Translate

Saturday, 15 January 2011

Меѓу Лече и трансфер пазарот...



По инфаркт натпреварот против Удинезе, гостуваме на Via Del Mare кај Лече. Обврска ни е да продолжиме со победничко темпо бидејки ние сме напред а сите други не’ следат. Стандардно во тимот.... некој се враќа, некој не. Се чини по подолго време ќе го имаме на располагање и Фламини и тоа се чини во стартните 11 со оглед на проблемите во средниот ред. Друга, можеби и најважна вест е враќањето на Неста, покривањето на таа огромна дупка во одбраната која што не може ТС сам да ја покрие. На бековските позиции и немаме некој којзнае каков избор па повторно Абате и Антонини ќе ни предизвикуваат такихардија додека Лече ќе биде во напад по страничните позиции. Триото во средниот ред е составено од Амбро, Гатузо и Фламс а Сидорф ќе оди понапред, онаму каде што јас лично сметам дека подобро се снаоѓа а и што е најважно е помалку опасен за нашиот гол, AMC. Истурени напред, нормално, Златан + Але. Бињо по 10 натпревари во серија како стартер оди на заслужен одмор на клупата веднаш до Касано. А таму друштво ќе им прават Рома, Јепес, Папа и Родни The Mad Dog.
На голот по се изгледа повторно ќе биде Амелија, Абијати сеуште ја влече непријатната победа. Тоа ме загрижува, не дека Амелија е лош голман, далеку од тоа... но Милан сезонава нема победено со него во тимот а и прими доста голови (што не значи дека е на негова душа но дечкото едноставно има некоја лоша аура околу себе кога е на голот :( ).
Тоа беше под број 1...
А под број 2, срцето ми се топи од она што го читам деновиве. Незнам дали ќе се оствари, ми делува премногу неверојатно за мене лично... и затоа се трудам да бидам што е можно поладен по однос на тоа но... Domenico Criscito!!!
ЗА МЕНЕ ЛИЧНО, еден од најдобрите, еден од најталентираните, еден од најуниверзалните фудбалери во Калчото. Ќе се осудам да кажам, можеби единствен дефанзивец од новата генерација кој ја продолжува лозата на Малдини, Костакурта, Неста, Канаваро... Репрезентација која секогаш ги вадела најдобрите дефанзивци во светот. Раноча треба уште да се гради и докажува за да се спомне во ова друштво.
И Criscito не е само тоа... Criscito во Џенова игра(ше) буквално се’! Ама буквално, се’! Централен дефанзивец, дефанзивец во линија од 3, лев бек, wingback, лево крило, DMC и MC. Се „вљубив“ во него уште при првото гледање на ТВ. И тоа ме држи уште! Толку брз, толку стабилен во дефанзива. Претежно игра како лев бек но од секогаш сум го тврдел тоа дека тој е следниот Канаваро, само е прашање на време. Тој е идниот столб на италијанската фудбалска репрезентација, во срцето на одбраната. Tackling, marking, heading (иако е висок 183 cm), workrate... се’ е на ниво. На ниво со само 24 години (наполнети пред 1 месец). Ги има поминато сите младински фудбалски репрезентации на Италија и моментално е член на сениорскиот состав. Значи искалено момче, вистински италијанец!
Mimmo...venire a Milan!!

15 comments:

Navigator said...

прво, имам една замерка околу тоа за дефанзивците во Италија..ги спомена Criscito и Ranocchia, ама го заборави најдобриот италијански дефанзивец во моментот - Chiellini..
инаку и јас прочитав за тоа околу Criscito, и ми се допадна оти имам солидно мислење за дечкото..сепак, пред WC10' го ценев повеќе..таму покажа некоја игра што ме потсеќаше одвреме-навреме на нашиот драг Bonera, но во времето кога Carlo го користеше како десен бек..сличноста ја наоѓав во нерешителноста да се повлечи нанапред кога е неопходно, на натпревари против далеку послаби противници, ама кои носат притисок и она, ако се сеќавате, препознатливо ширење на раце на Zambro кога незнае каде да ја подаде топката и ја враќа на стоперите, демонстирајќи притоа немоќ и нервоза..башка тоа, не ми изгледа баш реално Genoa да даде уште еден од најдобрите играчи..
замислете, Genoa (ќе) ги изгуби KPB, Toni, Sculli, Rudolf, Acquafesca, можеби и Amelia сезонава..а и треба да вратат неколку играчи што ги имаат на позајмица..што е многу, многу е...
за утре, има доста непознати во составот..прво и најбитно дали опоравените се доволно спремни за настап..ако се, се пополнуваат две ептен битни позиции, што ќе не направи значително посилни..друга непозната е дали "покаениот" Seedorf ќе игра..незнам Ри од каде ги набави стартните 11 и незнам зошто Robinho би бил на клупа..она што се знае од пресот на Allegri е дека на лев бек утре ќе игра Bonera, што остава место можеби за праќањето на Sandro, или пак настап по подолго време на Papa.. повиканите:
Amelia, Roma, Di Fabio (50), Abate, Antonini, Bonera, Nesta, Oddo, Papastathopoulos, Thiago Silva, Yepes, Ambrosini, Flamini, Gattuso, Merkel, Seedorf, Strasser, Cassano, Ibrahimovic, Pato, Robinho.
Indisponibili: Abbiati, Jankulovski, Zambrotta, Boateng, Pirlo, Inzaghi.
Non convocati: Montelongo, Oduamadi.

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

мојот состав:
Amelia
Abate--TS--Papa--Luca(иако знам дека нема да игра)
Rino--Ambro--Flams
Binho
Pato--Ibra

ANDIAMO CAMPIONI!!!

Ultra red and black said...

Najprvin izvinuvanje za dolgoto otsustvo i nekoristenjeto na Makedonskata podrska nemam doma doma kompjuter, i sklop na drugi okolnosti me onevozmozuvaat da bidam aktiven.
Po ova malku sto go vidov imame golemo razdvizuvanje na blogov sto mnogu me raduva.
Okolu transfer pazarot kolku i da imame razlicni mislenja site sme ednoglasni deka ocajno ni treba defanzivec, minatite dva natprevari se najdobar primer za toa.
Pozdrav momci prodolzete samo vaka.


FORZA MILAN !!!

Vase_AC Milan said...

Со оглед дека се враќа Неста полека и утакмицата ја добиваме како иде 20:45.Значи двојката штом е назад не гледам некој голем проблем.Пато и Ибра ќе си играат напред,со почит кон Робињо кој направи доста во првата полусезона мислам дека овие се најдобриот тандем моментално.И двајцата даваат голови од шала а Пато физички е појак такашто може да ги издржи дуелите со "селски играчи" како што ги има во Лече, да не речам касапи.Во средниот ред се враќа Фламс што мислам дека е многу позитивно а другите 2ца се стандардните Амбро леоне и Гатузо.Како АМФ ќе игра Сидорф што мислам дека е позиција која највеќе му лежи и сигурен сум дека ќе изигра.На голот Амелија се надеваме дека ќе му се посреќи еднаш и него и ќе биде протагонист.Само бековската позиција ќе представува проблем со тоа што Алегри решил да го игра нашиот мил и драг Бонера и тоа лево,а десната страна е на Абате кој редно е веќе да изигра.
Гласините за Кришито ми го исполнуваат срцето.Иднината на италијанскиот фудбал да биде миланиста.Може да ја покрие секоја позиција во одбраната и во средниот ред може да изигра.Дефинитивно ни треба засилување во одбраната и мислам дека со него ќе ги затвориме дупките кои ги прави Бонера кога Неста е повреден.Имавме златен играч за да биде нивна замена и сега го дадовме во Твенте на позајмица, па ајде да трчаме по жешка песок.Се надевам дека ќе го доведат во Милан и малку да се усреќиме со бековите, но пред се вечер очекувам победа и зголемување на разликата пред Наполи и другите што не бркаат.

FORZA MILAN VINCEREMO TUTTO

ReBorned said...

Кој ќе чека уштее....

Navigator said...

уште малку Ри :) него кај се луѓето, слабо некако заинтересирани за мечов...

FORZA MILAN!!!

kiko_pato said...

MILAN: Amelia; Abate, Nesta, Thiago Silva, Bonera; Gattuso, Ambrosini, Flamini; Seedorf; Pato, Ibrahimovic.


како што и очекувавме... сега уште да дојде 20:45 :)

Navigator said...

LE FORMAZIONI UFFICIALI:

LECCE: Rosati; Tomovic, Gustavo, Fabiano, Mesbah; Vives; Munari, Bertolacci, Grossmuller; Jeda, Di Michele.

MILAN: Amelia; Abate, Nesta, Thiago Silva, Bonera; Gattuso, Ambrosini, Flamini; Seedorf; Pato, Ibrahimovic.

Nesta и Flams се враќаат, средината касапска, нападот страшен, последна шанса за Seedrof после емотивното извинување..така изгледа накратко составот..имаме одлични предуслови за нова победа и враќање на позитивата на големи 6!

ANDIAMO RAGAZZI, FAMMI VEDERE GLI CAMPIONI VERI!!!

Navigator said...

извини Кико, не го видов твојот коментар :)

ReBorned said...

Робињо не е ниту на клупа, добил грип и ќе ги чека колегите во хотел, нема да биде ниту на трибините.
Робсон стави си шалче, во Италија е ладно во Јануари :(

ReBorned said...

Многу мачно, мислам дека само Златан на сила или Касано со некоја пинг понг асистенција може да го разбие овој бункер...

Navigator said...

затоа секогаш ќе тврдам дека мечот со мизерните екипи мора да се почни страшно агресивно..идиотите не играат ништо, ама нас ни за џабе и 95% посед кога немавме шанса за гол, освен онаа случајна на Ibra..сега кога ќе бидат и пожестоки и погруби, па и помотивирани, ќе ни треба некој што ќе ги поврзи нападот и деструктивната средина, а тоа дефинитивно не е Seedorf..моментално единствен таков е Fantantonio..јас лично, за десетина минути би ја направил таа измена доколку не се случува ништо како цело прво полувреме..да не ја испуштиме приликата..Milan мора да победи!!

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

ауууу, што е бе ова?? :)
Ibra е ненормален!! :)

ReBorned said...

Реков јас, само Златан...
МАЈСТОРЕ!!!

ReBorned said...

Игравме доста калкулантски и да не речам потценувачки и затоа бевме казнети