Translate

Saturday 29 September 2012

Да се одржи континуитет и позитивна атмосфера


Токму тоа е најпотребно на овој тим во изградба. Понесени од сигурната победа и кршењето на клетвата на San Siro, гостуваме на Parma. Натпревар кој е по мерка за да врземе 2 победи во серија и да го дочекаме Zenit во среда на San Siro.
Повредените се сè уште во аут но се враќаат неколку суспендирани фудбалери (Boateng, Zapata) и тренерот. Тимот може да претрпи одредени ротации за да се задржи свежината за мечот против Zenit.

Повикани: Abbiati, Amelia, Narduzzo (n. 50), Abate, Acerbi, Antonini, Bonera, De Sciglio, Mexes, Yepes, Zapata, Ambrosini, Boateng, De Jong, Constant, Emanuelson, Montolivo, Nocerino, Bojan, El Shaarawy, Niang, Pazzini, Robinho.

De Sciglio започна десно, завчера играше лево а утре најверојатно повторно на десен бек, лево ќе биде Antonini а Abate ќе добие одмор и ќе настапи против Zenit. Друга многу веројатна ротација е во самиот напад каде што конечно е можно Bojan да го добие првиот старт во дресот на Milan на сметка на Pazzini кој беше прилично незабележлив на последните натпревари а и одигра многу мечеви во серија. Bojan би добил подршка од Urby и во моментов фудбалерот во најдобра форма во клубот, Stephan El Shaarawy. Во срцето на одбраната по суспензијата се враќа Zapata.
Boateng се враќа во старните 11 поради тоа што одигра многу малку против Udinese а паузираше против Cagliari поради повреда. Конечно можеме да очекуваме да го видиме Boateng во средниот ред на mezzala! Би било интересно да видиме како ќе изгледа тоа на теренот.
Со оглед на тоа што има многу претумбации, веројатниот состав е тешко да се предвиди но јас типувам на нешто вакво:


Од енормна важност е да забележиме нова победа, секоја следна победа носи поголема самодоверба во тимот! Секое зголемување на нашата самодоверба значи и намалување на онаа на противничките тимови! Три бода од Enio Tardini се задолжителни!

Forza Milan!!!

Wednesday 26 September 2012

Клетвата е скршена!


AC Milan - Cagliari Preview



Продолжуваме онаму кадешто застанавме - во потрага по првата победа на Сан Сиро сезонава!
Интер на 5 а Милан на 3 натпревари сеуште немаат победено на домашен терен одкога е ставена новата толку фалена синтетичка трева.
Каљари е моментално во тежок период пред се поради административни проблеми кои и немора многу да се одразат кај екипата. Треба да обрнеме внимание на Астори и Наинголан како доста интересни играчи.
Кај нас се враќаат од повредите најкреативните играчи што ги имаме (Робињо и Монтоливо) но не се очекува да стартуваат. Во исто време, Запата и Боатенг имаат 1 меч суспензија како и Макс чие место на клупата ќе го завземе Тасоти кој ако победи ќе добие многу поени кај управата.


Повикани играчи:

Abbiati, Amelia, Gabriel
Abate, AcerbiAntonini,Bonera, De SciglioMesbahMexesYepes
Ambrosini, De Jong, Constant,EmanuelsonMontolivoNocerinoTraorè 
Bojan, El ShaarawyNiangPazzini,Robinho



Мексес и Ачерби мора да бидат приоритетни во срцетото на одбраната а не Јепес и Бонера, Де Шиљо МОРА да стартува десно или лево па нека се прилагодуваат на неговото присуство во првиот тим Абате и Анте (замислете стварно да беше вака.)

САКАМЕ ПОБЕДА !!


Saturday 22 September 2012

Да се биде или не!




Повеќе од било кога оваа реченица има значење за нашиот (на блогов) ценет тренер. Најверојатно ни нерешено нема да биде доволно за да го зачува своето место на  клупата, само победа е опција.
На истиот овој стадион на 11ти фебруари во ситуација кадешто Златан,Пато и Касано отсуствуваа, Милан издвојува една многу тешка победа од 1-2 каде што творци на пресвртот беа Макси Лопез и Ел Шарави кој тогаш го постигна последниот гол за Милан и е во еден сушен период.
После сите турбуленции, кавги, медиумски шпекулации победа одлично би дошла за малце да спласне цела оваа фама, неуспех само ќе ја продлабочи мизеријата во која се наоѓа тимот во овој деликатен дел од сезоната.
Повредените добро ги знаете, а на таа листа се приклучија Фламини и Бонера.
Јепес доби синче и добива заслужено отсуство а друштво на копилето со нов фриз во срцето на одбраната најверојатно ќе му прави Запата! Последните муабети говорат дека Алегри конечно ќе го направи тоа што сите го очекуваат односно ќе му даде старт на Де Шиљо на левата бековска позиција кадешто командува недопирливиот АНТЕ. Монтоливо и Ночерино се сигурни стартери во средината а во зависност од подготвеноста на Де Јонг, капитенот Амбро е тука како алтернатива. За нападот може само да потврдиме дека Пацини е сигурен, а како ќе ги искомбинира, Бојан,ЕЛ92,Боа и Урби само Макс знае.

Формацијата која ја предвидува Скај

Телма ќе ни го удостои овој натпревар во директен пренос со цел да не се мачиме со лоши стримови по интернетов, значи утре, 15:00 битка на Фриули во Удине!



FORZA MILAN!!!

Tuesday 18 September 2012

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, КОЛКУ ЗА REFRESH...



Ќе почнам со една носталгична ретроспектива на сезоната која ми се мота низ глава од кога заврши она мачење во Саботата. Сезоната 2006/07 многу од нас ја паметат по само една работа – освојувањето на ЛШ. На никој не му паѓа на памет дека тоа е првата сезона после Calciopoli, без Juventus во лигата, сезона каде нашиот најлут ривал имаше 20 и кусур бода предност во Мај, сезона во која завршивме како четврти, иако имаше период каде во 25 натпревари тимот доживеа само еден пораз, или пак сезона каде што го имавме првиот напаѓачки poker d’assi (Pippo, Gila, Ronaldo, Oliveira). Тоа е сезоната кога последен пат се радувавме на најубавиот пехар. Најавата на мечот со Anderlecht утревечер ме потсеќа на истиот дуел од пред 6 години и на генијалноста на Kaka. Перфектен натпревар за нашиот омилен, хет-трик и претстава за паметење, увертира за убавата европска приказна таа година. Постои уште една сличност со таа сезона, овојпат апсурдна, ама морам да ја споделам: прв избор на стоперската позиција (не зборувам за најквалитетен, туку со најмногу настапи) тогаш и сега е незаменливиот DANIELE BONERA! :)
Разликите пак, се многу побројни. Тогаш ја имавме најсилната средна линија во светот, со Pirlo, Seedorf и Rino во најдобрите години, а Kaka во полн налет. Она што утре Max ќе го има на располагање во средината се грубо кажано, бонеровци, во споредба со нивните претходници. Kevin Constant веројатно би бил задоволен доколку би имал прилика да му додаде топка на Seedorf за да изведи аут. Или вака, посликовито...
За жал, мора се вратам овде и сега, да претпоставам што може да стори Max за да не биде доцна и за екипата и за него лично. Да кажеме дека неуспех утре нема да значи YOU’RE FIRED. Што во комотна ситуација би направил Allegri или јас како комотен набљудувач од мојата комотна фотеља, а што Max утревечер, под будното око на B и широките ноздрви на G, кој му дише во врат. Она што удобниот би го направил е составување на најспремните 11, оние на кои најмногу им веруваш. Би го изоставил Boa на сметка на поизбалансирана средина без изразит CAM и изразит DMC. Со Urby таму некаде на лево крило, NJD, Ambro и веројатно Noce по десно. Bojan како свежина за моментално задолжителниот Pazzo. Назад конечно би го тестирал Zapata, со Acerbi, Abate и De Sciglio на лев бек. Толку од fantasy-то. Поставата што ќе ја гледаме (на стрим) утре ќе биде скоро идентична на саботочната. Единствено што очекувам како промена е Bojan наместо SES. Добро што Anderlecht е за никаде сезонава, а мотивацијата во ЛШ поголема за нашите, па може ќе гледаме фудбал, наместо мачење. И покрај се, ова е убава прилика за првата победа на San Siro годинава. Јас ја очекувам, сигурно и вие. Уште повеќе Allegri. И не знам за него, ама јас не можам да дочекам. Coppa campioni си е Лига на шампиони, нема што! :)


FORZA MILAN!!!

Friday 14 September 2012

AC Milan vs Atalanta Preview

По репрезентативната пауза која се надеваме позитивно влијаеше на тимот се враќаме повторно на Сан Сиро во потрага по првите бодови на домашен терен сезонава.
Робињо,Пато,Монтоливо...нема да бидат во игра за настап, но Мексес е тука кој нејверојатно сепак ќе почне од клупа како и Абате.

Последните информации говорат дека Амброзини нема да биде подготвен за настап, а јас лично баш би сакал да го видам Урби во стартните 11.
Она што е повеќе од сигурно е дека Антонини е недопирлив на неговата позиција.



FORZA MILAN !!!

Sunday 2 September 2012

Bologna - Milan Recap



Од повеќе од оправдани причини, за жал не бев во можност да го гледам во живо синоќешното гостување во Болоња. Од таму доаѓа моето online ќутење, без грижи. Сепак, натпреварот го снимав (MaxTV) и прво влегување дома, веднаш го изгледав во целост. Издржав, не вклучив инернет и блогов па се нервирав и радував како мало дете сега, кога го гледав „во живо“.

Свежи импресии:

Прво и основно, човекот на сликата погоре, треба да добие две кафиња, едно од Nocerino а друго од Allegri. 

Тимот делуваше одлично на почетокот, по постигнатиот гол не се повлековме и делувавме гладни за уште, што е добро! Сепак, дојде до тој идиотски, глуп и непромислен потег на Nocerino на работ од 16никот кога противничкиот фудбалер воопшто немаше ни намера да оди внатре, кон голот! Никој не се бунеше за пеналот а речиси сите беа бесни на Nocerino (El Shaarawy и Boateng во прв ред). По примениот гол (во ситуација кога домакините беа целосно изгубени на теренот) ние паднавме психички а им овозможивме еден силен импулс на фудбалерите на Болоња кои потоа беа подобри на теренот. Тоа особено се почувствува во првите 20тина минути од вториот дел, кога бевме целосно надиграни. Грешката на домашниот голман и носот за гол на Pazzini нè врати во ритам кога беше најнеопходно! 
Max (кој знаете колку го почитувам) денес (фактички, му доаѓа вчера :) ) падна тактички многу! Ако во прв момент таа измена на Montolivo со De Jong можеби беше очекувана (деби и цврстина која ќе овозможи чување на резултатот), по глупоста на Nocerino беше несоодветна и сметам дека Allegri во второто полувреме МОРАШЕ да реагира со внесување на Urby на местото на Ambrosini и тоа доста рано во вториот дел! Наместо тоа, поради неговата инертност од клупата, Milan беше принуден да брка гол со среден ред составен од De Jong, Ambrosini и вчера ужасниот, Nocerino! Друга приказна е што константно Ambrosini и De Jong си газеа еден на друг позиционо!

Околу позитивните работи:

Pazzo! Зборував уште кога го купивме, тоа е фудбалер кој играта ја базира на чувството за гол но и на својата самодоверба! Се забележуваше особено, како го прослави третиот гол! Му олесна! Колку нему му значат овие голови и колку нему му значи самодовербата, можете да прочитате и тука. http://www.football-italia.net/24599/pazzini-its-sign

Mattia De Sciglio! Што повеќе да се каже за ова момче! Звучи неверојатно и помалку смешно кога човек ќе види дека 19 годишно момче има подобро чувство за простор и е подобро тактичко/технички созреан од првата опција на десен бек на Италија кога се игра формација со 4 фудбалери во последната линија! Mattia созрева, ја зголемува својата самодоверба и против Bologna беше еден од носителите во тимот! Непрестајно шпарташе напред-назад покрај десната аут линија, упати неколку одлични центаршутеви (така падна и третиот гол) и беше одличен во дефанзива! По враќање на Abate од Milan Lab сакам еднаш да видам дефанзива со Abate на RB и Mattia на LB! Доколку функционира, ете, решението на нашиот проблем на позиција на лев бек се наоѓа во нашите редови! Тоа е меч со две острици, евентуален лош настап на De Sciglio на позиција на лев бек можеби ќе ја разниша неговата самодоверба меѓутоа уверен сум дека момчето може да се носи со тоа!

P.S Mattia веќе доби повик за настап во U21 но постои шанса пак да биде повикан од Prandelli (?!!) во сениорскиот состав! Доколку не добие повик од Prandelli, ќе настапи за U21.

Kevin Prince Boateng! Против Bologna гледавме некој сосема друг Boateng! Играше одлично, имаше неколку одлични додавања (при изнудениот пенал на првиот гол) и имаше неколку опасни удари! Веројатно претерува со шутевите од далечина и тоа е дел од играта каде што мора да биде порационален!

P.S Ќе оди на операција на раката деновиве поради мала фрактура. Не би требало да пропушти натпревар.


Тоа што во натпревар во кој победивме со 3-1 можам да издвојам само 3 светли точки во тимот доволно зборува за начинот на кој сме играле. Верувам дека работите ќе се средат!

Forza Milan!!!