Translate

Friday 31 August 2012

МНОГУ ПОВОДИ, ЕДЕН ПОСТ!

    Не знам колку е паметно за еден навивач на Milan да пишува пост на преминот кон последнот ден од летниот трансфер период, ама сепак се случија неколку битни работи изминатите два дена кои не би смееле да останат не искоментирани. Освен тоа, постот во еден дел всушност треба да биде и preview за мечот со Bologna. Одиме по ред...



        Клубот и официјално го доби Bojan од Roma! Лекарските прегледи утврдија дека дечкото немал расипани заби, ноктите му биле сечени, не пушел, ниту пиел (освен шампањско за роденден). А дали личи на оној Bojan, кој едно време во Barca ни создаваше дилеми чиј потенцијал е поголем, неговиот или на Messi, многу веројатно дека ќе видиме уште во Сабота кај Bologna. Ако доаѓањето на Bojan беше скоро завршена работа,  многу поинтересно беше денес со информациите околу Nigel De Jong. Две години наназад, Allegri не убедува дека за да бидеш негов DMC, треба да бидеш фудбалски убиец. Е овој, богами е сериски, со досие. Ако утре се покаже и здравствено, деструктивните намери на Max ќе доживеат кулминација. Потегот го оправдувам, сериозно, ни беше неопходен играч на таа позиција, а дали тоа требаше да биде креативец или џелат, ќе покаже времето. Тоа што никој не може да го негира е генијалноста во зделката. Стопати си се прашав сам себе: која е таа будала што дозволи продажба на играч како NDJ за толку малку пари? Околу другите шпекулации, останува онаа со Kaka. И добро е што има уште само еден ден од трансфер периодов оти што е многу, многу е. Ми се чини дека ако се врати во клубот, никој веќе нема да го вика Kaka. Името негово ми одѕвонува во глава! Толку многу пати го прочитавме тоа име, што сум сигурен дека ќе му измислат милиони прекари. :) Шпекулаторите вртат уште можен трансфер и тоа за покривање на најболната позиција – лев бек. Споменати беа: Antolelli, Peluso и Kolarov. И да не заборавиме, утре е последниот ден за уште едно големо засилување – заминувањето на Mesbah.

       Ждрепката беше добра! Немаме мега дуел, ама противниците не се екипи против кои можеш да се опуштиш. Баш она што ни требаше. Ако јачината на D групата е 9 од 10, нашава е некаде измеѓу 4 и 5. Задоволен сум ептен од противникот од третиот шешир, затоа што Anderlecht сезонава е бааги ослабена екипа. Ги гледав двапати сезонава (кладилница) + прво полувреме вчера и изгледаат растурено, недисциплинирано, хаотично. Не сум за доволен од Zenit, ама како на крај останаа тие и City, се прерадував на русите. И нив ги гледав двапати, еднаш тепаа многу комотно, еднаш изгубија од Rubin. И на двата натпревари беа доминантни, многу повеќе посед од противникот, го контрлираат мечот, нападот и е опасен, ама одбраната е решето. Тоа е екипа што ако ја нагазиш од старт, ќе ја чуваш мирна, ама ако не покажеш заби, ќе те изненадат, нормално ако си фаворит :) Malaga ми е тешка дилема. Требаше комплетно да се распродадат според најавите, ама решија да задржат нешто и сега се ни ваму, ни таму. Имаат сеуште солидни поединци и тоа е всушност главната опасност нивна, одат на индивидуални потези кои можат да решат натпревар. Не верувам дека ќе имаат сила да играат на два големи фронта и тука можеби ќе се преломат бившите арапски миленичиња. Тоа ја прави групата едноставна за прогноза – ние поминуваме како први, Zenit како втор. Исто и распоредот ни е одличен. Почнуваме со Anderlecht дома, па одиме во Русија и Шпанија.

       Во Сабота доаѓа многу важен меч. За нас, комотно може да се каже дека е нов почеток. Уште еднаш, неколку години во низа управата буквално го жртвува првото коло. Екипата што игра во стартното и колото после 31ви Август има толку многу промени што тоа не личи на ист клуб. Па формација сме менувале во рок од едно или две кола, заради сите тие операции во последен момент. И кога сите нормални клубови го знаат костурот на екипата уште пред почеток на сезоната и тренерот воигрува познати играчи, ние се правиме интересни со last minute captures. И нормално, никој не жали за поразот во жртвеното коло и уште понорамално, сите тие спасоносни потези се благодарение на милоста на Berlusconi. Ништо, менувај тактика, досадно е веќе. 
       Добро е што викендов не пречекува една од играчки најслабите екипи. Bologna уште трага по лидер во нападот, откако Di Vaio им кидна во Канада за да не го гонат во Scommessopoli. Денес беа блиску до Gilardino, ама уште ништо официјално. Си го дадоа и Mudingayi на позајмица и сега останаа со само едно позвучно име – Diamanti. Дури и единствените двајца прави напаѓачи, Pasquato и Gabbiadini, се позајмени играчи. Portanova и Perez (стандардни првотимци) им дисквалификувани за ова коло. Екипа по мерка за нашиот почеток на сезоната. Иако сеуште нема информација за повиканите играчи, може да се претпостават најголемиот дел од стартните 11. Abate е тешко веројатно дека ќе биде доволно фит, па за очекување е втор старт во низа за De Sciglio. Zapata ќе биде стартер во Сабота, заедно со еден од дуото Bonera-Yepes, а лево неприкосновениот Nini :) За очекување е и една ротација во средината, со тоа што Montolivo би отишол лево, Noce десно, а капитенот како последен везен, доколку е доволно здрав. Boateng повторно на CAM, со опција за прекоманда на RW, особено ако резултатот е негативен. Јас лично го очекувам Bojan како втор напаѓач, позади Pazzini, иако знам дека е пореално да го видиме SES на таа позиција. Како и да е, кој и да игра, што и да се случува, се освен победа ќе биде исклучително незгодно и во смисла на атмосфера и во смисла на пласман. Титулата не се добива во Септември, ама шампионската игра, тим и успех се градат цела сезона. Нека се знае дека новиот Milan оди на ново Скудето!

Siamo un Milan diverso ora, ma siamo sempre il Milan!! 
FORZA MILAN!!!



Wednesday 29 August 2012

Benvenuti a bordo ragazzi giovani!



Предност му давам на помладиот, сеуште малолетен дечко кој е најмладиот дебитант во Првата Француска лига и во своето време во Каен (30-ина професионални натпревари) постигна 5 гола. Арсенал и Њукасл се само дел од екипите кои беа заинтересирани за него, но откако првичната понуда за позајмица не успеа, Фестер долета директно во Франција да го договори Нианг на 3годишен договор за околу 1.7м евра.
Малку инфо може да се најде за него по интернетов, затоа јас би ве препратил во ФМ12 базата на играчи каде што слушам дека бил вистински вундеркид.

Вреди и да се спомене дека дебитираше за U21 на Франција со само 16 години а ако години наназад ја пратите елитната Француска фудбалска школа и имињата кои излегуваат од неа тогаш ќе знаете колку кажува оваа информација за него.

Совршен подарок за 22 роденден: Трансфер во Милан

Бојан Кркиќ мислам дека ни е добро познат на сите.
Истоимениот негов татко играл за Црвена Ѕвезда, Србин по потекло доаѓа од младинската школа на Барса каде што (ако им се верува на тамошните медиуми) постигнал преку 500-ина гола во сите младински категории. За сениорскиот тим на Барселона има одиграно преку 100-ина натпревари и постигнато 30+ голови. За Рома не беше многу забележителен постигнувајќи 7 лигашки гола на 33 натпревари во кој играл.

Сега интересниот (комплицираниот) дел:
Бојан е во целосна сопственост на Рома со важечки четиригодишен договор кој започна минатото лето и тој всушност доаѓа во Милан како позајмен играч од Рома. Она што ги прави односите комплицирани се клаузулите на Барселона при продавањето на Бојан: едната, која не ја искористија ова лето беше всушност откуп (buy-back) на Бојан со што Барса би и платила на Рома 17 милион евра, односно  реално би платиле 5 милиони, како разлика од 12те што ги добија од Рома минатото лето и  овогодинешната обврска на Барса од 17 милиони. Втората клаузула ја обврзува Барса да го откупи договорот на Бојан следното лето (Јуни 2013) за 13 милиони, односно реални 1 милион евра (13 - 12 милиони). Вторава клаузула ќе се активира само во случај ако Рома не ја "наткачи" понудата на Барса и го задржи Бојан, за што ќе мора да плати дополнителни 16 милиони евра, кои заедно до 12те што ги плати на стартот, оформуваат сума од 28 милиони евра, што Рома би ја плаќала на три годишни рати. Во зависност од тоа што ќе се договорат Рома и Барса, а е многу веројатно дека Рома нема да сака да плати дополнителни 16 милиони и Бојан ќе се врати во Барса, Милан следното лето ќе се договара за откуп на играчот од Рома (ако остане во Рома, со loan with option to buy) или за сосема нов договор со Барса (ако се врати во Барса). Многу едноставно! :))

Мене лично многу многу не ми прават ќејф овие 2 засилувања (можеби бидејќи сум на слична возраст со Бојан, тој ќе игра за Милан, а јас ќе пишувам за него.)
Лично би го преферирал Бендтнер пред било кој од овие 2ца но бидна што бидна ќелавиот ги кажа клучните зборови: "mercato chiuso" што во превод би значело само што почнавме да купуваме.
Позитивната страна од цело ова што мене ептен ми прави ќејф е што моментална возраст на нашиот напад (Пацини,Робињо,Пато,Бојан,EL92,Нианг) е 22.години! Да убаво прочитавте, додека пак просечната возраст на целиот тим варира негде околу 26 години.
Само го чекам моментот кога некој ќе каже "Милан пензионери".....

П.С. Прво Кармона, сега Кркиќ, уште Иниеста и Меси и наредно лето ќе го видиме Пеп и неговите костуми на Сан Сиро!



FORZA MILAN

Sunday 26 August 2012

E il momento




Време е да се вратиме онаму каде што застанавме пред 3 месеци! Време е да се видат сите оние тактички комбинаторики на дело! Време е конечно да изгледаме еден натпревар на ТВ а не да се мачиме по стримови! Време е Милан да се врати онаму каде што припаѓа – на врвот!
После оптимистичкиов вовед да се вратиме малку на реалноста која вели дека во последните 10 години само еднаш Милан загубил во премиерниот натпревар во сезоната. Сампдорија не е ни малку наивна, гладни се за да докажат дека нивното место им е во Серија А, и дека она пред 2 сезони беше само една лоша епизода. Сенаторите си заминаа, а и најголемите ѕвезди/лидери на тимот така што уште утре најверојатно ќе видиме тројца дебитанти како стартуваат.




 Да не должам многу момци, 18:00 Телма 17 годишната традиција продолжува и ни предстои најдоброто од фудбалска Италија!





Friday 24 August 2012

Некаде меѓу можностите и желбите



Уште точно 7 дена до завршување на преодниот рок. Преоден рок во кој фановите на Милан очекуваа многу, особено што клубот остана без своите 2 најголеми ѕвезди но барем засега, не добија речиси ништо. Единствен фудбалер кој би требало драстично да влијае со својот квалитет во стартните 11 на Милан е несомнено, Ricardo Montolivo.
Но да се вратиме наназад, Allegri веќе неколку пати повтори дека ќе биде задоволен доколку Милан ова лето донесе еден централен дефанзивец, еден фудбалер од среден ред и еден напаѓач.
Милан веќе го донесе Pazzini. Типичен fox in the box каков што Милан нема по пензионирањето на Super Pippo. Фудбалер кој доколку влезе во добра серија и со крената самодоверба може лесно да има сезона со 15+ голови. Од една страна, со доаѓањето на Pazzini би требало да бидеме покриени на позиција напаѓач. Сепак, тоа што Pato повторно оди по старите навики, предизвикува една резервираност кај управата која се чини, ќе сака да биде покриена со уште еден напаѓач.

Да дефинираме кои се реалните опции за засилувања во Милан.


- Синот! Баш така го дефинираат сите познавачи на состојбите во Милан, Ricky Kaka. Момчето кое е вечен фетиш на Берлу и G, момчето кое никогаш нема да биде заборавено и момчето кое секогаш ќе биде вклучено во сите можни комбинаторики за враќање во Милан. Разговорите се прекршуваат на оној дел каде што G бара позајмица а Реал сака целосен трансфер. Ricky има енормно високи плати за италијански прилики и веќе се согласи драстично да ги редуцира (за 3 милиони помалку). Со Ricky, Милан добива пред сè еден boost во моралот кај клубот и навивачите. Ricky и ваков каков што е, пак е нашата најдобра опција за креативност на теренот. Со неговото евентуално доаѓање веројатно нема да се зема уште еден класичен напаѓач поради тоа што со него во тимот, Милан може да игра и 4-3-2-1.

- Nicklas  Bendtner. Данецот кој никогаш не се докажа во Арсенал е уште една опција за нападот. Јас сметам дека би бил вишок потрошени пари пред сè поради тоа што веќе го земавме Pazzini.

- Omar El Kaddouri. Со своите 22 години важи за еден од најперспективните офанзивни фудбалери од средниот ред или популарно наречени во Италија, trequertista. Фудбалер на Бреша кој е цел на сите големи клубови во Италија но во последните денови е поврзуван со заедничка операција на Џенова и Милан (слична на онаа со Боатенг). Формулата за негова аквизиција би била таква што фудбалерот би бил купен од Џенова а потоа во Јануари, 50 % од неговите права би купил Милан и би се преселил на Сан Сиро. Милан има потреба од таков тип на фудбалер.

- Nigel De Jong. Деструктивецот на Man City е една од реалните опции за чувствителната DMC позиција која остана лабилна по заминувањето на Van Bommel. Таму прва опција е капитенот Ambro но тој не може да изигра цела сезона. Опција плус на таа позиција е и Montolivo, но општо прифатена констатација е таа дека доколку може да се реагира на пазарот, Montolivo би бил идеално да се игра во средниот ред десно, на позиција MRC со тоа што ќе има поголема слобода и ќе биде пооопасен за противничкиот гол. Токму во тие комбинаторики би дошла опцијата, De Jong. Со De Jong на DMC, можеме слободно да го играме Montolivo на MRC а Nocerino на MLC. Со евентуално доаѓање на De Jong, Милан може лесно да ја смени и формацијата во 4-2-3-1 со која De Jong во средината би му го чувал грбот на Montolivo.

- Lass Diara. Уште едно име за иста позиција. Голем проблем претставуваат неговите енормно високи примања и веројатно поради тоа Милан нема да може да го разгледа како опција. Сличен стил на игра како De Jong и слични реперкусии по играта на Милан како фудбалерот пред него.

- Royston Drenthe. Синоќа се појавија шпекулации дека Милан веќе и го пазарисал овој страничен фудбалер со договор до 2016 и примања од 3.5 милиони евра. Сличен стил на игра како Urby и слична позиција на теренот. Напаст во напад и напаст во одбрана. Неговото доаѓање може да значи менување на сегашната 4-3-1-2 во некоја поширока формација со крила како 4-3-3 или 4-2-3-1. Друга варијанта е да биде пробан на позиција лев бек (каде е нашето болно место) но верувам дека дури и еден Antonini би бил Maldini за него во дефанзива.

- Mbiwa, N'koulou, Kolo Toure... Сите овие имиња од одбраната се ставени во еден кош поради фактот што нивно евентуално пристигнување е врзано со заминувањето на Mexes. Доколку Mexes си замине до крајот на преодниот рок (не е тајна дека Милан бара тим за да се ослободи од него), веројатно е да пристигне нов централен дефанзивец. Во спротивно, не би се менувало во тој дел од тимот.



Многу комбинаторики кои многу можат да влијаат на позицијата на табелата но и на распоредот на фудбалерите на теренот. За само 7 дена ќе го знаеме конечниот состав и комбинаториките за формациската поставеност на теренот.

Forza Milan!!!


Wednesday 22 August 2012

Benvenuto Pazzo!


Веќе е и официјално, Giampaolo Pazzini è Del Milan!!

Она што беше само прашање на време веќе се реализира. Милан по барање на еден свој (сега поранешен) фудбалер направи трампа со Интер со која го доби Pazzini.

Pazzini е класичен fox in the box фудбалер кој многу зависи од самодовербата во својата игра! Секаде каде што играл, формата му била во тесна корелација со самодовербата! Кога Pazzini е со голема самодоверба, тој може да биде напаѓач со 20+ голови по сезона! Тоа го покажа во Сампдорија.
Кога дојде во Интер, на своето деби, за само 45 минути, по влегување од клупа успеа да постигне 2 гола. Со тоа доби огромна самодоверба и имаше полусезона од соништата за Интер. Веднаш следната сезона, имаше неколку натпревари без постигнат гол, со тоа повеќе време поминуваше на клупата отколку на теренот и имаше ужасна сезона. Значи на Pazzini му треба (само) доверба а тој ќе возврати со голови.

Не е тајна дека Милан подолго време бараше ваков fox in the box фудбалер кој реално го немаше во составот. Нормално, при секоја нова аквизиција во еден тим се поставува прашањето што тој би можел да му донесе на тимот и каде формациски би бил сместен. Во претсезоната сме сведоци на тоа дека Милан и Алегри менуваат меѓу 2 формации, класичната 4-3-1-2 од лани и нова, широка 4-3-3.



значи како што може да се види, Pazzini би играл централен напаѓач во широка 4-3-3 или најистурен напред во 4-3-1-2 придружуван од Pato или Robinho.
Нормално, тој би бил и првата замена за Pato при евентуална повреда на бразилецот.

Како и да е, верувам во Pazzo се додека не ми го докаже спротивното! Benvenuto Pazzo! E Andiamo!!

Forza Milan!!!


Monday 20 August 2012

WHAT WE LEARNED FROM THE 2012 PRE-SEASON!!!


     Подготвителниот дел е зад нас! За недела дена почнува нашата кампања. Најавувана како долга, мачна, тешка, црна. Ниту победата над европскиот шампион Chelsea или таа претходно против Schalke не ја промени атмосферата меѓу фановите. Многу повеќе се зборува за високиот пораз од Real Madrid и поразите во домашните припреми против најголемите конкуренти за Скудетото. Она што не ни дозволува целосно да ја анализираме ситуацијата воочи иницијалниот дуел со Sampdoria е практиката на управата да тргува во последен момент. Нема да сумирам користејќи претпоставки за најавените или ненајавените доаѓања и заминувања. Да резимираме што се случуваше изминатиот месец и што може да се направи со овој фонд на играчи, кој искрено, не верувам дека ќе претпри драстични измени. Да ја разгледаме ситуацијата со трите дела од теренот:
    Заради утеха и подобро расположение, ќе тргнам од најкомплетниот, најбезболниот дел - нападот. Функционира солидно, дури и во високиот пораз од Real. Не е кривица на играчите од нападот што на такви натпревари не добиваат топки или што треба да бидат вратени позади линијата на центарот, па малку се забележуваат. Да гледаме реално, Milan, со каков и да е тим после 31ви Август, во 90% од натпреварите е фаворит, има посед и ствара повеќе шанси. Во таквите натпревари, најчесто ќе биде поважно дали Robinho промашува зицери или дали Pato кончено ќе проработи на подолг рок, отколку дали Zapata подобро функционира со Acerbi или со Mexes. Односот на создадените шанси на нашите напаѓачи и опасностите пред нашиот гол во добри 30 натпревари во Калчото, како и сите натпревари се до подоцнежните фази од Купот и ЛШ, е во наша корист и многу работи зависат од напаѓачите. Реализацијата на креираните шанси досега е добра, а она што радува во нападот (и истовремено загрижува во средниот ред) е тоа што малку од големите шанси изникнуваат од креативците од средината. Robinho како главна сила во припремниот период, полека излегува од устите на злобниците и се повеќе го слушаме во позитивни конотации. Игра многу слично како и претходните сезони со тоа што има повеќе простор, многу повеќе менува позиција без да се плаши дека нема кој да го покрива и најважно, почесто погодува од убава прилика. SES е се подобар и подобар, ужива почит огромна за своите години, а како и не би имал кога покажува муда. Ако успее да се зачува од повреди би бил повеќе од одлична опција кај Max. Pato е случај засебе кој многупати е коментиран и сега ќе го оставам на раат. Има прилика да биде прв играч во тимот кој остана без ѕвезди и мое лично мислење е дека ова е тоа што му треба за промена на подобро. За Cassano ќе речам дека само се надевам дека ќе остане и дека тоа што го прочитав дека сам побарал трансфер е шпекулација. Обратно, би сметал за патетично копиле, кој никогаш нема да биде човек.
      Средниот ред е специфична секвенца од причина што тука Max има избор, но редот на играчи не е на ниво на клубот. Тука не постои играч кој е укотвен на неговата позиција. Широкиот ростер во средината може да биде меч со две острици. Она што лани го осетивме со повредите на везњаците, не сакаме да се повтори никогаш. Следствено на тоа, со трагови на страв во постапките на Galliani, видовме полнење на списокот играчи за врска како што ќе се стигне. Понекогаш мислам дека не остана играч од средината чиј договор е истечен, а не е прибран од G. Тоа го прави Max лагоден во смисла на избор, но не и конкретен. Ниеднаш летово не видовме ист среден ред, што можеби е добро, но може да биде и знак за недефинирано. Дали Allegri воопшто знае кој е неговиот среден ред? Ако знае, тогаш сум презадоволен, ако не, крајно загрижен. А не е баш добро кога имате два екстрема како опции. Единствената работа што поприличен број познавачи на клубот ја имаат како заедничка став е улогата на Montolivo како плејмејкер или она што го викаме DMC или она што некој ќе го рече дека е deep lying midfielder/playmaker. И реално е за очекување тој да ја превземе топката и поголемиот дел од креативноста да му се препушти него. Најспремен технички, со најдобра визија и најдобри пас квалитети – доволно речено. Левата страна не е резервирана за Nocerino! Тој игра таму затоа што немаме подобар избор. Noce не е толку доминантен во споредба со останатите соиграчи за да се каже дека е недоприлив. Големиот број голови лани, исто така не го прават бог. Оние што убаво ја познаваат играта на Milan знаат дека сезонава ќе биде доста потешка и посушна за него од една проста причина – заминувањето на Zlatan. Тоа е играчот што најмногу и најдобро ја користеше ротацијата на Ibra кон назад и гравитацијаташто ја поседува швеѓанецот. Constant покажа дека може да биде интересна замена баш на таа позиција кога треба цврстина и жилавост, а богами и брзина. Да не го заборавиме и Urby, на кој барем јас му немам дефинирано позиција, но има одиграно најголем дел натпревар баш на таа лева страна во средината. Ambro дефинитивно ќе биде backup опција, освен ако не дојде до потреба Montolivo да биде прекомандуван, а капитенот ја превземе неговата позиција. Десната страна е таа каде што сите останати, ама и дел од споменатите ја бараат својата шанса во првиот тим. Доаѓање на било кој од најавуваните трансфер цели кои се класични везњаци би значело пополнување на тоа место, но засега е една од главоболките на Max. Ако се прашувам јас, таму најдобро се снајде Traore. Но што е со довербата на Allegri кон Flamini? Што кога ќе се опорави Muntari, дали ќе ја промени страната од ланската сезона? Дали Strasser е дораснат да замени на таа позиција кога ќе се јави потреба? Многу комбинации, многу флуктуации трпи средината, а се надевам дека il Mister ќе ја пронајде правата многу наскоро и ќе ја има на располагање цела сезона. Делчето меѓу нападот и средината изгледа како зафатено долгорочно. И така ќе биде, само ако Boa остане играч што сака да напредува и е гладен за успеси. Глупав е, очигледно, ама многу глупави играчи успеале затоа што биле упорни (нема подобар пример од C.Ronaldo), а не застанеле после една единствена добра сезона. Се надевам дека не мисли оти е најдобар играч во тимот и единствената конкуренција за таквиот примат веќе замина. Две работи нека го замислат: прво, сите напаѓачи што моментално се тука, играле и можат да одиграат на CAM и второ, Valoti е тука. Не смее да се опушти, ќе биде штета.
      Ако ја изземеме голманската позиција каде сме убаво покриени, но истовремено немаме world-class избор, дефанзивата е проблемот на тимот. Тоа што е хроничен проблем и срам за дефанзивната историја на клубот го оставам настрана. Да се концентрираме на тоа што ни покажа изминатиот месец кога требаше да се споритставиме на туѓите напади. Главниот проблем е што ние немаме простор да зборуваме со аргументи за тоа кој треба да го сочинува стоперскиот тандем. На припремите таму најчесто ги гледавме Yepes и Bonera, најнеупотребливите играчи во тимот! А кого друг да токмиме за стартер? Mexes кој не одигра ни минута и слушавме единствено за негово заминување на позајмица или за Zapata кого го гледавме еднаш? Или пак некој ќе тврди дека Acerbi со тоа што го покажа дефинитивно ќе биде стартер сезонава? Навистина сум збунет за ова прашање и чекам на Allegri. Очигледно е дека тој двоец не функционира како што треба, кој и да се наоѓа во него. На ниедна од подготвителните мечеви не заклучивме дека двајцата стопери одиграа одлично. Некогаш ќе се спомнеше едниот, некогаш ниеден од нив. Acerbi одигра променливо периодов, а Zapata просечно против Juve. Очигледно е дека колумбиецот нема да го реши проблемот, па за да не страдаме до Јануари, јас попрво би се одлучил последната пара да ја дадам на CB, отколку на напаѓач (ако воопшто ја имаме последната пара). Жал ми е, ама дојде редот да ги спомнам и бековите. Јас тука имам едно прашање: Сигурно De Sciglio не може да игра лево? А да пробаме? :/ Ако кажеме дека Abate и солиден десен бек чиј омилен фудбалер е Usain Bolt, а најголем кошмар Diego Milito, што да правиме со изобилството на леви бекови кои можат да се сретнат низ Milanello? На последната припрема, помалку цинично за оние што ги бараат непријателските потези во пријателските натпревари, Juventus ни покажа дека има тројца леви бекови, за кои Conte не може да се одлучи кој попрво да го стави. Lichtsteiner влегува во 50 минута на место на De Ceglie, за во 85 минута да му отстапи место на Asamoah. Класична иронија... Најболното место во тимот години наназад, по се изгледа ќе остане најболно и сезонава.
     Нема да го резимирам резимето на припремите затоа што постот и онака е нерезонски голем, ама маката си го направи своето и се што собирав месецов, го напишав во три здива. Само се надевам дека магијата за мали деца на дуото G&B ќе проработи и ќе не спаси од страдање :)

FORZA MILAN!!!

Sunday 19 August 2012

Trofeo Luigi Berlusconi


Дојде време и за последниот посериозен тест пред почетокот на сезоната. Традиционалниот трофеј на Сан Сиро кој веќе неколку години наназад се игра против Јувентус. Трофејот (кој многумина сметаат дека го проколнува победникот поради сплет на околности во минатото) двата состави го дочекуваат во апсолутно различна атмосфера. Од една страна, Јувентус како актуелен шампион во Италија, екипа која сè уште е непоразена во натпревар по 90 минути (иземајки го купот), актуелен освојувач на супер купот на Италија и екипа која повторно имаше одлично трансфер лето. Јувентус имаше трансфер лето во кое ги пополнија (подобрија) сите свои дупки во тимот и чекаат само еден одличен гол играч за да биде затворена трансфер сезоната (веројатно тој напаѓач ќе биде Љоренте од Билбао).
Од друга страна, Милан овој натпревар (и воопшто оваа сезона) го дочекува во траорна атмосфера. Клубот ги загуби двата најдобри фудбалери во тимот а сè уште не донесе адекватни засилувања. Освен Монтоливо кој е фудбалер од вистинска класа, сите други фудбалери кои досега го засилија Милан се т.н fodder фудбалери односно фудбалери со кои клубот добива на квантитет и ротација но доколку не се случи некое чудо веројатно ниту еден од нив нема да донесе значителен квалитет на првите 11. Има уште нешто помалку од 2 недели за комплетирање на трансфер сликата на двата тима (која во случајот на Милан со било каков исход во овие 12 дена, нема да биде розева).

Во однос на вечерашниот натпревар, двата тима имаат отсутни. Кај гостите ќе недостигаат првиот голман и капитен, Буфон и креаторот Андреа Пирло кои се пожалија на ситни повреди.
Во тимот на Милан иронично, исто така ќе недостига капитенот Амброзини како и Ночерино кој вчера на тренингот се здоби со незгоден удар на зглобот па нема да се ризикува со него. Во ваква ситуација, првите 11 на двата тима би требало да изгледаат вака:


Мексес не е ниту меѓу повиканите и тоа носи нови шпекулации за неговата иднина. 
Constant кој остави солиден впечаток би требало да го замени Nocerino на левата страна иако и Urby кој беше во најдобра форма во подготвителниот период е опција. Уште една дилема е кој би заиграл покрај Bonera на CB но според последните информации, предност ќе добие Zapata (иако стигна во Милано пред неколку дена).
Јас не верувам во малери и проколнати трофеи и секоја било каква победа ќе ме направи среќен.
Инфо околу мечот кое го твитнав и на #MilanFansMkd, доколку натпреварот заврши нерешено по завршувањето на стандардните 90 минути, директно ќе се премине на изведување на пенали.
Друг интересен детаљ околу овој натпревар е фактот што за прв пат  ќе можеме да видиме како изгледа новата artificial трева на Сан Сиро која е составена како мешавина на вештачка, синтетичка и природна трева со која се надевам дека стихијното повредување на фудбалерите во тимот ќе стане минато.

Forza Milan!



Wednesday 8 August 2012

Benvenuto Zapata!



Милан изненадувачки на целиот спортски свет го осигура Zapata! Типичен G потег, кога цело време муабетите и мислите беа насочени кон 2-3 фудбалски дефанзивци од француската Ligue 1, G го стави по суво Zapata! Zapata доаѓа во Милано како позајмен фудбалер од Villareal со опција за целосен откуп. Ова е фудбалер кој неколку години беше на радарот на Milan и иако долго време игра фудбал уште е во фудбалски одлични години (25). Додека играше во Udinese важеше за еден од најталентираните дефанзивци во Serie A и беше големо изненадувањето кога наместо премин во некој од големите гиганти на италијанскиот фудбал, замина во Primera и Villareal. Во тоа време за повеќе од солидни за дефанзивец, 10 милиони евра, замина во Шпанија и се чини направи голема грешка. Веројатно половина поради тоа што тој лично не можеше да се снајде во шпанската Primera и половина од тимот во кој настапуваше (кој полека но сигурно се распаѓаше играчки) имаше голем пад во формата и екипата на Villareal дури ја напушти Primera. Сепак, јас многу добро паметам кој беше Zapata во Calcio и затоа сум среќен за оваа аквизиција! Момчето на неколку пати ја носеше и капитенската лента во Удине на свои 23 години!
Централен дефанзивец кој не е екстремно брз но има одлично читање на играта и уште поважно одлично се снаоѓа во италијанскиот фудбал (кој знае да биде и тоа како специфичен). По потреба може и да покрива на двете бековски позиции. Сигурен сум дека ќе се снајде во Милан и дека ќе биде дел од првите 11.

----------------------------------------------------------------------------------

Единствена лоша дамка на овој трансфер е што (зачудувачки) тој нема италијанско државјанство и ќе го окупира единственото слободно non-eu место. Тоа значи голем пресек на евентуалните засилувања во нападот, тоа значи нема Tevez, Dzeko или Damiao и веројатно тоа ќе значи Kaka + Matri до крајот на преодниот рок.
За ова не треба толку да ни пречи аквизацијата на Zapata колку што треба да ни пречи онаа на Gabriel, претходно.

Forza Zapata!

Forza Milan!!!