Translate

Sunday, 27 October 2013

Време е сите да свртиме нов лист!


Натпревар против одмерен противник на гости. Не е противник од кој треба да се стравува но не е противник со кој можеме лесно да поминеме. Во конкретнава ситуација, Parma е противник по мерка. Одличен противник со кој конечно можеме да свртиме нов лист и да започнеме поход кон врвот. Повредените се враќаат во тимот. Balotelli ќе стартува од првата минута. Единствениот кој нема да биде на располагање а вреди да се спомене е Mexes. Нормално, сè уште се во аут El Shaarawy и Pazzini но имаме доволно опции напред за победа. De Sciglio веројатно ќе започне на клупата бидејки одамна не одиграл натпревар а таму ќе се најде и Ricky Saponara и веројатно Ricky Kaka. Повозрасниот имаше одличен (но и физички многу тежок) натпревар против Barcelona и денес мечот ќе го започне од клупата. Birsa и Robinho ќе му прават друштво на Balotelli во нападот. А кога сме кај Balotelli, тој веројатно е решен да сврти нов лист, во имиџот и во животот. Денес мечот ќе го започне со нова фризура или поточно кажано, без фризура.


Во дефанзивата, местото на суспендираниот Mexes повторно ќе го заземе Silvestre кој беше одличен против Udinese. На голот повторно предност ќе добие Gabriel. Се на се, тимот кој ќе го започне мечот би требало да изгледа вака:


Како што може да се види, составот на домакините е компониран од стари и искусни волци и треба да се пристапи внимателно. Во нападот имаат еден гремлин кој се храни само со Nutella, човекот без срце на кој не сакам ниту името да му го спомнам. Друштво ќе му прави Amauri кој секогаш ни предизвикувал проблеми. И средниот ред им е составен со играчи за почит. Сепак, некогаш мора да тргнеме а сега има одлична клима за тоа, после одличниот настап против Barcelona. Јас не пропуштам ваква 2ка на 2.35, а Вие?

Forza Milan!!!

10 comments:

Navigator said...

Двојката дефинитивно не е за пропуштање. Искрено, ме зачуди високата квота. Ако го изземам првиот меч во сезоната, ова е натпреварот каде пред почеток сум најуверен во победата. Не само заради добриот резултат против Barca, туку и заради мечот со Udinese. Баш како што рече Ри, најдобро време да се отпочне позитивна серија.
Ајде момци!

Ultras Milano said...

1-2 точен резултат. Наши се. 2 гола на Бало и фрустиран Касано.

Ultras Milano said...

Мораше тој од сите на теренот, мораше!!

ReBorned said...

Ќе ми земат преку 9.000 денари. На едно ливче за 2ка а на друго за Х2... по пола.

Ultras Milano said...

Поише жал ми е за тебе и парите што ќе си ги земеше него што изгувиме. Не го гледав второто ама го знам исходот горе доле. Тоа е, Лига Европа полека полека ми станува реалност веќе.

Navigator said...

Е баш тоа, можам да поднесам се, сите порази, цела лоша среќа, цела лоша игра, ама кога ќе ми текне дека Roma, Juve и Napoli е скоро невозможно да ги стигнеме и дека нема да гледам ЛШ догодина, веќе ме фаќа паника. Или пак планот е да ја освоиме, па автоматски да се пласираме и догодина.

Navigator said...

Е ова се вика ОЧАЈ!

http://www.acmilan.com/it/news/show/149698

http://www.acmilan.com/it/news/show/149697

Ultras Milano said...

Резил и срам.

Ultras Milano said...

Ќе пишувам пост.

Navigator said...

Уште си на мисла да пишуваш?