Translate

Sunday 24 February 2013

IL DERBY DELLA MADONNINA, NUMERO 279

Во сенка на најголемата победа сезонава, одиме на мегдан со најголемиот ривал во домашното првенство. Но, дали е можно едно Derby Della Madoninna да биде во сенка на било што друго? Веројатно не. Уште повеќе што 279тото миланско дерби доаѓа во исклучително важен период за двата тима. Исти амбиции, со различни позадини на двете страни. Milan да го задржи позитивниот впечаток во 2013 и одличната серија без пораз веќе два месеца, а противникот да го поправи впечатокот од последните пет натпревари, каде само еднаш се радувал. Сепак, двата клуба влегуваат после победа во евро-куповите. Разликата е во тоа што едните ја победиле Barcelona, а другите Cluj.

Како и да е, многупати претходно се докажувало дека скоро неважни се сите тие статистики. Дербито често знаел да го добие и послабиот, оној во полоша форма и позиција на табелата. Како сега стојат работите, ние сме повеќе заинтересирани работите да си течат во нормала. Кога сме кај нормалата, многумина од нас баш вака ја замислуваа оваа сезона: позитивно расположение, одлична форма, среќен тренер, играчи и управа, оптимизам. Спротивно на тоа, резултатите на стартот ги немаше, имамве една единствена светла точка во тимот, се зборуваше за смена на тренер, а управата ниеднаш не се најде во позитивен контекст. Сега одновно многу оптимисти, но со право. Milan е комплетно различна екипа, со играчи кои не сакаат да прифатат ништо помалку од победа. Искрено ме плаши помислата што тежината на вакво едно дерби е дополнително зголемена со императивот да се продолжи да се граби кон врвот. Не само што екипите што имаа дури 13 бода предност се зад нас, туку сега, за некого и нескромно, посакуваме директен пласман во ЛШ. Но се во свое време.


Утревечер Milan ќе се обиде да добие едно Дерби по три последователни порази од градскиот ривал. Сите околности за кои погоре зборував ќе речат дека сега е моментот за победа. Milan дефинитивно влегува како благ фаворит. Освен повредите на Robinho и Flamini, Allegri не се соочува со други играчки проблеми. Неизвесноста за настапот на Pazzini и не е толку загрижувачка со оглед на очекувањата дека Balotelli ќе започне како прв шпиц. Друштвото во нападот се комплетира со SES и Niang. Во интервју од вчера, капитенот Ambro кажа дека посакува нов настап од старт (ако не, прва опција би бил Muntari), заедно со сигурниот Montolivo и Boa кој ќе биде повлечен во средината. Abate и покрај комфорот од неиграњето на Milito, веројатно ќе остане на клупа, на сметка на настапот на De Sciglio. Mexes и Zapata се најсериозни кандидати за стоперските позиции, а доколку не се искомпликува ништо со Constant до утре, тој ќе започне на лев бек. За истакнување е и првиот повик на Bartosz Salamon во првиот тим.

Milan е на правата патека. Тоа го потвдија денес и Berlusconi и Galliani и Allegri. Но за комплетен впечаток од овој круцијален период ќе ни треба победа во Дербито. Момците не смеат да дозволат самодовербата да ги прелаже и убаво да се изгорат во мечот каде што неуспехот најмногу боли. Млади се, ама веруваме во нивната зрелост и квалитет. Знаеме дека можат преку овој Printer, можат многу далеку. Штиклиравме во средата, на ред се комшиите.

MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI!!!

Wednesday 20 February 2013

Milan vs Barcelona - Champions League 1/8 final


На овој ден пред 27 години Don Silvio го превзема Милан и го претвори во тоа што е во моментов - Најуспешен клуб во светот.
На овој ден Милан има одиграно 3 натпревари во Лигата на Шампионите:
vs ПСЖ 1-1
vs Celtic 0-0
vs Arsenal 0-0
Осврнувајќи се кон минатото, и гледајќи реално на денешната ситуација нерешен исход е можеби и најочекуван, но ние како тифози на големиот Милан секогаш мислиме само на победа!
Со овој натпревар започнува оној тежок распоред каде што во рок од 10ина дена ќе играме против Барса,Интер и Лацио (сите дуели ќе се играат на Сан Сиро).


Алегри најави дека Нианг влече мала повреда поради која ќе го почне натпреварот од клупата, но другиов веднаш преку Твитер врати дека нема никаква повреда туку дека едноставно неговото отсуство од стартните 11 е само одлука на тренерот.
Тоа значи дека Боатенг повторно ќе почне и тоа во една офанзивна улога а во нападот друштво на ЕЛ92 се очекува да му прави Пацини, а само во некоја луда варијанта Бојан може да започне од старт.
Монтоливо, Амброзини и Мунтари како најискусни се скоро сигурно стартери во средината, а Де Шиљо,Мексес,Запата и Констант се најдоброто што го имаме во одбраната. Кичо ќе биде на голот нормално.

La storia siamo noi...

...и голема слика од Херберт Килпин ќе биде кореографијата која и му доликува на натпревар од ваков карактер а Curva Sud повторно се очекува да бидат на висина на задачата.
Сите очи на светската фудбалска јавност вечерва ќе бидат насочени кон Сан Сиро. Капели, Прандели, и многу многу други важни фудбалски и спортски фаци вечерва ќе бидат на Сан Сиро да го проследат најатрактивниот двомеч од ова осмина финале.



FORZA RAGAZZI!!!

Friday 15 February 2013

Milan - Parma


Натпревар во можеби невообичаен термин, но со оглед на околностите тој еден ден одмор може многу да значи пред двомеч со најдобриот тим на светот во моментов.Милан е сеуште непоразен во Серија А во 2013 година и се надеваме дека таа традиција и ќе продолжи и утре по завршетокот на натпреварот со Парма. Млекарите пак, оваа календарска година имаат само 1 победа и многу се мачат со ефикасноста: 3 гола на последните 5 меча. Главна опасност за нашиот гол (покрај нашата несигурна одбрана) ќе биде екстра мотивираниот Џамиел Месбах кој се враќа на местото на злосторот каде што остави длабок печат и ги поставите темелеите на својата и повеќе од успешна Серија А кариера!
Шала на страна, неговиот сонародник Белфодил е хит сезонава и заедно со клетиот за нас Амаури можат сериозно да ни ги поматат плановите да ги скокнеме Лацио и Интер кој вчера вечер си го одиграа своето во европските купови.


Амелија и Робињо им се придружија на Саламон, Бонера и подзаборавениот Де Јонг на листата на повредени играчи додека пак Амброзини е суспендиран. Најважната информација е дека најдобриот играч на Милан сезонава Стефан Ел Шарави ќе добие заслужен одмор. Со оглед на неговото учество во сите 24 натпревари сезонава во Калчото и темпото со кое се развива ова младо момче, ова е помалку и логичен потег. Премногу физички напори вложува Фараонот со неговото константо орање по левата страна.
Ова од друга страна е и потег кој говори дека Макс верува дека Балотели и повратникот Монтоливо ќе бидат носители на играта и дека овој тим може да победи и без EL92.

Абијати
Де Шиљо,Мексес,Запата,Констант
Боатенг,Монтоливо,Мунтари
Нианг,Балотели,Бојан

Е тимот со кој јас би почнал и најверојатно стартните 11 нема многу да се разликуваат од овие. Ни треба победа за да докажеме дека она во неделата со Каљари беше само лош ден и ни треба добра увертира пред мега дуелот во Среда.


                         FORZA MILAN !!!

Sunday 10 February 2013

Попладневно гостување во Сардинија


По многу натегање конечно се знае каде и кога ќе се игра следниот натпревар на Милан, и кога се средија сите административни работи останува уште потешкиот дел - играњето.
Каљари знаат да бидат незгоден тим, но нивниот најдобар поединец се повреди на пријателски натпревар за својата репрезентација што е добар сигнал за нас но и немора многу да значи.
Астори е веќе подолго време под лупа на Милан, и ако планира да ја убеди јавноста дека вреди онолку колку што се зборува за него тогаш утре е лош ден да почне да го прави тоа. Ние пак го продолжува континиураното искачување кон врвот и 3тото место, и со евентуална победа утре се наоѓаме на само еден бод од Лацио. Заклучно со нашиот следен натпревар во Серија А против Парма на Сан Сиро завршува таа мини серија од 4 натпревари против противници на кој можеме да им го собереме целиот плен.
Алегри на пресот изјави дека состојбата на Боатенг ќе биде ставена под дополнителен монитиринг бидејќи играчот не е 100% фит. Монтоливо е суспендиран и кога на ова ќе го додадеме Де Јонг го добиваме резултатот кој вели дека нашите најдобри играчи за врска нема да можат да настапат. Фламини е сигурен стартер, додека пак Ночерино,Амброзини и Мунтари ќе конкурираат за останатите 2 (или едно) место во средината.
Абате ќе добие одмор а Де Шиљо ќе го завземе неговото место, додека на местото на повредениот Бонера друштво во одбраната на Мексес ќе му прави Запата. Нападот би требало да биде идентичен како и минатата недела, НО Алегри изјави дека му е интересна опцијата со Бојан како еден вид полушпиц, односно една слободна улога за Шпанецот позади најистурениот Балотели. Последна информација е дека Кевин Констант добил удар во левиот зглоб и неговата состојба моментално е непозната, Антонини е тука да покрие (жими мајка) а има и варијанта каде што Абате е десно а Де Шиљо лево.

Целосниот состав:



Нема што да должам понатака. Недела 15:00 Телма.


FORZA MAGICO MILAN !!!

Friday 1 February 2013

Преоден рок / Udinese


Беше што беше, сега доаѓа Udinese. А што беше?

Од тие што заминаа, најмногу боде очи Pato (потег кој мене лично ме направи помирен и пофокусиран. Бев преморен секој ден да читам кога Pato ќе се врати од повреда и кога ќе се фати за бутниот мускул на натпревар, да барам колку време ќе отсуствува од тимот. Подобро е вака). Покрај него за одбележување е и Urby, кој беше незаменлив во првиот дел од досегашниот тек на сезоната а неупотреблив во вториот. Тој замина во Fulham на позајмица без дефинирани понатамошни клаузули. Тимот го напуштија и Acerbi, Valotti, Copolla. Didac беше во план но поради фактот што сè уште не е опоравен од повредата, не можевме да му најдеме дестинација.

Она поважното за нас, приливот на фудбалери. Тука нумерички добивме помалку, со оглед на фактот дека сакавме да го скратиме ростерот. Дојдоа Zaccardo (кој беше трампан за Mesbah), фудбалер кој може да покрие на двете бековски позиции и како централен дефанзивец. Можеби не се вклопува во нашата нова политика но може да биде многу корисен. Потоа конечно дојде и Mario за кого повеќе можете да прочитате овде.

Во последниот ден од преодниот рок, дојде и Bartosz Salamon. Полскиот фудбалер кој настапува во Brescia, беше веќе една година на радарот на Milan. Станува збор за класичен regista кој може да покрие и како последен играч во одбраната. Располага со воочливи 190 см и прилично добро чувство за долги додавања и ширење на играта. Интересно, сезонава ја започна како дефанзивец во линија од три и беше одличен но пак настапуваше како libero. Подоцна, Brescia ја промени формацијата и настапуваше со класична четворка во дефанзива а тогаш Salamon имаше поголеми проблеми во маркирањето и чувањето на својот простор. Иако последните 6 месеци настапува како централен дефанзивец, неговата позиција е DMC. Тип на фудбалер како Sergio Busquets или David Luiz, може да покрие во дефанзива но побезбедно се чувствува малку понапред. Има само 21 година и заедно со Ricky Saponara (кој летово ќе дојде во Milan) важи за еден од најдобрите фудбалери во Serie B. Доколку може да се носи со притисокот кој го носи клуб како Milan, специфичната позиција на која игра и доколку доволно добро се вклопи во тимот, можеме да добиеме бисер на DMC за следните 10тина години. Неговите импозантни 190 см го прават опасност повеќе на нафрлените топки пред противничкиот шеснаесетник и главна дефанзива на нашата најголема болка, прекините во нашиот казнен простор.



------------------------------------------------------------------------------------------------------------


Во еуфоријата која ја донесе Mario, го пречекуваме Udinese, екипа која после Torino игра најмногу нерешени натпревари во Калчото. Измешани резултати кои во моментов им носат 9то место. Гостите го имаат еден од најопасните тандеми во калчото, барем според имињата. Di Natale е институција во Италија, а Muriel е фудбалер за кој допрва ќе се борат големите екипи.
Но затоа ние го имаме момчето кое своите први мрежи ги затресуваше токму против Udinese. Момчето кое за Udinese е вистинска казнена експедиција! 


Во нападот покрај него веројатно ќе се најдат истите оние, кои ги играат последните неколку натпревари во серија и тоа го прават одлично, Pazzini и Niang. Mario ќе чека шанса од клупата. Средниот ред е веќе константен (за жал без De Jong во него), а во дефанзива се очекува нов старт за Zapata покрај Mexes (за кој постојат најави дека може да му го препушти местото на Bonera но јас лично не верувам во тие комбинаторики). De Sciglio сè уште не е доволно фит па Abate ќе има нов старт на десната бековска позиција а на спротивната страна, константниот Constant.


Нема ништо поубаво од сигурна победа со која ќе го задржиме позитивниот моментум кој го добивме со аквизицијата на Mario Balotelli. Се надевам дека ќе ја задржиме сигурноста во дефанзива и ефикасноста во нападот.

Forza Milan!!!