Со оглед на се поизвесниот штрајк во Serie A, постот наменет за сумирање на се она што се случуваше во подготвителниот период го оставив за понатаму, за сега да се префрлиме на нешто многу поактуелно и поважно. Актуелно поради тоа што ждрепката за групите во ЛШ се случува денес (17.45), а поважно поради очигледните претензии на сите во клубот ова натпреварување да се смета како приоритетно. Некој ќе се сложи, некој не, некој амбициозно ќе каже дека треба да се оди едно скалило погоре од лани, некој смета дека не сме на нивото на европски шампион, но сите ќе се сложат дека Лигата на шампионите е најатрактивното спортско клубско натпреварување на светот. Примамливо е за и за оние чиј фаворит е во некој некој од садовите денес, но и за оние чии клубови не се доволно силни да бидат во елитата.
Ждрепката доаѓа по само еден ден од комплетирањето на сите учесници во новата сезона. Квалификациите не донесоа којзнае какви изненадувања, пред се поради релативно големата предвидливост на исходите од последното квалификационо коло. Со неколку дебитанти, неколку повратници во фудбалскиот крем, но и со неколку незгодни, со кеш напумпани клубови ќе треба да се соочат главните фаворити. Форматот на извлекување и сортирање на групите верувам дека ни е познат на сите, не е променет години наназад. Четири јакосни шешири со по осум екипи, сместени според европскиот рејтинг на клубот, односно постигнувањата од изминатите сезони во европските купови.
Прв шешир: Man Utd, Chelsea, Arsenal, Barca, Real Madrid, Porto, Bayern, Printer.
Втор шешир: MILAN, Valencia, Villareal, Lyon, Marseille, CSKA, Benfica, Shakhtar.
Трет шешир: Man City, Zenit, Ajax, Lille, Bayer, Basel, BATE, Olympiakos.
Четврт шешир: Dortmund, Napoli, Dinamo Zagreb, Otelul, Viktoria Plzen, Genk, Trabzonspor, APOEL.
Сакав малку да се позанимавам со шансите на Milan да добие посакувана група, со тоа на какви се противници може да налета и кои се најнезгодните клубови со кои може да игра уште во првата фаза. Ако се земе во предвид дека Milan е во вториот шешир (ако синоќа Bayern не се избореше за настап во ЛШ или Porto не беше шампион во ЛЕ лани, Milan ќе беше во првиот шешир), секако дека трета година по ред, нашите миленици ќе играат во тешка група со уште еден великан, многу извесно и дека таа група ќе се нарекува "група на смртта".
Лично, сметам дека е премногу да уште една година по ред играме со Real Madrid :) Единствено тие и екипата на Barcelona сметам дека се преголем залак за моменталниот состав на Milan. Секој друг противник е силен, но добредојден на San Siro и нашите момци многу реално можат да се борат рамо со рамо, со исклучок на Printer (бидејќи се далеку послаби и за жал неможат да бидат со нас во иста група :) ). Најпосакувани би требало да бидат ослабените Arsenal и Porto кои реално не го заслужуваат местото меѓу осумте најдобри. Од вториот шешир добро е што ќе избегнеме екстремно незгодни екипи и мило ми е што баш Lyon, Benfica или Valencia на пример се таму сместени. Третиот шешир е дефинитивно "најнесредениот". Јас ги разбирам правилата на UEFA и начинот на бодување, но de facto на исто место се сместени Давиди и Голијати. Не постои екипа од 1, 2 и 4 шешир што сака да го избегне Manchester City. Крајно незгодно би било и да одиш на -15 во Декември во Санкт Петерсбург или кај бившиот европски првак Ajax. Сите ќе се молат да ги извлечат BATE или Basel, а зошто да не и кутрите грци. Во четвртиот шешир се наоаѓаат најслабо рангираните екипа и јас како навивач на Milan се осеќам малку глупаво да расправам кој тука е незгоден или посакуван. Кога ќе го исклучиме Napoli, Dortmund е единствената екипа која има капацитет да земе бодови од фаворитите. Останатите најверојатно ќе служат поправање на гол разликата, па Platini можеби ќе се запраша што направи со последното квалификациско коло.
Да сумирам, само ќе ги опишам мојата најдобра, најлоша и интуитивна група :)
Real Madrid, MILAN, Man. City, Dortmund - најлошата комбинација
Porto, MILAN, BATE, Dinamo/Otelul - најдобра комбинација
Bayern, MILAN, Ajax, Genk - нешто ми вели дека вака ќе изгледа нашата група! :)
http://www.youtube.com/watch?v=uoOmw85HH8s - со линкот им посакувам многу среќа на момците во ждрепката!!
FORZA MILAN!!!
30 comments:
Ќе дискутираме после ждребот само сега накратко едно хахахахха позамица + откупување за 6м ако изигра повеќе од 25 натпревари е тоа е мајсторот Галијани!!
И како капак на тоа тие 6 милиони ќе бидат поделени во три години со по 2 милиони евра по сезона :D
да ти е*** среќата и глупите правила на UEFA...
come on, bring City and Dortmund, this is not enough...
BATE...
Златан се враќа на Camp Nou!
и Plzen :D
Сепак не можеме да се пожалиме на ждребот. Јас сега сум задоволен и можам на раат да се насмеам заедно со вас :)
Хахахахах воопшто не се жалам од ждребката па ќе си ги тестираме силите против најдобриот тим на светов така?а за Бате и Викторија незнам што да кажам.
Платини е идиот!! полека но сигурно почнува да ја уништува ЛШ па мора да ги мести ждребките за играчите да се сретнуваат со поранешните клубови за колку толку да биде интересно.
Аквилани гага дојде,наредно лето Монтоливо гага ќе дојде уште на зима Гансо да дојде ако се покаже у меѓувреме и таман сме :)
FORZA MILAN !!!
ако веќе замислуваме желби за наредно лето, јас би De Rossi наместо Montolivo. а инаку за тебе Ultra имам една ретроспектива во форма на copy-paste :) уживај...
Navigator said: ...а Montolivo е еден од оние класични италијански светни-угасни играчи од типот на Gilardino, Perrota, Marchisio... не дека не ми се допаѓа можноста да се купи на распродажба, туку муабетот ми е дека тие играчи по default очекуваат првотимски статус, каков што имаат или би имале во помалите клубови, а сепак играат променливо. особено во ваков состав како што имаме ние сега, апсолутно никој неможе да му гарантира минутажа. а се знае што прават таквите играчи кога нема да ја добијат. ако уствари и воопшто ја прифатат понудата... Aquilani и Marcelo се измислени за нас, верувајте :) и секако, една година плус за MVB.
Ultra said: ...А Аквилани незнам што е подобар од овие другиве што ги спомна :)
Navigator said: ...не ме зезај, треба да не си го гледал Aquilani за да кажеш дека не е подобар од Montolivo и компанија...
Ultra said: ...Аквилани не е ништо посебно, и споредбено со Монтоливо и Гансо многу не ми отскокнува...
Navigator said: ...а Aquilani е шест пати подобар од италијаните што ги спомнав...
Navigator said: ...а за трампата си во право, заборавив. сепак, ај да си го земеме Aquilani, што велиш? :)
Ultra said: ...Иван аман со тој Аквилани, се се заљубил у него :)
Navigator said: ...сега во фокусот ми се:
-Marcelo/Coentrao како најдобри опции на LB,
-Sakho на CB,
-Aquilani на MC, со задржување на MVB или на Pirlo уште една година,
-Lukaku на CF, но единствено со задржување на Ibra.
И мојот неостварен сон... Xabi Alonso!
Ultra said: ...Аквилани е скоро таксан за во Јуве така да нешто повеќе ме влече за Монтоливо, не дека сум којзнае колку воодушевен туку дека е италијанец поради истите причини и толку го сакам кришчито мада марсело уште кога дојде во реал на 18 год ми беше фаворит...*
*Напомена: Претходниот коментар е колаж од повеќе коментари на двајцата горенаведени блогеристи-миланисти на тема - Alberto Aquilani. Коментарите не се хронолошки подредени и се влечени од повеќе постови. Претходниот коментар може да содржи траги од претенционизам и наклонестост кон едниот блогерист. Коментарите од останатите блогеристи на истата тема се занемарени се со цел да се потенцира кој бил најголем фан на таргетираниот фудбалер :D
Take it Dragan, take it... :D:D:D
P.S. No offence bro ;)
Јас имам спремено веќе неколку дена нешто и чекам само да биде и официјално :)
Инаку Just for the records:
Aquaman е роден на ист ден, месец и година со Ри. Значи сигурно е шампион!
Ај да видам кој е фраер на денот?! А?!
Ри, ај те молам немој да го одвлекуваш вниманието :) Како што напоменав, ова е меѓу мене и Драган :)
Инаку сега знам кога ти е роденден. Премногу лични информации оддаваш на интернет. Тебе ти треба parental control или во краен случај онаа новата кампања на Владата :)
Ама јас ова го кажувам меѓу свои луѓе...
И така и така тука сме двајца без тројца (за жал или за среќа).
Нема што да го одвлекувам вниманието, Драган го прими квалитетно :D
Со свои зборови :)
Гледајте сега Работнички како ќе победи 7:1 и Лацио ќе оди во фазата по групи само поради гол повеќе во гости :(
WTF?! Голманот на Работнички Столе Димитриевски нов член на Удинезе?! :O
Во зимскиот преоден рок се сели во Удине?!
Браво момче, браво!
да да, баш слушнав пред ден-два и ми беше баш мило иако да бидам искрен никогаш не сум го гледал. ете што значи да се одиграат пар утакмици во Европа...
а во овој тим на Работнички имало доста квалитетни деца според некои фудбалски работници кои ги познавам. луѓето велат дека ова се должи на работата во ерата на Трифун и Коста, кога најквалитетното од цела Македонија се собирало во младинскиот погон на Работнички. камо среќа да излези цел тим во странски клубови, баш како што рече Петрески на пресот вчера.
Детето има само 17 години.
Најголем дел од тимот е под 20.
стварно импресивно за наши услови...
Распоредот на натпреварите на Milan во групата:
13.09.2011 Barcelona - MILAN
28.09.2011 MILAN - Plzen
19.10.2011 MILAN - BATE
01.11.2011 BATE - MILAN
23.11.2011 MILAN - Barcelona
06.12.2011 Plzen - MILAN
Што би се рекло, ватрено крштење :S
отворам онака ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН на фб и гледам истото што го пишував погоре, напишано и таму. и сега излгеда како да копирам вести. ќе се убијам, жими се... :)
Одамна размислувам да преземам нешто (се разбира со Ваш благослов) па да пробаме да се префрлиме на форум... ама малку сме, константни само јас и Иван и уште 1-2 кои повремено оставаат коментар. Имаше неколку членови кои молеа да им се даде можност да пишуваат постови а од кога им се овозможи тоа ги нема ниту со коментари.
А верувајте нема ден да не го отворам блогов барем 3-4 пати (најчесто и повеќе). Едноставно нема со кој да водам дискусија (повторно, ова не се однесува на Иван).
Форумот е одличен за дискусии ама нема со кој...
Жално.
А за тоа што го пишува таму... јас одамна си ги собрав парталите од тоа место, брзо увидов дека станува збор за bunch of kids. И тоа лаички Kids кога станува збор за Milan.
P.S Roma во OUT, DDR не настапи...
Истото ми се случува Ри, навистина нема ден а да не го отворам блогов неколку пати. Незнам, едноставно ме интересира да видам што мислите на некоја тема или на некој мој коментар или дали знаете нешто ново што не стигнало до мене. Линкот ми е ставен во bookmarks и дури и кога знам дека нема ништо ново, отворам по навика. Немам намера да се докажувам кој колку е активен оти тоа е личен избор, ама криво ми е што до пред некое време имаше барем по 5-6 активни дечки, а пред битни настани и повеќе. Сега го нема Васе, поодамна го нема Кико_Пато, Владе ме потсеќа на Халеева Комета :), а Мохиканецот... и тој на некоја комета, сигурно, ама уште поретка.
Мене ми е сеедно дали ќе пишувам на блог, сајт или форум. Ако има барем 5-6 дечки како вас, со ова познавање и љубов кон клубот или уште подобро повеќе (чисто сумљам дека ги има многу), мене формата на медиумот ми е најмалку битна.
Јас знам само дека професионалните обврски сигурно неможат да те дистанцираат од блогот. Може да ти посметаат пар дена, недела, две, може да пропуштиш натпревар, ама за да го баталиш ова дружење или треба да престанеш да се интересираш или нивото на разговорите да не ти одговараат и да не се вклопуваш.
До Јуни студирав и имав студентски обврски, од Јуни работам и имам повеќе обврски и тоа ич не ми засмета да не пропуштам ниедна припремна или некоја важна вест. Се случува, кажувал и Ри, да пропушти меч оти е бил на работа, ама тоа не е грев. Незнам што работиш друже, јас сум ко административците од 8 до 16, но секоја чест за моментите со iPhone-от :) Само ми е многу глупаво кога гледам дечко на 25-26-27 години што до пред некое време бил фан и пропуштал меч, а сега зборува за како тоа било само детска работа.
Јас ќе останам на блогчево се дури има барем еден фан со кој ќе си муабетиме оти го сакам блогот, го сакам клубот и ова дружење. Уште повеќе што ни претстојат многу успешни години, многу титули, а овде на блогот имаме прославено само две и тоа во 3 месеци.
"Коментарите не се хронолошки подредени"
-Мислеам деа оваа реченица објаснува се нема многу што да додавам :)
А тачно јас сеуште го делам тоа мислење за Аквилани, но за 6м за 3 сезони по 2, епа пријателчиња мои кога е гага и водата е блага :)
Ама дека ми го стави убаво си признавам :)
За столе разбрав уште одма и баш ми е мило и за него и за оној другиот што отиде во болоња.
А за муабетов...незнам што да ви кажам, вистина не памтам кога последен пат пишав пост, па дури едно време се тепавме кој прв да пише се делевме кој привју, кој афтер меч и сл.
А дека само вие двајца пишувате и ја ако никнам и тоа држи вода. Незнам што е со Владе, ја уствари преку него дојдов до блогов сосема случајно, ама кога гледам ваков ентузијазам ви ветувам дека веќе од утре ќе пишувам почесто ќе разговарам повеќе и ќе бидам присутен повеќе.
Позз момци & FORZA MILAN !!!
И како и секогаш се наметнува сега она значајното прашање??
Cvetan Boskovski dali kaka ke igra za milan protiv barca??!
7 hours ago
wtf?!!?
Понекоаш кога ги читам ваквите цитати се замислувам дали некој се заебава со останатите или стварно има многу дечиња потпросечно интелегентни што сакаат да се претстават пред нивните дргарчиња како некои што следат некој голем клуб.
И знаете што ми е криво? За некоја година, кога Milan веќе ќе биде доминантен во домашното првенство, а можеби и во Европа, ќе излезат мал милион "стари навивачи". За овие деца од по 12-13 години и нема да се чудам толку оти модата за навивање за некој клуб секогаш доаѓа со успесите на тој клуб. Ме нервираат мои врсници со кои во 2005, 2006 и 2007 заедно ги следевме Milan и италијанската репрезентација, а сега се тие као возрасни и не се занимаваат со детски работи како навивање. Сепак, истите тие, во Април после победата во Дербито ми викаат: "Готово е, пак ќе бидиме шампиони. Најјаки сме!" Да не зборувам дека ме побараа за во кафана да ја прсолавиме новата титула подоцна. А не ја знаат ни пола екипа на Milan, претпоставувате...
P.S. Драган, кој е другиот што го зема Bologna??
Еве подетално
Конечно ми успеаааа јеааа !!
Ништо Драган, повели и друг пат :)
Даде фала си кажав јас и првиот пат :)))
Post a Comment