Translate

Tuesday, 30 August 2011

TWO DAYS TO GO...



     Влегуваме во последните два дена од трансфер пазарот, а ние на блогов скоро и да не си направивме муабетче за последниот нов росонер, оној што треба да дојде на 31ви. Еве веќе е 30ти и од моментална гледна точка делува нереално Galliani да има веќе нешто спремено. Ништо не споменуваше деновиве... Дали ќе го повтори потегот со Binho и навистина Mister X до крај ќе остани Х? Суштината на таа загатка што одамна ја најави ќелавиот е токму ова што се случува. Изминатите два месеци се изначитав за тој Mister X. Работата беше во тоа што секој играч што на било каков начин и во било каква форма ќе се поврзеше со клубот, стануваше потенцијален "Господин Непозната". Крајно нелогично! Луѓето не треба ни да насетат кој ќе биде додаден како последна алка во шампионскиот ланец. За мене Mister X може да биде играч за кој се споменувало можен излез од неговиот клуб, но не премногу очигледно поврзуван со било кој клуб, најмалку Milan. 
     Да го земеме за пример DDR: на година дена е пред истек на договор, што ќе рече дека е скоро невозможно да го добиеш догодина за без пари, премногу би бил баран; дискретно е споменувано негово заминување, последно во Man. Al City што е практично невозможно со оглед на нивниот ростер; нема да има настап во европски куп годинава; совршено го пополнува играчкиот недостаток на Milan; човекот е вистински лидер, шампион, и тоа светски :) 
     Иако мене лично ми делува како управата и тренерот да се задоволни од тимот, овојпат јавноста го очекува нивниот последен збор на пазарот. Galliani со неговата фамозна изјава си створи околу себе атмосфера на исчекување, која ќе биде погубна ако блефирал. Размислував за тоа дали човек од негов калибар може да си дозволи од преродбеник лани да се престори во обичен лажго, секако под претпоставка да екипата не го повтори успехот од мината сезона. Јасно е дека во таква ситуација најголем дел од фановите, особено оние помалку интелегентните и запознаените сето тоа ќе го поврзуваат само со една работа - недоведувањето на Mister X. И навистина, управата неможе да се покрие за она што го ветила со Aquilani, уште помалку со Taye или Mexes.
     Дали ќе критикуваме или фалиме некого, дали ќе се чувствуваме посилни или ќе веруваме во ланските сили, дали сме биле во право кога предосеќавме дека ова баш вака ќе заврши? Се ќе се знае во следните 48 саати. Ако можете, останете мирни и уживајте... :)

     FORZA MILAN!!!

Thursday, 25 August 2011

Champions League 2011-2012 draw!

   Со оглед на се поизвесниот штрајк во Serie A, постот наменет за сумирање на се она што се случуваше во подготвителниот период го оставив за понатаму, за сега да се префрлиме на нешто многу поактуелно и поважно. Актуелно поради тоа што ждрепката за групите во ЛШ се случува денес (17.45), а поважно поради очигледните претензии на сите во клубот ова натпреварување да се смета како приоритетно. Некој ќе се сложи, некој не, некој амбициозно ќе каже дека треба да се оди едно скалило погоре од лани, некој смета дека не сме на нивото на европски шампион, но сите ќе се сложат дека Лигата на шампионите е најатрактивното спортско клубско натпреварување на светот. Примамливо е за и за оние чиј фаворит е во некој некој од садовите денес, но и за оние чии клубови не се доволно силни да бидат во елитата.
   Ждрепката доаѓа по само еден ден од комплетирањето на сите учесници во новата сезона. Квалификациите не донесоа којзнае какви изненадувања, пред се поради релативно големата предвидливост на исходите од последното квалификационо коло. Со неколку дебитанти, неколку повратници во фудбалскиот крем, но и со неколку незгодни, со кеш напумпани клубови ќе треба да се соочат главните фаворити. Форматот на извлекување и сортирање на групите верувам дека ни е познат на сите, не е променет години наназад. Четири јакосни шешири со по осум екипи, сместени според европскиот рејтинг на клубот, односно постигнувањата од изминатите сезони во европските купови.
   Прв шешир: Man Utd, Chelsea, Arsenal, Barca, Real Madrid, Porto, Bayern, Printer.
   Втор шешир: MILAN, Valencia, Villareal, Lyon, Marseille, CSKA, Benfica, Shakhtar.
   Трет шешир: Man City, Zenit, Ajax, Lille, Bayer, Basel, BATE, Olympiakos.
   Четврт шешир: Dortmund, Napoli, Dinamo Zagreb, Otelul, Viktoria Plzen, Genk, Trabzonspor, APOEL.
   Сакав малку да се позанимавам со шансите на Milan да добие посакувана група, со тоа на какви се противници може да налета и кои се најнезгодните клубови со кои може да игра уште во првата фаза. Ако се земе во предвид дека Milan е во вториот шешир (ако синоќа Bayern не се избореше за настап во ЛШ или Porto не беше шампион во ЛЕ лани, Milan ќе беше во првиот шешир), секако дека трета година по ред, нашите миленици ќе играат во тешка група со уште еден великан, многу извесно и дека таа група ќе се нарекува "група на смртта". 
   Лично, сметам дека е премногу да уште една година по ред играме со Real Madrid :) Единствено тие и екипата на Barcelona сметам дека се преголем залак за моменталниот состав на Milan. Секој друг противник е силен, но добредојден на San Siro и нашите момци многу реално можат да се борат рамо со рамо, со исклучок на Printer (бидејќи се далеку послаби и за жал неможат да бидат со нас во иста група :) ). Најпосакувани би требало да бидат ослабените Arsenal и Porto кои реално не го заслужуваат местото меѓу осумте најдобри. Од вториот шешир добро е што ќе избегнеме екстремно незгодни екипи и мило ми е што баш Lyon, Benfica или Valencia на пример се таму сместени. Третиот шешир е дефинитивно "најнесредениот". Јас ги разбирам правилата на UEFA и начинот на бодување, но de facto на исто место се сместени Давиди и Голијати. Не постои екипа од 1, 2 и 4 шешир што сака да го избегне Manchester City. Крајно незгодно би било и да одиш на -15 во Декември во Санкт Петерсбург или кај бившиот европски првак Ajax. Сите ќе се молат да ги извлечат BATE или Basel, а зошто да не и кутрите грци. Во четвртиот шешир се наоаѓаат најслабо рангираните екипа и јас како навивач на Milan се осеќам малку глупаво да расправам кој тука е незгоден или посакуван. Кога ќе го исклучиме Napoli, Dortmund е единствената екипа која има капацитет да земе бодови од фаворитите. Останатите најверојатно ќе служат поправање на гол разликата, па Platini можеби ќе се запраша што направи со последното квалификациско коло.
Да сумирам, само ќе ги опишам мојата најдобра, најлоша и интуитивна група :) 
 Real Madrid, MILAN, Man. City, Dortmund - најлошата комбинација
 Porto, MILAN, BATE, Dinamo/Otelul - најдобра комбинација
 Bayern, MILAN, Ajax, Genk - нешто ми вели дека вака ќе изгледа нашата група! :)

http://www.youtube.com/watch?v=uoOmw85HH8s - со линкот им посакувам многу среќа на момците во ждрепката!!

FORZA MILAN!!!

Sunday, 21 August 2011

Trofeo Luigi Berlusconi



Дојде и последната проверка пред почетокот на сезоната. Дуелот на двата вечни тима на италијанско тло под закрила на трофеј посветен на таткото на нашиот претседател.
Овој трофеј сам по себе не значи ништо посебно, се гледа на него како последна проверка пред почетокот на сезоната. Но од друга страна има сентиментална вредност особено кај нашето водство!
Гостите од Torino ќе дојдат во најсилен состав без никакви проблеми во тимот.
Од друга страна нашиот состав е полн со претумбации. Ова пред се' благодарение на бразилците кои имаат продолжен одмор и ќе се вратат после овој натпревар како и повредата која Zlatan ја здоби против „своите“ и која најверојатно ќе го натера да го пропушти и првото коло во Cagliari. Значи нашиот состав повеќе или помалку ќе изгледа вака:

---------------Abbiati

--Abate---Nesta----Bonera---Taiwo

-----Gatusso---Ambrosini--Seedorf

---------------Urbynator--

--------KPB
-----------------Cassano

Со тоа што позициите на Urbynator и Prince се релативни... со оглед на фактот дека ќе стартуваме со единствениот сениорски шпиц во моментов (Pippo mio пак се повреди) двајцата зад него ќе мора да помагаат. Како и да е нова формација, невообичаена за Milan. MVB се пожалил на болки и нема да биде ризикуван, како што реков претходно Pippo е (пак) повреден, Il Pharaone се враќа за 20тина дена а Mexes за еден месец.
Од клупата ќе чека шанса King Boateng, Ganz, Ely и компанија.
За одбележување е и фактот дека за првпат Pirlo ќе игра на Berlusconi Trofeo во дрес различен од оној светиот, црвено-црниот. Епа да му посакаме добредојде и само тоа.
Forza Ragazzi!
P.S Девојкава заедно со нејзиниот фраер е на чекор до Milano. Во прашање се само ситни детали:


Sunday, 14 August 2011

MALMÖ vs MILAN förhandsgranskning!!!





Размислував дали да пишувам пост и дали воопшто оваа припремна утакмица е вредна за нов пост. Потоа се сетив дека ќе го пропуштам Trofeo TIM поради одмор, па решив да чкртнам неколку реченици. И сеуште мислам дека мечот е скоро небитен и се игра само поради комерцијални причини, пред се, поради ширење на популарноста на клубот низ Скандинавија, користејќи го Ibra нормално. 
На саат и пол од почетокот размислував како би можел да се одвива натпреварот. Знам дека ќе славиме победа, можеби не убедлива, но без премногу залагање. Знам и дека Ibra ќе постигне гол, а ќе му асистира Cassano:) Знам дека цел стадион ќе гледа со симпатии кон Zlatan, па ништо чудно и неколку пати да слушнеме скандирање на неговото име. Очекувам импресии од противничките играчи кон најдобриот играч што некогаш играл во FC Malmö покрај Martin Dahlin. Време е Amelia да добие свој припремен меч и да видиме како Taye се опоравил после кошмарот Robben ( Ри, овде не сакам реплики :) ). Противникот верувам дека воопшто не го интересира оваа контрола и сите мисли им се насочени кон Динамо Загреб. Уште во Среда одат за Загреб да го одиграат најважниот двомеч за нив во последните две декади. Кај нас во тимот дури петмина младинци, ама затоа ги нема бразилците. Одбраната е исклучително слаба, но ни тоа не треба да биде некој проблем. Ова се повиканите:
Abbiati, Amelia, Roma, Abate, Antonini, Bonera, Ely (53), Oddo, Taiwo, Zambrotta, De Sciglio (52), Ambrosini, Boateng, Emanuelson, Gattuso, Van Bommel, Valoti (57), Cassano, Comi (58), Ibrahimovic, Boateng Kingsley (59).

Да не должам, противникот не е слаб, ниту наивен, но нив не им е до фудбал вечерва. Се е во знакот на Ibra, а се надевам дека токму тој ми ќе го одбележи. И ако се мислевте што значи долгото убаво зборче во насловот, тоа е само превод од preview на шведски. :)


FORZA MILAN!!!

Thursday, 11 August 2011

Grazie Maestro!

Среќен роденден Maestro!
Ти посакувам многу среќни моменти на приватен и професионален план! Да продолжиме во исто темпо!!!

Forza Max, Forza Milan!!!





Friday, 5 August 2011

Тоа чувство...



Светиот дрес е на светото место, близу до срцето...
Некои морници, некоја позитивна трема ми го напаѓа телото и духот...
Мислите ми се далеку некаде, насочени кон Италија, кон Милано...
Блага тахикардија измешана со наплив на емоции и желби...
Да, сега сум сигурен! Тоа е тоа!! Тоа чувство...
Сезоната почнува!!!