Translate

Tuesday, 30 August 2011

TWO DAYS TO GO...



     Влегуваме во последните два дена од трансфер пазарот, а ние на блогов скоро и да не си направивме муабетче за последниот нов росонер, оној што треба да дојде на 31ви. Еве веќе е 30ти и од моментална гледна точка делува нереално Galliani да има веќе нешто спремено. Ништо не споменуваше деновиве... Дали ќе го повтори потегот со Binho и навистина Mister X до крај ќе остани Х? Суштината на таа загатка што одамна ја најави ќелавиот е токму ова што се случува. Изминатите два месеци се изначитав за тој Mister X. Работата беше во тоа што секој играч што на било каков начин и во било каква форма ќе се поврзеше со клубот, стануваше потенцијален "Господин Непозната". Крајно нелогично! Луѓето не треба ни да насетат кој ќе биде додаден како последна алка во шампионскиот ланец. За мене Mister X може да биде играч за кој се споменувало можен излез од неговиот клуб, но не премногу очигледно поврзуван со било кој клуб, најмалку Milan. 
     Да го земеме за пример DDR: на година дена е пред истек на договор, што ќе рече дека е скоро невозможно да го добиеш догодина за без пари, премногу би бил баран; дискретно е споменувано негово заминување, последно во Man. Al City што е практично невозможно со оглед на нивниот ростер; нема да има настап во европски куп годинава; совршено го пополнува играчкиот недостаток на Milan; човекот е вистински лидер, шампион, и тоа светски :) 
     Иако мене лично ми делува како управата и тренерот да се задоволни од тимот, овојпат јавноста го очекува нивниот последен збор на пазарот. Galliani со неговата фамозна изјава си створи околу себе атмосфера на исчекување, која ќе биде погубна ако блефирал. Размислував за тоа дали човек од негов калибар може да си дозволи од преродбеник лани да се престори во обичен лажго, секако под претпоставка да екипата не го повтори успехот од мината сезона. Јасно е дека во таква ситуација најголем дел од фановите, особено оние помалку интелегентните и запознаените сето тоа ќе го поврзуваат само со една работа - недоведувањето на Mister X. И навистина, управата неможе да се покрие за она што го ветила со Aquilani, уште помалку со Taye или Mexes.
     Дали ќе критикуваме или фалиме некого, дали ќе се чувствуваме посилни или ќе веруваме во ланските сили, дали сме биле во право кога предосеќавме дека ова баш вака ќе заврши? Се ќе се знае во следните 48 саати. Ако можете, останете мирни и уживајте... :)

     FORZA MILAN!!!

15 comments:

Anonymous said...

Даниеле Де Роси е сон, а дали ќе биде неостварен ќе видиме. А многу не правиме муабетче бидејќи искрено не очекувам да дојде никој, туку очекувам доаѓање на Мр.Х во зимскиот преоден рок(Гансо на пр.) но не дека нема да се радувам ако сега не почасти нашата управа со еден играч :)
Јас одвреме навреме ќе си проверувам трансфери а не би се изненадил и да го продолжат повторно трансфер периодот до 1ви септември?

ReBorned said...

Нашиот пријател Presiozi денес јавно истакна пред новинарите дека со Galiani врзал трансфер но тој нема да го научиме се' до Јануари!
Се шпекулира најмногу за Casemiro, чија што цена е околу 18 милиони евра и е посакуван од двата табори веќе подолго време. Milan би платил 10 а Genoa 8 со тоа што тој би дошол во Јануари во Џенова и таму ќе ја помине втората полусезона а на лето ќе дојде во Milan за што ние би доплатиле уште некоја пара на Enrico Preziosi.
Исто така се шпекулира дека Milan и Genoa ќе продолжат со праксата која што се случи летово со Merkel посебно ако овој експеримент успее. Имено, најталентираните млади фудбалери од Milan ќе бидат на co-own во Genoa (50 %) а потоа кога ќе ја достигнат зрелоста и квалитетот на ниво на Milan токму ние ќе ја имаме привилегираната позиција да ги вратиме назад а со тоа Genoa ќе добие уште некоја пара (за нивните 50 %). Први на оваа листа за следната година се Calvano и Valotti а веројатно е и Beretta по враќањето од Ascoli да замине токму во Genoa.
Corriere Della sport во утрешното издание на насловна е со тоа дека Milan ќе тргне по Lassana Diara од Real и Maxwell на позајмица.
Сето ова претходно напишано е шпекулација освен изјавата на Presiozi, официјална изјава пред новинари по излегување од познатиот Gianino каде што секогаш има ручек кога се врзуваат некои договори :)
Епа сега погодувајте, Casemiro, Lucas, Kucka, Veloso или пак Cassano во спротивен правец?!
Доста информации за вечерва, се уморив :)

ReBorned said...

Денес уште повеќе врие од шпекулации. Многу глупости ...
Eurosport оди дури дотаму што вели дека G спрема фото финиш со Lass Diara (мој личен приоритет) + Balo + Maxwell. Ова со Maxwell многу се форсира во последно време, дали конечно ќе се ослободиме од Nini (Juve e заинтересиран за него цело лето и веќе испрати 2 понуди). Сепак би било екстремно глупо ако нашето 2 non-eu место го потрошиме на резервен лев бек уште повеќе што првото место го потрошивме на стартен лев бек.
2 варијанта Emmanuelson<-->Constant
3 варијанта Oddo во Lecce на позајмица :)

ReBorned said...

И Мадарфакарци еве ви уште едно:

Nightmare end: playing the second of A
08/30/2011 12:45 by Vincent Great article read 1593 times

© photo by Andrea Ninni / Sports Image
"I confirm, it will play 'on 10 and 11 September because' our will 'and' only to take the field." Damiano Tommasi, interviewed by Radio Crc, basically puts an end to arm-wrestling-league players . The President dell'Assocalciatori however, said that the problem in the art .7 remains, even if it comes to problems of interpretation.

Navigator said...

Би потпишал со две раце ако треба да го заменам Luca со Maxwell, но да не беше тука Taye. Вака... изгледа малку глупаво и бесцелно. Мене интересна ми е приказната со Balotelli, како емотивно залекување на Berlu, по неуспехот да го врати Кака назад :) А тоа второ non-eu место не е чудно да се потроши и на Maxwell затоа што сите имиња што досега се поврзувани со клубот имаат европски пасош. Освен можеби Fernando Gago.
Но бидејќи Mister X е сепак DDR, останува слободно тоа место да се искористи и во Јануари :)

ReBorned said...

Не е точно! Нон-еу е Ganso а тој изјави дека прво сака да игра во супер купот против Barca(Декември) па да си замине (Јануари).
G само што изјави дека сите имиња со кои се поврзува Milan немаат врска и дека нашиот трансфер пазар е завршен!
Здравје можеби во Јануари Ganso ќе биде Mr. X :P

Anonymous said...

Maxwell нема некој италијанско шпански или било каков европски пасош или ме лаже мене моето фм сеќавање?
Ова со Џенова е веќе проверено и ми се допаѓа thumbs up.
Диара секако, Балотели??
А дека Гансо е Мр.Х за во јануари пишав и претходниот пост...

Anonymous said...

супер купот :)

CurvaSud_Milan said...

Оној гол на Кака во неделата смени многу работи :)

Navigator said...

јас не мислам дека одлука се носи врз основа на еден гол или потег. особено не кај стручњаци како Mourinho. и уште стојам на тоа дека ако утре не се донеси Mister X, ќе има негодување кај фановите.

ReBorned said...

Дефинитивно нема да има Х, Y, Z и сл.

CurvaSud_Milan said...

Не дека токму тоа смени, но ако претходно беa 50:50 шансите дефинитивно тој натпревар ја префрли тежата на другата страна, онаа за нас неповолната, бидејќи ги разбуди надежите кај Кака дека сепак може да успее во Реал и после се! Што се однесува до Мурињо, мое мислење е дека ако Кака сакаше да си замине Мурињо ќе го испратеше со благослов и немаше око да му трепне, јасно е како ден дека Кака му е резервна опција позади Ди Мариа и Озил, а Кака убеден сум дека цело лето ги разгледувал сите опции и секако дека на ум му било и враќање во Милан, но он е храбар момак кој не се дава лесно и сигурно со сите сили ќе проба да се наметне пред Озил или Ди Мариа. ...а инаку тој гол дојде истиот ден кога се појавија шоекулации дека Милан испратил официјална понуда до Реал од 15 милиони, така да не ја потценувај важноста на голот :)))

Anonymous said...

Топол поздрав од Бразил

ReBorned said...

Сакате прво од мене да научите дека го земавме Noccerino од Palermo или да чекам да си прочитате на друго место ;)
Прва рака, нема уште никаде изјава :)
Ќе следи подоцна :)

Chaplainzbtv said...

јас не мислам дека одлука се носи врз основа на еден гол или потег. особено не кај стручњаци како Mourinho. и уште стојам на тоа дека ако утре не се донеси Mister X, ќе има негодување кај фановите.