Translate

Sunday 24 May 2015

Најава: Милан - Торино!


По победата над Рома сите сакавме да ја завршиме сезоната достојно со неколку победи во низа но за тоа да не се случи по којзнае кој пат бевме спречени од Сасуоло или може да се каже Берарди и со тоа може да ја заокружиме една од најмизерните сезони во последните 15 години. На последниот меч на Сан Сиро ни гостува незгодниот Торино и против него ќе бркаме победа и 3 бода за играчите да им се одолжат на сите оние кои денес ќе бидат на стадионот и сите оние кои цела сезона ги следеа иако во ниеден случај не го заслужија тоа.


На клупата по критиките на Берлускони околу некористењето на млади играчи од страна на Инзаги сега имаме 6 играчи од Примаверата меѓу кои е и Мастур па се надевам дека барем двајца од нив би добиле некоја пристојна минутажа за да видиме до каде сме со нивниот развој.

Вечерва после повредата Ел Шарави ќе настапи од првата минута а кај Инзаги постои и дилема околу левата бековска позиција а тоа е дали да стартува со Бокети или со младиот Фелицоли. Да се прашувам јас Фелицоли ќе стартуваше сигурно.

Сега збор-два околу некои работи кои не се во врска со натпреварот но вреди да се спомнат. Прво, најверојатно првиот трансфер на Милан за новата сезона е Хозе Маури од Парма за 3-4 милиона евра и е најавуван како огромен талент за кои беа заинтересирани повеќе клубови но тој го сакал само Милан. Второ и најверојатно најбитно за сите нас е Карло Анчелоти. Во текот на неделава имаше многу шпекулации околу неговото враќање но свое обраќање до јавноста имаше и Берлускони кој изјави дека доколку Анчелоти го раскине договорот со Реал тој тогаш со сигурност ќе дојде пак назад во Милан.

Дали ова е некоја игра од Берлускони или не останува да видиме но вреди да се спомне дека Анчелоти после вчерашниот натпревар се огласи и даде до знаење дека доколку не продолжи со Реал тогаш ќе си земе една година одмор.


Дали Берлускони и Галијани ќе успеат да го предомислат со тоа што ќе му презентираат проект што нема да може да го одбие останува да видиме но наше е да се надеваме дека ќе биде така бидејќи тоа највеќе му оди во полза на Милан. Трето и последно е дека претседателот на Емполи на вечера со Галијани му потврдил дека Сапонара по одличните игри останува во нивна сопственост со тоа што тие ќе си го искористат правото на откуп кое изнесува 4.5 милиони евра.

ФОРЦА МИЛААААААААААН!

Sunday 17 May 2015

Најава: Sassuolo vs Milan - Тивко привршување на лошата сезона!

Не верував дека некогаш ќе дочекам последните неколку кола од шампионатот да ги проследам онака индиферентно, незаинтересирано. Не верував дека е можно, или подобро речено, не ни помислував дека Milan на 3 кола до крај нема да се бори за некое од местата на “пиедесталот”. Во ред, минатата година не обезбедивме излез во Европа, но до последното коло бевме во игра. Всушност, само гол разликата не делеше од ЛЕ, откако Parma административно беше исклучена од UEFA. Ова што се случува сезонава е повеќе од депримирачки. Математички, Milan сеуште има шанса за Европа, но таа искра најверојатно утре ќе згасне. Тука секако не мислам на пораз против Sassuolo, туку триумф на некој од екипите што се пред нас, а ги има многу. Факт е дека клубот уште одамна како да се откажа од таа борба и почна да се занимава, а со тоа да не занимава и нас, со продажбата на клубот.


Sassuolo е екипа што не ни лежи и тоа го докажува од натпревар во натпревар. Сезонава Milan еднаш загуби, во првенството и еднаш победи, во Купот. Двата меча завршија со резултат 2-1. А 2-1 заврши и последниот наш меч, против Roma, можеби најдобриот перформанс на момците во оваа календарска година. Тоа што треба да се направи утре, а во останатите 2 кола до крајот е да се повтори играта од мечот со Roma. И покрај тоа што неконзистентноста и немотивираноста се главните проблеми во текот на целата сезона. Премногу е доцна да зборуваме за старт на некаква серија, но единственото нешто што може да најави оптимистично лето е еден убав крај на лошата сезона. 

Уште една замерка за Pippo, една од поголемите затоа што иако е јасно дека нема да си го зачува местото, макар и победил се до крајот на сезоната и најважно, затоа што самиот вети, младите играчи не добиваат шанса. Против Roma можеби, ќе разберам, но против Sassuolo нема повикано ниеден! Mastalli не го сметам, неговиот статус е член на сениорската екипа. Pippo разочарува се повеќе и повеќе, во секој поглед. Искрено, ќе ми олесни кога ќе го видам надвор од Milanello. Единствената позитивна работа од повиканиот состав е враќањето на El Shaarawy. 


Мислам дека е јасно што сите очекуваме од момците во преостанатите 3 натпревари, без премногу да се оптоваруваме со исходот, за жал. Затоа, нема да должам повеќе. Само сакам да гледам убав фудбал, така што предвидувам победа од 1-3. Да не заборавиме, терминот е 12:30. Одиме на победа! Ајде момци!

FORZA MILAN!!!

Sunday 3 May 2015

Најава: Наполи - Милан


По двата пораза од Удинезе и Џенова, гостувањето во Неапол доаѓа во најлош можен период бидејќи во тимот владее толку лоша атмосфера што се плашам дека вечерва може да се случи дебакл!

Во составот поради суспензија нема да бидат Менез, Мексес и Абате, додека повредени остануваат Шарави, Алекс, Монтоливо, а не е повикан Мунтари поради веќе познати причини. Јасно е дека вечерва не очекува тешка утакмица за гледање. Не верувам дека ќе гледаме течни, изработени акции и шанси бидејќи тоа го немаме цела сезона. Единствено се надевам дека нема да се случи нешто срамно додека Наполи ќе бара убедлива победа поради изненадниот пораз од Емполи.

Но имаме и други вести да споделиме, а тоа е дека Мистер Би се договори со Дон Силвио да влезе во клубот и заедно да го вратат таму каде што припаѓа - на врвот на Италија и Европа. Мистер Би излезе со доста респектабилни изјави, се чини одбрани и прибрани зборови, така што ми остава впечаток на човек кој е дојден да си ја врши работата и да има успех во тоа, а не на газда кој само да појавува на интервјуа и да дава нереални ветувања.

Откако ќе се одлучи дали ќе купи 51% или 49% очекувам да влезат неколку нови луѓе во Милан кои би им се приклучиле на Галијани и Барбара и заедно би работеле на тоа експресно подигање на клубот од оваа мизерија. Едниот од тие луѓе очекувам и силно посакувам да е Паоло Малдини. Впрочем, медиумите го најавија него како еден од клучните луѓе на тајланѓанецот. Нема потреба да се објаснуваме кој е и што е јас само сакам тој човек да има некоја функција и на сите играчи што се дојдени за забава во клубот да им го пренесе значењето на дресот!

Во контекст на ова ќе напоменам дека вчера откако излегоа заедно во јавност Би и Силвио во ресторанот каде што бил Би да прослави бил и Малдини. Дали е случајност или не останува да видиме, но не е тајна дека Мистер Би има голем респект кон Паоло и сигурно тој е во неговите планови.


Од Фининвест е потврдено дека преговорите се во напредната фаза и ни останува да го дочекаме официјализирањето и да видиме со колку % ќе влезе Би во клубот. Напоменато беше дека тоа може да потрае неколку денови, со оглед на тоа што ова е голема операција, има многу детали за средување, а мора да се работи внимателно па треба само да бидеме трпеливи.

Веднаш по ова излегуваат тон шпепулации за играчи и тренери но јас мислам дека сеуште е рано за тоа. Прво треба да се средат некои други работи внатре во клубот и обавезно ќе треба се што е непотребно да се избрка надвор па макар и насилно бидејќи глумењето "фамилија" со моменталниве играчи само ни штети. Мислам дека не очекува бурно трансфер лето и се надевам дека следната сезона ќе сме далеку поконкурентни!

ФОРЦА МИЛААААААН!