Translate

Saturday, 1 January 2011

Среќна Нова 2011


Милан Фанс МКД им посакува на сите Среќна и мнооогу успешна 2011 година :)

11 comments:

Navigator said...

Среќна и успешна нова на сите rossoneri..на другите честита, ама не и успешна :)
инаку Владе, добра идеја..како за почеток се прифаќа :)

FELICE ANNO NUOVO!!! FORZA MILAN!!!

Navigator said...

момци ќе ја гледа некој пријателската со Al Ahly?? ајде малку поактивно, почнува сезоната за нас!
за оние што незнаат... во 17.00 по наше време припремна утакмица Milan-Al Ahly..еве и линк до стримовите-http://www.myp2p.eu/broadcast.php?matchid=100766&part=sports

Cassano најверојатно во први 11 :)

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Дојдов тука со намера да го напишам истиот коментар и да го понудам истиот линк. Гледам веќе си ме преварил :)
Well done!

ReBorned said...

http://skytux.cjb.net/chaine2.html

ReBorned said...

http://www.calcion.eu/live7.htm

Со италијански коментатор.
ТС игра на DMC, а најдобри фудбалери на теренот во првото полувреме се Антонини и особено Одо, чудно но вистинито. Голманот на домакините, Јусуф одбрани неколку тешки топки, а голот падна по една грешка на домакините кога Пато повлече контра и додаде лево до Сидорф. Касано не се забележува но тоа е нормално. Никој не отскокна... Одо одличен! Сепак ова во офанзива, во дефанзива Одо си е Додо.
П.С Мило ми беше што пак го видов Канаваро :)

ReBorned said...

Добар натпревар, конечно се уверив зошто Берета го викаат новиот Бобо Виери. Момчето е вистински тенк во противничкиот шеснаесетник. Оду имаше неколку пробиви... се’ е добро само се надевам дека не е ништо сериозно со Бињо :(

Vase_AC Milan said...

Гледајќи ја денешната утакмица сватив дека Милан може да состави 2 екипи кои ќе се борат за титулата во Италија.Пребогата клупа многу стабилна игра,желба за победа дури и на вакви утакмици.Со оглед на тоа дека имаат пеколен ритам на припремиве добро се движеа и добро покриваа на теренот.
Поединечно неможам да кажам лошо за никој само ми е криво за играчи како Монтелонго кои ќе добијат шанса еднаш и тренерот ќе ги стави да играат на сосем друга позиција,но што е тоа е.Берета е ЧУДОВИШТЕ!Не е тенк туку он е Чак Норис во шеснаесетникот :D Детево ќе биде страотија каков Тони каков Санта Круз си го имаме играчот што ќе го замени Пипо.Пато полека ќе влезе во ритам а Касано изигра солидно со тие пробивите од лево.Секако може да пружи многу повеќе.На будалиот Бињо незнам што филм му мавна во главата како успеа да не ја забележи камерата колку него голема незнам но да се надеваме дека не е ништо сериозно зошто неговите движења и пасови се клучни во нашата игра.
Добро ја почнавме 2011 со трофеј (каков таков трофеј е) и да се надеваме дека така и ќе продолжиме со триумфи на сите полиња.
Среќна нова година на сите

FORZA MILAN VINCEREMO TUTTO

Navigator said...

задоволен сум лично, со оглед на времето, местото, условите и противникот денес..ме изненади Allegri со позицијата на ТЅ, а и воопшто со неговото пуштање во игра..Cassano, како што кажа Ри, незабележителен, ама ништо чудно и страшно..и да не почнуваме на крај краева да ги оценуваме од една утакмица, ниту него, ниту Beretta, ни останатите што добиваа помалку простор досега..екипата функционираше одлично, компактно и мислам дека тоа е најважно..доминацијата беше присутна, што исто така беше за очекување..
и да Ри, беше супер да се види Cannavaro, иако веќе некое време непрепознатлив, а и со крајно бавен старт при првиот гол..замислете Seedorf го наттрча :) сепак, за мене секогаш важи она "с ким си, такав си", така што не очекував којзнае какво издание од капитенот на Италија 06', за жал..
одиме понатаму... Cagliari не чека!

FORZA MILAN!!!

popone said...

да надополнам дека Бруно има на повеќе позиции, десен бек, играч за врска каде што игра Пирло па дури и до средината..немој да ве зачуди каде денес беше т.е вчера беше поставен Бруно..Алегри точно знае кој каде игра..Алегри не е Бенитес и нема никогаш да биди . Поздрав Панче

popone said...

игра*

ReBorned said...

Бруно Монтелонго покажа завидна (да не кажам суперсонична) брзина. Дечкото заслужува уште некоја шанса.
Знам дека е универзалец, првично игра покрај аут линијата од двете страни на теренот, значи крилен брз фудбалер ала Диего Капел од Севиља.