Translate

Sunday, 30 January 2011

Кој е шеф во соблекувалната на Милан?!

Ве интересираше кој е шефот во соблекувалната на Милан?
Повелете, погледнете и уверете се од сликата:

9 comments:

ReBorned said...

Секоја чест на Макс, мајсторот!
Знам дека лани многу го бранев и Леонардо ама мислам дека Макс е на сосема различно ниво од Леонардо. Во секакви (не) прилики се снаоѓа како знае и умее и згора на се успева да ги вклопи во тимот и младинците од Примавера, нешто што не му успеа (или не се плашеше да проба) и на Леонардо кој важи за човек кој има нос за млади таленти и истите ги подржува.
И уште нешто... што значи длабочината на клупата...
Лани со толкав број на фудбалери надвор од тимот поради повреда не само што немаше да го задржиме водството на табелата туку ќе падневме во голем минус зад лидерите!
Длабочината на клупата и шмекот кој го поседува Алегри (а кој сеуште го немам дефинирано) ни помагаат да грабиме напред и само напред!
Forza Max, Forza Milan!!!

Navigator said...

мразам луѓе што секогаш се обидуваат да извадат нешто од контекст и така да се прават интересни или да заработуваат! се надевам дека фоторепортерот или кој и да ја пласирал сликата не е еден од нив :)

а за Allegri имаме зборувано, го знаете моето мислење, што ми се допаѓа и што ми смета кај него..so far so good!

FORZA CAMPIONI!!!

ReBorned said...

Секоја чест за сите момци ама најголемото засилување оваа сезона ... is simply the coach!
P.S Ама добро го фатиле Макс накострешен, мора да признаеш :D
Кутриот и Ван Бомел и Меркел беа со жолти и мислејки дека Ван Бомел е поискусен и ќе се „чува“ од втор жолт, го извади Меркел ...
И Ван Бомел во елемент :)
Рака на срце, немаше врска од втор жолт стартот ама ајде нека му е на чест на Таљавенто...
Кога сме кај Таљавенто... пазете го моментот на 07 секунда... тој прво свири САМО ФАУЛ! САМО ФАУЛ! И кога го погледна во лице дека е Ван Бомел, ЗНАЕШЕ ДЕКА ИМА ЕДЕН ЖОЛТ И ИЗВАДИ ВТОР, барем така делува на снимката, како дополнително да го извади картонот а на почетокот делуваше како обичен фаул.
Погледнете го говорот на телото на Таљавенто при досудувањето на фаулот...
Никогаш не сакам да верувам во намерни одлуки на судиите и да сметам дека преголемото критикување само ги влошува работите ама ова навистина делува необично!

The Last Mohican said...

И јас мислам дека престрого беше покажан втор жолт на Ван Бомел. Фаул беше ама такви фаули има по 15 минимум на секоја утакмица, па не се делат црвени картони. Како и да е со или без Ван Бомел, победа си е победа :)))

ReBorned said...

А газење си е газење. Нашето дете Миколи :))
Само да издржат во второ!!

Navigator said...

ајде уште едно полувреме, па да ги поздравиме :)

ReBorned said...

Ништо од бизнисот.
Ако, сеуште ние го водиме орото :)

Anonymous said...

Лелелеле погледов на Макс убива :)
Вака треба да се води тим со куп ѕвезди во ростерот.Што ако Ван Бомел е играч со педигре со искуство и со авторитет?Се знае кој владее во тимот после газдата - тренерот.
За судијата јас реков уште вчера Таљавенто интерист и така е.Секоја година имаме по некој случај со судијата,лани најодлучувачки беше судењето на Рицоли ако не се лажам кога игравме токму со Катанија дома 2-2,имаше 2 пенала врз Бориело а не беа дувнати.Но годинава Чак Норис е со број 11 па затоа работите секогаш завршуваат во наша полза :D
На денешниот тренинг редовно со тимот тренирал Фламини кој по се изгледа ќе биде подготвен со Лацио.Исто така и Пирло,Гатузо и Замброта биле пред опоравување.Денеска прв тренинг одржал и Вила....многу ме интересира тој играч па ако има некој видео запис постирајте го тука да ѕирнеме што дете е.

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

Navigator said...

не е битно што одигра Шинтер, иако супер ќе ни дојдеше студен туш на San Siro попладнево..искрено, повеќе ми беше за да можам да ги дупам, отколку за тоа дека не загрозуваат..ние си играме наша игра која ако продолжи да личи вака, брзо ќе не усреќи :)

росонерски поздрав, FORZA MILAN!!!