Translate

Monday 31 January 2011

ONE WAY - SCUDETTO!!!


Во пресрет на 23тото коло на првенството Milan има 47 бода, 4 бода предност пред второпласираниот, а дури 9 повеќе од најблиските сериозни претенденти за титулата Printer и Roma кои се со меч помалку..Milan игра во полуфиналето на Coppa Nazionale и во осминафиналето на ЛШ..звучи одлично, ќе се сложиме сите, ама уште повеќе не радува начинот на кој се постигнува сето ова..имаме 10+ повредени играчи во секое време, од нив половина првотимци, а тоа воопшто не се осеќа на теренот..пред секој меч читаме текстови каде пишува како тешко ќе му биде на Allegri да го состави тимот, а не па да издвојува победа..и не само што il Mister ќе успее да извади иделна постава од тоа што го има на располагање, туку тие момци, тие шампиони ќе одиграат така што ти се чини дека тоа е најдоброто што можат да го прикажат..грешките се минимални, ретко се примаат голови, уште поретко се доживува пораз, конкуретните прават киксови од време на време, за во моментов се да изгледа перфектно..знаеме сите дека не е готова трката за Скудетото, ама па мора да си дозволиме ние, како фанови да уживаме во првенството во кое се надеваме дека ќе се прекине долгиот сушен период..има еден единствен начин да се стигне до славата..го знаеме ние, ама уште побитно го знаат и во Milanello..тој вели дека утре мора да се победи и да се оди на +7!
Сме зборувале за тоа колку се битни бодовите од натпреварите со малите тимови..Lazio не е еден од нив, ама не е ни којзнае каква екипа..она што го краси тимот од главниот град е пристапот во мечевите против екипи кои имаат слични квалитети како нивните..разликата на минатогодишниот Lazio и овој денес е во бодовите што ги освоија во натпревари со екипи од средината на табелата..она што го губеа лани, сега ги смести на третото место на табелата..иако ростерски гледано се најслабата екипа меѓу првите 7-8, континуираните успеси против малите дури им давааат и некаква надеж за титула..
Ние пак, се надеваме дека утре ќе згаснат тие желби на лацијалите, а нас убаво ќе ни се подотвори шампионската порта..и незнам по кој пат сезонава, во најавата пак морам да се замарам со еден куп повредени играчи и истиот оној муабет како ли само Massimo ќе успее да закрпи состав..ама овојпат дефинитивно ќе му најтешко да најди играчи за во средниот ред..во повиканите има само четворица везњаци, од кои двајца се младинци (Calvano и Merkel), еден штотуку опоравен (Flamini) и еден новајлија (Urby)..ако тука се придодаде и ТЅ, тоа ќе значи старт за Papa и Yepes на стоперските позиции, најверојатно Luca лево, а за десната бековска позиција дилемата лежи меѓу моите омилени” Oddo и Bonera..напред, како и на неколку првенствени натпревари со ред, сигурни се Ibra и Binho, а се чини дека утревечер Pato ќе добие предност пред Fantantonio..во составот е и Vilа кој ќе чека шанса за деби и најверојатно нема да ја добие..истото важи и за Legro со (според мене) нешто поголеми шанси за настап..во прилог ни одат последните вести од Рим кои велат дека Floccari и Diakite нема да патуваат за Милано, а суспендиран е Zarate..тоа ги остава гостите со доста разретчен напад и затоа фокусот во одбраната нашите дечки ќе треба да постават на оние офанзивни везњаци во составот на противникот, Hernanes и нивниот rising star - Kozak..
Се на се, Milan е фаворит за нови три бода и дополнително одлепување од следбениците :) добро почнавме со одмаздата кон сите оние што се обидоа или успеаа да не земат бодови во првиот дел од сезоната..Lazio беше еден од нив и несмее да биди поштеден..напротив, ова е можност убаво да се измлати екипата чии навивачи лани се радуваа на сопствениот пораз од Шинтер, само за Roma да не стане шампион..сериозно ги замразив после тој настан и годинава имам огромна желба за нивно газење..првиот пат не ми беше исполнета, ама овојпат нема каде да бегаат!!

ANDIAMO CAMPIONI!!! FORZA MILAN!!!

Sunday 30 January 2011

Чак Норис

Catania 0-2 Milan

Кој е шеф во соблекувалната на Милан?!

Ве интересираше кој е шефот во соблекувалната на Милан?
Повелете, погледнете и уверете се од сликата:

Saturday 29 January 2011

CALCIO CATANIA vs. AC MILAN preview!!!

Решив, пред да почнам да го пишувам постот, да прочитам што сме пишувале и коментирале низ сезоните наназад пред и после мечевите со Catania..пробајте слободно, мене ми беше баш интересно, ама и чудно..кога прочитав најавуван состав од пред две сезони, неможев да се доначудам колку клубот ја има променето екипата и воопшто начинот на управување..таму се зборува за некакви надежи да се стигни лидерот на табелата, за променлива игра на тимот, за испаѓање од натправарувања... а само пред малку читав goal.com каде сите ја фалат трансфер политиката на ќелавиот, за четвртото засилување во зимскиот преоден рок, но и за можно петто и се прашувам дали некој од нас тогаш можеше да го замисли ова што се случува денес..
по природа сум секогаш носталгичен и жалам за времиња кога било подобро и затоа што несакам да ме разберите дека не ми се допаѓа ова што се случува, ќе речам дека овој преоден рок ме направи среќен..ама она што ме загрижува во целата оваа идила е тоа што ќе се случи со "фамилијата Milan"..дали е можно да се задржи таa практика на единственост во клубот помеѓу сите овие динамични случувања и со ваков состав на фудбалери? дали е исто така можно онаа ментална стабилност и предност која го красеше Milan во годините наназад да се задржи? не заборавајте дека во последните 20тина години во екипата имаше по еден или двајца страшни авторитети од типот на Maldini, Costacurta или Baresi, кои одржуваа секаква рамнотежа меѓу играчите..тоа што тимот се појачува и подмладува е одлично, па и неопходно, ама дали после трансферот на Didac Vila' не се запрашавте што се случува со Berlu, зошто се случува ова баш сега и каде е крајот на неговото трошење..
пробувам да ја отворам оваа тема уште од минатиот пост, ама сега со уште посилни причини, откако се случи последниот трансфер..многу ме интересира мислењето на сите околу "la nouva famiglia" и како го оценувате овој начин на доведување многу нови играчи во еден преоден рок..
а за мечот со Catania немам што да зборувам многу..некако најавите се сведуваат на зборување на исто па исто кога позицијата на табелата не се менува значително неколку кола..повторно ќе се сложиме дека овој период на релативно полесни натпревари во првенството мора да се заокружи со победа..тоа ќе значи многу, особено после победата во Средата со врзување на две победи на гости за 4 дена..со Купот нема да се замараме два и пол месеци, така да скоро цел Февруари ќе можи екипата да се посвети на создавање на опиплива предност во однос на останатите, пред да започни "пеколот"..
пак, по којзнае кој пат сезонава имаме повредени играчи скоро колку што имаме и здрави или посликовито: Amelia, Abate, Boateng, Flamini, Gattuso, Inzaghi, Nesta, Pirlo, Seedorf, Strasser, Zambrotta..здрави и повикани се следниве: Abbiati, Roma, Paleari; Antonini, Bonera, Ely, Jankulovski, Oddo, Papastathopulos, Thiago Silva, Yepes; Ambrosini, Calvani, Emanuelson, Merkel, Van Bommel; Cassano, Ibrahimovic, Oduamadi, Pato, Robinho..
пак проблемот на Allegri ќе биди составувањето на средината..дури и да ги употреби единствените четворица везњаци (го исклучувам Calvani), ќе остани без измена од среден ред..можно е и повторно ТЅ да го постави на DMC, ама мене лично тој избор ми и многу ризичен..колку и да одиграа добро Yepes и Sokratis на последните меча, знаеме дека не пружаат константни партии и коцкање е повторното поставување на тој стоперски тандем..всушност и немам намера да го погодувам составот оти минатиот пат заклучив дека Massimo е ептен непредвидлив и имав еден куп промашувања :)
и знам дека кога ќе се спомни Catania, прво што ни паѓа на памет е Huntelaar и Crudeli, ама морам да ве потсетам дека последните два меча со нив ни се реми или -4 планирани бода..ајде утре нека платат за се!


FORZA CAMPIONI!!!

Wednesday 26 January 2011

Sampdoria vs AC Milan, 1 - 2

SCUSI SAMP, IL DIAVOLO STA TORNANDO!!!


Враќањето на papa Silvio на голема врата на фудбалскиот трансфер-пазар, беше потег што го очекувавме веќе неколку сезони..ненадејно и без оглед на вистинската позадина на сето тоа, реши да им го врати на фановите тоа што им беше уксратено..повеќето од нас неможеа да поверуваат кога Galliani соопшти дека Ibra и Bihno се новите играчи на Milan..за уште поголемо неверување, по неколку месеци излезе дека газдата и неговата десна рака имале поголем план, подинамичен, малку популистички, ама најбитно - за враќање на славата..видовме ние од порано, а тие сега, дека титулите денес не се освојуваат без трошење и без врвни, ама и млади играчи..решија онаа "екипа полна со шампиони" да ја предимензионираат во "шампионска екипа полна со трофеи"..а како се прави тоа, незнае никој подобро од Berlu..ако би бил на неговото место, сепак би оладил малку, ова е доволно..несакам во иднина да изгледам како класичен арап, манијак на фудбалската берза, несакам да бидиме нов Man.City, ниту да изгледаме како Chelsky пред пар години, а од Galacticos се ежам..едноставно не го сакав van Bommel во Milan! да се разбериме... B&G не трошат како Roman, bin Zayed или Perez, само што се плашам да не продолжат така..
она што го овозможи управата и го создадоа Allergi и Tassotti треба да е пекол за прволигашите низ Италија..а познато е кој е главен во пеколот - il diavolo siamo noi! првиот што треба да го осети новиот Milan е екипата на увредениот газда Garrone..човек на кој треба да му бидеме бескрајно благодарни, пред се на неговата гордост и инаетливост..ни го поклони Fantantonio, за да бидеме уште посилни и сега само да се прашуваме дали неговата екипа да ја збришиме со или без него во составот..нека не ве вознемирува мојата самоувереност во успехот над Samp, будењето на Silvio мора да се прослави и не заслужува помалку од полуфинале во Coppa Nazionale..
Massimo вчера не збуни со одлуката да стартува со двете нови засилувања..можда избрзано, а сигурно под некаков притисок цела таа трансфер фама да се заокружи со дебиата на Urby и MVB..лично сметам дека се сеуште потполно неадаптирани и единствено мањакот на играчи од средниот ред го гледам како разумно објаснување..во секој случај, списокот на повикани играчи не дозволува играње со формација различна од онаа што веќе некое време ја применува Allegri..кога на најавите на тренерот ќе се додадат загарантираните места на Кичо, TS, Binho, Ibra и Yepes, остануваат неколку позиции чие покривање не е тешко да се погодува..останува утре да видиме дали Merkel ќе го добие третиот старт во низа, дали Abate ќе си го задржи местото на десен бек, дали Luca или Bonera ќе бранат од лево и најголемата дилема, дали Cassano ќе игра против "бившите" или Патката ќе го заземи тоа место..
јасно е дека аквизициите на ривалите секогаш даваат мотив за оспорување на успехот да се доведат нови, квалитетни играчи..она што Milan не смее да го дозволи утре е да потклекне под, сега уште поголемиот притисок од оправдување на фаворитскиот статус во Италија..можеби Samp е незгоден противник, особено на Marassi, ама за еден клуб кој го цени Купот како значајно натпреварување (по којзнае колку време) тоа не треба да биде непремостлива пречка..
нека биде и Купот наш - рече Silvio..и така би...

ANDIAMO RAGAZZI!!!

Sunday 23 January 2011

Враќање на долгот!



Во сенка на последните турбуленции на транфер пазарот се соочуваме со Чезена. Тим кој ни е голем должник од првиот дел на сезоната, кога бевме буквално посрамотени во гости. Натпревар по кој имавме мала мини криза но и натпревар кој според Алегри ни донесе освестување и многу позитивни поуки за понатамошниот дел од сезоната.
Сега Чезена доаѓа на Сан Сиро, по вторпат во само 7 дена. Против комшиите покажа дека е незгоден противник особено за фаворитите. Добра вест за нас е што (ако ме прашувате мене) убедливо најдобриот фудбалер на тимот, Џакерини доби црвен картон во финишот против Принтер и нема да биде на теренот. Исто така нема да настапи и Луис Хименес. Сето ова насочува кон фактот дека единствена опасност по голот на Абијати би требало да бидат високите, нафрлените топки на Счелото кои константно ќе бидат насочени кон Ерјон Богдани и евентуално подоцна кон Игор Будан.
Вреди да се напомене и дека на Сан Сиро се враќа Паоло Самарко, дете од нашиот младински погон, момче кој никогаш не доби шанса во сениорскиот состав а тие фудбалери знаат да бидат многу непријатни во вакви ситуации.
Кај ситуацијата е стандардна. Назад Бонера е во предност во однос на Антонини на левата бековска позиција, Алегри сака да имаме постабилна дефанзивна линија. Во средината... Сидорф не е повикан а и Страсер има ситна повреда па триото ќе биде Амбро + Рино + Фламс со Меркел на клупата. Пред нив ќе „шпарта“ Бињо а напред ќе го имаме првиот дуел за стартно место во шпицот меѓу Але и Касано. Касано полека стигнува до некои 70 минути ефективен фудбал па после натпреварот со Бари кога повторно се покажа дека одлично соработува со Златан можно е да го добие својот прв старт на сметка на Паунот (сите права задржани за Curva_Sud).
И тоа е тоа дечки... го чекаме Емануелсон, ги чекаме овие три бода и нормално потајно се надеваме некој од конкурентите да нагази на кора од банана.
Forza Milan!!!

Saturday 22 January 2011

Urby Emanuelson


Гледам дека сите спиете па јас ќе си дозволам да му посакам добредојде уште пред да биде официјализирано. Значи толку се сигурни моите информации од Милано ;)
На лето СИГУРНО, Браида и компанија се борат во моментов во Амстердам да дојде уште сега, во Јануари. Доколку дојде на лето ќе биде безпари (му истекува договорот), доколку дојде сега, Ајакс ќе добие некоја симболична оштета.
Момчето е 24 години, игра се по левата страна, LB, WLB, ML, MLC, AML. Да не се разбереме погрешно, Drenthe или Marcelo тип на фудбалер. Значи одбраната не му е појака страна (ама не е ниту на нашиве моментални бекови) но во офанзива знае да биде разорен! Според коментарите на фанови од Холандија, еден од најдобро технички поткованите фудбалери во Eredivisie, еден од најопасните со топката во нозе.
Ужива во големите мечеви и буквално знае да експлодира во дерби натпревари!
Знае и тоа како да шутира со двете нозе, нешто што им недостига на нашите бекови. Јас сум задоволен, вие кажете си го своето.
Галијани вели дека доколку евентуално Emanuelson дојде во Јануари со него нашиот трансфер период е завршен. Ова од причина што Emanuelson може без проблеми и да игра mezzalla т.е во средината.
Околу неговата дефанзива, кога можеше Марсело да се подобри во дефанзива ќе може и тој, сигурно. Посебно во Италија, посебно во Милан!
И со оглед на фактот дека 2/3 од натпреварите во Калчото ги играме против бункери добро е да имаме ваква експлозивност по страните.
Повторно ќе кажам, се осмелувам да пишам пред да биде официјално, Urby... добредојде во Милан!!
A сега да видиме што добивме...







Thursday 20 January 2011

COPPA ITALIA Милан - Бари




Сликата погоре е сеќавање од последниот трофеј во COPPA ITALIA. Искрено јас, а верувам и сите вие и покрај тоа што секогаш на ова натпреварување се приоѓало несериозно и секогаш било не во втор, туку во трет план или подобро да речам се игра од што се мора, сепак, годинава токму поради тој долг пост многу посакувам да го освоиме овој трофеј како зачин на скудетото на кое сите се надеваме.

Денеска играме против Бари, противник кој само со малку посериозен пристап кон играта можеме(и мораме) да го 'решиме' во првите половина час од играта. Составот ќе биде комбиниран но ни оддалеку нема да биде 'втор состав'. Најинтересно за издвојување е што Флавио Рома денеска ќе го има дебито во дресот на Милан иако веќе втора сезона е во тимот. Позади би требало да почнат Одо, ТС, Јепес и Антонини. Во средината сигурно шанса повторно ќе добие Страсер, за останатите од тоа што е на располагање, би требало да почнат Амбро и Гатузо, Пирло е опоравен но сигурно нема да стартува денеска, евентуално би можел да биде на клупата. Боатенг сеуште не е фит, а Фламини е со ситна повреда и нема да настапи. Напред со сигурност Касано ќе го има првиот старт, и друшто ќе му прави паунот, овај патката. Интересно ќе биде да видиме дали Меркел ќе добие повторно шанса да игра позади напаѓачите со оглед на тоа што и нема голем избор Алегри освен ако не се одлучи и Робињо да го вметне во првиот состав кој се опорави од грипот.

Епа момци одиме на победа, да ја вратиме самодовербата која донекаде е разнишана по двата реми натпревари, посебно после оној вториот, и во Недела да го продолжиме патот накај скудетото, сепак сеуште се зависи само од нас!


П.С. Покрај куп натпреварот, отварам тема за паунот! ...патката де! Ваши мислења, за и против!

Monday 17 January 2011

ЗА ПОУКА, ЗА ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!!!

нека се носат Allegri и Tassotti, заедно со сите што не го ценат и незнаат што значи да се носи дрес на Milan..зарем ни требаше ова, да губиме добиена утакмица и наместо да одиме на +6 од џганот, ние испуштаме златни прилики..и сето тоа зошто?? поради некои кои не се мотивираат доволно на противник како што е Lecce? па нека играат секое коло со силни екипи, еве би ги понудил Real, Juve, Roma... ама не оди баш ни со нив..поради некој што оди со глава во ѕид и игра со една, евентуално две измени цел натпревар..каде се сега Stesser и Merkel? наместо дечките да добијат шанса и неуморно да вршат по средината, желни за докажување, тие најверојатно служат за пополнување на бројка, кога пола тим ви е повреден..епа јас не мислам така... зарем не ги познава сопствените играчи кога изгледаат како маалски фраери што сакаат да ги лажат помалите деца? кога некој свесно не користи очигледна шанса за контра и наместо тоа го чека противникот за да го издрибла, да го понижи, па да ја врати топката кај голманот, без оглед во која екипа игра, за мене тој е обичен идиот, кој не го цени послабиот од него, ама ни својата екипа, заедно со фановите..па да бев јас сношти неутрален гледач, ќе бев пресреќен што борбениот, мал тим извлече реми против арогантниот и незаинтересиран гигант..
мизерно издание на мојот омилен клуб, со што самиот си создаде компликувана ситуација и мини-криза..цела среќа што во Четврток следува куп натпревар, па следниот викенд домашен меч со Cesena..ама што знаеш, можеби нашите "стари шампиони" нема доволно да се мотивираат против "аматерите" од Cesena..
јас искрено се надевам дека поука од ова сношти, навистина ќе се извлечи..ама не само за во изјавите низ весниците, туку губењето на два, или ако сакате четири ептен битни стварно да ги тресне од земја и да ја вратат мотивираноста и атмосферата од пред месец дена..нека покажат дека не им удрила славата во глава по само пола сезона, а за тоа имаат две многу згодни прилики..првата е многу блиску, можда премногу блиску за долго да се размислува..нека се врати старата игра и желба, за да не се вратат минатите болни сезони..

ANDIAMO AVANTI RAGAZZI, FORTISSIMO!!!

Lecce - MIlan, 1-1

Saturday 15 January 2011

Меѓу Лече и трансфер пазарот...



По инфаркт натпреварот против Удинезе, гостуваме на Via Del Mare кај Лече. Обврска ни е да продолжиме со победничко темпо бидејки ние сме напред а сите други не’ следат. Стандардно во тимот.... некој се враќа, некој не. Се чини по подолго време ќе го имаме на располагање и Фламини и тоа се чини во стартните 11 со оглед на проблемите во средниот ред. Друга, можеби и најважна вест е враќањето на Неста, покривањето на таа огромна дупка во одбраната која што не може ТС сам да ја покрие. На бековските позиции и немаме некој којзнае каков избор па повторно Абате и Антонини ќе ни предизвикуваат такихардија додека Лече ќе биде во напад по страничните позиции. Триото во средниот ред е составено од Амбро, Гатузо и Фламс а Сидорф ќе оди понапред, онаму каде што јас лично сметам дека подобро се снаоѓа а и што е најважно е помалку опасен за нашиот гол, AMC. Истурени напред, нормално, Златан + Але. Бињо по 10 натпревари во серија како стартер оди на заслужен одмор на клупата веднаш до Касано. А таму друштво ќе им прават Рома, Јепес, Папа и Родни The Mad Dog.
На голот по се изгледа повторно ќе биде Амелија, Абијати сеуште ја влече непријатната победа. Тоа ме загрижува, не дека Амелија е лош голман, далеку од тоа... но Милан сезонава нема победено со него во тимот а и прими доста голови (што не значи дека е на негова душа но дечкото едноставно има некоја лоша аура околу себе кога е на голот :( ).
Тоа беше под број 1...
А под број 2, срцето ми се топи од она што го читам деновиве. Незнам дали ќе се оствари, ми делува премногу неверојатно за мене лично... и затоа се трудам да бидам што е можно поладен по однос на тоа но... Domenico Criscito!!!
ЗА МЕНЕ ЛИЧНО, еден од најдобрите, еден од најталентираните, еден од најуниверзалните фудбалери во Калчото. Ќе се осудам да кажам, можеби единствен дефанзивец од новата генерација кој ја продолжува лозата на Малдини, Костакурта, Неста, Канаваро... Репрезентација која секогаш ги вадела најдобрите дефанзивци во светот. Раноча треба уште да се гради и докажува за да се спомне во ова друштво.
И Criscito не е само тоа... Criscito во Џенова игра(ше) буквално се’! Ама буквално, се’! Централен дефанзивец, дефанзивец во линија од 3, лев бек, wingback, лево крило, DMC и MC. Се „вљубив“ во него уште при првото гледање на ТВ. И тоа ме држи уште! Толку брз, толку стабилен во дефанзива. Претежно игра како лев бек но од секогаш сум го тврдел тоа дека тој е следниот Канаваро, само е прашање на време. Тој е идниот столб на италијанската фудбалска репрезентација, во срцето на одбраната. Tackling, marking, heading (иако е висок 183 cm), workrate... се’ е на ниво. На ниво со само 24 години (наполнети пред 1 месец). Ги има поминато сите младински фудбалски репрезентации на Италија и моментално е член на сениорскиот состав. Значи искалено момче, вистински италијанец!
Mimmo...venire a Milan!!

Sunday 9 January 2011

MILAN - UDINESE 4-4

MILAN - UDINESE



Се враќаме на Сан Сиро по тешко завршената задача во Каљари. За да се амортизираат тие 3 бода и вистински да се валоризираат потребна ни е победа над Удинезе. Екипа која заслужува респект и која го има еден од најнезгодните тандеми во офанзива во Калчото, Ди Натале + Санчез. Фудбалери кои се пргави, брзи, технички одлично потковани и имаат страшен шут. Ако сето претходно веќе беше познато за Ди Натале (репрезентативец на Италија) сега истото може да се каже и за Санчез, одличниот млад универзалец на тимот од Удине. Кај нас вратата од болницата е ширум отворена и цело време има проток низ неа, еден излегува, двајца влегуваат и сл. Повторно ќе бидеме без еден куп фудбалери посебно во средниот ред. А таму, во средниот ред ќе се бие вистинската битка за овој натпревар. Најверојатно Милан ќе настапи со само тројца фудбалери во средниот ред (тоа го диктираат и повредите) и уште еден на клупата, тоа е се! Ако на ова се придодаде фактот дека гостите честопати играат со формација 3-5-2 јасно е зошто ќе биде ужасно тешко на средината од теренот. Кога згора на се ќе се погледне и фактот дека дел од таа петорка на средината на теренот кај нив е и дуото кое никогаш не застанува, Kwado Assamoa + Gokhan Inler, борбата добива уште поголема тежина. Ние во средината ќе бидеме присутни со Гатузо (кој по којзнае кој пат стегна заби и ќе настапи од самиот старт, иако има повреда), Сидорф и јунакот од последниот меч Родни The Mad Dog!
Макс изјави дека се двоуми помеѓу Бињо и Меркел за AMC но се чини Бињо ќе добие шанса на поинаква улога за него а Александер ќе биде на клупата како единствена опција за средниот ред од таму.
Неста сеуште не е опоравен, му се придружи и Абијати. Значи Амелија повторно меѓу стативите, одбраната е иста како против мечот со Каљари. Средниот ред беше простидуиран погоре во текстот а напред за првпат сезонава ќе стартува триото:

-----Златан------Але

------------Бињо

Не се залажувајте, ќе биде ужасно тешко. Но ужасно тешко беше и против Каљари, нели?
Forza Max, Forza Milan!!!

P.S Беше инспиратор на победата против денешниот противник лани, беше инспиратор на победата во дербито, беше инспиратор на многу победи, Милан тоа не го заборава, никогаш!
Се надевам дека ќе ја вратиш насмевката на лицето во Бразил. Ти благодарам за се!

Thursday 6 January 2011

Родни The Mad Dog Страсер!




И кога се чинеше дека се’ е загубено токму тој се издигна како Феникс и ни донесе нови три бода со кои сеуште го водиме орото во Калчото.

CAGLIARI CALCIO vs. AC MILAN (RESERVES)


Јасно ви е на сите зошто вака изгледа насловот..уште по мечот со Roma, кога ја коментиравме првата полусезона и гледањата за овој дуел, зборував колку тешко ќе биди да се добие првото соочување во новата година..ама ни крај памет не ми паѓаше дека ситуацијата ќе биди вака лоша..со еден куп повреди на клучни играчи, со суспендиран Ibra, ама и недоволно подготвен Cassano, изгледа дека ќе е екстремно тешко со победа да се напушти Сардинија..
Враќањето на Allegri кај "своите" ќе му биди всушност најдобриот испит за тренерската зрелост и шанса за заќутување на злобниците кои сеуште го сметаат за просечен..ќе треба да направи мало чудо, така би го нарекол вметнувањето на хемија меѓу оние што утре ќе истрчаат на Sant'Elia..чудна е ситуацијата... цело време барааме свежа крв во првиот тим, а сега па наеднаш ги има многу, ама пак има проблем, сега фали искуство..со дури петмина младинци во повиканите, со пар играчи кои сеуште не добиле ни минута првенствен натпревар, ова е сосема нова ситуација и нов предизвик за екипата..ама шампионскиот тим за кој зборуваме веќе некое време не смее да потклекне пред повредите и суспензиите..шампионски тим не смее ни да сее бодови по гостувања кај, ќе се осмелам да речам, просечни екипи..секоја чест за противникот, со неколку солидни индивидуалци и еден од најдобрите тренери во Италија, ама Milan или новиот шампион како што го нарекуваме во последно време, не смее премногу да респектира тим како Cagliari..
повиканите :Abbiati, Amelia, Di Fabio (numero 50), Antonini, Bonera, Nesta, Papastathopoulos, Montelongo, Yepes, Oddo, Thiago Silva, Gattuso, Ambrosini, Seedorf, Abate, Pato, Robinho, Cassano, Strasser, Oduamadi, Merkel, Beretta.
За продолжување на симпатичниот почеток на годината и усмерување право кон Скудетото, ќе ни треба глатка победа, по можност без многу трошење на најзначајните играчи..ова, секако не го велам од причина што треба да биди лесно, туку распоредот го диктира тоа..за три дена нов натпревар, со слично силен противник - Udinese..сепак, без многу паметување, победа не крева многу високо, значи зацврстување и дава појак мотив за следниот предизвик..затоа, одиме на победа и само победа, ма каква и да била!

FORZA MILAN!!!

Monday 3 January 2011

Al-Ahli vs AC Milan 1-2

Што си тепавме, си тепавме ама какво голче ни степаа Арапите :)

Saturday 1 January 2011

Среќна Нова 2011


Милан Фанс МКД им посакува на сите Среќна и мнооогу успешна 2011 година :)