа во тимот по пауза од 1 месец а нема одиграно ниту еден официјален натпревар за новиот клуб. По страните ќе делуваат Abate и Kevin NoConstant. На голот повторно ќе застане Abbiati, а херојот од поразот од 3-0 против Caen (да, херојот) Gabriel ќе остане на клупата. Одлично инфо за Di Natale, Muriel и компанија.


Епа стегајте ги каишите! Allegri рече дека ова бил денот. Не беше докрај концизен, денот за што?

Forza Milan!!!

Sunday 6 October 2013

Вистинското Дерби на Италија!


Пред нас е вистинското Дерби на Италија. Дуелот на екипите со најмногу трофеи и најбогата историја. Дуел што не остава незаинтересиран ниту еден вистински фудбалски фан, било каде во светот. Обично овие дуели одлучувале за титула во минатото. Затоа и она што го гледаме на терен е вистинска војна. Не дека и вечерва нема да биде така, ама да бидеме искрени пред себе, денешниот дуел не е дуел за врвот, барем не моментално. Juve има шампионски амбиции, а нашите се се помали во последните три сезони. Дека тоа е така, доволно зборува мислењето на обложувалниците – не се сеќавам, некогаш во домашното првенство, Milan да има коефициент од 6 за победа! Овојпат нема да кажам дека тоа е потценувачки, најмногу заради нашата конфузност во играта, глобално зборувано.

Во пресрет на мечот, се изначитав одвратни статистики. Дечките на кои животот им поминува во броење пресметале дека ако Milan не даде гол вечерва ќе изедначи негативен рекорд од сезоната 1998/99. Или дека ако не победи вечерва, ќе ја повтори лошата серија од 6 гостински натпревари по ред, без победа, од 2010 година. Ни збор за победа, три бода, изненадување... И во таква атмосфера, веројатно најтешко им е за играчите. Ретко кој сеуште верува дека сезоната не упропастена, дека има снага за минатогодишниот пресврт во играта, резултатите и позицијата на табелата. По уште еден неповолен резултат вечерва, шансите би биле минимални. Само тренерот изгледа дека не е загрижен, а неговата меланхолија максимално иритира. За мечот во Торино, се одлучи за ги води следниве 18мина:

Abbiati, Amelia, Gabriel, Abate, Constant, Mexes, Zaccardo, Zapata,
Emanuelson, De Jong, Montolivo, Muntari, Nocerino, Poli, Saponara 
Matri, Niang, Robinho.


Milan и Juve во долгата историја имаат одиграно 156 Serie A натпревари. Денешниот домаќин е нешто подобар, со 6 победи повеќе. Во Торино, скоро половина од натпреварите ги добил домаќинот. Но овој меч не смее да заврши така. Robinho вчера на пресот уверуваше дека екипата е многу мотивирана, дека оди на победа. Montolivo кажа дека е свесен оти Milan не смее повеќе да испушта бодови и дека од Торино ќе се вратат со цел плен. Вети дека многу наскоро ќе го видиме вистинскиот Milan. Јас се надевам дека тоа ќе биде уште денес. Затоа што поинаку не ни може, ќе биде доцна. Веројатниот состав за вечер е составен од Abiatti на голот, Abate и Constant на бековските позиции, стандардно, Mexes и Zapata на стоперските. Пред нив Poli, de Jong и незаменливиот Sulley, Montolivo на trequartista, а Binho и Matri во шпицот.

Иако во далеку потивка атмосфера од противникот го дочекуваме Дербито, и настрана сите муабети дека гледањето на Milan сезонава е мачење, а не уживање, одново не можам да дочекам да почне мечот. Јебига, љубов е, една е, вечна е.


DAI RAGAZZI!!! FORZA MILAN!!!

Tuesday 1 October 2013

Дуел на стари познаници!


Вторник навечер. Убаво (најверојатно дождливо време) за дуелот тежок 11 шампионски титули во најквалитетната фудбалска лига во светот. Тимот со кој повеќе од 10 пати сме се среќавале во Лигата на Шампионите и КЕШ досега, и тоа во групни фази, елиминациски мечеви но и финалиња. Никогаш не било лесно кога сме играле со една од најдобрите фудбалски школи на сите времиња по чиј модел Милан сака да ја носочи својата младина. Ван Бастен, Рајкард, Рајзигер, Давидс, Сидорф, Златан се само дел од играчите кои го носеле дресот на овие два гиганта. Повеќето од нив оставиле голема дамка и за двата тима.

Долго време помина од 23 април шампионската 2003та година кога во 1/4 финалето ги одмеривме силите со холанѓаните. А како вчера да беше оној гол на Томасон за 3-2 (иако повеќето тврдат дека голот е на Пипо) и маестралната партија на Инзаги кој со гол и 2 асистенции не однесе до полуфиналето. Да не трошам повеќе зборови, еве го видеото во продолжение, па потсетете се на овие убави, многу убави времиња. Интересно е само да напоменам дека на овој меч како 18 годишен талентиран одбранбен играч, во својата дебитанска сезона влезе во игра Најџел Де Јонг, и тој е единствениот играч од овој двомеч (покрај Абијати кој беше на клупата.) кој сеуште игра за некој од овие два тима.


Сега дојдоа едни други времиња. Од таа генерација на Ајакс со Златан, Пиенар, Ван Дер Мејде, Киву, Лобонт, Јакубу, Литманен.... па после подмладената со Стекеленбург, Хејтинга, Де Јонг, Емануелсон, Снајдер, Ван Дер Ваарт, Хунтелар....и онаа последната со Вермален, Вертонген,  Суарез, Ериксен и други. Тоа е веќе минато и еден нов бран на млади таленти се собрани во престолнината на Холандија.

Кај нас ситуацијата тотално променета. Со новиот проект кој го започна управата, за момент се помисли дека крајот на генерацијата на Малдини, Неста, Шева, Сидорф, Пипо, Рино е почеток на една нова победничка која во 2011-тата и те како делуваше силна. Но поради сплет на околности, бевме принудени да почнеме одново и во моментов може да сме каже дека сме во втората година од тригодишниот план за враќање онаму каде што ни е местото, на врвот на европскиот фудбал.


Како што е веќе познато СЕС заработи незгодна повреда во последен момент и моментално сме препуштени на само 3 опции во нападот, а она што загрижува повеќе е фактот дека поради суспензијата на Бало, против Јуве викендов на располагање ќе ги имаме Матри, Нианг и Бињо.
Одбраната исто така е доста тенка, и нема многу комбинаторики тука, така да освен едно место во средниот ред, веќе треба да знаеме како ќе изгледа стартната постава.

Абијати
Абате,Запата,Мексес,Констант
Поли,Де Јонг,Мунтари
Монтоливо
Балотели,Робињо

Мене баш и не ми е по ќеф тоа што Сулеј ќе игра повторно, а Монтоливо ќе биде врската помеѓу средниот ред и нападот, ама помеѓу ова и Бирса на AMC јас со две раце потпишувам за ова прикажаново.

Чекаме добар стрим утре, се надеваме на добра игра и победа секако пред двомечот со Барса бидејќи само со 10-12 бода од 4те натпревара со Ајакс и Селтик може да се надеваме првото место во групата.

FORZA MILAN !!!

Saturday 28 September 2013

Тренер со 9 животи


Интригантно, клупата на Milan веројатно во моментов не е омилена дестинација на најголем дел од тренерите со реноме ширум Европа но тоа е вистинска Мека за човекот на сликата. Allegri е сосема свесен дека никогаш во својата кариера нема да добие клуб кој е на приближно ниво и реноме на Milan и затоа цврсто се држи за клупата во Milanello. Во истовреме, B & G се целосно (не) задоволни од неговата работа поради тоа што најмалку од се сакаат во клубот да имаат тренер кој ќе го крене својот глас (па дури и ќе постави ултиматум) кога станува збор за нови засилувања. Вистински брак од интерес! Од една страна Allegri е тивок и не бара скапи засилувања па се задоволува со Birsa и Matri а од друга страна G е задоволен затоа што нема да има проблеми со нефункционален буџет.


И се дотука е идилично, додека не се фрли поглед на табелата. Milan е на очајно место, со очајни резултати и што е најважно, со очајна игра! Клубот досега (иако имаше прилично лесен распоред) веќе нанижа 2 порази а беше на работ на уште 2 од кои се спаси буквално во последните секунди. Со Torino постигнавме гол од пенал во 95та а со Bologna постигнавме 2 гола во самиот финиш. Тоа не го намалува фактот дека одбраната е очајна, средниот ред (со исклучок на De Jong и Poli) е непостоечки а нападот е несинхронизиран. Огромните проблеми со повредите воопшто не можат да бидат изговор, особено не против вакви противници и особено не кога Allegri е на клупата. Симптоматично, по неговото доаѓање во клубот, Milan апсолутно секоја сезона има огромни проблеми, пред се со мускулатурните повреди. Дали е до него, неговиот режим на тренинг, неговите фитнес тренери или болницата во Milanello, можеме само да погодуваме.

Неговото невообичаено форсирање на фудбалери за кои сите наоколу гледаат дека не играат како што треба е друга болка. Muntari е вистински Mr Indispensable иако со секоја минута на теренот покажува дека не му се игра фудбал и дека најдобриот негов потег е шут (еви) од 35 + метри кои финишираат некаде во 25тиот ред од Curva Sud. Секој натпревар стартува со Birsa и секој натпревар тој е првиот што го напушта мечот некаде од 55та до 65та минута. И следниот меч, повторно истата приказна. Рака на срце, Birsa не е ниту главниот виновник. Сигурно и тој самиот не очекуваше ништо повеќе од епизодна улога во Milan но ете, ставен е во огнот и целиот бес се истура врз него.

Кога сме кај измените, тајмингот на измените и имињата кои се бираат се уште една рак рана на Mister Allegri. Некогаш добивам впечаток како и самиот намерно да прави нелогични потези и се обидува секој следен пат да биде колку што е можно понеинвентивен! Вистинско чудо е како не успева да го чита текот на играта, проблемите и да реагира навремено и правилно!

Сега доста за тренерот чии врвни трансфер желби беа Lazzari, Cossu, Astori и Matri. Да се навратиме малку на тимот и следниот предизвик.


Фразата „меч што едноставно мора да се победи“ веќе е многу излитена кога станува збор за Milan. Едноставно принудени сме да одиме чекор по чекор и секој следен натпревар да го гледаме низ призмата на недоверба и страв. Проблемите со повредите остануваат а и Balotelli е повторно во аут. Иронично, без Balotelli во тимот успеавме да постигнеме дури 3 гола на еден натпревар (кој би рекол) а притоа не успеавме да ги добиеме 3те бода и се боревме за бод во финишот. Тоа уште еднаш укажува каква е нашата игра во дефанзива и пред се каква е нашата одбрана при нафрлени топки, корнери и слободни удари. Со еден збор, ужасна! Најголем дел од фудбалерите во средниот ред (со исклучок на De Jong и Poli кој и не добива шанса во континуитет од Mister) воопшто не помагаат на дефанзивците. Тука пред се мислам на Muntari на кој играта во одбрана треба да му биде приоритет и тоа би требало да е приоритетната причина поради која е во тимот. Веројатно не очекуваме од него да постигнува голови?!

Birsa almighty веројатно повторно ќе стартува со Binho зад Matri кој имаше вистинско шоу од промашувања против Bologna. Знаеш кога нешто не е во ред кога Robinho ти е најдобрата опција во тимот за постигнување на гол. Niang повторно ќе го пречека мечот од клупата а формацијата упорно не се менува и не се враќаме на онаа 4-3-3 која ни донесе извонредни резултати во вториот дел од минатата сезона и а формација за која имаме повеќе фудбалери во комбинација, особено сега кога имаме повредени техничари во тимот (Kaka и Montolivo). Човек не треба да биде врвно тренерско име за тоа да го уочи, треба само да не биде Allegri!

Sampdoria е уште еден тим кој можеме без проблеми да го победиме и може без проблеми да нè победи. До таму е дојдена работата!

Forza Milan!!!

Wednesday 25 September 2013

BOLOGNA vs MILAN - PREVIEW!


После разочарувачкиот меч во неделата и сите овие фрустрирации последниве неколку дена, денес следува нов предизвик за момците. Гостувањето во Bologna не е во рангот на оние условно најлесните, особено не во вакви ситуации. Преполовен, разоружан, прочитан Milan е огромен мотив за екипите како Bologna. Тешко е кога екипата е во ваква позиција, а трите боде се понеопходни од било кога. Додуша, да бидеме реални, ова е стандарден старт за Milan под водство на Allegri последниве 4 сезони. Податокот што го прочитав денес вели дека овој почеток е всушност многу близок до најуспешните од првата и втората сезона на Max во Милано. Нашиот трнер никогаш немал повеќе од една победа во првите четири натпревари во сезоната откако го води Milan. Да бидеме докрај коректни, после вакви стартови на сезоната, клубот и освојувал титула, ама и одвај фаќал последен воз за ЛШ. Што ќе рече дека, разликата е во тоа како останатите екипи ќе ја почнат и како ќе одиграат во остатокот на сезоната. Годинава, конкурентите и не се баш солидарни кон нашата немоќ. 

На кадровски проблеми им нема крај, веќе позната приказна. Balotelli ќе си одлежи три меча, клубот нема да реагира, дури и во ситуација кога може да добие намалување на казната и ослободување на Mario за гостувањето кај Juve во 7мото коло. Тоа ми кажува дека Balo навистина сериозно престапил, претерал, па нашиве се решени да го превоспитаат. Не коментирам одредни шпекулации во врска со тоа што стварно упатил кон судијата. Allegri беше строг деновиве кон него, а ниту играчите, ниту управата не излезе со поддршка за него. Напротив, многу веројатно дека ќе следи и одредена казна, во форма на редукција на плата. Нема друго, или ќе пробаат и (делумно) успеат да го доведат во ред, или наскоро ќе замине од Milan и никогаш нема да стане човек. За среќа, нема други новоповредени или казнети, па во Bologna од вчера е група од 20 играчи:

Abbiati, Amelia, Coppola. 
Abate, Constant, Mexes, Iotti, Zaccardo, Zapata. 
Birsa, Cristante, Emanuelson, De Jong, Muntari, Nocerino, Piccinocchi, Poli. 
Matri, Niang, Robinho.

Allegri ги откри своите намери и дилеми во пресрет на мечот вечерва. Не зборуваше конкретно за одбраната и нејзниот состав, но очигледно е дека Abbiati, Abate, Mexes и Zapata се сигурни стартери. За очекување е Constant да се врати во првиот тим по неубедливите изданија на Urby. Во средината, конечно добра вест во најава: Max размислува да го одмори Muntari, со тоа што Nocerino ќе стартува на MLCNDJ и Poli на DMC и MRC. Најголемата дилема е како да ги распореди тројцата напаѓачи – дали со Birsa на AMC во 4-3-1-2 или со Niang на RW во 4-3-3. Robinho и Matri се сигурни напред. Зборувавме за Matri, еве шанса за него, да докаже дека е вреден барем половина од тие 12 милиони и дека оваа бледа форма беше резултат на сенката на Balotelli во нападот. Сега ќе има простор и слобода, поддршка од Robinho само засебе, особено ако Allegri се одлучи за 4-3-1-2 каде сите останати играчи би играле за Matri.

Од клубот најавуваат уште неколку добри вести околу заздравувањето на дел од повредените. Така, за El Shaarawy и Montolivo се знае дека ќе бидат фит против Ajax за една недела од сега, Balo исто така ќе игра во Амстердам. Saponara денес ќе биде прегледан од лекарскиот тим и ќе се знае дали ќе може да биде во комбинација за викендов, после ситната повреда на коленото што ја имаше и за негова жал, не ја искористи можноста што му се отвори со повредата на Kaka. За бразилецот прогнози ќе се даваат следната недела, за Pazzo на почетокот на Октомври.


Гостувањето кај Bologna минатата година беше во второто коло, веднаш по домашниот шок од Sampdoria. Годинава доаѓа во петтото коло, но по подеднакво лош(и) резултат(и). Тогаш во составот го имавме Pazzini, кој на дебито постигна хет-трик и донесе победа по пресврт. Сега очите на многумина ќе бидат насочени кон Matri. Ќе се очекува да блесне и да почне вистински да се бори за место во тимот. Се ближи враќањето во погон на комплетната конкуренција во нападот и ќе биде ѓаволски тешко за него, со ваква форма да конкурира за минутажа. Очекуваме многу и од Binho, да помогне да се разбие противничката одбрана од самиот почеток. Очекуваме продолжување на блескавите индивидуални перформанси на de Jong и Poli, ама најмногу од се, очекуваме од одбраната конечно да одигра стабилен натпревар без примен гол и без проблеми во маркирањете при прекини. Ако половина од ова се исполни, за очекување е Milan да го напушти dell’Ara со три бода. Ние веруваме во тоа!

FORZA MILAN!!!

Sunday 22 September 2013

MILAN vs NAPOLI - PREVIEW!


Кога навивате за голем тим, дерби натпреварите против најголемите конкуренти се оние кои со нетрпение ги чекате. Тука е местото за докажување кој е најдобар, кој заслужува титула. Се сеќавам и на тие времиња. Тогаш одвај го чекав Inter на мегдан на моите момци, колку да се разбереме кој е кој во градот. А ги чекав и Juve, Roma, Lazio... Годинава не се осеќам така сигурен. Еве, утре го пречекуваме Napoli, а во пресметките и проценките за тоа што се е потребно за победа против екипа од овој ранг, меѓудругото вметнувам и доза на среќа, добро расположение на 2-3ца наши клучни играчи, да нема нови повреди, Hamsik да има лош ден, Higuain да промаши зицер и да се изнервира... Не сум го правел ова порано, се сеќавам, домашен натпревар беше однапред пресметан како три бода. 

Многумина викаат дека Milan утре нема да биде фаворит. Веројатно се и во право. Сите честитки за de Laurentiis и неговиот сенс за добар бизнис, со што го направи Napoli екипа што е комплетно опасна, наместо екипа со една суперѕвезда која на себе носи 50% од играта. Napoli тие пофални зборови ги оправдува и на терен - има навистина одлична серија од победи. Три од три во Калчото, плус победа на Dortmund во ЛШ. Да бидеме на чисто, победите во првенството дојдоа над Bologna, Chievo и Atalanta, ама сепак, и Milan имаше три условно лесни противници на стартот, па ефектот е очаен. Самодовербата на момците од Неапол им е до небо, со право, но тоа е нешто што всушност може да биде наша шанса. 

Сепак, колку и да е голем мојот респект за Napoli, за мене, ниеден клуб на светот не е фаворит на San Siro. Milan е доволно голем за да не смее да дозволи потчинување, барем не на својот стадион. И Napoli утревечер мора да го осети тоа на своја кожа. На истиот начин како што го осеќам многупати досега. Зборувам за 4те победи на Milan и 3те ремиа во последните 7 натпревари на San Siro на овие две екипи. Milan има доживеано само 2 пораза во последните 15 натпревари со Napoli. Но факт е и дека последната наша победа, беше онаа блескавата од 3-0, пред 3 години, во шампионската сезона. Од статистика, ќе го извлечам и негативниот скор на Benitez против Milan, за разлика од исклучително позитивниот на Matri против Napoli. Напаѓачот на Milan има постигнато 5 гола против наполетанците, што ги прави убедливо најомилениот противник.

Во повиканите играчи на Allegri се враќаат Abate и Niang. Max денеска на пресот зборуваше за нивната спремност и за можноста Niang да стартува (за Abate се подразбира). Друга опција е Robinho да стартува на AMC, со Balo и Matri пред него, а Poli, NDJ и Muntari над него. Во одбраната би се нашле Abate, Zapata, Mexes и Constant. Варијантата со Niang би била истата, со тоа што нападот би броел тројца играчи, распоредени во состав Balo-Matri-Niang од лево кон десно. 


Се сложувам со претпоставките дека дуелот меѓу двајцата најсериозни кандидати за титулата capocannoniere - Balotelli и Higuain може да го реши натпреварот. Вториот најзначаен фактор веројатно ќе биде нашата трансформација од напад во одбрана (затворањето на Hamsik и Insigne/Pandev) и од одбрана во напад (спринтовите на Binho со топка или долгите топки до Matri и Balo). Milan нема избор, пропуштените бодови против аутсајдерите наметнуваат императив на победа против посилните екипи. Во спротивно, брзо и лесно ќе заостанеме зад врвот. Секогаш сум велел дека овие натпревари, директни против конкурентите, носат 6, а не 3 бода. Milan не смее да заостане осум бода по само 4 кола. Milan едноставно не смее да ја повтори истата грешка од минатата сезона. Сигурен сум дека момците го имаат тоа во предвид и дека ќе видиме еден поангажиран и поатрактивен Milan. Да ја продолжиме позитивната серија на победи на San Siro сезонава! Одиме на победа!

FORZA MILAN!!!