Од повеќе од оправдани причини, за жал не бев во можност да го гледам во живо синоќешното гостување во Болоња. Од таму доаѓа моето online ќутење, без грижи. Сепак, натпреварот го снимав (MaxTV) и прво влегување дома, веднаш го изгледав во целост. Издржав, не вклучив инернет и блогов па се нервирав и радував како мало дете сега, кога го гледав „во живо“.
Свежи импресии:
Прво и основно, човекот на сликата погоре, треба да добие две кафиња, едно од Nocerino а друго од Allegri.
Тимот делуваше одлично на почетокот, по постигнатиот гол не се повлековме и делувавме гладни за уште, што е добро! Сепак, дојде до тој идиотски, глуп и непромислен потег на Nocerino на работ од 16никот кога противничкиот фудбалер воопшто немаше ни намера да оди внатре, кон голот! Никој не се бунеше за пеналот а речиси сите беа бесни на Nocerino (El Shaarawy и Boateng во прв ред). По примениот гол (во ситуација кога домакините беа целосно изгубени на теренот) ние паднавме психички а им овозможивме еден силен импулс на фудбалерите на Болоња кои потоа беа подобри на теренот. Тоа особено се почувствува во првите 20тина минути од вториот дел, кога бевме целосно надиграни. Грешката на домашниот голман и носот за гол на Pazzini нè врати во ритам кога беше најнеопходно!
Max (кој знаете колку го почитувам) денес (фактички, му доаѓа вчера :) ) падна тактички многу! Ако во прв момент таа измена на Montolivo со De Jong можеби беше очекувана (деби и цврстина која ќе овозможи чување на резултатот), по глупоста на Nocerino беше несоодветна и сметам дека Allegri во второто полувреме МОРАШЕ да реагира со внесување на Urby на местото на Ambrosini и тоа доста рано во вториот дел! Наместо тоа, поради неговата инертност од клупата, Milan беше принуден да брка гол со среден ред составен од De Jong, Ambrosini и вчера ужасниот, Nocerino! Друга приказна е што константно Ambrosini и De Jong си газеа еден на друг позиционо!
Околу позитивните работи:
Pazzo! Зборував уште кога го купивме, тоа е фудбалер кој играта ја базира на чувството за гол но и на својата самодоверба! Се забележуваше особено, како го прослави третиот гол! Му олесна! Колку нему му значат овие голови и колку нему му значи самодовербата, можете да прочитате и тука. http://www.football-italia.net/24599/pazzini-its-sign
Mattia De Sciglio! Што повеќе да се каже за ова момче! Звучи неверојатно и помалку смешно кога човек ќе види дека 19 годишно момче има подобро чувство за простор и е подобро тактичко/технички созреан од првата опција на десен бек на Италија кога се игра формација со 4 фудбалери во последната линија! Mattia созрева, ја зголемува својата самодоверба и против Bologna беше еден од носителите во тимот! Непрестајно шпарташе напред-назад покрај десната аут линија, упати неколку одлични центаршутеви (така падна и третиот гол) и беше одличен во дефанзива! По враќање на Abate од Milan Lab сакам еднаш да видам дефанзива со Abate на RB и Mattia на LB! Доколку функционира, ете, решението на нашиот проблем на позиција на лев бек се наоѓа во нашите редови! Тоа е меч со две острици, евентуален лош настап на De Sciglio на позиција на лев бек можеби ќе ја разниша неговата самодоверба меѓутоа уверен сум дека момчето може да се носи со тоа!
P.S Mattia веќе доби повик за настап во U21 но постои шанса пак да биде повикан од Prandelli (?!!) во сениорскиот состав! Доколку не добие повик од Prandelli, ќе настапи за U21.
Kevin Prince Boateng! Против Bologna гледавме некој сосема друг Boateng! Играше одлично, имаше неколку одлични додавања (при изнудениот пенал на првиот гол) и имаше неколку опасни удари! Веројатно претерува со шутевите од далечина и тоа е дел од играта каде што мора да биде порационален!
P.S Ќе оди на операција на раката деновиве поради мала фрактура. Не би требало да пропушти натпревар.
Тоа што во натпревар во кој победивме со 3-1 можам да издвојам само 3 светли точки во тимот доволно зборува за начинот на кој сме играле. Верувам дека работите ќе се средат!
Forza Milan!!!
60 comments:
Најголемата негативност од мечот сепак е нова повреда, веројатно баш на фудбалерот кој во моментов е најуникатен според стилот на игра и според она што му го носи на тимот. Montolivo во аут 3-4 недели.
Среќа во несреќа е што има репрезентативна пауза па Монтоливо не би требало да попушти повеќе од 2-3 натпревара.
А зошто нигде не си го спомнал Ачерби?
Веројатно затоа што мислам дека не беше доволно тестиран. Тоа не значи дека одигра лошо туку дека не беше доволно тестиран :)
Добар беше и De Jong на пример, ама него го чекам на DMC пред да го испофалам :)
Бројките не лажат! Пак!
Mattia De Sciglio
57 Passes with 91% accuracy (tied highest with Ambro)
5 Key Passes (highest in the match)
6 Tackles (again, highest)
5/7 Crosses (and again, highest)
А Де Шиљо беше доволно тестиран?
Ачерби изигра супер вчеравечер, со Шиљо беа лидери во одбраната.
De Sciglio во офанзива беше еден од „најтестираните“. Како што потврдуваат и бројките од претходно, имал најмногу додавања во тимот со 91 % успешност, 5 круцијални додавања и 6 tackles со кои пак има најдобри бројки од сите други во тимот (па и од Acerbi).
Сакам да го видам дуото Acerbi - Zapata во дефанзива.
Ви се случило нешто вакво на вас или само до мене е?
https://fbcdn-sphotos-f-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/538730_4126896248028_152777513_n.jpg
https://fbcdn-sphotos-g-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/556476_4126903448208_44321588_n.jpg
Првиот линк не ми се отвора а на вториот не можам да видам на што алудираш? Потенцирај ми. Чудни ти се тие „клучевите“ десно покрај коцките?
Изгледа зборува за фонтот на насловот на блогот. Ако е тоа, така се појавува кога поради било какви причини, loading-от ти е побавен и прво се појавува во ваков фонт, па преминува во правиот. Инаку фонтот е изведен од comic sans, затоа. А и зависи од кој пребарувач отвораш, може прво да го прочита како друг фонт (не знам како се вика фонтот, како ракопис изгледа), па да го доведе во правиот.
Околу мечот и постот... За мене, Acerbi го одигра најдобриот меч досега во нашиот дрес. Според ова што досега го имаме видено, припреми + два меча првенствени, одбраната мора да го содржи Acerbi и еден од двајцата што многу малку имавме можност да ги гледаме - Zapata или Mexes. De Jong не сакам да го коментирам засега, иако првиот впечаток е позитивен. Што е до изборот на десен и лев бек и играта на De Sciglio, искрено, почнав да размилувам во насока: A зошто него да го пробуваме на лев бек? Што прави полошо од Abate за него да го жртвуваме со менување на позицијата? Зошто Abate да не биде пробан лево? Иако рака на срце, играта на Nini вчера беше на ниво. Штета за Montolivo, ќе пропушти репрезентативни настапи (и De Rossi се повреди) и еден или два клупски, а таман влегуваше во убава форма. Ама затоа Pazzo доби повик за azzurri-те, за разлика од Cassano на пример :)
Голема, огромна дискусија се отвори на меѓународно ниво дали De Sciglio да остане на позицијата во која во моментов игра најдобро, да се менува на спротивната страна само за да му се даде комодитет на Abate или да остане каде што е а Abate да остане на клупа па тој сам да си се бори за местото наместо да му биде загарантирано кога ќе се врати по повредата! 3 различни варијанти, многу размислувања!
Од една страна, момчето е само 19 години и можеби сега е вистинско време да се обидеме да го направиме универзален бек! Сепак, во право си и ти и многу други кога велат дека De Sciglio полека но сигурно си ја прави таа позиција своја и дека ако продолжи во ист стил не треба да се брка од местото каде што се чувствува најслободно. Логиката и коментарите поставуваат реторичко прашање, зошто не се игра со Abate на лев бек. Тој и така не нуди квалитетни центаршутеви ниту од „својата“ десна страна па сигурно нема да добиеме нешто ако игра десно за разлика од детето кој храни и тоа какви квалитетни центаршутеви. Abate кога би играл лево би понудил некој квалитет во дефанзивата и трчање напред-назад. Тоа го дава и десно. Или да си остане на клупа па да се бори за место на теренот (без разлика дали со De Sciglio или со Antonini кој беше добар на последниот натпревар). Интересна дилема!
Само да расчистиме, лев бек не може да игра играч кој левата нога освен за качување во автобус (ама буквално) не служи за ништо друго. Абате освен на најблискиот човек, на друг не може да му ја додаде топката.Од она што го има покажано засега ке заклучиме дека е тоа факт. Но и факт е дека денешно време на прсти може да се избројат леви и десни фул-бекови од топ класа, па затоа човек ретко се осудува да збори за таа позиција. Едноставно тој и Де Шиљо (или Де Скиљо според Бранче) нудат различни квалитети, па 'генијална' опција според мене би била онаа наједноставната, константно ротирање, впрочем играме на 3 фронта и токму сезонава, сега, Алегри треба да им го насочи патот на кариерите, и на двајцата.
Што се однесува до Ачерби, точно дека не беше тестиран, мегутоа дефанзивната линија беше швајцарско сирење. Добро што беше тоа Болоња и што немаат играчи кој казнуваат. А пак интересно е дека не приметив индивидуални грешки (освен 1)на дефанзиците, а пак како да не беше се во ред, пак солиден број на шанси за противникот кој е далеку послаб.
Де Јонг. Одма се виде која ке биде неговата улога во тимот за само едно полувреме. Класичен покривач на дупки, со апсолутно никаква индиција за одење напред, но она што ме израдува допонително е дека имаше неколку добри додавања.
Е сега проблемот настанува поради многу деструктивци а малку креативци. Ова по мене ке биде најголемиот тест за Макс сезонава.
Уште нешто. Една ситуација со Кркич малку ме налути. На 1-1 или 1-2 не можам да се сетам, полуконтра за болоња, дупка во одбраната каде најблиску беше Бојан за да затвори (свеж влезен во игра), но тој се однесуваше ноншалантно и чекаше некој од небо да падне и да ја запре контрата. Цела срека Нини почна да урла и да мавта со рацете за овој да му текне да потрча.А претходно погледна дека нема никој од неговите во близина, сигурен сум. Не знам дали претерувам со ситуацијата, но со ваква игра не му бега клупата за резерви.
А што да кажам за Pazzo, ги замолкна хејтерите.
пс. Морав тек сега да пишам нешто бидејки не станав од книга цел викенд.
FORZA MILAN
Ако, учи си, простено ти е :) Ситуацијата со Bojan не ја забележав, ама сигурно и него му е јасно дека во екипа како Milan, секој, дури и најистурениот се враќа назад да помага. Сега Max ќе му ја пушти снимката од мечевите со Chelsea, Olimpia и Real од припремите за да го види SES92 како игра SS на своја половина :)
Околу предизвиците на Allegri, јас мислам дека најголемиот предизвик се наоѓа во одбраната, и тоа, прво да го реши прашањето на лев бек, а второ, да ја најде правата комбинација на стопери. И тоа не најдобрите стопери во тимот, затоа што тоа отприлика сите го знаеме, туку парот кој најдобро ќе се разбира меѓусебно на терен. Јас би се сложил дури и Yepes и Bonera да бидат првите два стопери ако тие фукнционираат најдобро на терен. Затоа не мислам дека проблемот би бил во пронаоѓањето на идеален сооднос на креативност со деструктивност во средината. Таму работите во нормални услови се јасни: Noce-NDJ-Montolivo или во превод: Трчач(којпремногусакадашутираидадаваголови)-Разбивач(којзачудоимапремногуточнипасови)-Креативец(којморадабидепрвасистентвоекипатаспоредпредиспозиции)
Е сега, кога ги немаше на располагање првиот избор на играчи на некоја позиција, тоа е секогаш предизвик за тренерот. Сакам да речам дека разликата е во тоа што Max има расчистено со изборот во средината, особено после доаѓањето на NDJ, за разлика од дилемите што сеуште ги има во одбраната и тоа на буквално секоја позиција во одбраната.
Кога би биле сите здрави сигурен сум дека Мах ќе има двоумење и околу навалната линија (Пато, Пацини и Робињо во прв и Бојан односно Стефан во втор план). Сепак, поради повредите, за жал, барем во првиот месец ќе нема такви главоболки.
Мислам дека можеме да заклучиме од старт која ќе биде улогата на Бакаје во тимот.
Ова изоставување од листата за ЛШ многу кажува.
Ова пак удри силно по нас! Пацини не тренирал со Италија поради повреда на коленото! Да потсетам, за следниот натпревар веќе се во аут Боатенг, Монтоливо, Робињо и Пато а сега Пацини. Незнам што да кажам!
Ништо сериозно со Pazzo. Дури ќе продолжи полесно да тренира со репрезентацијата. Ако клубот не го повлече од кампот на репрезентацијата, можно е да се најде во составот против Малта. Ги видовте двата состави на Prandelli денес на тренингот? :) Свесен за тоа дека има еден куп SS-ри, вкрсти две формации 4-3-3 со Destro и Osvaldo како шпицеви еден против друг. Интересно, многу ми се допаѓа Prandelli.
Момци се извинувам за пасивноста и за постот кој го ветував имам многу испити и сега и ќе ме нема многу.
Поздрав.
Во 17:00 Italia U21 ќе игра со Лихтенштајн. De Sciglio и El Shaarawy се очекуваат да бидат дел од старните 11.
Ќе споделам линк ако најдам добар.
Ама ние убаво си знаевме која е најдобрата позиција за SES. Имавме и правено муабет за тоа дека му треба ширина. Само убаво кога некој "познат" ќе го сподели мислењето со тебе. :)
За SES имаше многу пофални зборови насекаде, а за Mattia немаше прилика да покаже скоро ништо. Ако стартува одново и на следниот меч со Ирска во Понеделник, би требало да очекуваме и од него повеќе акција.
De Sciglio имаше убав момент при вториот гол на Италија кога одлично пресече внатрешно, го помина својот чувар, направи навремено додавање што неговиот колега потоа само го проследи кон стрелецот на голот.
Денес на мечот меѓу измешаните состави на првиот тим и Primavera, одлични први 10тина минути на Niang (добра техника, дриблинг и додавања) и добра партија на Cristante!
Никој неможе да ме убеди дека не се подмладуваме, можда квалитативно трпиме ама тоа е цена што мора да се поднесе.
На Фламини,Бонера,Јепес,Амброзини и Абијати им завршуваат договорите наредното лето и како што стојат работите во овој момент на никој од нив нема да им биде понудена дополнителна соработка.
Тоа би не оставило со само Мексес,Амелиа и Анте како играчи над 30 години!
EL92,Pazzini,?
Montolivo,De Jong,Nocerino
De Sciglio,Acerbi,Zapata,Abate
Abbiati
Ова е некоја моја визија за сегашниот Милан.
Ставив прашаник таму затоа што ни Пато ни Робињо ни Бојан ни Нианг таму ми одговараат многу многу.
Ни треба некое крило, ама крило што има навика да влегува во центарот да дрибла проигрува пожелно левак, Робен тип на играч, незнам колку еден здрав Џ.Роси би можел да помогне
Не се согласувам околу нападот, никако, а имам две дилеми кои би можеле со тек на време да преминат, исто, во несогласување :)
Дилемите се околу едниот стопер и бековите. Прво, не знам со што заслужи Zapata да биде пред Mexes во твојот или било чиј идеален тим. Годинава, едниот го видовме еднаш, на припрема, другиот исто еднаш, на меч со младинци. Не знаеме, ги немаме видено, не знаеме како реагираат на официјален натпревар, како соработуваат со играчот до него, со целиот тим... Јас не можам да се решам кој е моментално вториот стопер, кој заедно со Acerbi би го бранел Кичо. И тоа Acerbi го ставаме како прв, малтене незаменлив затоа што не сме виделе подобро. Второ, зборнавме и тука, а и со Ри се изнаправивме муабет за тоа дали е подобро Mattia да оди лево, дали Abate на старост да му менуваме страна (ако сака да игра прва постава) или да ги оставиме да на секој тренинг да се борат за иста позиција. Прашањето е: Треба ли Mattia да го добие она што моментално го заслужува, го играл цел живот и го знае најдобро или неговите години дозволуваат од него да проба да се направи универзален бек, налик Zambro?
Несложувањето е комплетно, затоа што јас би извадил комплетно друга напаѓачка линија, во таа хипотетична 4-3-3 формација. Велам хипотетична, затоа што со Boateng во составот, преминувањето во формација без CAM е еднаква на теорија. Можеби не те разбрав кога викаш "моменталниот Milan" и мислиш со сите овие повреди, ама ако не е така, со сите здрави фудбалери, мојот прв избор би бил Bojan-Pato-Binho. Вака ќе го оправдам: Pato секогаш > Pazzini, Binho сезонава е незаменлив, а Bojan го има искуството што сеуште го нема SES и имаат сличен потенцијал. Тоа не значи дека SES би немал солидна минутажа, а Pazzo не би бил џокер онаму каде што требаат неговите предиспозиции. Ми се чини дека хет-трикот негов и денешниот перформанс на SES влијаат врз овој состав што го напиша, а и на составите на многу навивачи и да бидеме реални, да го пишуваше ова после мечот со Samp, распоредот не би изгледал вака :)
И да повторам уште еднаш, сезонава или барем додека Boa е фит, нема да видиме 4-3-3 формација. Можеби 4-2-3-1 само онаму кај што сме изразити фаворити.
Тасоти во интервју рече дека за Милан сè уште основна формација е 4-3-1-2 но се вежбаат и други варијатни. Едно е јасно, додека го немаме цел тим на располагање, без повреди, нема шанси да менуваме од 4-3-1-2. По враќањето на Монтоливо и Пато можеби ќе се обидеме 4-2-3-1, за 4-3-3 за која иронично имаме најмногу офанзивни солуции во тимот, имаме најмалку (дефанзивно) централни солуции во средниот ред. Се согласувам со констатацијата на Navigator дека Бојан и Бињо треба да имаат предност пред Стефан и ќе имаат предност, сепак станува збор за веќе докажани фудбалери. Едно е сигурно и на Пато и на Пацини многу повеќе им одговара формација со странични крилни напаѓачи. Особено Пацини знае да биде немилосрден во скок играта, му требаат нафрлувања од двете страни.
Нианг е повикан за Примавера утре, ако има стрим нека го сподели некој.
Во останатите вести, Јуве му нуди 10 милиони евра на Дрогба за 2 сезони.
Изгледа ќе го крка еден од Абате и Антонини :) Ова е веќе голем комплимент од еден од двајцата што го формираат тимот на насловна на Газета!
Па заслужува! Само лошо е кога споредуваш дете од 18-19 години со легенда, клубска, светска, секаква!
А кога легендата лично ја прави споредбата?
EL92 и Пацини ми се таму пред Бојан и Робињо пошто Бињо не ми е воопшто омилен а Бојан па еден докажан играч што е...али ај да не прајме муабет.
Друга причина е што одсекогаш сум имал замисла дека треба да имаме што е можно повеќе Италијанци во стартниот тим.
Башка Ел Шарави и самите знаете колку сака да помага назад и да повлекува акции од својата половина, мене Бојан тешко ми е да го видам во таква улога, и одсекогаш сум го замислувал како SS додека пак EL92 е многу посестран може од AML,AMC,WFL, па се до SS.
Ја затоа реков тоа е мојата замисла, замислите на Алегри се сосема други и многу е тешко да се седне сега Боатенг на клупа.
Некој мене сега да ме праша веднаш би го земал Дрогба испред Пато.
Додадов админ на групата на фб, мој друг профил што истотака го користам, само сакав да ве обавестам.
Tassotti: "Obviously, I keep an extra eye on De Sciglio as he plays the same role as I used to play. We've always believed in De Sciglio - right from the start. De Sciglio has amazed us since his first training sessions with the first team. It was only logical to make De Sciglio a fixed part of the first team due to his performances in training. I see myself in De Sciglio. He has a bit of my characteristics; a mix of athleticism and technique - and also the same stamina."
Нашите сосема солидни засега. Ми се бендисува оваа смелост и компактност на екипата. А ја пратам и Италија со Бугарија до полувреме. Доминантни azzurri-те, особено после примениот гол. Osvaldo... гол играч!
Само што го напишав коментарот, работите се сменија на двата меча. Нашите несреќно, со една грешка губат многу позитивен бод. И реално ќе беше да поделиме по едене бод. Не бевме подобри, ама нијансата што беше во прашање, не беше изразена колку еден гол. А италијаните после 55-60 минути комплетно се изгубија. Хаос! Распад на формација, особено на задната тројна линија, див фудбал, дупки во одбраните на двете страна и рака на срце подобра игра на бугарите. Штета што не почнаа со победа во дуел против една екипа што изгледа подпросечно. И двете репрезентации на поправен во Вторник!
Одбраната е кршлива и пропустлива, исто како да го гледам првиот тим...
Мене ми се смени стримот со Јувентус - Каљари. Кај тебе?
Неколку слики од дебито на Pippo како тренер:
http://twitpic.com/asvmru
http://twitpic.com/asvmbc
http://twitpic.com/asvq1e
http://twitpic.com/asvpsq
И едно видео :)
http://www.youtube.com/watch?v=NqrjXpbAEvE
Децата што ги тренира Пипо, до кое годиште се?
Скоро сите се 96'. Има 2-3ца што се 97' и Mastour (како што кажа Ри, вклучен е во екипата, ама сеуште нема поминато лекарски прегледи) кој е 98'.
Убави работи имам слушнато за Yaffa (момчето кое постигна 2 гола денеска) од ваа генерација која што ја води Пипо.
Мене кај Примаверата Петања и Де Фео ми се многу интересни :)
И левиот бек го забораив како се викаше (пошто ни е болна позиција).
Инаку Дидак Виља до кога ќе отсутен? Дефинитивно треба да му се даде шанса сезонава кога веќе остана.
Виља е во аут 2 месеци а детето што ти фаќа око се вика Speranza. Делува одлично на неколку натпревари на кои сум го гледал.
Сакам да добие шанса во прв тим, макар и тоа значело Анте,Бонера,Дидак,Урби да се недостапни за играње.
Убаво интервју со Mastalli, капитенот на алиеви-те што ги води Пипо околу тоа како Пипо се однесува на тренинзи. Малку лош google translate на моменти но ќе го сфатите.
EXCLUSIVE MN - Mastalli: "Let me tell you mister Inzaghi. A privilege to be coached by him"
Pippo Inzaghi leads them from the bench, he is its representative in the field. Alessandro Mastalli midfielder and captain of the National Students of Milan reported exclusively in MilanNews.it the first emotions and his group being coached by Inzaghi:
Alexander, right first championship in Milan Inzaghi or National Students Rossoneri?
"It's definitely the coach of Milan. He gave us something that we missed the first. Since he can only learn things. Should we follow to the letter as for me and my friends is a dream to have him as coach. "
The bench is not one of those who cries all the time but when it does, I think it makes them feel
"Yes, very. You feel because he wants the work we do during the week bear fruit in the game. He always tells us that ' technical error is there but does not tolerate the lack of commitment. Would you give everything in the game and in training. "
A debut in front of a large audience
, "We were surprised to see so many people in the stands.'s definitely a feeling abnormal for us but I am convinced of one thing."
Tell us well
"Having a coach of its thickness will allow A rise of attention to this category of reflection for us."
As Mr. Inzaghi during the week?
"It's something incredible.'s a great passion and it takes out of the ordinary in the take forward
his experience. "
In addition to Inzaghi have also a
technical staff of a certain thickness that follows you
, "Yes, it's true. believe that nobody in this category but also in the higher ones can boast professionals who follow us. This year everything is beautiful and we had a good start to a great season. "
Добра Ви вечер чеда росонерски :)
Изминатиов период бев доста пасивен со коментари и со било какви активности поврзани со блогов, но да знаете дека секој еден коментар и пост беше прочитан :) ...нешто како Big Brother се однесував во задниов период, искрено највеќе од причина што во 99% од времето се уклучував од тел. поради тоа што голем дел од летово не се прибрав во СК и конекцијата со интернет светот ми се одвиваше преку тел. , а искрено страшно ме мрзи да типкам од touch . Како и да е, нормално бев во тек со се што се случува на блогов и се што се случуваше со трансфер летото.
Блогов ми лежи на срце и искрено фала ви на сите што неуморно го одржувате во живот со постови. Едно големо браво за иницијативата за редизајн, за отворањето на ФБ страната итн.
Околу тимот накратко ќе се осврнам, затоа што ако пробам се во еден коментар да сместам незнам кој ќе има живци да го дочита.
Нормално е дека сите сме разочарани од продажбата на Силва, а и можеби не толку од продажбата колку од неадекватните замени што пристигнаа. За Ибра горе - доле и сите ќе се сложиме и дека не е толку трагично што замина, но Силва не смееше. Како и да е, тоа е веќе минато.
Јас поконфузен трансфер пазар на тимот немам видено одамна, буквално без никаков концепт, без никаква стратегија. Нема сега да навлегувам во секој трансфер поединечно и да анализирам, но по сето ова можам едно да заклучам дека Алегри е можеби пред најголемиот негов животен предизвик поврзан со неговата тренерска кариера. Од ваква буквално каша попара тим да успее да ги воигра и да се вмеша во борбата за скудетото. Можеби изгледа неверојатно но јас искрено се надевам дека можеме да бидеме во таа борба. Галијани многу педе*ски му по смести на Алегри, му ги донесе Бојан, Нианг и Де Јонг во последен момент и потрча да изјави дека сега 3то место е недоволно, небаре му ги донел Роналдо и Меси во тимот. Како и да е, реално квалитетен прв тим барем што се однесува до Серија А како натпреварување можеме да склопиме, секако ако имаме малку повеќе среќа со тие повреди, и ако се најде маж кој ќе ја преиспита работата на фамозниот Милан Лаб. Јувентус како најсериозен кандидат имаше квалитетен трансфер пазар, но мислам сите ќе се согласиме дека не пазареа квалитетно во делот кај што се најкуси, нападот.
Очекувањата од тим како што е Милан се секогаш големи, без разлика на ростерот. Алегри има предизвик пред него кој може да го воздигне во светот на фудбалот, но и многу лесно може да потоне, иако реално не по негова вина.
Толку сега за сега, колку да најавам мое враќање тука,more to follow... :D
Добро е, жив си бил :) Ние гледаш се шириме, се промовираме, контактираме со некои нови дечки, искусни форумаџии, блогери, сајтери (сајтери се вика бе?), ама пред се, сакавме да се собереме, да се видиме, што вика Ри рака да си стегнеме. Не мора тоа да биде за утакмица, иако е пожелно, ама нека биде скоро. Ти имаш ФБ, мајспејс, хај5, било шо? :) И немој да чекам одговор 4 месеци :)
http://www.facebook.com/stojanovski.v
Тој сум :)
За гледање и стегање рака во секое време, ас сам тврдо ДА! :D
Брат ти го имам во пријатели по препорака на Драган, имаш твој профил или го користиш неговиот?
Не сум веќе паразит :) Свој на свое :))
леле на малиов изглеа идол му е Балотели
http://www.caughtoffside.com/2012/09/10/ac-milan-youngster-mbaye-niang-caught-by-police-driving-without-license-pretends-hes-team-mate-bakaye-traore/?
Јас сега тргнувам за СК и здравје боже планирам да се слушнам со тие што имам број (Драган, Коле а со Фичо веќе е договорена) за да пиеме по 1 кафе некаде во центар околу 13:00. Знам дека Navigator не е тука а Владе ако сака нека контактира со Драган па ако сака и тој да дојде.
Тргнав
е ај сеа...седам пред pc беспомошно :) ...немам број од никој и незнам каде сте седнати...ај ако го види некој коментаров нека ми биде од помош, дали со број, дали со локација каде сте седнати, кај и да сте јас за 10 мин сум таму. :)
Ништо од бизнисот, можеби утре ако се јави Иван порано.
Се што требаше да се каже е кажано,добро е што ве најдов и после денешниот мини собир мислам дека наскоро за некое дерби би било многу добро да се напраи поголем собир и сите да се упознаеме и да утепаме еден квалитетен муабет за нашиов тим.
Знам дека сите едвај чекаме таа ебана сабота да дојде и да глеаме пак Милан ама ако е за утеха па наредниов период ни следуваат утакмици на секој 3 дена ако добро го разбрав ReBorned па ќе си уживаме :D
Нормално ако не ни се насоберат пак пациенти у Милан Лаб.
Добредојде Фичо :) Направи си акаунт, ко за почеток :)) Пост планира некој или да планирам?
Има добри муабети во Фичо, само да се потсреди со приватните обврски.
@Navigator јас вечерва и утре до ручек имам обврски. Ако можеш до тогаш напиши, ако не утре вечер јас ќе преземам.
Денски скоро сигурно нема да можам. И јас најрано утревечер. Ај ќе се договориме утре.
De Sciglio and corners ... thanks to Robinho
The total renewal at home Rossoneri, as well as significantly reshape the rose has led to a significant change in the management of kicks. With the departure of the various Seedorf, Ibrahimovic and Thiago Silva, has crumbled the previous "hierarchy" set-pieces. If the punishment, in this first part of the season, have been entrusted to Boateng, the corners were delivered to Mattia De Sciglio. The same defender, speaking on "Sportitalia" he sveltato the story that led him to beat the corner: "I started to beat them this year. E 'all started from the first day, when I was in the second half Robinho said to beat a corner. During the week I did try with Bologna and I've been asked to beat them. " The position of Brazilian, evidently aware of the ballistic qualities of the young team-mate, has revealed a talent that will be crucial for this Milan. De Sciglio, the flag, manages to kick balls tense and always dangerous: his feet, against Sampdoria, were born on important occasions, such as the sensational pole struck by Mario Yepes. With the presence of specialists in the air as Pazzini and Ambrosini, cross the nineteen Milan could become a factor of great importance.
Еј би можжел јас да чкртнам нешто порано ако сте зафатени.
Не мора да има прашување, штом никој не пишува во моментот кога прашуваш, слободно пишувај.
Тоа важи за сите.
Ајде
Post a Comment