Translate

Sunday, 14 March 2010

SEEDORF!!!


АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ 1 бод! 1 бод!
Нема што да збориме за шанси,повреди на крајот ќе се види Милан 1 - Киево 0
3 Бода,евро гол на Сидорф и чао пријатно!
По незнам кој пат сезонава го губам гласот на крајот на натпреварите!
Само храбро момци,само напред!!!


FORZA GRANDE MILAN !!!

27 comments:

Anonymous said...

Claaareeeeeeeeeeeeeeence Seeeeeeeeeeeedorf IL PALLONE MOOOOOOOOOOOOOORBIDOOOOOO


FORZA MILAN FORZA CAMPIONI

Anonymous said...

И по незнам кој пат НААЈГОЛЕМО извинување што ме немаше нигде,ама дури денес,пред 3-4 саата завршив со форматирање на пц-то и обезбедување на стабилна интернет конекција.
Гледам дека не сум фалел многу што е добро.

Идеме даље,чекор по чекор...

FORZA MILAN!!!

Kuckovec said...

Infarkt utakmica

CurvaSud_Milan said...

Од денеска -1 е температурата, за следниот викенд се придвудува зголемување за 2,3 степена!!! FORZA MILAN!!!

Kuckovec said...

Losi vesti za Beckham :(

Rossonero said...

Море нека идат у пи**у матер и Берлускони и Галијани и сите до еден од клубот на Милан , значи како што овој состав може да те извади од контакт тоа не може никој друг .

Па добро бе како е можно да не се упати ниту еден прецизен удар од 6-7 метра пред голот или од 2 метра да се шутира во голманот , па и да сакаш да промашиш од такви позиции едноставно не се промашува , но тоа им успева само на овој мизерен состав на Милан .

Убедливо во последно време го имаме нај килавиот напад во Сериа А па и во Европа , и што е нај трагично кога Галијани кажува дека ги имале Бориело и Хунтелар и не им требал друг , море мамичето негово лоповско . Бориело не го оправдуваат неколку голови со ножички кои можеби и на среќа ги погодил , поголем токмак не сум видел , не се ни труди да трча по топката , додека се заврти сите се околу него , се врти толку споро како автобус да врти , а за ударите нема што да кажувам , вистински напаѓач не смее да промашува од вакви позиции , и не само тој , Инзаги , Бекам , па од оние шанси вистински напаѓачи мора да постигнуваат просек по 5 голови на натпревар судејќи според шансите кои ги имаат , а не едвај 1 и тоа да те полудат , во последна минута .

Средината е спора како трактор , додека Пирло се врти во средина голманот слободно може да се напие едно кафе и да се врати на голот , па така ли се оди во напад бе , а за брз контра напад не ни знаат што е .

Одбраната , незнам дали е виновен тренерот , дали тој ги учи така или самите играчи се толку глупави или тромави , па како е можно да не се скока на ниту една нафрлена висока топка , доказ за тоа е и Руни кој е метро и жилет човече а ни даде 3 гола со глава , никој не се ни обидува да скокне и да попречи , сите гледаат на противничките играчи кој ќе скокне и кој ќе им даде гол , тоа е стварно несватливо , но тоа го гледа и тренерот и незнам зошто не ги учи да скокаат , и тој ми изгледа како ептен заспан .

Знам дека некој ќе рече зошто кога победуваат сите ги фалиме , победуваат можеби поради искуството , некој пенал , некоја нафрлена топка или случајно ако помине некој пас , но секогаш се упорни и сакаат да влезат со топката во гол , не ми е јасно зошто штом влезат во 16-ник не упатуваат удар , а и тие кои ги упатуваат се никакви , мора Лео тука да поработи со играчите и да ја сменат таа тактика на напад со која сакаат заедно со топката во гол , мора почесто да се упатуваат удари , а без удари нема ни голови .

Се на се , дефинитивно на лето половина тим треба да го соблечат дресот на Милан , доста веќе ни го срамат клубот и ни бришат богата историја , а згора на тоа и сите живци ми ги скинаа и не ни заслужуваат да се гледаат , просто ме вадат од контакт , а вечерва од нервоза и не ги ни гледав последните 10 мин.

Победивме вечерва поради прекрасниот удар на Сидорф , кој мораше да влезе и порано во игра , но не треба да го негираме и фактот дека и нивниот гол не беше од офсајд кој и тука е виновна нашата одбрана , а еден Силва што да ти прави , се бори со сета сила детето но овие другиве трупови не можам ни да ги замислам .

Како и да е стигнавме на -1 зад Интер , следни се Наполи , исто така незгоден тим , а ние со ваква игра и со ваков мизерен напад богами тешко против нив , се надевам на победа затоа што и Интер има тешко гостување , па можен е нивен кикс а ние никако не смееме да кикснеме и мораме да ги користиме шансите , но не и со вакви тромави напаѓачи кои мораат да одат до некој сервис за балансирање на нозете .

Поздрав до сите Миланези , и сепак , победа си е победа , честито на сите .

koljo said...

Види вака бате Росонеро
1. Не можеш да збориш за килав напад кога се бранат сите 11 играчи. Што да се праи кога кој и да прими топка има минимум 2-3 играчи околу него па не ме заебаај
2.За берлускони и галијани си тотално у право и нема тука дискусии. Да,на милан им треба нови играчи, али пази, плукаш по играчи што ја граделе таа историја
3. Кога сме кај контрите, хахах, како да има контри кога Киево одвај ја имаше топката, а кога ја имаше тоа беше на средина од терен лол
4. Ако не ти се гледаат, смени, а ако мислиш дека некој тим во Италија игра поубав фудбал од МИЛАН, се лажеш
5. Лео ги имаше само Пипо и Бориело, да почнеше со нив 2ца што ке праевме кога едниот ке снемаше душа?
6. Сите што не го познаваат италијанскиот фудбал, нека го видат бројот на фаули на киево:(

ФОРЦА МИЛАН И САМО КОН ВРВОТ

Rossonero said...

Не зборувам само за овој натпревар бе другар , потсетисе само што се изнапромашуваа првиот натпревар со Манчестер кој уште во првото полувреме требаше да водиме минимум со 3-0 и уште колку натпревари и шанси прокоцкал тој наш килав напад со спориот Бориело , нема потреба да набројувам .
Незнам колку догини имаш но јас сум навивач на Милан повеќе од 25 години и многу подобро знам кој бил Милан за споредба со овој денешниов , а тие играчи кои граделе историја им поминало веќе нивното време и нема што повеќе да бараат во Милан , затоа што се што градел Милан низ историјата тие денес го бришат тоа и пишуваат црна историја за Милан .

Знам дека последниве 2-3 сезони Милан беше многу ослабен , и по вина на раководството а некогаш и по вина на Анчелоти , одкако дојде Лео оваа зесона Милан буквално се врати од мртвите и дојде до шанса да се бори за титула , тоа ме радува и не го негирам , играат подобар фудбал за гледање , но пак ја имаат задржано истата тактика на спори напади и неефикасност од страна на напаѓачите , тука е грешката , според поседот на топка и играта која ја прикажуваат ( со исклучок на неколку натпревари ) и според шансите , Милан треба да постигнува по 4-5 голови на натпревар , а секоја промажена шанса се плаќа , со примен гол или со пораз .

За повредите , знам дека не следи некој малер , но и тука е грешката и кај раководството и кај тренерот .
Раководтвото не се активни на трансфер пазарот и штедат пари , а без пари нема и титули , а тренерот пак и тој како Анчелоти , запнал со Фавали , Каладзе , Гатузо и компанија , а има многу подобри и побрзи млади играчи во примавера тимот а и во првиот тим , и наместо нив да ги уигрува во прв тим тие уште играат со старците , па кога ќе се повреди некој нормално дека нема клупа кога навреме не ги уиграл со првиот тим .
А за трансфер политиката нема потреба да зборувам , катастрофа , ги даваат играчите како Кака и Гуркуф а купуваат некои стари трупови на кои им поминал рокот .

Мислам дека сега ме разбра подобро .

koljo said...

Да да ја ти ја укапирав поентата уште од старт, али онака малце анти-милан беше настроен нвм и тоа ме растревпжи:)
Како и да е, ние сме фанови на милан и кога игра и одлично и катастрофално нели:)
Најбољи беше реакцијата на публиката коа го плесна Сидорф голот, и највише му се израдувавме, дека со тој гол ја намаливме маката од тие 90 мин. ФОРЗЗА МИЛАН

Rossonero said...

Па токму маката и нервозата во цели 90 минути ме натера да бидам изреволтиран како и секој натпревар на Милан кој го гледам со голем притисок дали ќе прими гол и дали ќе победи . Ти кажав дека сум ептен заразен фан на Милан и кога Милан губи натпревари буквално и кога спијам во сон ми е тешко . А од толкава страст кон Милан и толку години навивање за Милан ги знам веќе и како мислат и како дишат во Милан .

Тие напнати натпревари просто ме вадат од контакт до последна минута , и кога водат се плашам да не прокоцкаат , затоа што некогаш ни заспива одбраната и примаат глупи голови , а кога е најпотребно знаат и да прокоцкаат , па од таа напнатост и нервоза крајно време е веќе да се изменат некои работи во Милан и време е скоро половина тим да си замине затоа што не го заслужуваат дресот на Милан , но најбитно е раководството да се пробуди и да ја смени трансфер политиката со Клубот покрај неколкуте слаби сезони а последно по катастрофалното отпаѓање од ЛШ , но се плашам ако освојат Скудето ќе речат дека пак ние сме најсилниот тим и пак нема ништо да купат на лето и ќе продолжат со истиве играчи , е тоа е тоа што ме нервира .

А инаку и да го вратат Милан во трета лига јас никогаш нема да се откажам од него .

Поздрав .

Форза Милан !!!

Kuckovec said...

Dokolku se osvoi skudetoto normalno deka uncle fester ke vika deka sme najsilniot tim i deka nema da ima potreba od golemi transferi no mislam deka Leo znae sto pravi a i veke ima nekolku mladi talenti koi sto drugata sezona veke mozat da bidat prekomanduvani vo prviot tim.... a za skudeteto samo da se osvoi pa sto sakaat neka zborat kelavicite... Forza Milan

Rossonero said...

Но не е целта само Скудетото од оваа сезона , можно е од следната сезона Италија да загуби едно место во ЛШ и да оди со 3 екипи а Германија со 4 , па ако ен се смени ништо во Милан ќе биде тешко и да се дојде до пласман за во ЛШ , а и ако се дојде треба да се биде конкурентен тим за поголем дострел а не да се испадне уште во фазата по групи , но со истиов состав тешко до поголем дострел .

Но се надевам дека Лео ќе извади некој талент од младите ,а можеби и некој нов ќе се купи ова лето , одбранбен , средина и напад , а уште подобро ако се земе и Џеко .

ReBorned said...

Џеко is a must!
Овој тим (зборувам за Милан како бренд а не Милан како денешниот тим) има нешто што го нема никаде на друго место! Никогаш не му свртел грб на некој кој што направил нешто за тимот. Знам дека многупати поради ова тимот губи но тоа ти е тоа. Нема екипа во светот која што во своите редови имала фудбалери како Чезаре и Паоло Малдини, Франко Барези, Алесандро Костакурта, Амброзини... и со оглед на количеството на пари во фудбалот и нема да има. Милан никогаш не свртел грб на фудбалер кој оставил свој белег во тимот. Реално затоа сеуште во тимот е Инзаги, затоа се уште во тимот е Гатузо и затоа на времето во тимот беше Костакурта (за Il Capitano не важи истата констатација бидејки тој се пензионира како врвен дефанзивец без разлика на годините). Ќе повторам, многупати скапо сме ја плаќале таа почит но тоа е тоа. Од друга страна колку и да плукаме по Галијани реално Берлу е тој што ги влече конците и ако тој не даде пари Ќелавкото не може да купи ништо. Токму затоа сум цврсто зад Лео, првиот тренер по многу години кој му врати на B&G, кој ја кажува реалната состојба во тимот без притоа да се плаши да не добие отказ. А пријателе Росонеро, не се плаши... ако Лео е добар во нешто тоа е во развивање на млади деца. Не се грижи, тие деца ќе добијат шанса кога ќе дојде вистинскиот момент. Симоне Верди трчкаше со сениорите на Сантијаго Бернабе на 17 години, доби шанса и во купот. Истото се случи и со Де Вито. Штета што толку рано излеговме купот, баш поради шансите што ќе ги имаа овие деца. Со доаѓањето на Лео и на Педерцоли се чуствуваат новите ветришта во U20. Ти како стар навивач на Милан сигурно знаеш дека јуниорите на Милан сезонава се млади галактикоси! На секоја позиција во тимот имаме по 2 одлични фудбалери. Средниот ред и нападот се разорни како во квалитет на првотимците така и на момчињата што се на клупата. Па Примавера тимот не игра 2 натпревари по ред со ист напад а газиме се пред себе. Зигони, Берета, Верди, Сченети, сите се млади репрезентативци на Италија а сите се напаѓачи во Милан! Кога на нив ќе им се придодаде и Адиа (кој веќе настапи на еден натпревар) како млад фудбалер на годината во АФрика и малиот Швајнштајгер т.е Меркел тоа е разорна сила! Со Анчелоти ќе се плашев (или поточно кажано ќе се помирев) со младите... но со Лео тоа нема да се случи, всушност само летово купивме преку 10 фудбалери во сите категории на младите. Земавме еден вистински бисер во името на Хотор! Име кое ќе се зборува за 2-3 сезони а има само 17 години.
На Сениорите им треба Џеко + еден од Хернанес и Красич (со оглед на фактот дека сите 3 се вон ЕУ не е можно сите да дојдат). И после да се среди одбраната.
In Leo I trust... but not in B.
Forza Leo, Forza Seedorf... Forza MILAN!!!

koljo said...

Ептен ми е криво за Бекам.. Толку се мачеше да влезе во тимот на Англија за светско и сега се повреди тешко дека ке игра.. Му олесни на Капело

Anonymous said...

Вчера напишав еден долг и убав коментар но не се прикачи и се наапав многу...
Само ќе кажам дека никој не очекуваше да бидеме тука каде што сме.Момците заедно со Лео и сите што се грижат за тимот (без Берлускони) е виновни за тоа.Иако се стари колку можат играаат и носат резултати.Натпреварите кои ги добивме кога требаше не донесоа на -1 од мерда,но и натпреварите кои не ги добивме нели?
Повредени еден куп незнам како ќе составиме едни здрави 11 за со Наполи но позитивно сме настроени и имаме шанса веднаш да дојдеме на 1во место.
На лето треба да се случат еден тон промени и во право е Росонеро кога ги критикува пред се B&G.Но нема простор за плукање кон Лео јас така мислам.Човекот прави најмногу што може со ресурсите кои ги има - минимални.Да продолжиме со исто темпо game after game и да ни се вратат повредените што поскоро.

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

Anonymous said...

И би сакал да отвориме една дискусија околу судиите.мерда или т.н. принтер - најдолниот тим на планетава што нема апсолутно никакво алиби за тоа што го тврди, поточно господинот мурињо дека заради судиите сме на -1.Точно е дека имаше некои контроверзни одлуки на мечевите со Виола и Киево но дали резултатите се наш труд или труд на B&G со background dirty work?
Несакам ни да помислам на такво нешто и мислам дека нема ни трошка вистина воа тоа туку само е уште една "умствена игра" на сељакот мурињо, што се понаша како мечка од планина.
Што мислите вие?

ReBorned said...

Ако толку лесно се влијаеше на судиите немаше интер да биде толку години шампион во серија. Се зборува за Киево за еден гол кој доколку не постои забавена снимка едноставно не може да се забележи офсајд. Треба да се бројат киксовите кои биле на страната на Мурињо? Тој секогаш го заборава тоа што е во негова корист плаче само за останатото... тоа се вели Двојни стандарди!

ReBorned said...

За гостинот од интер еве уште еден во низата докази за тимот за кој навива Балотели. Цитат на заменик капитенот - Матераци:

Official: Balotelli whistles the hymn of Milan in the locker room

Source: Gazzetta dello Sport


Important background revealed by Gzeetta dello Sport today. Article written by Mirko Graziano, shows that Balotelli would enter the locker room at neroazzurro Pinetina whistling the hymn of Milan. Here is the extract from the article:

"Following the ill-digested dinner with Balotelli and Mino Raiola (new agent Mario) on the eve of Catania-Inter, just hours after the surrender of the trip for knee pain. Finally, the squabble on Sunday. Spiral that ended up to undermine an-that the patience of the locker room. Feel Materazzi has always been the companion perhaps closer to Mario: "Tips and reproaches Yes, in private and hard-nosed, if he deserves all. But I can not keep up forever, something I'll even keep it for my children. "Other (captain Zanetti in the head) were" collapsed "before, even annoyed by too much talk of Milan by Mario. Explanations of typhus that yesterday over all powered voice (which has no confirmed) that the baby would come in the Inter dressing room Appian singing the anthem and calling the Rossoneri goliardic companions to take note of the nearly completed the comeback band Leonardo ".

CurvaSud_Milan said...

Google translate? :)

Anonymous said...

Ќе бидеме ли прваци?

ReBorned said...

Гугл Гугл... удира нели? :))

Anonymous said...

Веќе одредено време има шпекулации за Yepes дека е пред трансфер во Милан.И очигледно се случило тоа денеска.Ќе потпише 2 годишен договор со плата од 1 мил.Исто така го земаме за 0Е на free transfer.Добар квалитет за ниска цена но годините воопшто не ме радуваат 34.
Добиваме играч со искуство во Серија А квалитетен корпулентен но тоа не е решението за нашата одбрана.Како замена ќе биде добар (ќе ја има улогата на Каладзе) со оглед на тоа дека неговото заминување е неминовно исто така и пензионирањето на Фавали.Мора да донесеме некој играч па тоа очигледно ќе биде Mario Yepes...

ReBorned said...

Да да, Јепес...

Navigator said...

Не не, Јепес!!

Anonymous said...

Нема ли пост за Наполи?

ReBorned said...

Чекај прво да ни легне Јепес... :)

Anonymous said...

хахахахахахахаа