Translate

Saturday, 22 January 2011

Urby Emanuelson


Гледам дека сите спиете па јас ќе си дозволам да му посакам добредојде уште пред да биде официјализирано. Значи толку се сигурни моите информации од Милано ;)
На лето СИГУРНО, Браида и компанија се борат во моментов во Амстердам да дојде уште сега, во Јануари. Доколку дојде на лето ќе биде безпари (му истекува договорот), доколку дојде сега, Ајакс ќе добие некоја симболична оштета.
Момчето е 24 години, игра се по левата страна, LB, WLB, ML, MLC, AML. Да не се разбереме погрешно, Drenthe или Marcelo тип на фудбалер. Значи одбраната не му е појака страна (ама не е ниту на нашиве моментални бекови) но во офанзива знае да биде разорен! Според коментарите на фанови од Холандија, еден од најдобро технички поткованите фудбалери во Eredivisie, еден од најопасните со топката во нозе.
Ужива во големите мечеви и буквално знае да експлодира во дерби натпревари!
Знае и тоа како да шутира со двете нозе, нешто што им недостига на нашите бекови. Јас сум задоволен, вие кажете си го своето.
Галијани вели дека доколку евентуално Emanuelson дојде во Јануари со него нашиот трансфер период е завршен. Ова од причина што Emanuelson може без проблеми и да игра mezzalla т.е во средината.
Околу неговата дефанзива, кога можеше Марсело да се подобри во дефанзива ќе може и тој, сигурно. Посебно во Италија, посебно во Милан!
И со оглед на фактот дека 2/3 од натпреварите во Калчото ги играме против бункери добро е да имаме ваква експлозивност по страните.
Повторно ќе кажам, се осмелувам да пишам пред да биде официјално, Urby... добредојде во Милан!!
A сега да видиме што добивме...







5 comments:

Vase_AC Milan said...

Дефинитивно еден од моите омилени играчи.Пред извесно време имаше некои шпекулации околу негово одење ваму - таму, пред се зошто му истекува договорот, се спомнувавме и ние но ништо посериозно.И сабајлево уклучувам нет кога што да видам.Ми се исполни душава максимум пресреќен бев.
Добиваме млад играч со добро искуство во европа,експлозивен.....се е наведено во постот.Едноставно подобар играч неможевме да најдеме на пазарот.
Со цела почит кон Циглер ама за него Урби е Пеле.Мислам дека одбрамбената игра му е доста подобрена.Неговата универзалност е премногу привлечна за да се одбие ваков играч.Со самиот факт што потекнува од школата на Ајакс можете да замислите што добиваме...Ван Бастен,Клајверт,Сидорф,Хунтелар,Ибра и сега Емануелсон.
Уште едно изненадување од страна на управата на која и здодеа да "праќа сигнали од позади" па сега се живо ќе се освојува со ваква политика - е ќе се освојува.ГОлема благодарност до B&G.
Според пресконференцијата на Алегри кој изјави дека жали што ќе го нема Урби на располагање,значи дека веќе од зимово ќе се пресели кај нас, а истото го најави и Галиани.
Добредојде мајсторе во најголемиот и најмоќниот клуб во светот.

FORZA MILAN

ReBorned said...

ALLEGRI ON EMANUELSON: “He’s a dynamic, technically gifted player. He’s been one of our targets for the January transfer window, so I would be happy if we signed him immediately. I consider him a midfielder, even if he can play at left-back as well. In case he joins Milan, I think we won’t sign Lazzarri.”

Нешто слично изјави и Галијани...
Значи Емануелсон повеќе го третираат како засилување за средниот ред отколку како лев бек.
Сепак не се сомневам дека ќе биде пробан на лев бек на некои натпревари особено против „малите“ екипи.
Мислам дека Емануелсон е одличен фудбалер за 1,7 милиони долари колку што ќе добие Ајакс за да го пушти сега. Повеќе за таа цена не можеше да се најде на фудбалската берза. Млад, талентиран, дава нова димензија на тимот, особено што сега конечно по незнам колку години имаме крило во тимот. Ако се знае дека и Абате е крило лесно може да се менува формацијата во 4-4-2 со 2 класични крила кога за тоа би имало потреба или така ни наложат повредите. Сите се согласуваат, Serginho тип на фудбалер. Ах колку ми недостига Сержињо :(
Лично сметам дека на лето ќе се оди по нов, квалитетен лев бек (Прециози изјави дека Кришито останува во Џенова до лето) но доколку Urby се покаже на таа позиција во следните 6 месеци, може тоа место да си го стави под своја капа.

The Last Mohican said...

Лелееее заебан дриблинг на првото видеоооо :))))
Многу ќе биде јако ако дојде Емануелсон во Милан... страшен играч!

ReBorned said...

Е да, заебан дриблинг :)
На последното видео најдобро може да се види динамитот во неговата лева нога а во последниот гол од тоа видео богами и динамитот во десната :)

Anonymous said...

No entiendo una mierda de lo que hablan che, ...pero el negro juega bien eh.