Translate

Saturday, 12 February 2011

Милан 4:0 Парма (Загревање за Тотенхем)

15 comments:

kiko_pato said...

со извинување до мохикан што овој пат го преварив, но навистина овој натпревар ми остави голем впечаток, се надевам нема да ми замери :) одиме на истиот резултат со Тотенхем!

ReBorned said...

Aх колку ми е жал што Fantantonio нема право за настап во ЛШ

Anonymous said...

Разликата се направи во креативноста во средниот ред."Мускули" искомбинирани со креативност ете до што придонесува.Претходниве неколку утакмици премногу статични беа играчите од средниот ред и пред се со дефанзивни задачи и карактеристики.Одма е подруго вака.Може не нервира Сидорф и на моменти делува како прв пат да игра фудбал но во вакво светло ќе ни треба многу,особено другиден со Hotshit.
Напаѓачите ни се extraterrestural немам што да кажам друго.И одбраната исто.Ме загрижува левата бековска позиција за у Вторник.Ако се опорави Анто арно ќе биде,а ако се опорави Бонера многу лошо ќе биде - Ленон душата ќе му ја извади.Но за тоа отом потом во нов пост :))
Супер игра,одлична победа и со високо ниво на самодоверба ги пречекуваме Cockspur


FORZA MILAN

Navigator said...

цитат на коментаторот на Setanta после четвртиот гол... "Mamma mia, che Milan..mi ricordo di Milan sul Sacchi e Capello!"

Navigator said...

момци, дали има заинтересираност за собирање во Вторник??
пишете што поскоро, за да знам..има некои најави за собиранка, ама треба да знам дали има заинтересирани од блогов..редно е да се собериме еднаш веќе...

kiko_pato said...

ќе се собереме за финалето :D

Navigator said...

ако чекаме дотогаш...
стварно, ќе има собиранка, ако има некој заинтересиран нека пиши побрзо

The Last Mohican said...

Нема љутење Кико :) Јако газење беше ова со Парма. Касано "man of the match"! :)

kiko_pato said...

ајде озбилно, еве ја и васе сме од велес ама искрено небива да се дојде оти нема превоз за назад после натпреварот иначе би дошле ако можете вие скопјани да се организирате да дојдете Велес со кола некој ако има би било убаво.

Navigator said...

па има собир и во Велес бе дечки за вас..на го знам името на местото каде ќе биде, ама можи да се информирате кај дечково http://www.facebook.com/prodanov
колку што знам, веќе имаат организирано 2-3 собири..а од скопјаниве гледам нема заинтересирани..Mohican, Владе, Драган? Ри знам дека беше некаде од југот, ама него ќе го чекам за титули тука во Скопје :) штета, баш сакав да се собериме еднаш помасовно..

П.С. Знае некој каде е Драган Ultra?? беше еден од најактивните, а веќе месец-два нема глас од него!

CurvaSud_Milan said...

И јас сум за! ...ќе праиме тука договор каде, или има веќе договорено?

Navigator said...

ќе ти се јавам довечер Владе, прво да се слушнам со дечкото што организира..инаку собирот треба да е во Green Cafe во Бисер

kiko_pato said...

знам дека ќе има собир и тука во Велес и ќе бидеме таму :) само сакав да кажам за ние од блогов да се соберевме... ајде за следниот натпревар ќе се обидам да ја направиме да дојдеме во Скопје ;)

kiko_pato said...

и ајде некој расположен за пост ако има би било убаво уште вечерва да има пост....

Navigator said...

за следното коло против поатрактивен противник ве чекам во Скопје :)
инаку пишувам пост, ама не е готов, ќе го довршам денес малку покасно..знаете како е денес, со обврски... :)