Translate

Sunday 27 February 2011

NAPOLI, ADESSO TU!!!

    Долг и досаден ми беше викендов што поминува, некако празен, без она што секогаш ми го усмерува расположението за следната недела или барем неколку дена..во името на фер-плејот и отстапката за последниот претставник на Калчото во Лигата на Европа, се пролонгира дуелот на водечките две екипи во лигата или подобро кажано, се пролонгира гасењето на шампионските амбиции на Napoli..во едно од резултатски најчудните кола, сепак последните два натпревари се оние најважните за нас..со евентуален позитивен резулатат од гостувањето на комшиите на Marassi, момците на Allegri имаат идеална шанса во Понеделник да се доближат ептен блиску до трофејот кој е најголем сон на фановите..но и без тоа, како што безброј пати досега изјавуваше Max, се е во наши раце и од нашатa желба и заложба зависат нашите успеси, особено на домашен план..
   Napoli на San Siro доаѓа како најголемото сезонско изненадување играјќи доста атркативно и без почит, а камо ли страв од поголемите екипи..иако мечот се пробуваше да се најави како директен дуел на најдобрите напаѓачи во двата тима - Ibra vs. Cavani, останува констатацијата дека дефинитивно Ale Pato ќе биде оној т.н. player to watch..со победата што ја донесе во минатото коло, со враќањето во првата екипа и со моментот кој никогаш нема да може да го избриши од сеќавањето, првиот сениорски гол за Milan, постигнат токму против утрешниот противник..тогаш Napoli беше повратник во елитата, а како добредојде им беше сервирана петарда..тешко дека тоа може и утре да се случи, но денешните 0:7 на Palermo и Udinese оставаат простор за се! :)
   Уводот во нашите нови пеколни 10 дена, утрешните противници се обидоа да го направат потензичен, понапнат, наддавајќи на важност..се осмелија да го наречат мечот "одлучувачки за титулата", но ќе ги разбереме, уживаат во петте минути слава..ниту помалку лудиот De Laurentis летово не веруваше дека неговата екипа денес може да биде на само 3 бода од лидерот..мора да се признае дека заедно со Mazzarri створија компетитивна екипа, спремна за далечен дострел во европските купови, но на изјавите дека можат до крај за Скудето, јас секогаш слатко се смеам..сепак, наградата за нивната добра работа мислам дека ќе стигне со ЛШ настапот наредната година..и знам дека многу време и простор потрошив на анализата на противникот, ама нели е ова дуел на екипите од најтесниот врв...
   Кај нас, скоро ништо ново..враќањето на Pato и Prince во првите единаесет изгледаат многу извесни, на сметка на Fantantonio и најверојатно Flams..кај мене, а верувам и кај многу фанови радува вклучувањето на Vila' во составот и можност за ново деби, што изгледа тешко веројатно со оглед на опцијата Jankulovski, Oddo, па дури и Urby да стартуваат на лев бек..останатите дефанзивни позиции се познати..во средината по сити логики има едно место за кое Massimo би има дилеми, покрај MVB и Prince..незаменливиот Binho на AMC, а Pato со голот против Chievo, по се изгледа си го купи местото покрај Ibra напред..
 Без многу потреба за паметување и мотивации, Milan има јасно зацртана цел..неутрализирањето на Cavani, како ужина за TS и Sandro, но и победничка соработка на Ale и Zlatan за целосен впечаток..да се искористи умореноста на противникот и падот на концентрација по елиминацијата од ЛЕ, за што побезболно дерби..како што имаме кажано повеќепати порано, во вакви натпревари не се добиваат 3 бода, туку 6! епа господа од Неапол, наши се!!

FORZA CAMPIONI!!!

Saturday 19 February 2011

BREAKING NEWS: A TRAIN WITHOUT BRAKES APPROACHES VERONA!!!

     По поразот од Totalhate и сите тие лоши вести поврзани со изданието на тимот во Вторникот, а особено по линчот на Rino (како никој пред тоа да незнаеше каков темперамент има) начнат и преувеличен од добропознатите f***ing english media bastards, дефинитивно добро ќе ни дојде еден домашен натпревар..извинете што се послужив со вообичаениот речник на секој помошник тренер низ bloody Англија, ама мене ништо не ми може Platini и неговите fair play комисии и сигурно поради ова нема да добијам казна од непишување постови 5 или повеќе кола..да се разбериме, не го оправдувам Rino во глупоста што ја направи, најповеќе поради тоа што беше капитен, но она на што налетав додека низ интернет барав која е реакцијата на UEFA, беше во најмала рака - антииталијанска пропаганда..уште еднаш на сцена влијателните англиски фудбалски експерти и легенди зборувајќи за "нов скандал во сценарио на италијаните", заборавајќи притоа кој го измисли и прошири хулиганството на фудбалските стадиони, која репрезентација има најмногу непријатлски фудбалски противници, заборавајќи на "светците" до типот на Gascoigne, Cantona, Keane, давајќи пример за финиот фудбал на Островот..искрено, неможам да разберам од каде е целиот тој анимозитет спрема италијанскиот фудбал! неможам да дочекам да видам какви ќе бидат написите низ весниците во Англија утрото на 10ти Март, по испаѓањето на Тот'нем до ЛШ..
Се враќам на она што треба да ни послужи како рехабилитација од несреќниот Вторник..патувањето во Верона е шанса нов успех во првенството, потребен највеќе поради пеколниот распоред што следува..најдобрата вест деновиве, покрај неколку трансфер шпекулации, дефинитвно беше враќањето на il Principe..иако Massimo има поголем избор на играчи кога се работи за домашен натпревар, опоравувањето на КРВ е исклучително значајно..неговиот ефект врз играта на екипата беше очигледен, иако во принцип не сакам да давам такви заклучоци за играчи кои одиграле едвај 15тина натпревари за клубот..
Во најавата на гостувањето кај Chievo потребно е место за одбележување на враќањето на Mario Yepes на стадионот на кој помина неколку сезони..најверојатно, поздравот кон поранешните поддржувачи ќе го даде само од клупа, очекувајќи враќање на ТЅ во одбраната и старт на вообичаеното стоперско дуо..иако во моментот на пишување на постот листата на повикани играчи сеуште не е достапна, ќе претпоставам дека немаме подобар кандидат од Abate за позцијата на десен бек..нема да ме зачуди ниту промена на левата бековска позиција во смисла на деби за Vila' како казна за слабиот Antonini..натпреварот од Вторникот, по се изгледа ќе го увери Allegri во силината на екипата кога во неа има тројца напаѓачи, па за очекување е старт на Ibra, Casano и Binho..можеби при изборот на првите 11 во меч од ЛШ, постои простор за размислување дали треба сите тројца достапни напаѓачи да почнат од прва минута (што очигледно беше неопходно), но во домашниот шампионат тоа е неминовно..дотука составениот тим остава простор уште за тројца везњаци со голем притоа маневарски простор за тренерот..она што мене ми изгледа како најприфатливо би било трио снажни, вредни и неуморни деструктивци, кои би ја неутрализирале секоја иницијатива на домаќините, односно триото од сликата подолу..
Последните осум натпревари меѓу Milan и Chievo завршиле со победа на нашите момци, а секогаш кога постои ваква низа, противникот има мотив плус таа да престане..ќе му биде страшно тешко на Pellissier и на друштвото да изненади против лидерот и значајно да ни го отежни патот до Скудетото..како увертира на следните екстремно тешки две недели, мечот на Bentegodi е најдобро да се добие уште во првото полувреме, идентично како против Parma..во три дена ги видовме двете лица на Milan, ама ако в Недела повторно го видиме победничкото, забораваме се што било лошо..кратко и јасно - преку Верона до Скудето!!


FORZA MILAN!!!

Tuesday 15 February 2011

LA NOSTRA STRADA A WEMBLEY!!!

F
         Се послужив со една слика која навивачите на Arsenal ја користат кога сакаат сликовито да опишат кој им е најголемиот ривал и нивниот најомразен тим..и не дека имам нешто многу против Tottenham, само си замислував како би се осеќале по двомечот..а можеби и нема да треба толку време, жежок ќе им биде утре и San Siro..таму ги чекаат седумкратните европски шампиони, спремни за враќање кон шампионските патеки, кон славата, овојпат кон Wembley..најславниот и (по мене) најубавиот стадион во светот го очекува најдобриот, нашиот Milan!
Првата пречка на нашиот пат не е екипа од европскиот крем, но дефинитивно состав без многу почит кон "големите"..на неколку пати во последните години покажаа дека сакаат да растураат традиции, не трпат стереотипи, ги фрлаа на колена екипите од "големата англиска четворка"..реално гледано, неможат до титула во нивното првенство, признаваат дека трофејот во лигашко натпреварување е преголем залак за нив, ама баш затоа амбициите во куповите им се секогаш поголеми..повеќе од солидната екипа годинава неколку пати покажа колку може да биде опасна или незгодна, зависи кој како ја доживува..со неколку страшни индивидуалци граби кон нивните зацртани цели сезонава..но она што најмногу треба да не загрижува во врска со екипата на Tottenham е, можеби нивната најголема ѕвезда, почитуваниот Harry Redknapp..навистина никогаш не водел голем клуб, ама секогаш знае како против нив..неговите интевјуа најчесто немате сила да ги дочитате, можеби и ништо нема да го разберите во нив, но она што сака да го спроведе на терен е скоро секогаш е одлично замислено..
Утревечер ќе има многу проблеми несомнено..што поради недостапноста на неколку клучни играчи, што поради противникот..спроти себе ќе го има мудриот Allegri, со несопирливиот воз наречен Milan..фаворитите во двомечот ќе се обидат уште пред гостувањето на White Hart Lane да создадат солидна позитива..можеби нашите момци не се во најдобра форма, ама по последното демолирање на Parma, во тимот владее супер атмосфера што е добар предуслов за уште една маестрална претстава на San Siro..европскиот префикс на мечот дава уште поголема мотивација, а ние гладни за континентален фудбал по долгата пауза, очекуваме нов спектакл..иако не е далечна 2007мата и последната европска круна, вака скроениот Milan ни дава за право да се надеваме за нова, осма титула..има фанови (и јас во нив) кои сметаат дека годинава Скудетото, па и Купот треба да бидат главна определба на клубот, но кога доаѓа време за ЛШ, се се заборава, сите не фаќа треската што ја носи европскиот трофеј..
Milan утре, по којзнае кој пат сезонава излегува на терен некомплетен, да не речам десеткуван..кога на сите повредени играчи ќе се додадат и оние кои што немаат право на настап во ЛШ, екипата е значајно проретчена..сепак, и без неколку значајни играчи изгледаме моќно..светла точка е целосното враќање на пар дефанзивци, најголем проблем, секако средината..со неколку дилеми на Massimo, пред се на бековските позиции и средината на теренот и познатиот супер силен напад влегуваме во последните неколку часа од почетокот на нокаут фазата..комбинациите и ротациите со составот ќе му ги оставам на Max, јас само очекувам да не отстапи од стандардната формација, со цврста одбрана, поискусен среден ред и тројца офанзивни играчи, да се обезбеди комотно патување за Лондон..ќе мора да се искористат слабостите на гостите и навреме да се чекира картата за четврт-финалето..
колку само гламурозно и предизвикувачки изгледа финалето на Wembley... можеме дотаму, знаеме сите!

ANDIAMO RAGAZZI!!! FORZA MILAN!!!


Saturday 12 February 2011

Милан 4:0 Парма (Загревање за Тотенхем)

AC MILAN vs. FC PARMA - ТОЧКА НА ПРЕСВРТ, ИЛИ НЕ?

Нема многу време до почетокот на мечот или колото кое може да направи пресврт во самиот тек на првенството..ќе бидам краток оти немам нешто мотиви за пишување, како и сите останати..знам дека сите чекаме да почни натпреварот, да видиме како оваа недела делувала на играчите, како ќе ја продолжат сезоната - како во последните два меча или како пред нив..зборувавме што не чини во играта на нашите момци и само би се повторувал, но она што морам да го кажам уште еднаш е тоа дека завршницата мора да се подобри..се креираат многу шанси и тоа задоволува, ама фрустацијата од неискористените, често стопостотни шанси се одразува на играта како мечот одминува..
Мислам дека денес нашите фуриозно ќе почнат од прва минута, знаејќи колку полесно се добива мечот кога рано се постигнува гол..очигледно беше со кој интензитет на игра се играа и по цели полувремиња кога ќе заводевме во првите 20тина минути..Allegri има услови за наметнување на таква офанзивна и агресивна игра со тоа што сите напаѓачи се здрави..сепак, останува проблемот во средината, иако во повиканите има 6 везњаци..враќањето на Pirlo кој ја донесе победата на гостувањето кај Parma на почетокот на Октомври, се одложи на подолго време по новата поврда што ја доби, овојпат на коленото и ќе го нема ни на првиот натпревар со Totalhate во CL..во одбраната се враќаат Nesta и Legro, иако тешко дека би добиле шанса од почеток, пред се заради формата на Super Mario Yepes..би било стварно нефер доколку биде седнат на клупа..
Ова се повиканите: Abbiati, Amelia; Antonini, Didac Vilà, Jankulovski, Legrottaglie, Nesta, Oddo, Papastathopulos, Thiago Silva, Yepes; Emanuelson, Flamini, Gattuso, Merkel, Seedorf, Van Bommel; Cassano, Ibrahimovic, Pato, Robinho.
Како што напишав и во насловот, овој меч за нас може да биде пресвртица во сезоната..гнасите одат на најтешкото гостување што го имаат до крајот (изземајќи го нашето дерби) што е одлична прилика со победа над Parma да се оддалечиме и што е најважно, психички да ги скриме..но ако се случи нешто друго од победа денес на San Siro, ќе биди екстремно тешко за враќање на шампионските патеки..како што всушност рече и самиот Max, се е во наши раце и се зависи од нас..можда изгледа како обична, мала, лесна уткамица, ама сите знаеме дека може да донесе или однесе толку посакувана титула!


ANDIAMO TUTTI INSIEME... FORZA MILAN!!!

Saturday 5 February 2011

Враќање на Мараси - местото на злосторот... 16 години подоцна

И за прв пат по таа кобна 1995 година Росонерите патуваат на Мараси во Џенова. За тие што не знаат, не така далечната 1995 година на Мараси во Џенова беше избоден до смрт домашниот навивач Vincenzo Spagnolo од страна на т.н навивачи на Милан! Од тогаш па се до денеска им беше забрането организираното патување на Мараси на навивачи на Милан и секој натпревар меѓу овие два тима беше прогласуван за натпревар од висок ризик.
И конечно, 16 години подоцна Ултрасите на чело со Il Barone одат во Џенова да им дадат подршка на своите миленици. Подршка која ќе им биде и тоа како потребна.
А таму, во Џенова ќе најдеме еден многу познат лик, Кахабер Каладзе. Грузиецот кој речиси целата своја фудбалска кариера ја помина на Сан Сиро сега доживува втора младост во Џенова а успеа дури да постигне и гол претходното коло. Сепак домакините имаат големи проблеми со човекот кој стои зад Каладзе, голманот Едуардо. Едуардо прими неколку ефтини голови во серија и човекот е буквално скршен. Каладзе изјави дека го забележал како плаче на тренинг а цел тим изјави дека стои зад него и тој има целосна подршка.
Ама доста за домакините, збор-два и за нас.


Амбро во аут 2 месеци!
Иако е прерано да се шпекулира бидејки сеуште не се објавени 22 кои ќе бидат повикани за мечот на Мараси, веќе е извесно дека меѓу повиканите ќе бидат и сенаторите кои се враќаат во игра. Сидорф, Иван Џенаро и можеби најважно Il Maestro aka Andrea Pirlo се враќаат во тимот. Од претходните тројца се чини само Гатузо ќе влета директно во стартните 11 и ќе застане покрај Ван Бомел и Фламини. Од друга страна според Газета, Бонера ќе биде десен бек а Меркел ќе игра во средината на местото на Фламини.
Ова значи дека Il Monstro ќе се врати таму каде што најмногу делува смирувачки на нашите срца, во срцето на одбраната. Покрај него ќе биде Конан, десно Одо а лево се размислува дури и да му се даде прв старт на Didac Vila. Сепак, лично мислам дека сепак ќе стартува Антонини.
Меѓу стативите се разбира Абијати а напред покрај незаменлнивите Бињо и Златан повторно би требало да добие шанса Fantantonio пред Але Але Але Пато.
Околу Але Але Але и Златан, последните неофицијални инормации од Миланело кажуваат дека на последните тренинзи имале долготрајни разговори меѓу себе што само може да биде добар знак според Макс Алегри.
Околу наводната продажба на Але на лето... читав интервју со еден од уредниците на sportmediasea (кој нели е десна рака на Берлу) и типот рече дека Милан воопшто не ја разгледува таа варијанта и дека Але ќе израсне во Милан! Исто така рече дека момчето има и психолошки проблеми во однос на тоа дека се плаши од нови повреди и се обидува да игра како Бињо и Касано за да го задржи своето место во тимот и со тоа греши. Прашање на време...
Епа момци земете си добар каиш и стегнете се, стегнете се добро, ќе биде тешко на Мараси во Џенова!

P.S Баравте Ultras?

To all Pato haters: FUCK YOU
To all Zlatan haters: FUCK YOU TOO
To all Allegri haters: FUCK YOU TOO
And if you want to diss Milan: FUCK YOU TOO.
You wanna be down with Inter: FUCK YOU TOO
Chino XL: FUCK YOU TOO
All you mother fuckers: FUCK YOU, DIE SLOW MOTHERFUCKER MY FO' FO' MAKE SURE ALL YOUR KIDS DON'T GROW.

Wednesday 2 February 2011

Milan - Lazio 0 : 0 - ништо страшно!



сега, откако гледав highlights ми е јасно што беше проблемот..несреќната, а богами и неспретната завршница..лоша вечер и ништо повеќе од тоа..несмее и срамота е да се бара грешка и кривица кај момците..мислам дека дадоа максимум, а максимумот при ваков ритам на натпревари е овој..додуша не очекував и онаква затворена игра од Lazio..настап a la Printer vs. Barca на Nou Camp, колку да ни ја освежат меморијата..
кој се сомненва во се ова што кажав, нека го прегледа видеото..еден единствен highlight на гостите и тоа мора да напоменам дека е ставен ради реда, колку да не се без ич, буквално..само видете ја најголемата "шанса" на Lazio..
да бев изнервиран ќе речев: срамота за нив, па ова не доликува на игра на третопласираната екипа во првенството..ама јас сум си смирен, знам дека Скудетото е наше..со оваа игра + враќање на повредените? двојна титула момци, двојна!!

FORZA MILAN!!!