Translate

Saturday, 26 December 2009

ЛЕОНАРДО НА ТАПЕТ



Ај тука да си кажиме се што имаме за нашиот тренер..мислам дека е позгодно со нов пост..
FORZA LEO, FORZA MILAN!!!

48 comments:

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

Незнам што друго би додал,Ри апсолутно ме надоврза и дисриспектфул е да се говори она што се говори за Лео.
Очекува реплика од Иван и остали :)

Navigator said...

ПРВО И ОСНОВНО - Дали ако за некој мислиш дека е просечен, значи дека имаш нешто против него??? НЕ, нормално!!! Дури и ми е симпатичен, ама тука не се работи за Cesena или Novara, туку за Milan, а на Milan му е потребен world-class тренер, а не просечен..за тоа ја отворив дискусијата..
ВТОРО - Дали ти Ultra очекуваш 7,10 или 12 бода од овие утакмици е работа на твое лично убедување и варира кај секој фан посебно, во зависност дали е повеќе или помалку оптимист, што е на крај краева небитна работа..она што е факт е дека со 7 бода можиме само да се поздравиме со скудетото..
тоа со процентите никако неможам да го сфатам оти ние веќе изгубивме пар утакмици со останатите екипи, a и со конкурентите, па сега дури и се до крај да победиме нема да ги собириме твоите 95%..башка тоа, да изгубиш меч со конкурент значи сигурни -6 бода, како што беше со merda, а да изгубиш против некој од останатите може и воопшто да не заостаниш..
ТРЕТО - Реши се те молам и кажи ни, дали мислиш дека можиме до титула во оваа ситуација или не..премногу си контрадикторен дури и во еден коментар..еднаш викаш дека со овој состав неможе ништо да се стори и го браниш Leo, а после ни правиш споредби со друга екипа која била шампион и велиш дека се е можно..одлучи се, оти незнам дали треба да ти докажувам зошто можиме да бидиме шампиони или не..на Ри знам дека треба и ќе пробам да му докажам..
ЧЕТВРТО - Како се дејствува за состав по желба на тренерот? СО АВТОРИТЕТ, драги мои росонери..За жал, сега за сега, Leonardo го нема (ај да не речам воопшто)..и нормално е да го нема..знаеме дека беше поставен „силом прилике„ и тука нема зошто да се дискутира дали можеше или неможеше да бара нешто, а камоли да добие..
така е Ри, Milan има страшно неизбалансиран и плиток тим, но со исклучителни подинци, па затоа се такви и резултатите..добри ама плитки, неубедливи со повремен блесок на некој и игра носена на терет на неколку играчи..
ПЕТТО - За се можиме да дискутираме, ама немојте да ми ја спомнувате формацијата..кој добар тренер ја бара правата формација 3 месеци?? добрите нови тренери доаѓаат во клубот со веќе осмислена и добро анлизирана тактика со ептен мала веројатност дека нема да функционира..и кажете ми вие мене, во случај на повреда на некој од носителите на моменталната формација, како ќе игра Milan? да, вие можите да нагодувате и тоа не е страшно..страшното е што и ТОЈ ќе нагодува и испробува уште којзнае колку време..
ШЕСТО - За мотивацијата и смелоста или храброста како што велите вие... Ќе се сложам дека една од ретките добри работи кои дојдоа со Leonardo е подобрата атмосфера..ама ај сега и вие бидете искрени и кажете ми дека не е точно оти, ВО НАШИОТ СЛУЧАЈ, мотивацијата е повеќе дело на самата тренерска промена што се случи отколку тоа дека промената беше токму Leo..после такви лоши сезони и измачување со Carlo, и Ѓоре Јовановски менталниот да го заменеше, ќе донесеше свежина и поттик за сите играчи, вклучувајќи го и Seedorf..нов тренер, колку и да е без авторитет пред играчите, секогаш наметнува борба за место..тоа е правило и го знам од лично искуство..
не ми е јасно зошто толку ве зачудува и фасцинира смелоста негова да игра со 5 напаѓачи..едноставно, дечкото нема што да изгуби! многу повеќе ќе биди критикуван ако изгуби, а да не проба да нападни, отколку да изгуби со 5 напаѓачи..
да се сложиме за нешто... ова за Leonardo е премија, зашто сигурен сум дека не ни сонувал дека толку неискусен некогаш ќе добие ваква шанса..па му тргна лошо и единствена опција му беше да ризикува и да биде смел..тоа е јасно и имаме зборувано за тоа и порано..
СЕДМО - И за уште една работа ќе се сложиме, за носот на Leo! сите фанови треба да му се благодарни на талентите кои ги донесе и всушност преку нив, на некој начин, го одржуваше Milan во елитата..тоа проба да го направи и како тренер, ама не е исто..тогаш сугерираше, а сега бара..исклучителен е во тоа што знае најдобро да го работи, АМА ТОА НЕ Е ТРЕНЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА!

FORZA LEO, FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

1.Сите посакуваме word class тренер ама кажи ми дали ти текнува кој ни беа опциите?Околностите се такви што во моментов ќе мораме да се задоволиме со ПРОСЕЧЕН тренер како што го нарекуваш ти.
2.Со 7 бода немора да значи дека ќе се збогуваме со титулата затоа што се е можно.Во споменатата 99та на Закерони успеавме во последните 7 кола да го превземеме врвот од Лацио и на крај да бидеме на само 1 бод пред нив?Па зошто тоа да не е возможно и сега!
3.Многу се мали шансите со овој состав да се освои титула,но фудбал е и се е можно.Значи да се изјаснам кога веќе не ме разбираш,не верувам дека можеме ама се НАДЕВАМ дека ќе освоиме,односно се НАДЕВАМ на чудо,а во врска со "брањенето" на Лео ти кажав веќе.
4.Авторитет се стекнува,не е вроден и не е наследен.Неможеш да очекуваш тоолку голем авторитет од тренер веднаш по неговото назначување.
5.Иван,добар тренес се СТАНУВА,никој не е настанат како добар тренер!Па добро,погледни ги кариерите на поголемиот број "добри" тренери.А како да не ја спомнуваме формацијата кога 4-2-1-3 беше само фантазија пред доагањето на Лео и нормално е да му треба време на тимот да се навикне на таа формација после 6 годишното фурање на дијамантот мислам логично нели.
6.Еден збор ти е клучен овде Иван -Неискусен :)
7....

Navigator said...

така бе Драганчо, тоа е тоа што сакам да го кажам цело време..

авторитетот се СТЕКНУВА, а добар тренер се СТАНУВА!

баш така..и токму затоа Leo во моментов неможи да биди тренер на Milan..тој нема ни доволно авторитет, ни доволно тренерско знаење, а најмалку трнерско искуство..точно е дека тие работи се градат со тек на време, а кога Leo ќе ги стекни, местото ќе му биди каде што се наоѓа сега..на институција како Milan не му треба некој кој допрва ќе го учи тренерскиот занает..се знае каде се учи занает..на великан како Milan му треба ТРЕНЕР, предводник до титули, а не ефтини експерименти..
можеби некои од вас можат да се задоволат со ваков тренер..извинете, ама јас неможам..за мене, Leonardo моментално не ја заслужува оваа работа..

GRANDE MILAN!!!

ReBorned said...

Навигатор и јас сакав да пишам нов пост за него... мило ми е што се читаме :)
Сега ќе одам да спијам ќе коментирам утре. Сакам да кажам само едно. Уште кога Лео беше назначен за тренер на Милан се плашев најмногу од една работа, ако не успее да не го изгубиме и како скаут за нови деца! Значи ако не успее и ако си замине од клупата ОК ама не сакам ни да помислам дека тоа може да влијае и да го изгубиме воопшто во Милан... тоа не смееме да си го дозволиме!
И на крај да не се разбереме погрешно, пред Лео, пред Рики, пред Шева, пред Але... секогаш е Forza Milan!!!

Anonymous said...

Абе да Иван се слагам,и ја би го сакал сеа Хидинк одма ама тоа е тоа тоа ни беа опциите и ја мислам дека можеме да бидеме задоволни со резултатите од неавторитетен и неискусен тренер :)
Мн нормално Ри,како што реков
Милан пред се :)
Aleee Aleee Aleee Milaan Aleeee....

Anonymous said...

Ристо е мн тивок на оваа тема...

Navigator said...

ај Ристо коментираше нешто, ама другите некако ми се тивки..Владе, Кико, Ниџо, Васе, Андреј... дајте да видиме шо мислите вие за предводникот наш :)

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Под Ристо подразбирам Кико xD

Anonymous said...

Неискусен е храбар и натпросечно интелегентен и има дефинитивно голем удел во досегашниов успех.не е мала работа да се справиш со толку многу егоизам и со тие звезди и со тој притисок.притисок да игра Gennaro притисок да игра Pippo притисок да игра Abbiati...засега се носи многу добро и фактот дека ја промени формацијата и со тоа ја сврти сезоната во позитивна насока ништо чудно да излезе и херој на крајот на сезонава (пример Pep Guardiola) причитав на еден коментар дека не ја составил екипата добро летово меѓутоа сите знаеме кој ги врши тие работи во клубот и дека тренерите не се прашуваат за трансфери :) и сакам да додадам дека има око за таленти.како и да е лично за мене е супер тренер просечен никако и ке видиме во вториов дел како ке се снајде.
btw: предлагам еден пост за шпекулирање и за трансферчиња онака да се изнапраиме муабет шо како и кој би можел да не засили :D

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Ристо = Кико???
извини Ultra не сме се разбрале..јас мислев дека Ри е уствари Ристо :)
Ти бе Ри како се викаш и од дека си? :)

Navigator said...

а за постот со трансфер шпекулациите, јас планирав да го направам одма после Нова Година..има време и за тоа, не е ни почнат трансфер периодот..не се секирајте, ќе ги слушнам сите ваши желби и ќе му ги пренесам на Silvio..сега не сакам да го вознемирувам, има уште трауми :)

FORZA MILAN!!!

koljo said...

Мене Лео ми е скроз нејасен тип. Не знам како може после 2та гола на Хантер во сицилија, да не го стави во игра ни минутка (освен со палермо кога беше ОЧАЕН). Да, има храброст да повлече потег, но доста често ги греши "природните" позиции на играчите. Еве според мене како тоа треба да изгледа (ВО МОМЕНТОВ)

Дида

Абате____Неста_____Силва_____Замбро

Пирло_____Амбро_____Сидорф

Пато______Дињо

Бориело(хунтелар)

Ке имаме неколку супер-замени во името на Фламс,Бекс и Адија, а кога ке бидеме во полн состав, богами треба да ни се плашат:) ФОРЦА МИЛАААН

koljo said...

Хах малце се измести формацијава ама знам дека ме разбирате што имам да кажам (4-3-2-1). Во меѓувреме се чини дека струмичанецо ке ни стане лут енеми.... За кого како се разбира:):):)

Anonymous said...

Не можевме ништо за струмичанецо принтер му е прва љубов.се плашам дека пак ќе згреши со екипата зошто со мурињо неможе секој да излезе на крај, и така сите се деструктивци у принтер може и него ке го напраи деструктивец :D како и да е ние си гледаме за нас т.е. нашите играчи и нашата екипа.да Лео е малце нејасен понекогаш ама тоа е одраз на неискуството нели? ме радува тоа за трансфер-постот и добро е тоа што чекаш после НГ онака да биде се како што треба :) еве и јас ке кажам некој збор на Huntelaar.штета е што момчето слабо игра но така е коа го има Pippo за конкуренција.едноставно Pippo мора да игра по тоа што го има направено за клубот....се надеваме за поголема минутажа на Klaas здравје догодина :)

FORZA MILAN

ReBorned said...

мислев дека Ри е уствари Ристо :)

Хахахаха добра ти беше оваа!
Јас не сакам трансфер пост поради тоа што ептен ќе се нафураме а на крај ќе се разочараме :) :(

Хунтелар веднаш по херојстовото ја имаше несреќата да се здобие со незгодна повреда и затоа не доби шанса веќе следниот натпревар... а другото го знаеме.
Околу тој натпревар знам дека Хунт имаше инспирација на сезоната и знам дека тој е херојот исто како што знам дека Лео сигурно не мислел дека тоа баш така ќе излезе ама мора да признаете: Кога тренер пушта 2 фудбалери во последните 10 минути и баш во тие 10 минути едниот дава 2 гола на 2 асистенции на другиот што исто така влегол од клупа... мора да се честита по дифолт :)
P.S Сакате да ве фурам со трансфер шпекулација? Addiah да го „купи“ Ливорно и на лето да ни го даде нам, а ние сега на зима да го земеме Милош Красич а? Ѕверски... ај сеа сонувајте :)

ReBorned said...

И кога сме кај Лео со темава, дел од интервју на Пато за Лео:
Leonardo is a person of very clear. The first time I met him I was at the airport, I was 16 and was about to embark for Japan with the Under 17. He came over and asked me how I was and gave me advice I still remember: do not leave your company, wait, is soon to make the big jump. Two years later he introduced the Milan and he was a manager. I wonder if that even then intend to take.

Anonymous said...

Христијан=Ристо :)
По олд скул е.
Ри,Ри...какво разочарување,за Милан навиваме!(колку и бедно да звучи ова)
Секако мислам на трансфер пазарот :)
Нека го пише Иван првиот пост у 2010 па ќе шпекулираме до бескрај мада мислам дека ништо од тоа нема да се оствари :)
А задњи пут коа сугерирав да се донесе играч(мислам дека знаеме за кого се работи)работите не испаднаа баш најдобро мада има уште време...
Forza Braida :)

kiko_pato said...

хехе ристо... и шо не пишувам коментари... читам ја коментарите само немам шо да кажам се имате кажано а васе ти шо викаш како да игра хунт пред пиппо после тоа се што има направено за нас... тоа шо направил е друго а друго шо треба сега за тимот... и гатузо направил мн за тимот па гледаш каква стана ситуацијата со него... :) значи тоа што го пушта пиппо си е некој негов филм :) што за многу од нас не е јасен :) ама сепак да се надеваме во него :) арно кажа васе и пеп беше никој и ништо па ете со барса видовме шо направи! Да се надевам и нашиов барем нешто слично на него ќе направи... а како очекувате да направи он нешто посебно... он си кажа за да биде по негово кои играчи си ги бара... АРНО АМА... некој очигледно несака да дава париииииии :)
Околу трансферите повеќе од се го сакам ХЕРНАНЕС!

FORZA MILAN!

Anonymous said...

Ма каоов Хернандес....си го иаме ние Митја Новинич :)

Anonymous said...

А да само маало потсетување дека Гвардиола коа дое ги имаше Пујол,Алвес,Чави,Иниеста,Меси,Ето... :)

Navigator said...

ај сега ве молам не почнувајте со transfer rumours..нема да биди интересно после Нова Година :)
ако имате нешто да кажите за Leo, повелете..ако не, истрпете уште 3 дена..росонерски поздрав

Anonymous said...

Па на тоа мислев кико моментално не треба Pippo моментално треба да му се укаже шанса на Klaas и да се прилагоди на средината ама неможе да се прилагоди ако не игра...мн ми екриво а стварно е мн јак гол-играч како шо вика господинот на Телма :D само едно име ке спомнам ама онака ке го кажам дискретно: EDIN :P

FORZA MILAN FORZA LEO

Anonymous said...

Wow ова е подискретно и од владините кампањи :)

CurvaSud_Milan said...

Значи вака:) Гвардиола дојде од позицијата тренер на резервниот тим на Барселона, што не е и којзнае какво тренерско искуство, но е сигурно повеќе од тоа да си скаут претходно, плус да не заборавиме, Лео да не станеше светски шампион со Бразил 94 год. ќе требаше да бараме друго 'дете' за тренерската позиција.

Затоа што мн. ми се спие ќе бидам максимално краток, задовелен сум од моменталната позиција во калчо, апсолутно разочаран што два пати не успеавме да го победиме Цирих, и при тоа вториот пат со играч повеќе 30 мин. , разочаран што за малку и ќе испадневме ако Марсеј имаше малку повеќе среќа на Сан Сиро.

Да резимирам, ако продолжи вака во калчо, значи втора позиција и константен притисок врз Интер и ако ги помине Манчестер, Тогаш мислам дека заслужува и втор мандат. :) ...секако со неколку засилувања и со оваа формација која исто така морам да кажам дека ја обожавам мислам дека ќе бидеме страв и трепет. Да се дополнам околу формацијата и да завршам, оваа формација бара многу трчање што од нашиве дечки неможе да се очекува на секој натпревар, па затоа ќе има дуели како оној со Каљари кога примивме 3 гола. Ни фалат бекови, еден асален централен дефанзивец да ги покрива Неста и ТС на клупа, и едно крило што е компатибилно и лево и десно да ги покрива Роналдињо и Пато. Толку од мене, отидов да сонувам јас. :)

Anonymous said...

Leo is the man :)
Моментално би го мењал само со Хидинк :)

Anonymous said...

Само ти сонувај...блог администраторот сонувај го :Р
Иначе прими од мене пораките бе?

Navigator said...

значи веќе никој не мисли дека оваа сезона можиме до титула..ок дечки, ама не изгледаше така дури не се отвори оваа дискусија..знаев дека сум најголем оптимист овде, само што незнаев дека останав сам да очекувам трофеј во мај..и ве молам немојте да ми велите дека не сум реален, јас само верувам во мојот Milan..

FORZA CAMPIONI!!!

kiko_pato said...

Кој не очекува бре ништо у мај... јас очекувам сериа а наша да биде :)

Anonymous said...

Не реков дека не можемеее реков дека ваљда нема да можеме ама исто така реков дека све бива аман веќе :)
Искрено јас посакувам триумф во купот ако веќе ЛШ и Серија А се аут оф д квешчн.Незнам зашо али од 2003та го неаме освоено купот,и на крај на сезоната и со 2ро место во Серија А,Четвртфинале во ЛШ и триумф во купот би бил мн задоволен :)

Navigator said...

мило ми е Кико!
а ти Ultra на кого типуваш дека ќе биди шампион ако си задоволен со второ место? на душманите??
е со тоа јас НИКОГАШ нема да се задоволам..

MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI!!!

ReBorned said...

Само едно ќе кажам:

"ЛЕОНАРДО НА ТАПЕТ"
32 Comments -

Ај лајк ит!! :)

П.С Јас мислам дека многу повеќе имаме шанси во ЛШ отколку во Калчо и тоа поради тенката клупа и евентуалните повреди, резервите се 3 класи подолу од првотимците со исклучок на 1-2. Со здрав тим можеме многу...

kiko_pato said...

Неможам да сватам како можете уште на полусезона вие да не се надевате дека можеме да освоиме сериа а... ц ц ц... од кај знаете шо може да се случи до мај, може ние ќе имаме одлична серија од победи.... а мерда напротив да бидат ко јувентус неколку лоши резултати во низа... шо нив да не не ги фаќа криза... :) така да коа ќе видам дека некој фан на милан не се надева за сериа а... глупо ми е некако... ако не се надеваме на ништо тогаш за што сме фанови?

FORZA MILAN!

ReBorned said...

Кико (или Ристо :) ) тоа е финта... обратна психологија, марфиев закон како сакаш кажи го ;)
Очекувај најлошо надевај се на најдобро...
Да не те фати малер....

Navigator said...

остај ти марфиеви закони и празноверија..се е во наши раце, имаме уште пола сезона, никој не треба ни да ни помага (освен ако не инсистира), ниту да ни одмага..имаме заостаток што е достижен за разлика од минатите години..имаме солидна екипа на која треба да се додаде уште еден играч зимава, несомнено..и пак е тоа во наши раце..имаме позитивна атмосфера и јас стверно гледам шанса за освојување на трофеј годинава..небитно кој, иако преферирам на скудетото..

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Navigator за преЦедник (на Милан)

Anonymous said...

Некако сезонава ме потсеќа на 2007....ама има една разлика - поконстантни резултати сега за сега и тоа не ни дава можност да не се надеваме :) со некое засилување и со одржување на мирот во соблекувалната големи работи ни се пишуваат.
Мислам дека Лео и на купот ќе атакува.младинциве газат се живо и диво у лигата и ќе бидат премотивирани кога ќе добијат шанса во Coppa Italia.наше е да се надеваме и да навиваме нивно е да играат и да се надеваме на најдоброто.и да се надеваме некој ден да отидеме на San Siro онака да се испукаме поштено :D:D

TE AMO MILAN :D

Navigator said...

прифаќам, фала!
само шо ќе треба одсега да ме ословувате со преЦедниче :)

Navigator said...

TI AMO, a?? абе Васе да не ни напрајш ти тука некоја парада? :)
се смеам друже, немој да се лутиш

ANCHE IO AMO MILAN!!!

ReBorned said...

Ај пак да не започнувам... и таму ја гледам раката на Лео, во текот на летото и еве во текот на сезоната... Милан купи 10-тина деца кои настапуваат во Примавера, нешто што се нема случено со години наназад. Последно денес го победивме Јуве за едно мало од Словенија.
Од сите овие деца за одбележување се: Зигони, Едмонд Хотор (запаметете го ова име, задолжително), Барбини...
Правиме база :)
П.С Мора да се стави рака на срце и да се признае дека голем удел во оваа револуција во Примавера има и тренерот кој ова лето дојде од Торино, млад е, целосно ќелав а за жива глава сега не ми иде името а ме мрзи да го барам :)

Anonymous said...

хехе знам дека звучеше педерски малце :) али за милан не бирам ни зборови ни средства.овосезонските достигнувања ќе бидат заслуга на сите освен на Галиани и Берлускони (макар може тоа да се промени за последниве 2ца) како и да е тие се газди и нема муабет тука.аама може и у право се викаа дека имаме доволно конкурентна екипа...абе незнам веќе шо да речам за тие 2ца.а де кажете ми дали ќе бидеме доволно моќни да им вратиме на тие умрените интер за тоа шо ни го направија.мн мн мн мн мн мн сакам одмазда и тоа уште у јануар :@:@

FORZA MILAN

ReBorned said...

Васе, Б&Г велат дека имаме конкурентна екипа уште кога Сидорф и Џенаро беа по 26 години... и уште го велат тоа ;)

Navigator said...

не ги заборавај Albertazzi и De Vito!

CurvaSud_Milan said...

Момци никој не вика дека немаме шанси за титула, напротив во мојот друштвен круг важам за вечен оптимист, што дури некогаш и не ме сфаќаат сериозно. :))

значи реков: 'ако продолжи вака во калчо, значи втора позиција и константен притисок врз Интер'.

ова значи неизвесна борба до крај, а тогаш е све можно. Ако мене ме прашате Интер има најтиња игра што некогаш некој шампион во Италија ја имал, ама ете за Ливорно, Катанија итн е доволно, сега Гочето ќе им донесе малку креативност и за жал мислам дека добро ќе им дојде.

Во секој случај поентата ми е дека никој не се откажува, исто така реков: '...и ако ги помине Манчестер'.

...што само по себе значи дека сме и кадарни и за финале па и за повеќе. :)

така да FORZA MILAN , FORZA LEO, FORZA BECKHAM, FORZA ADIAYH (и се надевам уште некој зимава:)

...драган ја примив пораката после два дена зашто исклучен ми беше телефонот и искрен да бидам забораив да вратам. :)

ReBorned said...

Navigator не зборам за наши деца од младинскиот погон туку баш засилувања во Примавера, од други тимови. Ако зборуваме за деца од нашиот погон Верди ис д мен! Дечкото гази се пред себе! Страшен талент, утре ако најдам некое од клипчињата што ги гледав ќе ви ги доставам... а нема 18 години!

Anonymous said...

Finaly!Некој ме разбира!Expext less,achive more кажал некад некој паметен човек.
Иване,и јас ќе бидам задоволен од Милан 1во место во Серија А,8мта титула во ЛШ(мада треба 9та) и победник во купот,али тоа ни е далеку од реалноста! :) Токму затоа се задоволувам со малце(нешто кое не беше случај порано :)

Anonymous said...

Ааа васе муља нешо тука кај ТИ АМО(Знаеме ваљда чив слоган е ова)па уште на шпанскиииии :Р
Ок,владе кажи ми што направи?Да барам чаре преку колегиве од нашиот пријателски блог или?
Ипак сакам 2010 да ја почнеме добро како на резултатски така и на блогерски план :)
Аааа коа више си бирате сите по некој фаворит од младичиве мене ми остануваат Giacomo Beretta и Mitja Novinic,мада Зигони и Страсер ми се намбер уан :)