Translate

Tuesday 29 December 2009

A.C. Milan Primavera

Интересна тема се отвори,дефинитивно многу интересна се што имате да си кажете слободно тука :)





Saturday 26 December 2009

ЛЕОНАРДО НА ТАПЕТ



Ај тука да си кажиме се што имаме за нашиот тренер..мислам дека е позгодно со нов пост..
FORZA LEO, FORZA MILAN!!!

Saturday 19 December 2009

Fiorentina-Milan -Здравје боже коа ќе биде : )


За разлика од останатите ова привју ќе го почнам со она што е најактуелно-ждребот во ЛШ.
Ни се падна Јунајтед,бухуу какво изненаџење ако не Ман Ју ондак Арсенал или Челзи не ни бегаа гарант пошо очигледно е дека УЕФА се повеќе сака да гледа Итало-Англиски дуели а и дуели во кои играчи и тренери се соочуваат со своите поранешни тимови(Бекам,Бензема,Мурињо и тн.)и воедно давање на поголема шанса за прогрес на оние секонд рејт клубови(Цска,Севиља...)
Со Ман Ју имаме одличен хисотри рекорд арно ама они се 2 пати појаки него шо беа пред 4 односно 2 години,додека ние пак искрено малце по малце опаѓавме.Сето ова гарантира 2 одлични утакмици па што биде нека биде и онака, така ќе биде поинтересно а не ко порано да ги газиме по 3-0 :Р

Гостуваме кај Виола после првиот пораз по неколку месеци(уф ама јако звучеше ова xD).арно ама сеа иаме и плус дифензив проблем односно Тиаго не се опорави навреме и нема да биде ни на клупа!Така да ќе треба да се моливме во светото дуо Фавалали и Шалаладзе дека нема да примиме повеќе од еден глуп гол :)
Друго се ќе биде исто мање више со лест минит инфо од Лео дека Дињо ќе биде сумљив за настап.


Така да од повиканиве:

Dida, Roma, Storari
Antonini, Favalli, Jankulovski, Kaladze, Nesta, Zambrotta
Abate, Ambrosini, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf
Borriello, Inzaghi, Huntelaar, Pato, Ronaldinho


Би требало овие да почнат

Дида
Абате,Неста,Фавали/Каладѕе,Антонини/Замбро
Амброзини,Пирло,Сидорф
Пато,Бориело,Дињо(?)

Составов треба да биде сватен со резерва поради неколкуте дилеми и фактот дали Дињо уопште ќе игра што би значело сасим друга формација.

Идеме на победа(нерешено)па да одмараме до 6ти Јануар таму.

П.С. Би ценел ако СИТЕ членови на блогов се активираат МАЛЦЕ повеќе ако не со постови барем со коментари,пошо бед ми е на мене да глеам пост кој сум го мислел и пишувал пола саат да има 5-6 коментара од кои 2 од мене.


FORZA MILAN !!!

Sunday 13 December 2009

Milan-Palermo 0-2


Дефинитивно ова е еден од ретките порази кои можам да ги примам со крената глава.
Палермо изигра одлично а ние немавме ич среќа,како на теренот така и со некои повреди но се на се олеснувачки ни е податокот дека и мерда киксна така да лесно ќе го прифатам поразов.

Значи да повторам уште еднаш Палермо изигра одлично,ни одржа лекција како се прави брз контра-напад.А за Миколи незнам што да кажам...ремет и при двата гола,незнам колку можеше да направи Замбро при првиот ама за вториот...ги нанижи Неста и Антонини(2 пати)пред среќно да стигне топката до Брешано.На крајот кога беше заменет јас искрено со аплауз го испратив,сепак одлично одигра и плус е дете на Милан :)

Кај нас нема индивидуално да ги оценувам играчите затоа што е крајно дволично да ги плукам луѓето кои сум ги возвишувал пред 2-3 дена :)
Интересен беше потегот на Лео да започне со Абате на местото на Пато но на крајот се покажа како неуспешен.И уште еден потег за кој може да му забележиме е невлегувњето на Хунтелар.Мислам ок е што го внесе Фламс,но која е поентата при резултат од 0-2?Како и да е млад е Лео сакаше да експериментира не му се врати тоа најдобро па затоа еве памет за друг пат и искуство повеќе.
Само за крај да додадам дека Едисон Кавани е најголемото ѓубре што постои и најлигав мрсул од сите,нема потреба од образложение нели?За негова среќа само Фламс беше толку фин и само го погали со лактот(мада после другиот дел од лактот го испи Пасторе неколку минути подоцна :)
А да и уште нешто,мило ми е што Фавали се врати во првиот состав наместо на Шалалалаладзе :) Фавалињо може еден Крауч да го носи на плеќи,па што е Миколи за него :)


Следува Виола на гости,натпревар на кој со нерешено би бил задоволен.



FORZA MILAN !!!

Milan-Palermo

Појма неам кој е филмов,случајно ја најдов сликата

Уште еден многу важен натпревар при кој треба да пристапиме многу претпазливо и со максимална посветеност.Иако Палермо моментално не го покажува својот целосен потенцијал тоа не значи дека незнаат да бидат незгоден противник.А имаат и играчи со кои можат да бидат незгодни и да ни створат многу проблеми на нас.
Јуве киксна што би значело дека со евентуална победа ќе се одлепиме на цели 4 бода од нив.
Остануваат уште овој и натпреварот следната недела со Виола на гости за завршување на 2010тата година,па така да најубаво би било со победа на последниот натпревар дома годинава да си го олесниме патот понатака а и воедно да ја продолжиме победничката серија.

Кај нас недостасува Тиаго Силва што е голем проблем затоа што со Неста формираа одличен тандем,и затоа во наредните 2 натпревара ќе бидеме во милост и немилост на Калалалаладзе.
За Абијати,Бонера,Онијеву,Гатузо и осталом знаете уште од поодамна нема потреба да се говори...

Dida, Storari,
Antonini, Favalli, Jankulovski, Kaladze, Nesta, Zambrotta, Abate
Ambrosini, Flamini, Pirlo, Seedorf
Borriello, Di Gennaro, Huntelaar, Inzaghi, Pato, Ronaldinho.


Ова се играчите кои ќе бидат на распологање за натпреварот утре.


Дида
Абате,Неста,Каладѕе,Замброта/Антонини
Амброзини,Пирло,Сидорф
Пато,Бориело,Роналдињо

А ова ќе биде утрешниов состав со само една трилема кој од триото Абате/Антонини
/Замбро ќе започне,но мислам дека Замбро сигурно ќе почне па ќе зависи дали ќе игра лево или десно(ја сум за лево)за да се знае кој од Абате и Антонини ќе започне.
Сидорф и Фламини несмеат да добијат жолт картон за да не паузираат за со Виола,а ако погледнам подобро нека добијат на натпреварот со Виола за да паузираат со Џенова а не со Јуве,интер..........


Не смееме да се опуштиме сега,целта е 3 бода и победа.




FORZA MILAN !!!

Tuesday 8 December 2009

Да се биде или да се биде!



Како што укажува самиот наслов, немаме избор! Мора да продолжиме онаку каде што застанавме против Самп и да ја земеме судбината во наши раце! Иако сме во многу подобра позиција од Марсеј сепак не можеме да ризикуваме со некој случаен гол во 90-та минута без разлика дали тој би бил во Цирих или во Марсеј! Сигурна игра, плетење на мрежата и екзекуција. Тоа е рецептот кој трае речиси 3 месеци! Доколку притиснеме од самиот старт не верувам дека одбраната на Цирих ќе може да одолее на нашиот офанзивен арсенал! А со брз прв гол се’ би било полесно. Значи како илустрација, да биде појасно:

Ние = Победа
= Наш пласман како 2
Марсеј = Победа
------------------
Ние = Пораз
= Наш пласман како 2
Марсеј = Х
------------------
Ние = Победа

Марсеј = Победа со 3 гола разлика = Ние прво, Марсеј второ, Реал на кино
------------------
Ние = Пораз
= Ние на кино
Марсеј = Победа
------------------
Останатите варијанти се очигледни според претходно наведеното...

-----------------------Дида

---------Абате----Неста----ТС------Антонини

------------------Пирло----Амброзини

-----------------------Сидорф

---------Але---------------------------Дињо

----------------------БориГол

Значи одиме со младинскиот погон по бековските позиции, баш од нив очекувам разорна сила по страните!
Forza Milan!!
P.S По многу долго време конечно ќе бидам во можност да гледам меч на Милан од ЛШ (доколку стримовите се во ред), значи ако се случи некоја глупост слободно дојдете да ме ликвидирате за да не си пресудам сам...

Saturday 5 December 2009

Milan-Sampdoria 3-0

23 минути беа доволни за да се каже целосната приказна од овој натпревар.
Дињо-Бориело,Дињо-Сидорф,Амбро-Бориело-Пато
3-0 Крај на приказната се понатаму беше пимплање и одржување на контролата на натпреварот во насока во која ние сакаме.Вака се игра при 3-0,вака се игра против противници кои не се дојдени целосно да се бранат.Раниот гол дефинитивно ни ги отвори патот кон победата понатаму и треба да ни биде за поука за да во следните натпревари не добиваме срцеви удари како што беше многупати досега :)
Мала дамка на натпреварот е што Дињо се здоби со повреда на мускулот и се надевам дека е ништо страшно,и дека ќе се опорави до вторник и клучниот меч со Цирих во Лигата на Шампионите.
Интересно е што и Тиаго Силва и Хунтелар се опоравија навреме,а единствено нешто што ми е криво што Ди Џенаро не доби шанса на овој натпревар.

Дида 7.0 За еден упатен удар кон неговиот гол дури во 82та мунита каква оцена треба да му ставам? :)

Замброта 7.5 На ниво

Неста 7.5 Заедно со Тиаго одлично ги неутрализираа Касано и Пацини

Т.Силва 7.5 Не се очекуваше да почне но почна и одлично си ја заврши работата :) Можам само да замислам каков ќе беше исходот ако каладѕе започнеше место него

Антонини 8.0 Затоа што имаше голем удел во првиот гол добива 0.5

Амброзини 7.5 Капитенски :)

Пирло 7.5 Добро враќање на терените,си ја заврши задачата максимално и немате појма колку беше клучен во моментите кога го умртвувавме натпреварот.

Сидорф 8.5 Уфффффф каков гол :) Негов трет сезонава и 51 во Серија А

Пато 8.5 Седми сезонски гол.Але Але Пато

Бориело 8.5 Си се поклони еднаш и учествуваше во голот на Пато

Роналдињо 9.0 Не постигна гол,но за 30те минути кои го помина на теренот изигра ѕверски :) Само напред Дињо,те очекуваме во Цирих.


Абате 7.0 ; Хунтелар / ; Фламини ;

Многу навивачи сега би почнале да урлаат,да се маваат во гради и да се дичаат,но јас велам да се спушти малце топката,да ја оставиме Самп зад нас и да гледаме кон тоа што следи,ден по ден,натпревар по натпревар.
А сега ви препорачувам да не го гледате таканареченото Дерби на Пацерите туку да си пуштите Роки,да си мцкате коњаце и да си кулирате :)
Знам дека јас ќе го направам тоа ;)




FORZA MILAN!!!

Friday 4 December 2009

MILAN-SAMPDORIA

Kick off: 18:00
San Siro Milano

15тото коло од Серија А само по себе може да разреши многу дилеми околу врвот уште на почетокот на Декември.Нашиот натпревар заедно со Јуве-Интер ќе биде збогатен со римското дерби во доцниот неделен термин,кој што со сигурност ни гарантира интересен викенд.Со евентуална наша победа,и победа на Јуве разликата помеѓу нас и гнасните ќе изнесува само 4 бода!Секако,ова е најдоброто можно сценарио,но генерално гледано се друго освен победа за нас е лошо сценарио затоа што нема многу вакви шанси да ни се укажат во преостанатиот дел од сезоната.

Јас лично ќе бидам во дилема дали да го гледам таканаречениот меч Дерби на Италија или Роки 2 :)


Dida,Storari
Antonini,Favalli,Kaladze,Nesta,Zambrotta,Abate
Аmbrosini,Flamini,Pirlo,Seedorf
Borriello,Di Gennaro,Pato,Ronaldinho,Zigoni

Тиаго Силва,Хунтелар??

Буквално само прашалници имаме и треба да се случи некое чудо па некој од нив да игра,а не па да стартува.Дополнителна мука ни е фактот дека Пипо е суспендиран.
Само се надевам и се молам да имаме сигурно водство за да воопшто не ни затребаат Тиаго и Хунтелар,па Ди Џенаро и Зигони да се истрчаат малце.


Дида
Абате,Неста,Т.Силва,Замброта
Амброзини,Пирло
Сидорф
Пато,Бориело,Роналдињо

Евентуална можност е Антонини да почне наместо Замбро но неверувам.

Уживаме одличен момент,да го продолжиме.




FORZA MILAN !!!