Translate

Tuesday, 15 February 2011

LA NOSTRA STRADA A WEMBLEY!!!

F
         Се послужив со една слика која навивачите на Arsenal ја користат кога сакаат сликовито да опишат кој им е најголемиот ривал и нивниот најомразен тим..и не дека имам нешто многу против Tottenham, само си замислував како би се осеќале по двомечот..а можеби и нема да треба толку време, жежок ќе им биде утре и San Siro..таму ги чекаат седумкратните европски шампиони, спремни за враќање кон шампионските патеки, кон славата, овојпат кон Wembley..најславниот и (по мене) најубавиот стадион во светот го очекува најдобриот, нашиот Milan!
Првата пречка на нашиот пат не е екипа од европскиот крем, но дефинитивно состав без многу почит кон "големите"..на неколку пати во последните години покажаа дека сакаат да растураат традиции, не трпат стереотипи, ги фрлаа на колена екипите од "големата англиска четворка"..реално гледано, неможат до титула во нивното првенство, признаваат дека трофејот во лигашко натпреварување е преголем залак за нив, ама баш затоа амбициите во куповите им се секогаш поголеми..повеќе од солидната екипа годинава неколку пати покажа колку може да биде опасна или незгодна, зависи кој како ја доживува..со неколку страшни индивидуалци граби кон нивните зацртани цели сезонава..но она што најмногу треба да не загрижува во врска со екипата на Tottenham е, можеби нивната најголема ѕвезда, почитуваниот Harry Redknapp..навистина никогаш не водел голем клуб, ама секогаш знае како против нив..неговите интевјуа најчесто немате сила да ги дочитате, можеби и ништо нема да го разберите во нив, но она што сака да го спроведе на терен е скоро секогаш е одлично замислено..
Утревечер ќе има многу проблеми несомнено..што поради недостапноста на неколку клучни играчи, што поради противникот..спроти себе ќе го има мудриот Allegri, со несопирливиот воз наречен Milan..фаворитите во двомечот ќе се обидат уште пред гостувањето на White Hart Lane да создадат солидна позитива..можеби нашите момци не се во најдобра форма, ама по последното демолирање на Parma, во тимот владее супер атмосфера што е добар предуслов за уште една маестрална претстава на San Siro..европскиот префикс на мечот дава уште поголема мотивација, а ние гладни за континентален фудбал по долгата пауза, очекуваме нов спектакл..иако не е далечна 2007мата и последната европска круна, вака скроениот Milan ни дава за право да се надеваме за нова, осма титула..има фанови (и јас во нив) кои сметаат дека годинава Скудетото, па и Купот треба да бидат главна определба на клубот, но кога доаѓа време за ЛШ, се се заборава, сите не фаќа треската што ја носи европскиот трофеј..
Milan утре, по којзнае кој пат сезонава излегува на терен некомплетен, да не речам десеткуван..кога на сите повредени играчи ќе се додадат и оние кои што немаат право на настап во ЛШ, екипата е значајно проретчена..сепак, и без неколку значајни играчи изгледаме моќно..светла точка е целосното враќање на пар дефанзивци, најголем проблем, секако средината..со неколку дилеми на Massimo, пред се на бековските позиции и средината на теренот и познатиот супер силен напад влегуваме во последните неколку часа од почетокот на нокаут фазата..комбинациите и ротациите со составот ќе му ги оставам на Max, јас само очекувам да не отстапи од стандардната формација, со цврста одбрана, поискусен среден ред и тројца офанзивни играчи, да се обезбеди комотно патување за Лондон..ќе мора да се искористат слабостите на гостите и навреме да се чекира картата за четврт-финалето..
колку само гламурозно и предизвикувачки изгледа финалето на Wembley... можеме дотаму, знаеме сите!

ANDIAMO RAGAZZI!!! FORZA MILAN!!!


21 comments:

ReBorned said...

Немам време, одам на работа и од мене само едно Forza Milan преку мобилен а се надевам вечерва ќе има време за една аматерска анализа. Очекувајте го Il Monstro во средниот ред а Yepes во дефанзива!
Forza Milan!

Navigator said...

Доволно Ри, важно да ти чуеме глас :)
ајде бе росонери, баравте пост...

Navigator said...
This comment has been removed by the author.
Navigator said...

Владе си го променил бројот??
Има собир вечер во Green Cafe во ТЦ Бисер по скалите надолу од лева страна, одма до Lulu Cafe..ти и ако имаш некој да земеш, бидете таму околу 20.30!

CurvaSud_Milan said...

Ivan druze imam nov broj izumiv deka go imas stariot broj ti, a jas pa nemam ni eden od starite broevi vklucuvajki go i tvojot :) ...aj togas ke se najdeme tamu i ke si razmenime broevi pak. ...a za vecer skoro i sum siguren vo pobeda, samo ja ocekuvam bez primen gol, vo sprotivno ke bide mn tesko vo London! FIRZA MILAN!!

CurvaSud_Milan said...

FORZA de :)

kiko_pato said...
This comment has been removed by the author.
kiko_pato said...

и јас сум скоро сигурен на победа вечер, сепак сме класа за нив и неможат со нас, а Алегри многу добро го извртвува тоа за многу повеќе да ги мотивира хероите наши :) верувам во Алегри верувам во момците и вечер ќе го покажат тоа што е потребно.
Ако се прашувам јас би играл со овој состав, Абиати,Неста,ТС,Одо,Антонини,Гатузо,Фламини,Меркел
Робињо/Сидорф,Пато,Ибра
а Алегри вечер мислам дека ќе ги испрати овие на терен Абиати,Неста.Јепес,Абате,Антонини
Гатузо,Меркел,ТС
Сидорф,Ибра и Робињо па ќе видиме, многу ме интересира како ќе го искомбинира составот.

FORZA MILAN!

Navigator said...

мојот состав:
Abbiati
Oddo--Yepes--Nesta--Luca
Rino--TS--Flams
Binho
Pato--Ibra

FORZA RAGAZZI!!!

Navigator said...

ок Владе се гледаме во Green..ако случајно неможиш да го најдеш кафичот ова е мојот број 071/235589

Vase_AC Milan said...

Да се додадам и јас во муабетот.Значи сигурен сум во победа.Верувам дека рано ќе го отвориме резултатот пред се поради нивната порозна одбрана.Има некој информации дека Модрич ќе стартувал но нема веза тоа.Подобро да игра тој свеж од повреда него ли некој друг што е во форма.Кај нашиот состав верувам дека ќе има изненадувања како тактички така и на играчки кадар.Секогаш го прави тоа Мах и до последен момент не се знае кој ќе игра.Нема да ме изненади и Меркел ако стартува.Силва мораше да игра пред одбраната затоа што немаме избор.Значи сега одбраната е камен,не верувам дека ќе примиме гол а се надевам дека ќе постигнеме барем 2-3 за да бидеме спокојни во Лондон.Европската сцена е наша и тоа треба да им биде јасно на сите.Одиме на победа вечерва на Сан Сиро пред полни трибини.Мотивите се на место екипата е моќна се е спремно за епска победа.

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

ReBorned said...

Изненадувањата на Мах? Пато на клупа

ReBorned said...
This comment has been removed by the author.
Navigator said...

LE FORMAZIONI UFFICIALI:
MILAN: Abbiati, Abate, Nesta, Yepes, Antonini, Gattuso, Thiago Silva, Flamini, Seedorf, Robinho, Ibrahimovic.
TOTTENHAM: Gomes, Corluka, Gallas, Dawson, Assou-Ekotto, Lennon, Palacios, Sandro, Pienaar, Van Der Vaart, Crouch.

ReBorned said...

катастрофа од полувреме. Можеби Але на местото на Сидорф, Меркел на местото на Антонини и Фламини да оди на лев
бек

kiko_pato said...

би почекал до утре, и утре ќе коментирам.... :S

Navigator said...

јас незнам ни утре што би коментирал..непрепознатливо лоша игра мислам дека е правата фраза за ова што го видовме денес..

Vase_AC Milan said...

ЦВРЦ

ReBorned said...

Денес се згрозив од Гатузо, Да ќе повторам, се згрозив од Гатузо!
Би можел истото да го кажам и за Фламини до некаде, а Абате покажа дека не треба да се трескаш од земја и да одиш да убиеш некого за да те препознаат дека играш со срце и со душа!

Vase_AC Milan said...

Делуваше како да се распаѓа тимот.Тотенхем????? Момци акнете ми по една да се освестам да не сонувам???????

CurvaSud_Milan said...

Момци ајде малце со ладни глави да прокоментираме. Ништо не делуваше како да се распаѓа, и нема никаква причина да ви се згади од Гатузо.

Гатузо како Гатузо си се понашаше исто како што го знаеме години наназад, се до фрустрирачката реакција после фаулот по кој доби жолт што впрочем и беше поводот за таквата реакција затоа што знаеше дека нема да игра во Лондон, и стварно беше оправдана реакцијата затоа што тој фаул ни малку не беше за жолт картон! Моменталното сознание дека нема да игра во Лондон за фаул што не би требало да биде осуден со жолт ќе роди фрустрација кај секој, а за кај Гатузо не треба ни да помислиме! ...и таа е искрена, од срце реакција, се друго понатака беше резулатат на картонот, што не викам дека го оправдувам мавањето глави и слично, но можам да му ја разберам фрустрацијата!

...Далеку од тоа дека делувавме како да се распаѓаме, имавме катастрофално полувреме, но за 180 ја свртевме сликата во второто полувреме, буквално не шутнаа и не го помирисаа голот во второто полувреме и се усраа како мали деца во еден период кога нападнавме со сите сили! ...не успеавме да дадеме гол и ни го спопикаа културно, како што тоа секогаш нели бива!

хедс ап! имаме уште 90 минути, кога они можат на сред Милано, тогаш ние сигурно можеме на сред Лондон!!!