Translate

Wednesday, 8 August 2012

Benvenuto Zapata!



Милан изненадувачки на целиот спортски свет го осигура Zapata! Типичен G потег, кога цело време муабетите и мислите беа насочени кон 2-3 фудбалски дефанзивци од француската Ligue 1, G го стави по суво Zapata! Zapata доаѓа во Милано како позајмен фудбалер од Villareal со опција за целосен откуп. Ова е фудбалер кој неколку години беше на радарот на Milan и иако долго време игра фудбал уште е во фудбалски одлични години (25). Додека играше во Udinese важеше за еден од најталентираните дефанзивци во Serie A и беше големо изненадувањето кога наместо премин во некој од големите гиганти на италијанскиот фудбал, замина во Primera и Villareal. Во тоа време за повеќе од солидни за дефанзивец, 10 милиони евра, замина во Шпанија и се чини направи голема грешка. Веројатно половина поради тоа што тој лично не можеше да се снајде во шпанската Primera и половина од тимот во кој настапуваше (кој полека но сигурно се распаѓаше играчки) имаше голем пад во формата и екипата на Villareal дури ја напушти Primera. Сепак, јас многу добро паметам кој беше Zapata во Calcio и затоа сум среќен за оваа аквизиција! Момчето на неколку пати ја носеше и капитенската лента во Удине на свои 23 години!
Централен дефанзивец кој не е екстремно брз но има одлично читање на играта и уште поважно одлично се снаоѓа во италијанскиот фудбал (кој знае да биде и тоа како специфичен). По потреба може и да покрива на двете бековски позиции. Сигурен сум дека ќе се снајде во Милан и дека ќе биде дел од првите 11.

----------------------------------------------------------------------------------

Единствена лоша дамка на овој трансфер е што (зачудувачки) тој нема италијанско државјанство и ќе го окупира единственото слободно non-eu место. Тоа значи голем пресек на евентуалните засилувања во нападот, тоа значи нема Tevez, Dzeko или Damiao и веројатно тоа ќе значи Kaka + Matri до крајот на преодниот рок.
За ова не треба толку да ни пречи аквизацијата на Zapata колку што треба да ни пречи онаа на Gabriel, претходно.

Forza Zapata!

Forza Milan!!!

62 comments:

Anonymous said...

Презадоволен не е зборот кој би го употребил јас во случајов.
Ова ми е типичен G потег кој ми мириса како оној кога Сендерос дојде кај нас.
Запата не му е ни до копачките на Тиаго Силва ама нема потреба да почнувам јас сега таква тема.
Бидна што бидна, и јас лично а и вие реално не очекувавме ни Џеко ни Дамиао туку само се надевавме.
Тоа е тоа, ќе купуваме крпеници во тимот и ќе се надеваме дека барем еден од нив ќе упали.
Факт е дека овој Милан тоне.

Ultras Milano

ReBorned said...

Никој не е замена на Тиаго. Сигурно замена на Тиаго немаше да биде Yanga-Mbiwa или Ncolou (кои ги немаме и гледано како играат). Дечково го имам гледано неколку сезони и го знам што може да направи.
Од друга страна Yanga-Mbiwa веројатно ќе дојде или до крајот на летово или следната сезона (Montolivo style).

Кога сме кај Montolivo, за жал имал повреда и нема да настапи вечерва против Реал.

Anonymous said...

Со стримови ќе се мачиме така? спортклуб нема да не израдува?
Јас иначе само што ги симнав трите пријателски со Олимпија,Шалке и Челзи да надоместам што сум пропуштил.
Ќе мора да ми простите на песимизмот ама што е тука е, јас си го кажувам моето гледиште само.
Составот вечер?
Ultras Milano

ReBorned said...

----------Абијати

-Абате--Бонера--Ацерби--Антонини

---Фламини--Амброзини--Ночерино

------------Боатенг

------Робињо---------Касано

Со тоа што тројцата во нападот би требало да имаат многу вкрстувања, да се менува таа формација во 4-3-2-1 со Боатенг како лажна 9ка иако со Касано во тимот и неговата статичност тоа е полесно да се каже отколку да се направи.

Монтоливо има некоја незгодна повреда и затоа нема да стартува.

Се шпекулира некоја луда трампа на Касано со Бориело (?!?!) на која воопшто не обрнав внимание се до денес кога претседателот на Рома јавно призна дека добил неофицијална понуда (преку телефон) за Касано?! Веројатно Касано е незадоволен (како што и изгледа) и можеби тој притиска да си замине од Милан но делот со Бориело веројатно е зачинување на манџата.
Ако Касано толку е разочаран и сака да си замине од Милан јас (а и верувам сите росонери) сум многу поразочаран од неговиот однос после се што клубот направи за него!

Anonymous said...

Ма мене повеќе ништо не ме разочарува, нека си иде и Касано и било кој повеќе би ме интересирало кој ќе дојде по него, Бориело?? Сериозни ли се луѓево? Дестро ни кидна во Рома, Балѕарети исто така за некои нецели 4.5 м ќе си останеме ние со прстот во уста на крај очигледно.
Ultras Milano

ReBorned said...

А ти што не се логираш кога пишуваш, што ми изиграваш бесни глисти? :))

Anonymous said...

Неможам да го користам тој gmail акаунт повеќе како што ми се гледа.
Сите можни пасворди и рикавери системи ги пробав не бива, изгледа нов ќе треба да правам ама немаме гајле сега ќе може вие да ми дадете авторизација за пишување :)

Anonymous said...

Само што ја изгледав пријателската со шалке.
Позитивни оцени за Де Шиљо,Урби и Ачерби до некаде.
За Урби не само голот, во 8мата минута му испрати една феноменална топка на ЕЛ92 и овој при 1 на 1 ситуација не реализираше, + уште неколку добри дијагонали се на се одличен беше.
Ачерби ми е некој микс од Јепес и Неста.

ReBorned said...

А ти затоа ли толку си активен со коментари, затоа што ќе ти треба авторизација за пишување? :))

ReBorned said...

Составот е истиот оној што јас го постирав претходно. Стримови донирајте во коментари или внимавајте на хаштагот на блогот.

Anonymous said...

http://lsh.lshunter.tv/streams/1/lshtv7.html

Navigator said...

Накратко за она што денес се случи: поприлично сум задоволен, повеќе од просечен играч дефинитивно!
За она што сега почна да се случува, ќе коментираме допрва.

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

ете го принцот со 10ката и ночерино со 8ката.

Navigator said...

Седум работи што ќе ги извлечиме од полувремето:
1. Подобри се бре, дефинитивно!
2. Никој на светот не може да загради топка (кога излегува во голаут) подобро од Bonera!
3. Acerbi е дефинитивно Nesta-type играч!
4. Почнав на секој натпревар на Antonini да посакувам да му е последен за Milan. Само Pepe е поглуп на теренот!
5. Американците се дефинитвно најлесната нација ако треба да им продадеш нешто. Апсолутно површни, абе... идиоти!
6. Во средината ќе има едно слободно место за кое ќе конкурираат 5-6 играчи, покрај оние сигурните на Montolivo и Nocerino!
7. Да не се лажеме, Kaka не доаѓа, едноставно нема место. Boa не може да игра ни како напаѓач, уште помалку како MRC, а најмалку да биде на клупа!

ReBorned said...

Од моја перспектива на полувреме:

Прво лошите нешта:

Во одбрана игра само Бонера! Абате, Ацерби и Антонини се ужасни а Бонера трча на сите страни да покрива!
Како и што знаеме со години наназад, нашата најголема болка е во втората третина од теренот односно играта околу кругот на центарот од игралиштето. Фламини, Амброзини и Ночерино, сите тројца се disaster waiting to happen а особено кога играме против опонент кој врши жесток притисок цело време, треба некој од средината на теренот да ја нагази топката и да ѝ даде на нашата одбрана да земе малку воздух. Ние во моментов имаме само еден таков фудбалер во тимот и тој е повреден (Монтоливо).
Ако таа тројка во средниот ред не важи за фудбалери техничари, важи (или барем би требало да важи) за фудбалери деструктивци, фудбалери кои ќе го штитат нашиот гол и ќе ја разбиваат играта на противникот. Ништо од тоа! Реал игра најчесто преку крила па тие 3 фудбалери во линија не можат да покријат ништо по страните а не се ништо подобри и кога Реал пенетрира централно! Значи подеднакво лоша игра на фудбалерите од средината со оние од одбраната но би рекол дека полош ден имаат фудбалерите во средниот ред бидејки голем дел од проблемите на дефанзивците беа предизвикани токму од загубени топки на непријатни места во средината од страна на нашите деструктивци!

Веројатно добра вест би било тоа што кога ќе се помине тој мачен среден дел од теренот, напред напаѓачката тројка знае и од ништо да направи нешто. За жал не го видовме тоа многу пати но очигледно е дека знаат да направат збрка во противничката одбрана и со само 2 или 3 фудбалери во офанзива. Бињо прави се што може, Боатенг повторно ми игра Примадона а Касано мора да се' среди ментално! Не беше толку лош но нема желба за игра!
Касано за жал се претвора во Роналдињо, не се движи низ теренот и кога ќе прима топка знае да прави фантастични асистенции, таков беше Бињо во последните неколку месеци пред да биде отстранет од Милан!

ReBorned said...

Разлика во класи! Колку и да е голем поразот можеше да биде уште поголем! Човек да состави еден фудбалер од Антонини и Месбах треба никогаш да не му даде да заигра на терен :)

Рики Кака со 3 асистенции по влегувањето во игра! Сепак прашање е дали доколку е во дресот на Милан и ги даде тие топки на Роналдо, Серхио Рамос и Каљехон ќе има некој да втрча во празно (и уште поважно) да реализира!

Би сакал пак да го видам Траоре на DMC.


Што би рекол сега G? We are fine as we are?

Мислам дека Касано ќе го напушти Милан а Кака и веројатно Матри ќе пристигнат. И тоа ќе биде тоа! А и аматер гледа дека сме лоши на средината, којзнае ако тие пари што ќе ги дадеме за 30 год. Кака и неговата плата (која доколку би се согласил да ја намали ќе биде пак 5 милиони евра по сезона) ги вложиме во еден Ериксен или Стротман, ќе добиеме повеќе. Ама со Кака се купуваат емоции на навивачите, со Кака се допираат таму каде што ги боли и со Кака се мачкаат очи!

Navigator said...

Што е многу, многу е! Ај да си легнам, да се средам малку. Со анализи се читаме утре!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Можеби наместо Кака да дојдеме до Сахин би било многу подобро за Милан како тим. Веќе го имаме Боатенг на AMC а Монтоливо, Сахин и Ночерино зад него делуваат доста солидно! Тие го даваат Сахин, би бил одлична аквизиција за средниот ред на Милан!

И на крајот на краиштата повторно дојде до израз должината на клупата во двата табори. Со сите здрави први 11 можеме да се носиме речиси со секој тим во светот но доколку само 1 недостига поради повреда/суспензија... немаме замена!

Kole.22 said...

Прашање вон тема: Сигурни ли сте дека Телма го има откупено калчото за следнава сезона?

Anonymous said...

glava stavam :D

Kole.22 said...

Дека не видов ниедна реклама за сега, а на фб страната на телма доста луге прашуваат.. Нема шанси 15-16 годишна традиција да се прекине :)

Anonymous said...

pa ako ne davaat calcio na telma ke im ostanat samo 432233 reklami za makpetrol i honda na den i western filmovite so john wayne taka da logicen poteg e da daat nekoj denar za zabarite :D

ReBorned said...

Лани имаше иста недоумица, го контактирав Бранко на меил и човекот убаво ми даде информација. Го контактирав вечерва пак па ќе споделам тука...

Anonymous said...

Официјално нема пошто ќе пуштеа еден џингл ама сум оптимист дека ќе има.
Околу утакмицата нема што да кажам, резултатот беше доволен показател колку очајни сме и колку пред нас се Барса и Реал.М.
Ultras Milano

ReBorned said...

И уште една работа, натпреварот ја покажа состојбата на клупата. Со сите здрави први 11 можеме да се носиме но немаме никаква клупа. Од друга страна, Реал има речиси подеднакво добра клупа како и прв состав.

ReBorned said...

G бесен на Алегри затоа што направил дури 9 измени против Реал Мадрид и со тоа директно кумувал на финалната катастрофа! Вели дека не смееме да правиме 9 измени против Реал Мадрид! Свесен е дека со тоа се покажа вистинското лице на Милан против топ екипи со кои евентуално би се сретнал во ЛШ! И веднаш потоа, во следната реченица, самиот се фаќа во сопствените зборови и несвесно си дава сам на себе одговор:

Galliani: "Mourinho also made many substitutions? But have you seen their bench? Kakà, Higuain, Arbeloa."

Navigator said...

И дефинитивно Serie A годинава нема да има тренер со перика! Цели 10 месеци за Conte! За Bonucci и Pepe обвинителот бара три и пол, односно година дена суспензија.

ReBorned said...

Нема да биде присутен само на натпреварите, тренинзите пак ќе ги води тој.

Фудбалерите најверојатно ќе ги ослободат од обвинение.

Ultras Milano said...

Фарса.
Него сега ми останува да се надевам дека ќе ми се исполни лудата желба да дојде Џузепе Роси, мислам дека Галијани може да направи некоја магија и за 10ина милиони да го земеме.

Navigator said...

По којзнае кој пат се уверивме во две работи денес:

1. Составот не го добива трофејот, туку перформансот на тој состав!

2. Juve секогаш го добива трофејот кога добива пенал, а противникот добива 2 цврени картони и си дава автогол!

Navigator said...

Титулата на PSG во Франција нема да му ја донесат Thiago и Zlatan, ни Lavezzi и Verratti, а богами ни Carletto. Ќе ја освојат титулата затоа што спроти себе имаат второразредни тимови како противници! За Ibra ми е сеедно, ама криво ми е што TS ќе стагнира или уште полошо, ќе назадува во кариерата!

ReBorned said...

Знам дека е прерано да се критикува ама ми се гади кога ќе видам на што го потрошивме првото нон-еу место во најважната година за клубот (поради реконструкцијата од една страна и поради FFP кој стапува на сила следната сезона)! Знаете на кој мислам!

Од друга страна, ова е традиција... можеби и намерна за да нема притисок за купување на нон-еу имиња кои се поскапи отколку европјаните (италијанците).

Kole.22 said...

Бранче уште не врати на мејлот?

ReBorned said...

Не, изгледа и тие уште не се сигурни...

Navigator said...

Мој другар по Принтерска линија контактирал со горенаведениот и наводно проблемот не лежел во Макпетрол, туку во имателот на правата. Тие сметале дека пазарот кај нас е мал (што е апсолутно точно), а телевизијата не е сателитска и гледана надвор од Мк. Како регионален трансмитер ја имаат српската Арена, која побрзала и платила поголемка сумичка, случајно СпортКлуб да не се намерачи на италијаните. И сега биле во фаза на натегање :)
Тоа ми го кажа дечкото, ама не тврдам дека е вистина.

ReBorned said...

Цела сезона низ стримови? Страшно!!

Ultras Milano said...

Катастрофално на кое дереџе дојде Серија А.
Спортклуб тешко, веќе ја зема Примера а ја пратат и Премиер Лигата.
А ако не се лажам и холандската,белгиската и португалската лига успутно ја пренесуваат.
Евентуално на СК приме или некој од другите канали ама тешко..
Јас околу ова сум оптимист дека пак ќе гледаме калчо на Макпетрол ТВ.

ReBorned said...

Веројатно Џузепе Роси ќе биде новата аквизиција. Фудбалер кој мене лично ми беше еден од поомилените но морам да потенцирам имаше 2 ACL повреди, тип на повреда по која често спортисти по само една ја завршуваат кариерата.
Уште една работа, Роси нема да може да игра најрано до февруари и прашање е во каква форма ќе биде по таа повреда. Ваква повреда имаше и хрватскиот бразилец и член на Арсенал, Едуардо и сите добро знаеме дека потоа никогаш веќе не беше истиот фудбалер.
Го обожавам момчето, тој го обожава Милан (милион пати досега потенцирал дека е фан на Милан од дете и беше на стадионот против Реал). Голем ризик...

ReBorned said...

И уште една шпекулација која на почетокот делуваше смешно но сега зема се поголем замав: Милан и Арсенал ќе ги заменат Мексес и Бендтнер на едногодишна позајмица. Милан сака да се ослободи од тешките плати на Мексес а бара корпулентен, физички цврст напаѓач напред.

Kole.22 said...

Уште нема ништо?
На стримови нејкам ни да помислам.

ReBorned said...

Од неофицијални информации, Телма и оваа сезона ќе пренесува Калчо, за нив последна. Имало некоја опција да влета МТВ во последен момент но се чини Телма има сигурен терен уште сезонава.

Navigator said...

Дефинитивно нема "сигурен" терен, затоа што ќе одеа реклами за новата сезона, како сите години наназад. Ми изгледа и се надевам дека сепак ќе успеат да го земат Калчото, ама онака, на стара слава, заради долгите години емитување. Да не речам на шмек, а тука предничи Бранче :)

ReBorned said...

Знаев дека нема да се купува многу ама ни на крај памет не ми доаѓаше дека толку ќе бидеме очајни на трансфер берзата! Ги продадовме 2 најдобри фудбалеро, играчи од светска класа, добивме 62 милиони евра, заштедивме преку 170 милиони заедно со платите а досега имаме потрошено 4.9 милиони евра!! Имињата со кои се поврзуваме не ветуваат ништо убаво. Еве го и Берлускони трофејот зад врата, историски гледано низ годините наназад Берлу тогаш сакач да се перчи со новото засилување до него ама ништо не алудира на тоа сезонава! Јас знам дека ќе се чекаат децата ама не можеме да не правиме ништо до тогаш! Со овој состав ќе имаме проблеми да останеме во топ 3 и да избориме место во ЛШ следната сезона, титулата да не ја ни коментираме! Досега рекордно ниски 19.230 сезонски билети, сезоната кога го продадовме Кака имаше досега рекордно ниски 29.000 во ерата на Берлускони. Доколку сериозно не се интервенира на пазарот овие 15 дена (а не гледам знаци за такво нешто)не верувам дека ќе се продадат уште 10.000 сезонски билети за да се стигне до таа сезона. Со голема веројатност ова ќе биде најлошата сезона на продадени сезонски билети во ерата на Берлускони! Клубот тоне!!

Ultras Milano said...

Очајни сме.
Мора промени од корен.

Ultras Milano said...

И? Што мислење имате за нашите момци? За тандемот Огбона-Астори што ќе кажете?
Пола младинска селекција беше повикана.
Твитнав и пак ќе речам, се заебавме што го испуштивме Дестро! Со со EL92,Дестро и Роси здравје боже ќе имаме ударно трио напред на кое им предстои одлична иднина во Nacionale.

ReBorned said...

Да, Дестро покажа дека може да биде вистинско откровение за Рома сезонава и дека има нос на вистински напаѓач иако на неколку пати премногу гореше од желба да постигне гол и можеби требаше да асистира наместо да се обидува самиот да финишира.
Стефан Ел Шарави и во репрезентацијата го покажува тоа што го ценам најмногу кај него. Момчето работи во дефанзива. Неговиот work rate е чиста 100ка! Не комплицира, игра едноставно а неколку пати му помагаше назад на Балзарети и одзема неколку топки централно во полето на Италија. Имаше еден одличен соло пробив кога кај СОПСТВЕНОТО (италијанското) корнер знаменце успеа да исфрли од игра прво еден а потоа уште еден фудбалер на Англија со одлични потези и само за малку топката излезе во аут.
Ноче играше топло-ладно, неколку погрешни додавања но и една фантастична no look pass топка со очи која наместо до Пелусо (лев бек) дојдеше до некој напаѓач ќе беше речиси сигурен гол. Не очекував дека Ноче може да дава вакви топки ама оваа е веќе втора одлична асистенција после онаа за голот на Робињо против Реал.
Абате си е Абате, трча со 200 на час па потоа не може да центрира. Треба задолжително да тренира центаршут во полн трк во Миланело.
Сè на се, одличен натпревар во кој Италија и Прандели покажаа дека имаат визија за иднината и реална основа за позитивен резултат.

P.S Кога сме кај иднината на Италија, денес Италија U21 ја прегази Холандија со 3-0.

ReBorned said...

Да, заборавив и за тандемот назад.
Астори делуваше сосема солидно, да не кажам одлично! Зрело, тактички и технички одлично поткован фудбалер. Можеби требаше да одиме на него место Ачерби но да не заборавиме, Ачерби лани беше избран во тимот на сезоната пред Киелини. Интересно, убедливо најлошо од дефанзивната четворка играше Балзарети, Јагјелка му побегна на него за првиот гол а имаше уште еден куп промашени и сомнителни додавања.

Anonymous said...

nema calcio nema spansko samo anglicanite i svabite ke gi gleame ovaa god. TAPA

Ultras Milano said...

Незнам, мене за Дестро ми е многу криво.
Знам за кој продор на EL92 мислиш, а за Абате и твитнав, песимист сум дека некогаш ќе научи да центрира.
Ачерби беше солиден според мене и добро се позиционираше но несигурен на моменти али млад е, но со Огбона како тандем мислам дека одлично би функционирале.

Ultras Milano said...

Астори де, не Ачерби.

Kole.22 said...

Шпанско ке има на спортклуб, макар да освен барса-реал не ни гледам, а телма на страницата на фејсбук објави дека преговорите за калчото се сеуште во тек.

ReBorned said...

Коле мала но многу важна додавка, SportKlub Prime, баш тој канал што го нема во МКД (јас ги имам SportKlub и SportKlub + на MaxTV)

Kole.22 said...

Исто и ја, но тоа не ми мења пошто шпански лиглиња ретко гледам, ти викам само класико.

ReBorned said...

MaxTV молчи и ги тестира сите канали на Arena Sport (1, 2, 3, 4 и истите во HD). Arena Sport сезонава ќе пренесува ЛШ, Лига Европа, ИТАЛИЈАНСКО и Француско.
Сепак останува нејасно дали каналите ќе бидат пуштени целосно или само за натпреварите од ЛШ (MaxTV претходно најави дека освен преносот кој ќе оди на МТВ, гледачите на MaxTV ќе можат да гледат и уште други 4 натпревари по вечер).
Се надевам дека Arena Sport ќе биде пуштена целосно!

https://twitter.com/ZarkoKa/status/236180556784750592/photo/1

ReBorned said...

FOOTBALL. The new INZAGHI: "I dream of another Champions and say thanks to MOURINHO"


Gazzetta dello Sport - First day as manager of the Students: "Jose has convinced me to quit, the top players end up in the top clubs. Ancelotti my model "...

(F. Della Valle) - You see it in the middle of the field, surrounded by kids who have less than half his age, and you seem to be one of them. The physicist Philip Inzagh is the same as always, the instinct of the goalscorer also (if there is a ball that passes from its parts he can not resist the temptation to kick in the door), the novelty is that the whistle used to call the 'attention. Pippo was workaholic as a player and did not change the skin: the first training of the students ended up with 10 minutes late, but no one complained. The players hung on his lips. Twenty minutes of heating, then so much ball. And at the end of the match, in which Inzaghi has struggled not to participate.


Inzaghi, who do you feel about being called mister?

"It makes me feel old ... The guys give me of her, I am a bit 'scared, but I have been very helpful. I had a technical meeting of 20 minutes and when I finished no one budged. I was immediately clear: always forgive a goal or a bad clearance but I'll be intransigent with evil who goes to school, does not do well in college, who do not respect the rules and not s'allena to death. "


How many have called to wish you good luck?

"Ancelotti was the first this morning at 8.30. Galliani and Gauls call me every day, even my mates and Tassotti were felt. The Agnelli sms and phone call Mourinho made ​​me particularly happy. "


Allegri did not make ​​himself felt: why between the two of you there has never been feeling?

"I do not know, I have no problems with anyone. I feel calm, I did everything for the good of Milan, everybody knows what happened. Each set human relationships in his own way. "


Nesta and Gattuso have chosen not to remain despite the company tried to keep them. You do not mind that she has not been offered another year?

(Smiles) "We all know what happened, I realized that I could no longer play in Milan and this made ​​me choose to stop because I did not want to wear another jersey. If it were up to me I would have continued for another year, but now I know I did the right thing. If I could write the match against Novara I would not have imagined so beautiful: I have goals in my curve to the 300th game with Milan, 126 goals in AC Milan, the sum is 9 as my number. All this has paid me a difficult season. This summer I wanted Granada, Mourinho called me and told me "the top players end up in the top teams." He's right: it was right to stop. "


Gattuso spoke of a lack of respect in the locker room last season, especially by young people. She also experienced a different climate?

"If Rino said some things you see that has seen them. It will mean that I and the other coaches of young people we have to be good at teaching respect for the rules. "


Ibrahimovic came to visit you in Formentera in the hot days of his transfer to PSG. What did he say?

"He's a great friend, I'm in contact with him every day. If he could choose he would stay in Milan, but he's a professional and Ancelotti told me that he's been training very well."


ReBorned said...

Without him and Thiago Silva but Milan is weaker: it can still compete with Juventus for the Scudetto?

"I think so. AC Milan will start again, gave people who can lead by example and can do a great championship. Even Juve last year was not given to winning, but has put together everything he had. "


Are you happy to see his jersey on the shoulders of Pato?

"Yes, and I hope the luck. The 9th is a great responsibility before me have worn Marco Van Basten, Weah. Never before has the AC Milan will need him. "


What do you miss most from the coach?

"The dressing room and yell after a goal. But I am sure that I will know other emotions. After the Champions League as a player's dream to win a coach. As Ancelotti, who will always be an example for me: he knew the right mix of carrots and sticks. But Mutti and Cagni have taught me so much. "

ReBorned said...

https://fbcdn-sphotos-a-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash4/304938_10151003570026937_1171309231_n.jpg

https://fbcdn-sphotos-g-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/557345_10151003570121937_1317626957_n.jpg

https://fbcdn-sphotos-d-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/528055_10151003569611937_1505975330_n.jpg

https://fbcdn-sphotos-g-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash4/292383_10151003569671937_771906695_n.jpg

https://fbcdn-sphotos-e-a.akamaihd.net/hphotos-ak-snc6/217812_10151003569761937_1769763071_n.jpg

https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/hphotos-ak-snc7/484508_10151003569831937_1424278868_n.jpg

Ultras Milano said...

Ќе ни треба и на нас време да навикнеме да го гледаме Пипо во друга улога :)

ReBorned said...

Касано ќе си замине од Милан.

Ultras Milano said...

Source? А тапа е што за неговиот учинок на теренот никад нема да ги извадиме парите од продажба.

ReBorned said...

Извор, мое лично мислење. Доколку најдат понуди за Мексес и Касано ќе ги продаваат.

Brian said...

nema calcio nema spansko samo anglicanite i svabite ke gi gleame ovaa god. TAPA