Translate

Sunday, 21 August 2011

Trofeo Luigi Berlusconi



Дојде и последната проверка пред почетокот на сезоната. Дуелот на двата вечни тима на италијанско тло под закрила на трофеј посветен на таткото на нашиот претседател.
Овој трофеј сам по себе не значи ништо посебно, се гледа на него како последна проверка пред почетокот на сезоната. Но од друга страна има сентиментална вредност особено кај нашето водство!
Гостите од Torino ќе дојдат во најсилен состав без никакви проблеми во тимот.
Од друга страна нашиот состав е полн со претумбации. Ова пред се' благодарение на бразилците кои имаат продолжен одмор и ќе се вратат после овој натпревар како и повредата која Zlatan ја здоби против „своите“ и која најверојатно ќе го натера да го пропушти и првото коло во Cagliari. Значи нашиот состав повеќе или помалку ќе изгледа вака:

---------------Abbiati

--Abate---Nesta----Bonera---Taiwo

-----Gatusso---Ambrosini--Seedorf

---------------Urbynator--

--------KPB
-----------------Cassano

Со тоа што позициите на Urbynator и Prince се релативни... со оглед на фактот дека ќе стартуваме со единствениот сениорски шпиц во моментов (Pippo mio пак се повреди) двајцата зад него ќе мора да помагаат. Како и да е нова формација, невообичаена за Milan. MVB се пожалил на болки и нема да биде ризикуван, како што реков претходно Pippo е (пак) повреден, Il Pharaone се враќа за 20тина дена а Mexes за еден месец.
Од клупата ќе чека шанса King Boateng, Ganz, Ely и компанија.
За одбележување е и фактот дека за првпат Pirlo ќе игра на Berlusconi Trofeo во дрес различен од оној светиот, црвено-црниот. Епа да му посакаме добредојде и само тоа.
Forza Ragazzi!
P.S Девојкава заедно со нејзиниот фраер е на чекор до Milano. Во прашање се само ситни детали:


15 comments:

ReBorned said...

Gatusso: " everyone thinks pirlo is the shy guy who hides from everything etc...but he's actually a real son of a B* !...I was his favorite victim...he did me pranks all the time...him and nesta were a terrible duo : they once took my mobile and sent an sms to Braida saying ' I give you my sister for a renewal of my contract'...then I had to call him back to explain him it was a joke.."

Anonymous said...

looool а аквилани е на сликата така?се плашам од матри....и од рома ако пак брани :)

ReBorned said...

Епа баш затоа е одбрана загадочна слика ;)
И да се плашиш и да не се плашиш, резултатот е тој :)

Navigator said...

Резултатот е кој Ри? :)
Здраво момци, само еден краток поздрав по паузата и надеж за подобар резултат од оној во Четвртокот. Ги гледав двете полувремиња и со оглед на играта тогаш, не сум некој оптимист за вечерва. Премногу отсутни играчи и потполно нарушена концепција. Не бев во тек и мислев дека за овој меч ќе се вратат некоиод отсутните, па сега се каам што сум типувал "кец". Што е најбитно за мене, не пропуштив ништо од припремите. Убаво би било да се заокружи овој циклус со победа, но и битно поради емотивниот елемент на мечот што го спомна Ри.
Одиме момци на последната победа пред она вистинското!

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Стрим некој?

Navigator said...

ау ау ау... двата гола беа ужасно добри! :)

ReBorned said...

Го бараше резултатот? :-)

ReBorned said...

На работа сум и цел меч го изгледав преку iPhone-от. Одлични голови и ахххх како не влезе таа статива на Kingsley!!
Се надевам дека Tawe ќе биде брзо на располагање :-(

Navigator said...

Колку што прочитав ни Taye ни КРВ не се сериозно повредени. Недела дена за Prince, а можеби нешто повеќе за Taiwo.
За она синоќа, одлично прво полувреме вчера и слабо второ, но со оглед на составот, поминавме повеќе од добро. Ако половичниот Milan успеа да го добие комплетниот Juve, па каков сака нека е карактерот на дуелот, тоа е добар знак пред почетокот на првенството. Јас лично сум задоволен од овие припреми за што спремам и едно постче, таман да помуабетиме овие неколку дена пред официјалниот старт на кампањата. Имам многу прашања за вас, сакам да прочитам мислења, но сепак ќе оставам за наредниот пост.

ReBorned said...

Каде прочита за Tawe?
Нема ништо официјално а се шпекулира 1 месец.
Добра вест е тоа што веднаш после првото коло против Каљари (доколку се одржи и нема некој штрајк) има 2 недели пауза за репрезентациите па добро ќе ни дојде за оние кои што се ровити да се вратат во ритам.

Navigator said...

Да да, нема ништо официјално, прочитав шпекулација за две недели отсуство, ама беше коментар на обичен навивач. А тоа со паузата после едно одиграно коло страшно ме нервира. Таман почнало првенството, па чекај пак ново коло. Не верувам дека им е целта да направат намерно некој таков прекин поради било какви причини, ама па неможам да разберам зошто секогаш го поставуваат почетокот на една недела пред тие репрезентативни термини. Инаку за утре го спремам постот. Росонерски поздав момци!

ReBorned said...

Flamini на операција и ќе отсуствува неколку месеци!

Anonymous said...

Голот на Сидорф...Slice!! Ова со Фламини не звучи на арно, уште некоја повреда и ќе се покаже колку ни е тенка средината, ама овојпат ќе ги немаме Меркел и Страсер да не спасуваат, а ни Пирло.

ReBorned said...

Еве во овој момент помина 00:00, значи нов ден а твојот пост никаде го нема. Кој лаже тој и краде, спие на таван и чорапите му смрдат.
Flamini дури до 6 месеци во аут. Parolo...?

Navigator said...

Постот ќе мора да почека, ми излегоа непредвидени обврски. Се извинувам на сите вас кои со нетрпение го очекувавте новото од мене. Знам дека ве има во илјадници. :( :D
Штета за Flams, не за Parolo!

FORZA MILAN!!!