Translate

Sunday 22 March 2009

NAPOLI-MILAN 0-0


Добар резултат со оглед на фактот дека Наполи беа подобри,кај нас недостасуваа редовните пациенти во Милан болницата и крајно дека Наполи се жесток домаќин.
Бидејќи имав можност да гледам само едно полувреме,нема да има рејтинзи туку само накратко:

Дида немаше многу работа,пред се поради тоа што во финишот не беа прецизни Лавеци и компанија.

Замбро,Малдини,Фавали(Сендерос од 80 и некоја мин)и Јанко изиграа ок.Но мора подобро,на неколку наврати и Карло здиве поради пасивниот начин на кој се справуваа со противниците.

Пирло,Фламс,Бекс - Исто...исто ништо спектакуларно...пофалби за Фламс кој беше многу активен и во офанзивата.

Сидорф(Кака)Онака....добра вест е што се врати Кака,но нема ни грам од неговиот препознатлив сјај кој сме навикнати да го гледаме уште од сагата со шеиците

Пато,Инзаги(Дињо)Онака отсечени,сепак против Канаваро и Сантакроче не е лесно :)

Иначе во 86та мин се случи нешто интересно :D
Имено,Пато се обиде да го понижи манини со финта а овој сомнително ја тргна топката со горниот дел од раката.Тука почнаа провокациите,па Карло ја шутна топката подалеку од сите играчи на Милан во текот на целиот натпревар,Бекам почна да си расчистува персонални сметки и тн.
Ама се се заврши добро,без поголеми перипетии :)

Следува 2 неделна пауза поради репрезентативните активности и малце одмор нели,бидејќи во рустерот на Милан нема повеќе од 10 активни репрезентативци :)


П.С. Два збора за нашата управа......GET SANTACROCCE



FORZA IL GRANDE MILAN!!!

Saturday 21 March 2009

CARLO IL MYTHBUSTER


Ги гледам последниве две утакмици на Milan и некако не ми се верува што се случува долу на терен: во екипата се појавуваат двајца напаѓачи од прва минута..мењам Телма, ставам OBN, пак исто..најискрено, за момент помислив дека снимка од порано..ама таму беа Pato, Becks, Flams и се уверив дека е пренос..кажете ми сериозно, дали не бевте зачудени на утакмицата со Atalanta кога ги видовте Ale и Pippo заедно од прва минута..па и уште Beckham како поддршка позади нив..сепак мислам дека тоа беше формација која Carlo ја извади во недостиг на оние attacking mids и дека на крај памет немаше да му падни да постави слична офанзива на која било утакмица до крај на сезона ако не беа сите тие повреди..после повредата на Borriello, јас неможам да се сетам на барем 2 утакмици каде сме имале двајца напаѓачи кога сме имале каков и да бил позитивен резултат..офанзивата беше “оружјето” на coach-от единствено кога екипата губеше..страшно ама вистинито! и сеа после хет-трикот на Pippo, гледам на наредниот меч против Siena, пак истата формација, само без полушпиц позади напаѓачите..па дали тоа Ancelotti после 2 и пол години бранење откри дека ако играш поофанзивно, ти носи поголема ефикасност?? па секоја чест за чоекот, прав mythbuster бил..одвај ја чекам сеа утакмицата утревечер, да видам дали ова било само уште еден негов испад или полека ама сигурно почнува да го сфаќа модерниот фудбал..искрено се надевам дека е ова второто ама некако ми се чини дека Silvio е “крив” за ова и дека тој е иницијатор за промениве, барем после испаѓањето од Купот на Европа (како што и официјално ќе се вика тоа натпреварување во иднина)..и сеа од кога веќе сите attacking mids се вратија после повредите, живо ме интересира дали ќе ја врати старата формација и воопшто идеологијата, или ќе размисли што добива кога ќе ја поттурни играта накај напред..пред некој ден Dinho изјави дека сака да се врати во тимот, ама останува до утревечер да видиме кој ќе биди составот што треба да ја продожи мини серијата на победи и да ги заќути San Paolo..не ни треба да се спомнува што би преферирале навивачите, само штета е што понекогаш тие не ги одбираат првите 11..
FORZA MILAN!!!

Sunday 15 March 2009

SIENA-MILAN 1:5 ANALYSIS & RATINGS

Петарда!Во најдобар можен момент!Ова е оној стариот добар Милан кој сме навикнати да го гледаме и веднаш се гледа разликата во играта(а богами и резултатот)кога играме со 2 шпица.За одбележување е јубилеот на Пипо од 300 гола!!! Да не го должам многу многу преминувам на индивидуалните оценки.

Абијати / Во првата интервенција што ја имаше се повреди!Како малер!Камо среќа да не е сериозна повредата.бидејќи со Дида на голот незнам и 3тото место дали ни е сигурно!

Дида 7.0 Онака Дида...немаше многу работа.

Замброта 7.0 Стандард...замброта

Малдини 7.0 И тој немаше могу работа

Фавали 6.5 - 0.5 од оцената му скинав затоа што ќе го нема против Наполи поради жолтиот картон.

Јанкуловски 7.0 Читај Замброта

Пирло 7.5 Ова е пирло што го знаеме....ја држеше играта во средината одлично и му асиситраше на Пипо за 300иот гол!!!

Фламини 7.5 И тој изигра на ниво + го изнуди првиот пенал кој се покажа решавачки

Амброзини / Излезе на полувреме,нема оцена за него.

Бекам 7.0 Тивка утакмица од Бекс но се на се ок беше иако во првиот дел играше позади 2цата напаѓачи

Пато 8.0 2 Гола!Вкупно 14 во Серија А сезонава!Осеќам дека почнува со нова гол-серија детево...

Инзаги 10 Не за овој натпревар туку за сите натпревари и за сите голови кој ги има постигнато за Милан!Гол легенда!

Измени:Дида(читај погоре) Кака / Со кој памет незнам само Карло го ризикуваше кога и самиот Кака имаше изјавено дека ќе игра кога ќе биде подготвен...само да не е нешто сериозно. Роналдињо / Немаше време за оцена.


Следно:Наполи кој сигурно ќе бара одмазда за поразот во последните минути на Сан сиро во првиот дел од сезоната.Вечер мерда-виола било кој резултат ни оди во прилог и тоа е супер :)


Почнуваме нова серија...


FORZA IL GRANDE MILAN !!!

Sunday 1 March 2009

Одиме напред



Горд сум на Милан! Не игравме во ЛШ? Не елиминираа од УЕФА? Немаме шанси за скудетото? Во такви моменти се покажува љубовта кон клубот! Во вакви моменти се гледа разликата помеѓу вистински и квази навивач! Милан е кремот на европскиот фудбал и така и ќе остане... на една рака (или поточно на три прсти) се бројат тимовите од светската елита а Милан е еден од нив! Таа почит од навивачите и фудбалерите е стекната со години... тоа не може да се урне за една, две или три сезони!! Неодамна една анкета покажа дека Милан е најомилениот тим во светот!! Сето тоа во време кога на тимот воопшто не му оди! Но тоа не е причина да се откажам од него!! Горд сум на тимот кој има еден куп успеси зад себе, тим кој може да се пофали со многу успеси како на теренот така и надвор од него (Тимот има сопствена фондација за помош на загрозената маса на луге а речиси и сите фудбалери имаат поединечни посебни фондации, Капитенот е амбасадор на УНЕСКО и неговата капитенска лента е токму таква, Претседателот на клубот беше главниот виновник за запирањето на војната помеѓу Грузија и Русија...). Горд сум на тимот кој самиот инсистира да игра еден куп пријателски натпревари од добротворен карактер и натпревари на кои самиот тим плаќа голема сума на пари и сето тоа во добротворни цели! Горд сум на тимот кој (за разлика од некои други кои се фалат дека биле шампиони една сезона без пораз) две години последователно освојувал титула без пораз!! Горд сум на тимот кој (можеби во некои случаи претерува но) никогаш не ги заборава своите фудбалери, никогаш не ги фрла како стари крпи! За нив секогаш има место на тренерската клупа или во тимот кој работи зад сцената (освен лекарскиот тим нормално). Горд сум на тимот кој бил спортскиот колектив кој пружил најголема помош по скопскиот земјотрес во 1963 година. Горд сум на тимот кој го создал најголемиот спортсмен, најголемиот џентлмен кој некогаш заиграл на зелениот тепих, најголемиот дефанзивец на сите времиња, фудбалерот кој цела своја кариера ја посвети на црвено-црниот дрес, Ил Капитано!!! Горд сум на овој тим и никаков Карлито, Пума, Фавагол или дури и B&G не може да го смени тоа!!!
Отвораме ново поглавје, одиме само напред....
Forza Milan!!!