сега, откако гледав highlights ми е јасно што беше проблемот..несреќната, а богами и неспретната завршница..лоша вечер и ништо повеќе од тоа..несмее и срамота е да се бара грешка и кривица кај момците..мислам дека дадоа максимум, а максимумот при ваков ритам на натпревари е овој..додуша не очекував и онаква затворена игра од Lazio..настап a la Printer vs. Barca на Nou Camp, колку да ни ја освежат меморијата..
кој се сомненва во се ова што кажав, нека го прегледа видеото..еден единствен highlight на гостите и тоа мора да напоменам дека е ставен ради реда, колку да не се без ич, буквално..само видете ја најголемата "шанса" на Lazio..
да бев изнервиран ќе речев: срамота за нив, па ова не доликува на игра на третопласираната екипа во првенството..ама јас сум си смирен, знам дека Скудетото е наше..со оваа игра + враќање на повредените? двојна титула момци, двојна!!
FORZA MILAN!!!
18 comments:
Мене најмногу ме фрапираше фактот што гостите се радуваа како луди по последниот свиреж на Дамато. Па нели тие се едни од најсериозните конкуренти на титулата, нели се зад нас, нели ова би требало да биде неуспех за нив поради фактот што победа во вакви директни дуели вреди шест бода? Нели овие дуели се најголема шанса значитечно да ја намалат нашата предност и да ни дишат во врат? Ама не, тие се радуваа како мали деца што бодовната разлика ќе остане иста?!
Тоа ја докажува силата на оваа наша екипа.
Па гостите имаа среден ред со 5 фудбалери наспроти нашиот среден ред кој имаше еден централен дефљнзивец, еден новак кој е класично крило а игра MLC оти нема кој друг и еден асален midfielder кој влета директно како стартер по аут од 2 месеци и повторно оти немаше кој. И пак ние доминиравме! Ама и како не би доминирале, Il Monstro e extraterrestial! Едноставно незнам каде е подобар во одбрана или во среден ред. Топките ала Пирло кои ги дели со таква леснотија се сон за другите дефанзивци!
И на крај за лошите работи. Урби можеше да се прослави на неколкупати, тоа под број 1.
А под број 2, Златан и Пато имаат толку големо его што едноставно не се компатибилни еден со друг. Човек едноставно не знае кој има поголемо его!
Не би додал ништо повеќе на постот, само еден 'like' ќе ти ставам :) ...околу егото, дефинитивно Пато! ...и ќе ви кажам зошто, како прво Ибра има полни 29 години, а Пато едвај 21, како второ Ибра има поминато сито и решето во кариерата има постигнато мн повеќе(барем досега) од Пато и тоа исто така му дава поголемо право на послободно однесување, и трето на крај краева придонесот сезонава за тимот исто така му дава "одврзани раце".
Или малиот нека се приземји или нека си оди од тимот во кој што години наназад никогаш едно 21 годишно детиште не се понашал како бог, т.е. никој не се понашал како бог, а не па некојси 21 годишен курназ што дошол од којзнае кое племе во Бразил. Најискрено кажано ова го мислам време за Пато и повремено го пишувам, а прв пат му колку му е големо егото му го заприметив 2008ма кога победивме 1:0 против интер со голот на Роналдињо, а потоа истото се повторуваше на секој натпревар, кога он ќе даде гол паѓа во трансови, а кога некој друг ќе постигне гол едвај се довлекува до групата за да прослави!
Повелете видете после голот на Роналдињо и тоа не против било кој, туку против најголемиот ривал, кога сите паѓаа во трансови и еуфорија заради голот, како Пато изреагира, погледнете убаво па ќе прокоментираме.
http://www.youtube.com/watch?v=mTvZHNJCcwk&feature=related
И забележете ја реакцијата на Кака па направете разлика со онаа на Пато, жално.
А и стилот на играта на гостите со сите тие фаули, лактови и сл. беше за срамота.
Посебно предничеше Козак кој нокаутира 2 наши дефанзивци.
П.С По се изгледа Вила ќе биде новиот Монтелонго... инаку не разбирам зошто не би бил на листата за ЛШ
знам за ова Владе, сме правеле муабет и порано..мислам дека го имаше постирано и видеото пред некое време..јасно е дека се понаша некако себично и кренато, ама на крај краева, сетете се што значеше (не)играњето на Pato послените две сезони..неможите да речите дека не беше во највлијателните, ако не и највлијателен играч и играта се менуваше скроз во зависност дали игра или не..сакам да речам дека ние самите си го направивме "паун" со тоа што на 20 години му дадовме целосна слобода и обожување како на бог..воопшто не го оправдувам и за мене секогаш важи тоа дека ако си најдобар заслужуваш почит од сите, баш она што го имаме сега со ситуацијата на Ibra..ама јас зборував пред некое време дека сето тоа е во ред, само да не излезе од контрола..пак ќе повторам: сега се е ок и може не се забележува (или се замижува на) викањето на Ibra кон соиграчите на секоја можна акција која не ја завршил тој, ама ме плаши дека ако работите тргнат на лошо, тој ќе направи хаос..не заборавајте дека Ibra секогаш бил во шампионски екипи и незнае како е да се губи..за жал...
а за Vila сум многу зачуден, дури и изнервиран..па нели го купувавме за во ЛШ?? за кој к** инаку ни беше потребен? ете го Montelongo..да не е подобар нешто Vila од него? глупости...
FORZA MILAN!!!
денес одлични резултати, дури и ја зголемивме предноста пред останатите...
дури и зголемивме... :)
а и за Шинтер 1х утре има добар коефициент, ако сте за нешто плус пари :)
FORZA CAMPIONI!!!
Не дека сум против нив (а сум) ама ми мириса на кикс на Принтер утре... ќе видиме утре
Па ќе им го нема Лусио шаторот и Камбиасо изглеа.Најконстантните играчи.И со оглед на тоа дека ниеден фаворит не тепаше во таа насока се движи утакмицата.Но од нив не ни е страв ни па од Наполи или Рома или па од гнасите лацио.ГНАСИ.тоа козак се да му ебам,а и на судијата алал да му е шо не му дае црвен.Ништо не е тоа на Ван Бомел полош беше стартот исправни се сите.И на умрентус пенал шо не им свирнаа таман е.Забележувам јас дека морати почнало да го фаќа паника,па се фанал за телефоните....мора и они да наебат еднаш за тоа местење,па ќе има смеи тогаш.
Ситуацијата во клубот како што се зборува не е баш најсјајна што беше за очекување донекаде,но дека Пато ќе биде толку арогантен и егоистичен неможев да се натерам да поверувам.Го покажал тоа неколку пати во кариерата го има и во видео запис,но по се мислам дека Златан ја крева тензијата.Секогаш се издерава на некој без разлика дали има или нема причина.Алегри мора да му даде еден од "погледите" не смее да го остави со потполно одврзани раце.Греота е да завршат неславно нивните настапи како тандем зошто страшно голем потенцијал има во таа двојка.
Vila е ништо друго освен новиот Монтелонго за жал.Зошто тогаш го купија?Зошто не го стави во игра и така Антонини е шатор сезонава?Греота е!
FORZA MILAN
Сепак Але е само 21 годишно момче и не треба до толку да му се врши притисок!
Се додека главата му стои цврсто на рамениците тој ќе се развива, Милан има такво опкружување. Во моментот кога тој ќе почне да гледа на останатите и на тимот од повисока позиција тогаш ќе биде продаден! Така оди тоа во Милан.
Сега засега, да се надеваме дека тие негови повремени испади се само плод на неискуство и младост зачинето со големо его за така младо момче.
Факт е дека Касано игра многу подобро со Златан и Бињо отколку Але но можеби во прашање е време.
Околу Вила... повеќе новинари блиски до Милан и дел од тренерите во Миланело тврдат дека момчето не е игнориран со тоа што не е регистриран во ЛШ туку едноставно дека тој е долгорочна инвестиција, дојде пред само 2 дена и сеуште е неискусен за ЛШ. Поради тоа покрај Антонини се регистрирани Замброта и Јанкуловски.
Ја разбирам поентата на образложението за Vila како долгорочна инвестиција Ри, ама што ќе беше проблемот ако детето беше вклучено во тимот..дури и да го сметаат како недоволно спремен за ЛШ и дури да не одиграше ни една минута таму, нели ќе беше солидна алтернатива на лева бековска или во превод најтенката позиција во тимот?
единственото оправдување, ако воопшто може така да се наречи неговото изоставување, го гледам во немањето на волја или незгодната ситуација да се исфрли еден од оние "стари шампиони"..пред се тука мислам на Janku..на лето си оди, па ај да не му го правиме ова, нели?
дури и да е така, што до некаде ги разбирам тие што одлучуваат за ова, успехот во натпреварувањето и квалитетот на играчите треба да бидат пред сентименталностите!
инаку Ambro надвор 2 месеци!!
проблеми и само проблеми...
Киву ќе биде суспендиран дополнително, тоа е сигурно!
Но каква сатисфакција за Бари од тоа, доколку Ромеро го исклучеше вечерва можеби резултатот ќе беше поинаков...
решив да не се замарам со Шинтеровци во врска со резултатите, освен за Дербито се разбира..а за тоа какви гнаси се, сите знаеме..со исклучок на Zanetti јас не се сеќавам на некој нивни играч прав џентлмен..сите се онака баш ко дивјаци..што всушност и да се очекува од таква околина..ова со Chivu може супер да им дојде на Roma за во Недела, ако дотгогаш му изречат казна, што чисто сумљам..ако не игра боксерот, ќе мора Nagatomo, а тоа може да биде измислено за Vucinic, секако доколку му биде дозволено да игра како десен крилен напаѓач, наместо лев како досега..ама си знае убаво Ranieri, да не му се мешам јас :)
а и незнам како предавникот наш ќе состави одбрана за во Недела..ај сега да го видам
а видете го дебито на Dinho во Flamengo...
http://www.sportski.mk/statija/6251
Како немаат џентлмени? Ами Матераци?
Киву 4 меча суспензија
искрено очекував 3, раководејќи се од истата глупост на Eto'o...
Post a Comment