Translate
Sunday, 9 January 2011
MILAN - UDINESE
Се враќаме на Сан Сиро по тешко завршената задача во Каљари. За да се амортизираат тие 3 бода и вистински да се валоризираат потребна ни е победа над Удинезе. Екипа која заслужува респект и која го има еден од најнезгодните тандеми во офанзива во Калчото, Ди Натале + Санчез. Фудбалери кои се пргави, брзи, технички одлично потковани и имаат страшен шут. Ако сето претходно веќе беше познато за Ди Натале (репрезентативец на Италија) сега истото може да се каже и за Санчез, одличниот млад универзалец на тимот од Удине. Кај нас вратата од болницата е ширум отворена и цело време има проток низ неа, еден излегува, двајца влегуваат и сл. Повторно ќе бидеме без еден куп фудбалери посебно во средниот ред. А таму, во средниот ред ќе се бие вистинската битка за овој натпревар. Најверојатно Милан ќе настапи со само тројца фудбалери во средниот ред (тоа го диктираат и повредите) и уште еден на клупата, тоа е се! Ако на ова се придодаде фактот дека гостите честопати играат со формација 3-5-2 јасно е зошто ќе биде ужасно тешко на средината од теренот. Кога згора на се ќе се погледне и фактот дека дел од таа петорка на средината на теренот кај нив е и дуото кое никогаш не застанува, Kwado Assamoa + Gokhan Inler, борбата добива уште поголема тежина. Ние во средината ќе бидеме присутни со Гатузо (кој по којзнае кој пат стегна заби и ќе настапи од самиот старт, иако има повреда), Сидорф и јунакот од последниот меч Родни The Mad Dog!
Макс изјави дека се двоуми помеѓу Бињо и Меркел за AMC но се чини Бињо ќе добие шанса на поинаква улога за него а Александер ќе биде на клупата како единствена опција за средниот ред од таму.
Неста сеуште не е опоравен, му се придружи и Абијати. Значи Амелија повторно меѓу стативите, одбраната е иста како против мечот со Каљари. Средниот ред беше простидуиран погоре во текстот а напред за првпат сезонава ќе стартува триото:
-----Златан------Але
------------Бињо
Не се залажувајте, ќе биде ужасно тешко. Но ужасно тешко беше и против Каљари, нели?
Forza Max, Forza Milan!!!
P.S Беше инспиратор на победата против денешниот противник лани, беше инспиратор на победата во дербито, беше инспиратор на многу победи, Милан тоа не го заборава, никогаш!
Се надевам дека ќе ја вратиш насмевката на лицето во Бразил. Ти благодарам за се!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
11 comments:
И збор-два за некои други занимливости:
По натпреварот со Каљари:
Strasser: "Did you see that pass [Cassano] gave me?"
"[Cassano and I] got on immediately, even if I don't understand what he's saying when he speaks. And I speak three languages" (алудирајки на специфичниот дијалект во Бари).
Cassano: "The next time you say you don't understand when I speak I am going to give you a punch," said Cassano to Strasser as the pair boarded a plane home later that evening but it was meant in good spirits. :))))
И за таеквоандо ударот на Златан за Страсер:
Strasser, a product of the Milan youth system with three previous Serie A appearances to his name, has already been on the receiving end of a taekwondo kick from Ibrahimovic this season, though the pair are said to be good friends and share a table every day for lunch after training.
И на самиот крај, убаво интервју со Андреа во кој тој зборува за Алегри, Златан и неговата позиција на теренот:
http://community.livejournal.com/ontd_football/3135817.html
сосема си во право Ри, ќе биди исклучително тешко пак, ниеден играч не е опоравен од претходниот натпревар до денес, дури го изгубивме и Ambro..играчки гледано, можеби ќе биди и потешко да се добие овој натпревар..тоа што мечот се игра во Милано и враќањето на Ibra се единствените позитивни работи..јас лично се плашам како Milan ќе воспостави контрола над играта со ваков среден ред..единствениот можен плејмејкер за жал ќе биди Seedorf и тоа само по себе кажува колку е тешка ситуацијата..а и не е само средината проблем..не сум сигурен дека супер-брзиот напад на Udinese може да биди сопрен од истата наша одбрана од последниот меч..единствено нападот е комплетен и изгледа страшно..
затоа, мислам дека ако рано постигниме гол, отворената и растрчана игра на противникот може да ни ја олесни задачата..сепак останува целиот тим да стегни заби, да ја поправи играта од четвртокот, па како што рече Ри, целосно да се валоризираат бодовите од Сардинија..
уште еднаш, одиме на победа и само победа!
FORZA RAGAZZI!!!
Рино денес полни 33 :)
баш тоа ќе пишував сега :)
boun compleanno Rino и се надевам ќе бидиш дополнително инспириран да завршиш огромна работа во средината на теренот, всушност како и секогаш!
FORZA RINO, FORZA MILAN!!!
Читам низ форуми некои се задоволни и со бод денес со оглед на нашиот ростер и натпреварите на останатите конкуренти. Освен Лацио сите имаат тешки натпревари. Сепак, токму тоа е шанса да се одлепиме уште повеќе.
Во моментов Самп изедначи на 1-1 против Рома со голот од пенал на нашето дете Nicola Pozzi. Згора на се, домакините се со фудбалер повеќе ;)
И 2-1 Губерти!! :)
MILAN: Amelia; Abatte, Bonera, Thiago Silva, Antonini, Gattuso, Seedorf, Strasser, Robinho, Pato, Ibrahimovic.
http://myp2p.eu/broadcast.php?matchid=100304&part=sports
http://atdhe.net/32225/watch-ac-milan-vs-udinese
http://www.rojadirecta.org/goto/hdfutbolweb.blogspot.com/p/channel-4.html
Само 2 фудбалери со 30+ во стартните 11 :)
Долго време тоа се нема случено :)
ете што значи тој пргав напад на противникот, ете што значи нивната надмоќност во средниот ред, но и што значи за Milan да има ваков напад..сите предности и слабости испливаа на површина..цела среќа што голот падна пред судијата да отсвири крај на полувремето, оти вака сме во огромна психичка предност..не се сомневам дека во второто полувреме момците ќе далеку поофанзивно, ама освежување во средината мора да има оти со вакво бркање на вакво темпо, незнам колку ќе можат да издржат..можеби Merkel на местото на Strasser или Rino да биди заменет со некој стопер, така што ТЅ би дошол на DMC..Cassano би требало да добие прилика, а да не беше ваква ситуацијата со везњаците и да имавме избор при составувањето на екипата, мојата прва замена ќе беше било кој на местото на Abate..денес игра ужасно, не сум го видел во полошо издание!
ANDIAMO RAGAZZI!!!
Што беше ова?!
Касано за вкупно пола час игра во дресот на Милан има 3 асистенции!
тоа е тоа... нападот работи одбраната мекнее... :S
браво за Касано го има оноа неговото уште во него ќе ни помогне многу!
Post a Comment