Translate

Sunday, 15 March 2009

SIENA-MILAN 1:5 ANALYSIS & RATINGS

Петарда!Во најдобар можен момент!Ова е оној стариот добар Милан кој сме навикнати да го гледаме и веднаш се гледа разликата во играта(а богами и резултатот)кога играме со 2 шпица.За одбележување е јубилеот на Пипо од 300 гола!!! Да не го должам многу многу преминувам на индивидуалните оценки.

Абијати / Во првата интервенција што ја имаше се повреди!Како малер!Камо среќа да не е сериозна повредата.бидејќи со Дида на голот незнам и 3тото место дали ни е сигурно!

Дида 7.0 Онака Дида...немаше многу работа.

Замброта 7.0 Стандард...замброта

Малдини 7.0 И тој немаше могу работа

Фавали 6.5 - 0.5 од оцената му скинав затоа што ќе го нема против Наполи поради жолтиот картон.

Јанкуловски 7.0 Читај Замброта

Пирло 7.5 Ова е пирло што го знаеме....ја држеше играта во средината одлично и му асиситраше на Пипо за 300иот гол!!!

Фламини 7.5 И тој изигра на ниво + го изнуди првиот пенал кој се покажа решавачки

Амброзини / Излезе на полувреме,нема оцена за него.

Бекам 7.0 Тивка утакмица од Бекс но се на се ок беше иако во првиот дел играше позади 2цата напаѓачи

Пато 8.0 2 Гола!Вкупно 14 во Серија А сезонава!Осеќам дека почнува со нова гол-серија детево...

Инзаги 10 Не за овој натпревар туку за сите натпревари и за сите голови кој ги има постигнато за Милан!Гол легенда!

Измени:Дида(читај погоре) Кака / Со кој памет незнам само Карло го ризикуваше кога и самиот Кака имаше изјавено дека ќе игра кога ќе биде подготвен...само да не е нешто сериозно. Роналдињо / Немаше време за оцена.


Следно:Наполи кој сигурно ќе бара одмазда за поразот во последните минути на Сан сиро во првиот дел од сезоната.Вечер мерда-виола било кој резултат ни оди во прилог и тоа е супер :)


Почнуваме нова серија...


FORZA IL GRANDE MILAN !!!

12 comments:

upravasitkaci said...

Пипо Инзаги алеа Пипо Инзаги, Пипооо Инзагиииии еден е Пипо Инзагии :)

Секоја чест за Мајсторот. ДА го служи здравје само и понатака да ни носи многу радости...

Росонерски поздрав :)

zokiarsenal said...
This comment has been removed by the author.
zokiarsenal said...
This comment has been removed by the author.
zokiarsenal said...

Aj cestito neka mu e :)
Da izlaga od ofsajt :D

ReBorned said...

На Карлито му требаа две третини од сезоната за да уочи дека Милан треба да игра со 2 шпица... Жално но вистинито!!

Ultra red and black said...

Абијати,Неста,Каладѕе,Гатузо а изгледа и Бориело се аут до крај на сезоната!Истото важи и за Кака за кој мислам дека нема да го ризикуваат до крајот на сезоната и ќе го пратат на операција/терапија.
Малдини некоја ситна повреда...Сидорф,Фавали и Амброзини казнети....се прашувам само...кој ќе игра против наполи?Калач во напад?! Лол...
Верујте момци сакам да ми е до шала ама не ми е...па ради ова ја изгубивме сезоната бе!

Дида,Калач
Замброта,Антонини,Сендерос,Бонера
Пирло,Емерсон,Фламини,Бекам,Јанко
Роналдињо
Пато,Шева,Пипо
15 играчи+Кардачио,Виудез и Дармиан(Со надеж дека нема никој друг да се повреде)
Јас мислам дека уште сега треба да им се даде шанса на дармиан и сл за со наполи а да се чуваат од повреди другиве пошо со болницава шо ја имаме тешко дека може да се надеваме на добар резултат...

Ultra red and black said...

Среќен роденден Стефано Боргоново и Џ.Трапатони :)

Navigator said...

FORZA MILAN!!!

Ultra red and black said...

Напред Милан,Уа јуве!

ReBorned said...

Од каде па ова? :)

Ultra red and black said...

Шознам...ти еднаш пиша милан шампиони јуве лампиони и бев инспириран xD

Ultra red and black said...

Имате дозвола да пишете привју за со Наполи слободно! :Р а мене остајте ми само да го погодам составот и резултат :Р