Translate

Wednesday, 22 August 2012

Benvenuto Pazzo!


Веќе е и официјално, Giampaolo Pazzini è Del Milan!!

Она што беше само прашање на време веќе се реализира. Милан по барање на еден свој (сега поранешен) фудбалер направи трампа со Интер со која го доби Pazzini.

Pazzini е класичен fox in the box фудбалер кој многу зависи од самодовербата во својата игра! Секаде каде што играл, формата му била во тесна корелација со самодовербата! Кога Pazzini е со голема самодоверба, тој може да биде напаѓач со 20+ голови по сезона! Тоа го покажа во Сампдорија.
Кога дојде во Интер, на своето деби, за само 45 минути, по влегување од клупа успеа да постигне 2 гола. Со тоа доби огромна самодоверба и имаше полусезона од соништата за Интер. Веднаш следната сезона, имаше неколку натпревари без постигнат гол, со тоа повеќе време поминуваше на клупата отколку на теренот и имаше ужасна сезона. Значи на Pazzini му треба (само) доверба а тој ќе возврати со голови.

Не е тајна дека Милан подолго време бараше ваков fox in the box фудбалер кој реално го немаше во составот. Нормално, при секоја нова аквизиција во еден тим се поставува прашањето што тој би можел да му донесе на тимот и каде формациски би бил сместен. Во претсезоната сме сведоци на тоа дека Милан и Алегри менуваат меѓу 2 формации, класичната 4-3-1-2 од лани и нова, широка 4-3-3.



значи како што може да се види, Pazzini би играл централен напаѓач во широка 4-3-3 или најистурен напред во 4-3-1-2 придружуван од Pato или Robinho.
Нормално, тој би бил и првата замена за Pato при евентуална повреда на бразилецот.

Како и да е, верувам во Pazzo се додека не ми го докаже спротивното! Benvenuto Pazzo! E Andiamo!!

Forza Milan!!!


14 comments:

ReBorned said...

Ви спомнав пред некој ден дека треба да очекувате повеќе панични трансфери како што се ближи крајот на преодниот рок. Еве! Ze Edouardo!!!

Navigator said...

Benvenuto и од мене, кој и да е. Веќе ми е whatever ситуацијава. Само нека дојде побрзо 31ви и конечно да го знаеме составот за да можеме реално да комбинираме и коментираме овдека на блогов.

FORZA PAZZO, FORZA ZE, FORZA MILAN!

Kole.22 said...

Преку глава ми е од патката.

Navigator said...

Убав резултат за Udinese против Braga. Се надевам ќе пројдат и ќе се најдат во групната фаза. Не знам за вас, ама јас навивам за сите италијански екипи во Европа. Сакам Serie A да си го врати третото место на таа табела со коефициенти и тоа четвтро место што води во ЛШ. Освен тоа, подолго би се задржувале екипите на повеќе фронта што автоматски значи понестабилен перформанс онаму каде што нас не интересира. Мило ми е што во ЛЕ Италија ќе има три силни екипи како Lazio, Napoli и Printer. А мило ми е и што Borussia M'bach скоро сигурно нема да го пројде баражот за влез во ЛШ после поразот сношти, така што Bundesliga-та како директен конкурент за тоа 3то место ќе има една екипа помалку.

ReBorned said...

Исто размислувам и јас. Синоќа го гледав мечот и бев за Удинезе а некни ја глесаб Менхенгладбах и бев за Динамо. Јармоленко беше брилијантен! (будно го следиме)

ReBorned said...

За секој потег на управата во последно време велиме дека е трагикомичен ама ова е врв!!

Типот веќе бил чекиран во NH hotel (каде што престојува и Bakaye Traore), објави на својот твитер дека е пресреќен и сега се враќа во Џенова!!

Тој не сакал да оди на trial од една страна и не можеле да се договорат Милан и Џенова за финансиите, од друга страна!

Ете зошто инсистирав да не се пишува постови додека буквално не се официјализира на сајтот! Еве нов пример!

ReBorned said...

http://www.twitter.com/ZarkoKa/status/238613747709661184

Ultras Milano said...

Мизерија еј, некојси Зе Едуардо го мољакаме да дојде мајко мила

Ultras Milano said...

SO OSEBENA CEST I ZADOVOLSTVO DA INFORMIRAM ( I ZA INAT NA DUSMANITE ) SERIJA A SEZONA 2012/13 EKSKLUZIVNO NA TELMA ! 16 GODINI PO RED!!!
Branko Ilievski via facebook 12 minutes ago.

Што ви реков? верувам во Телма јас :)

Navigator said...

IN BRANCHE WE TRUST! :)

Kole.22 said...

Ставив cover на фб страната, ако имате некои други слики-предлози или слично, слободно корегирајте.

ReBorned said...

Драган, да имав твој ФБ ќе те информирав и порано дека ќе има :)

Имаме и ФБ за блогов.

Ultras Milano said...

Се чуствувам.....предаден :) Одма ја најдов страната.

Navigator said...

Уште еден одличен ден за италијанските екипи во Европа. Две нови победи на Lazio и Printer, гостински, идентични со 0-2!