Translate

Sunday 28 March 2010

Милан - Лацио и нешто плус...



Упорно ни велат... ај да ја направиме интересна сезонава а ние упорно велиме: Не, благодарам!
Еве пак можност да дојдеме до -1 и заедно со Рома да дишеме во врат... Јас лично сметам дека е крајно време Лео да ја фрли врската и костумот и да влезе во игра. Не игра пола тим, пола првотимци а тој и така во секое време може да одигра подобро од некои кои што го носат овој дрес! Против Лацио ќе биде мачење, сигурен сум! Сепак доколку тоа мачење заврши со 3 бода сигурен сум дека сите ќе бидеме задоволни. Во недостиг на единствената креативна сила во тимот (Дињо + Пирло) и единствената луцидност во тимот (Пато) како и половина одбрана (Неста + Бонера) може се’ да се случи. Фактот дека дури 4 младинци се повикани во сениорите (Верди + Зигони + Ромањоли + Страсер) доволно зборува за фондот на фудбалери за овој натпревар. Во зависност од тоа дали Сидорф ќе се опорави на време барем да го започне мечот, Лео се двоуми меѓу неколку формации. Доколку Сидорф може да го започне мечот би се играло со 4-3-1-2, дури и во таа формација би играле неколку фудбалери со „една нога“ т.е директно од болница на терен. Доколку Сидорф не успее да се среди би играле со класична 4-4-2 и Јанко + Абате по крилата. Многу е лошо кога фондот на фудбалери а не тренерот ја дефинираат формацијата и тактиката на еден меч. Доколку се вистинити најавите за ултиматумот од 5 точки на Лео кон Берлу тогаш Лео ќе ја добие сета почит во големата фамилија на Милан. Овде мислам на навивачите. Никој досега ги нема толку отворено кажано сите проблеми, никој се нема обидено да бара решение. Ова само се таложи а еден ден ќе пукне! И тогаш нема да можеме да имаме трансфер период со 20 имиња! Џеко пак си даде 2 гола вчера, кога Берлу рече дека ќе купуваат фудбалери само под 23 Лео рече дека во таа група спаѓаат и Џеко и Сисоко! Или не го купија Џеко лани за сезонава да повторат дека купуваме само фудбалери под 23 а Џеко сезонава е 24?! Тоа што по тоа удирање во гради дека купуваме фудбалери само под 23 беа донесени Бекс и Мансини а сега и Јепес е трагикомично! Единствен пат кога тоа беше испочитувано, кога агентот на Красич (25) изјави дека неговиот клиент бил на работ од потпишување за Милан, било се договорено во зимскиот преоден рок но тогаш Росонерите го купиле Адиа и со тоа ја затвориле НОН-ЕУ квотата!
И после Цацко ни е крив? Е не ни е, тој убаво си кажа: Персоналот ви е за никаде а услугата катастрофа! Леонардо не доби дури ни минимална подршка (во смисол на фудбалери) во својата руки сезона! И не само тоа, доби критики кога тимот губеше (или поточно изгуби, 2-3 дома од Јунајтед) а не доби пофалби кога тимот газеше се’ пред себе! Епа тие фудбалери и тој стручен тим сакаат да слушнат и рекогнација на нивниот труд! Тешко се мотивираат овие фудбалски старци а Лео успеа да го направи и тоа!
Бразил го сака Лео по СП за селектор! Доколку го испуштиме губиме пред се одличен човек, одлична личност! Потоа губиме фантастичен скаут, човек кој на рака го знае најголемиот пазар за квалитет во светот и личност кој не е изграден тренер но е на одличен пат да стигне таму. А доколку Лео стане селектор на Бразил, ќе гази, ќе гази се’ пред себе! А нашево раководство и тогаш ќе се фали, ова е нашиот тренер, ова е нашиот Леонардо! Патетика во најчиста смисла на зборот!!
STFU Berlu! Forza Leonardo!! Forza Milan!!!

Thursday 25 March 2010

Que Suceso?


Пред помалце од една недела сите бевме fired up за натпреварот со Наполи,и евентуалното превземање на врвот од Принтер,но еве само неколку дена подоцна работите се враќаат на старо.Да бидеме реални момци,моменталниот играчки кадар на комшиите е 3-4 сезони пред нас,и додека ветераните и ѕвездите(Креспо,Круз,Ибрахимович) ги сменија со Милито,Ето и Пандев,управата на Милан одлучи да продолжи со старата гарда и по некое ново лице.Сето тоа придонесува да го гледаме она што се случува.
Доколку ја освоевме(или ајде освоиме да не бидам многу песимист)титулата тогаш тоа ќе биде поради среќни околности,и нормално киксови на гореспоменатите гниди.
Причини и изговори за нашите грешки можеме да бараме до утре,затоа што реално гледано си ја имавме судбината во свои раце,но тоа нема ни да ни ја врати титулата,ниту пак ќе ни помогне по патот по кој сме тргнале.
Но не е се така црно,оваа сезона(иако најверојатно завршена уште во фебруари)ни донесе многу промени и нови ветришта во Милано.Секако главното лице тука е Лео и неговата фудбалска замисла,токму затоа тврдам дека не ни треба да се помисли на наводно бркање на Лео,затоа што тоа ќе биде голем чекор назад,а ако му биде дадено време,простор и одврзано ќесе успехот е загарантиран,и ќе можеме да очекуваме црвено-црна доминација во декадата што следи.
Можеби ќе бидам оквалификуван како песимист затоа што има уште цели 8 кола до крајот на сезоната и јас ќе бидам најсреќен ако грешам,но тешките натпревари за мерда завршија,и освен дуелот со Рома во сабота и делумно големите Јуве и Виола,Мерда не би требало да изгуби повеќе од 5 бода до крајот.Во исто време ни им гостуваме на Каљари,Палермо и 2 пати во Џенова,како и дуелите со Јуве и Виола.
Надежта последна умира,а принтер се натпреварува на 3 фронта и тоа би требало да ни е единствената шанса за поматување на сметките.


Засекогаш Црвено-Црни!!!






FORZA MILAN !!!

Sunday 21 March 2010

ШТЕТА!!!



Имавме шанса да си го зграпчиме врвот и да не го пуштиме до крај, ама изгледа дека ќе да почекаме до наредната недела..знам дека и во среда се игра коло, но со оглед на противниците, нашиот и на гнасите, не верувам дека ќе можи да се смени лидерот..дури и напротив можи да заостаниме некој бод оти гостуваме кај Parma ама на тоа не ни сакам да помислам..
Инаку денес бевме (уствари Leo беше) во извонредно комплицирана ситуација..со ненадејната измена на стартот, којзнае која по ред, ептен му се измешаа сметките..кога беше очигледно дека и Pippo и Oddo мораат итно да одат надвор, тој мораше да калкулира и да чува една измена за на крај..се реши за Oddo со Luca, што испадна доста добро, ем ради свежината по левата страна, ем ради останувањето на Pippo кој тогаш конечно почна да прави проблеми за одбраната на Napoli..со третата измена доста ме изненади, ама позитивно, оти сепак не мислев дека ќе има толкави мадиња да игра само со двајца во средина..секоја чест за Leo, зашто така се игра ако се сака титула..за мене ова беше една од најдобрите претстави на тренерот иако немавме 3 бода, но исто така и една од малкуте негови добри утакмици..
тоа со среќата и дали имавме или не несакам да го коментирам, а убаво би било и вие да не го споменувате оти видовте и сами какви не шанси пропуштивме, а и какви не топки одбрани Кичо во првото полувреме..ќе речам само ШТЕТА за глупиот гол што го примивме највеќе ради глупиот Oddo..не го велам ова затоа што беше крив за блокирањето на Кичо, туку општо ми делува глупаво скоро на секоја уткамица :)
Исто е ШТЕТА што Bergonzi не беше толку „голем“ па за неколку минути да му дај втор жолт на Canna junior..
И дефинитвно најголемата ШТЕТА за Ale..можеби избрзале докторите, можеби неговата желба била поголема од можностите, можеби му беше неопходен на екипата, ама ова не смееше да се дозволи..без него не е иста екипата и ептен ќе ни треба до крајот, затоа премногу се надевам дека не се работи за обновување на повредата..

Дечки, се гледаме на Ennio Tardini!

FORZA CAMPIONI!!!

Saturday 20 March 2010

МИЛАН - НАПОЛИ



Господинот си ја заслужи сликата...
Незнам веќе што да пишам, сите кола до крајот се исклучително важни. Во ова коло сите учесници во трката имаат тежок натпревар. Во Сабота Рома игра на Олимпико против Удинезе а комшиите гостуваат на Палермо. Во Недела ние играме дома против Наполи. Искрено имам некое лошо претчуство за овој наптревар. Ова пред се поради разорната сила во офанзивата на гостите и триоото Хамшик-Лавеци-Кваљарела. Фактот што ТС е единствениот 100 % здрав дефанзивец во тимот (вклучувајки ги и бековите) дава дополнителна неугодност. Покрај ТС ќе стартува повторно Фавалињо кој рака на срце досега солидно си ја врши работата. Во ваква ситуација добро би ни дошол Јепес, замена за Фавалињо и Каладзе (покрај него ќе дојде друг млад дефанзивец па Јепес ќе биде само 5 избор за CB од клупата). Кај нас конечно некои позитивни вести во поглед на повредите. Пато се враќа исто како и Сенаторот. Бориело се чини нема да може да се среди од грипот па во нападот ќе стартува Пипо кој треба да ни докаже дека сеуште пред своето име го има постојаниот епитет СУПЕР! Сенаторот би заиграл на местото на Амбро кој се жали на повреда и нема да може да се среди за овој меч. На бековите по се изгледа сигурен е Замброта лево а десно ќе биде еден од Абате и Одо. И Абате се жали на повреда исто како и Антонини. Околу повредите и толку фалената Милан Лаб запрепастувачки податок: Во последните 2 сезони сме имале 57 повредени. Повеќето од нив беа крајно бизарни и одолговлекувачки (се чека секој следен натпревар да се врати во игра а го нема 2 месеци). Значи Милан Лаб и не е толку сјајна како што се чини.
Мацари спрема кафез за Пато и Роналдињо. Доколку Роналдињо е отсечен не можеме да се снајдеме (Рома). Кампањоло и Зунига (како ли го пропуштивме) првично ќе бидат задолжени за овие работи.
Без разлика како ќе изиграат вечерва комшиите ние си ги гледаме нашите натпревари, чекор по чекор... со огромно внимание во задните линии одиме на 3 бода. Не ми е гајле дали тие 3 бода ќе дојдат со 1 гол во 90+ или од сомнителен пенал. Сакам победа!!!

Sunday 14 March 2010

SEEDORF!!!


АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ 1 бод! 1 бод!
Нема што да збориме за шанси,повреди на крајот ќе се види Милан 1 - Киево 0
3 Бода,евро гол на Сидорф и чао пријатно!
По незнам кој пат сезонава го губам гласот на крајот на натпреварите!
Само храбро момци,само напред!!!


FORZA GRANDE MILAN !!!

Одиме напред!

Беше и помина. Бевме поразени од подобар тим во моментов и нема ништо срамно во тоа. Одиме напред!
Лео изјави дека тој реванш на Стариот Трафорд може да им даде дополнителна мотивација па ако сакате и инает за да се направи еден завршен јуриш за Скудето! Незнам дали тоа Лео го чувствува меѓу своите пулени или сака да го подигне натпреварувачкиот дух по таков дебакл но како и да е, добро е!
На гости ни доаѓаат летечките магариња. Магарињата по дифолт не би требало да летаат па добро е да им ги отстраниме крилјата што порано во мечот. И повторно одиме со познатите фрази дека ова е меч што мора да се добие, дека ова е голема шанса и сл. Епа драги мои, сите натпревари до крајот на првенството имаат предзнак is a must. Овој натпревар е специфичен од друг аспект. Десеткувани сме во сите линии во тимот особено во најболниот дел, одбраната. После ТС имаме огромен гап во квалитетот на неговиот партнер во одбраната. Тие што се повеќе или помалку блиску до неговиот квалитет (Неста и Бонера) се повредени а првиот се чини и рече збогум на оваа сезона. Само уште еден доказ за потребата од секаков вид на дефанзивци во последната линија на тимот. Покрај ТС ќе застане Фавалињо кој за мене лично е сеуште подобра опција од КамиКаладзе посебно по изјавите на Каладзе за тимот пред некое време. Десно би требало да стартува Абате а лево се чини ќе мора да заигра Замброта (Антонини е во аут). Средниот ред би бил составен од Пирло, Гатузо и можеби Бекам додека во нападот е сигурен само Роналдињо. Пато е повреден па не е сигурно ништо напред. Другата комбинација е Бекам да оди на AMR а во средината да игра капитенот покрај Гатузо и Пирло. Можеби е подобро да започне Бориело пред Хунтелар од едноставна причина што првиов сезонава беше одличен против „послаби“ противници а не знаеше да постигне гол на дерби натпревари. Во одбраната најмногу проблеми ќе ни предизвикува Пелисие! Одличен дриблер, брз фудбалер со фантастичен шут! ТС треба да се погрижи за него.
Сепак да внимава на жолтиот картон кој го одалечува од мечот против Наполи.
Лео...За Манчестер, околу замената на Бонера со Сидорф (и враќањето на Амброзини на CB) вели дека во тој момент на тимот му требаа 3 гола за да помине понатаму и „Убијте ме но јас нема да бранам пораз“ . Искрен е дека овој тим не е тој од 70-тите да трча цели 90 минути.
Лео работи на психологијата на тимот за напад на Скудетото. Ги мобилизира сите, вели дека ни треба помош и од т.н маргинализирани (Каладзе, Одо, Пипо) и од оние кои не веруваа дека овој тим има сила за напад на Скудетото (Јас и другите неверници како мене, жал ми е). Вели дека повредата на Неста е голем удар но дека Милан има и други фудбалери и не зависи од никој поединец. Секогаш искрен, секогаш со класа!
Па ајде Лео, ајде момци... сите! Од Каладзе до Адиа, од Тиаго Силва до Роналдињо! Од Лео до Галијани и од Ри до Васе и Ултра... Во мобилизација! Одиме напред!
Milano siamo Noi solo Noi!!!
Forza Milan!!!

Sunday 7 March 2010

A MANCHESTER, CERCANDO PER LA GLORIA!!!



Сликата што ја ставив на овој пост ме потсеќа, а верувам и сите вас, на еден убав период, полн со успеси, накратко речено - шампионски..иако мечот од кога датира сликата не заврши во наша полза, сепак буди одлични спомени..можеби заради една од најдобрите партии на Kaka во Milan, можеби заради одличната атмосфера, а дефинитвно најповеќе заради тоа што се случуваше 2 недели подоцна на San Siro и нашиот прогрес во финалето, па и подалеку :)
еден феноменален двомеч за нас rossoneri-те, кои сега пак, се надеваме дека историјата можи да се повтори и црвените ѓаволи пак да бидат на колена после 180 минути..меѓутоа се чини дека овојпат тоа ќе биди најтешко..не дека сега немаме доволно квалитет во екипата или противникот е битно појачан, туку проблемот е што патуваме во Manchester со еден доста несреќен пораз и негативен резултат кој треба да се надополни..исклучително тешка задача за момците, бидејќи наспроти себе имаат екипа, но пред се тренер кој знае како да се игра на ваков резултат..
некои од нас мислат дека да се даде два гола на Old Traford и не е некое чудо, други дека првиот меч реши се..ниту пак можи да се кажи дали играме добро или лошо во дерби мечевите..во секој случај, сигурно е дека овој натпревар неможи да се споредува со било кој друг..момците треба да изиграат максимално пожртвувано, со срце, ама и со ум..напаѓачки од старт, да изиграме онака како што не сме изиграле досега..можеби нешто слично како во саботата но со многу поголема ефикасност..да докажиме дека сме спремни на се, дека сме поголеми од секој проблем, дека знаеме да се извадиме од секаква ситуација..ние знаеме, но да им покажиме на сите дека сме најдобри, едни и единствени, ние сме MILAN!!

FORZA MILAN!!!

Friday 5 March 2010

OMNES VIAE ROMAM DUCUNT!!!


Стара, можеби и излитена фраза, која сте ја чуле и прочитале стотици пати, но со голема доза на вистинитост и секогаш користена со право! Иако, верувам, нас ни се побитни и подраги оние патишта кои водат кон Милано, овојпат таа мала саботна екскурзија до главниот град може да значи многу..всушност премногу..или најдобро речено – титула..се наоѓаме во фаза кога немаме бодови за расфрлување и секој меч без три бода (барем од позиција на бркачи на лидерот) ќе се смета за неуспех..дури и утревечер, кога гостуваме кај сеуште неотпишаниот трет претендент за Скудетото, пред екипата стои императивот на победата и новите бодови кои ќе не приближат до оние кои оваа сезона дефинитвно ќе го изгубат приматот во Италија..не се сеќавам како им беше името, ама беше поврзано со некаков си Печатар или така нешто :)
Атмосферата во екипа, како што јавуваат од клубот е одлична, особено после веста за Патката и неговото можно враќање во среда против побратимите ѓаволести..сепак лично мислам дека изјавите се малку напумпани, со што сака да се скрие една огромна фрустрација на сите во клубот од проклетството на повредите сезонава..скоро и да не постои натпревар од Нова Година наваму, а да немаме принудна измена уште во прво полувреме заради повреден играч..и тоа, според мене, е она што доста ја “тепа” екипата..
Овојпат за дербито со Roma на располагање нема да бидат ни Seedorf, ни Mancini кои не се опоравиле доволно, а Rino е out поради картони, како што знаеме од минатата недела..прочитав изјава на Leo кадешто се обидува да ја опушти ситуацијата по веста дека Mancini останал во Милано и вели дека имаме алтернативи за таа позиција, што ни кажува дека Becks ќе биди меѓу први 11 утревечер..добро е што одбраната е недопрена од повредите и ќе ја имаме најдобрата дефанзивна линија задолжена за уривање на концептот на Ranieri за офанзивна, брза и убава за око игра..
Во секој случај на Olimpico ќе не дочека една Roma на која и треба консолидација по два клучни неуспеси..и на домашен план против Napoli и на европски против PAO..два меча едноподруго кои доста ја размрдаа екипата која се чинеше незапирлива пред тоа..и тие не се сосема здрави, им фали богот Totti, а којзнае колку се опоравени Toni и Pizarro..сепак, дури и да не играат двајцата, Roma е страшна екипа и во овој дуел гледаат враќање на втората позиција и рамноправна потера по ... како ли се викаа бре??
Небитно, знам дека нашите дечки ќе напреват се, да им го срушат сонот на 80000 giallorossi на трибините и уште на 20тина долу на теренот..и уште поважно, нема да им го пружат тоа задоволство на гнасите, па да гледаат како се тепаме меѓусебе, додека тие освојуваат уште една титула..затоа ragazzi, подарете ни уште една победа, голема колку СКУДЕТО!

Еве ги повиканите и неповиканите:

Giocatori convocati:
PORTIERI: Abbiati, Dida, Roma;
DIFENSORI: Abate, Antonini, Bonera, Favalli, Jankulovski, Nesta, Oddo, Thiago Silva, Zambrotta;
CENTROCAMPISTI: Ambrosini, Beckham, Flamini, Pirlo;
ATTACCANTI: Borriello, Huntelaar, Inzaghi, Ronaldinho.

Giocatori indisponibili: Pato, Mancini, Onyewu, Seedorf;
Giocatori non convocati: Adiyiah, Kaladze;
Squalificato: Gattuso.

FORZA CAMPIONI!!!