Translate

Saturday, 29 January 2011

CALCIO CATANIA vs. AC MILAN preview!!!

Решив, пред да почнам да го пишувам постот, да прочитам што сме пишувале и коментирале низ сезоните наназад пред и после мечевите со Catania..пробајте слободно, мене ми беше баш интересно, ама и чудно..кога прочитав најавуван состав од пред две сезони, неможев да се доначудам колку клубот ја има променето екипата и воопшто начинот на управување..таму се зборува за некакви надежи да се стигни лидерот на табелата, за променлива игра на тимот, за испаѓање од натправарувања... а само пред малку читав goal.com каде сите ја фалат трансфер политиката на ќелавиот, за четвртото засилување во зимскиот преоден рок, но и за можно петто и се прашувам дали некој од нас тогаш можеше да го замисли ова што се случува денес..
по природа сум секогаш носталгичен и жалам за времиња кога било подобро и затоа што несакам да ме разберите дека не ми се допаѓа ова што се случува, ќе речам дека овој преоден рок ме направи среќен..ама она што ме загрижува во целата оваа идила е тоа што ќе се случи со "фамилијата Milan"..дали е можно да се задржи таa практика на единственост во клубот помеѓу сите овие динамични случувања и со ваков состав на фудбалери? дали е исто така можно онаа ментална стабилност и предност која го красеше Milan во годините наназад да се задржи? не заборавајте дека во последните 20тина години во екипата имаше по еден или двајца страшни авторитети од типот на Maldini, Costacurta или Baresi, кои одржуваа секаква рамнотежа меѓу играчите..тоа што тимот се појачува и подмладува е одлично, па и неопходно, ама дали после трансферот на Didac Vila' не се запрашавте што се случува со Berlu, зошто се случува ова баш сега и каде е крајот на неговото трошење..
пробувам да ја отворам оваа тема уште од минатиот пост, ама сега со уште посилни причини, откако се случи последниот трансфер..многу ме интересира мислењето на сите околу "la nouva famiglia" и како го оценувате овој начин на доведување многу нови играчи во еден преоден рок..
а за мечот со Catania немам што да зборувам многу..некако најавите се сведуваат на зборување на исто па исто кога позицијата на табелата не се менува значително неколку кола..повторно ќе се сложиме дека овој период на релативно полесни натпревари во првенството мора да се заокружи со победа..тоа ќе значи многу, особено после победата во Средата со врзување на две победи на гости за 4 дена..со Купот нема да се замараме два и пол месеци, така да скоро цел Февруари ќе можи екипата да се посвети на создавање на опиплива предност во однос на останатите, пред да започни "пеколот"..
пак, по којзнае кој пат сезонава имаме повредени играчи скоро колку што имаме и здрави или посликовито: Amelia, Abate, Boateng, Flamini, Gattuso, Inzaghi, Nesta, Pirlo, Seedorf, Strasser, Zambrotta..здрави и повикани се следниве: Abbiati, Roma, Paleari; Antonini, Bonera, Ely, Jankulovski, Oddo, Papastathopulos, Thiago Silva, Yepes; Ambrosini, Calvani, Emanuelson, Merkel, Van Bommel; Cassano, Ibrahimovic, Oduamadi, Pato, Robinho..
пак проблемот на Allegri ќе биди составувањето на средината..дури и да ги употреби единствените четворица везњаци (го исклучувам Calvani), ќе остани без измена од среден ред..можно е и повторно ТЅ да го постави на DMC, ама мене лично тој избор ми и многу ризичен..колку и да одиграа добро Yepes и Sokratis на последните меча, знаеме дека не пружаат константни партии и коцкање е повторното поставување на тој стоперски тандем..всушност и немам намера да го погодувам составот оти минатиот пат заклучив дека Massimo е ептен непредвидлив и имав еден куп промашувања :)
и знам дека кога ќе се спомни Catania, прво што ни паѓа на памет е Huntelaar и Crudeli, ама морам да ве потсетам дека последните два меча со нив ни се реми или -4 планирани бода..ајде утре нека платат за се!


FORZA CAMPIONI!!!

6 comments:

ReBorned said...

Утре или денес? :)
Ако ме прашувате мене многу тежок натпревар, таму секогаш било тешко!
Сепак комшиите играат дома против Палермо и ако ме прашувате мене и тоа е незгоден натпревар за нив и не сум убеден дека ќе стигнат до тие 3 бода.
За нас колку и да е тешко ако веќе никако не оди, оди со проверена тактика, храни го Златан напред со топки и чекај да извади нешто од ракавот! Тоа беше доста успешно сезонава.
Средниот ред се претвора во рак-рана. Иако бројчено имаме најмногу фудбалери во ростерот токму во средниот ред сепак со моменталнтата ситуација во болницата во Миланело едвај крпиме тројца (Бињо игра како четврт, полушпиц но сите знаеме дека тој не е фудбалер од средниот ред). И од тие тројца мораме да ставиме еден дефанзивец (кој рака на срце работата си ја врши до перфекција) па и едно крило ако игра Урби.
Од позицијата на Il Monstro ќе зависи и составот... доколку тој игра во средината Сократис ќе застане покрај Конан (стварно ми личи на Конан и во физикус и во тоа разбивање на противничките фудбалери :) )
Ако Il Monstro застане назад покрај Конан, во средниот ред би требало да играат Амбро + Ван Бомел и Урби или Меркел.
Тиаго може и да игра во средината заедно со Ван Бомел и Амбро... во нападот се сигурни Златан и Бињо... третиот член ќе го видиме вечер.
Значи се’ на се’... многу комбинации но Макс покажа досега дека одлично се справува и со вакви моменти.
Одиме на победа, повторно :)
Ајде да бидеме казнена експедиција :)

P.S Околу последните трансфер потези и променетиот начин на размислување на G&B ќе си дозволам да ископирам во целост коментар на Wild, член на еден форум на Милан кој од секогаш бил најкритички настроен кон фамилијата и Анчелоти кој го нарекува последниот дел од Тријадата!
Значи не ги штеди, плука по нив со години! Ова е негов коментар од вчера по аквизацијата на Вила и мрморењето на некои останати членови околу евентуланиот (не)квалитет на момчето:

Will you stop the moan for fuck sake.
G&B have changed & they are doing their best to make this team better without paying crazy money so a bit of trust is a must.
Have some faith & gratitude or else shut the fuck up @ least till this guy start playing then we will judge him.
Arent you all bored of talking shit about players we got before you all start sucking his dick as soon as he start playing ?

Our Milan brought a coach & he is doing great topping the league.
They bought Ibra - Robi - KPB & they kicked ass.
They brouht Yepes & Papa & both are doing great.
They are giving our youth in Merkel & Strass a chance & signs of good players is written for both.
In the winter we all wanted a LB & some creativity in midfield & they bought VanB for free who is better than our entire DMs/CMs , Cassano for free & a promising for RM/winger/LB for a fraction of his worth.
Now they brought a promising 21 years old LB so why after all the above kick ass campaign I wanna doubt this one ?
If they brought him then he should be good & if he didnt work I already forgive them for the other amazing players they brought us.

I still cant believe the players we got this season & how cheap we got them.
Its like a fucking dream & fuckers in here are acting like its a nightmare.

Abate-------TS---------Papa-----------Vila
Average age = 22 ?

get on your knees & suck B's dick NOW!

Vase_AC Milan said...

Аууууу дечково изгледа многу се наапал :D
Но не значи дека не е во право.Секој негов збор (освен вулгарностите) е точен и реален.Јас би рекол да не се залажуваме со "фамилијата" оти кога ќе погледнеш денеска вистински семејства,крвно поврзани не функционираат или пак функцинираат ама стрикно службено.Сакам да кажам дека многу работи се изменети во живеењето пред се а да не зборуваме во фудбалот.Кому би му била грижа дали е тимот како фамилија доколку освојува трофеи искрено? Тие времиња поминаа и нашата управа се свести дека не може така да се продолжи успешно.А моментално сосема добро функционира екипава така да не гледам некој проблем.Трансфер кампањата им беше феноменална,е сега за Вила како што реков во еден претходен коментар никој ништо незнае ни па на јутуб има нешто така да.....на теренот ќе видиме.
За вечер би кажал:екипата ни е таа,повредените се тие само што не би го играл Меркел - нека олади малце детето 3-4 утакмици цели ги игра и не треба да се префорсира.Во средина Амбро,Бомел и Урби, а назад би го ставил Папа во тандем со Силва пред се поради годините на Конан и земајќи ја во предвид утакмицата со Лацио која е во среда.Многу проблеми ни создаваат последниве неколку сезони Катанија и вечерва ќе биде страшно тешко но мислам дека ќе се победи.Оваа сезона не е иста како претходните :)))
Погодете кој се враќа во стартни 11? Бидејќи Абате е повреден нашиот мил и драг Бонера ќе го завземе неговото место.

VOGLIAMO QUESTA VITTORIA !!!!!!!!

Navigator said...

мене ми е битно дали тимот изгледа како фамилија или не! тоа беше одлика на Milan и заштитен знак..се знаеше дека кога играч влегува во Milanello кај него се всадува чувството на припадност и ретко кој сакаше да си замине пред крај на договор или имаше проблеми со тренер, управа, соиграчи...
изгледа не ме разбираш што сакам да кажам со тоа "фамилија"..јас тој начин на управување не го поистоветувам со периодот на неуспеси..зошто не велиш дека фамилијата не чинеше во времето на van Basten, Gullit; во времето на Weah, Boban, Savicevic; или најпресно во времето на Sheva, Maldini, Cafu на почетокот овој век?
немојте да ги мешате политиките на менаџирање на клубот со тоа каков бил периодот, успешен или не..знаете, секогаш кога лидерот (овојпат il Capitano) се повлекува останува опасноста од распоредувањето на авторитетот во групата..сепак, после неговото пензионирање во Milan имаше доста од повозрасните и повлијателни играчи..ама оваа сезона (па и минатата) со губење на стариот тренер, одличен познавач на работите, но и со купувањето на играчи кои веднаш станаа ѕвезди и предводници на тимот, кај мене се појави тој страв уште повеќе изразен..
и пак ќе повторам, не сум јас против новите засилувања, тоа е одлично за поддржување на сегашните шампионски амбиции, само се надевам дека овој нов Milan ќе го задржи духот на заедништво и сплотеност, без изразување на големите ега..
само да ме разберите подобро: замислете што се случува во соблекувалната пред натпревар кога Аmbro, Pirlo, Seedorf и Rino не се во комбинација за настап..кој е типот што има доволно голем авторитет за да мотивира, да инпирира, да укажи на фокусот, да укори кога треба??? се надевам дека е Allegri, и само Allegri..единствено тоа ме плаши момци!

FORZA PER LA NUOVA FAMIGLIA!!!

ReBorned said...

ВОИНИ! СО СРЦЕ, СО ДУША ПА И СО ИНАТ! Алегри одлично се справи со се. Имаме повеќе повредени отколку активни фудбалери во ростерот :(

Navigator said...

очигледно и вака можиме :) секоја чест за момците, одиграа храбро, особено по црвениот картон..според мене беше престрого досуден, уште повеќе што само 15тина секунди пред тоа, Spolli заслужи втор жолт со туркање на Binho..тоа е цената што ќе ја плаќа Milan со MVB, што реално поради негови глупости, што вака, кога поради неговото "педигре" ќе биди осудуван и кога не е крив..сега нека паузира и нека размислува каква шанса да се наметни кај Massimo испушта, кога цела средина е исповредена..искрено незнам како ќе состави екипа до вторник, ама покажа неколку пати дека е снаодлив во вакви ситуации..
како и да е, знам дека ќе успееме, оти очигледно е дека сме најјаки, накратко, ние сме Milan!!

FORZA MILAN!!!

Vase_AC Milan said...

Не пикнаа во стадион кој повеќе ми наликуваше свињарник,ни го ставија Таљавенто интеристот за судија,ни лупнаа црвен картон кој не требаше да биде лупннат,ни ги испотепаа играчите.Ама 3те бода ги земавме со воља,жртвување,борба и пред се спортски инат.Тоа беше најважно,на каков и да било начин да се освојат 3те бода и сите играчи вечерва на теренот и клупата ми наликуваа на ГЛАДИЈАТОРИ !!!!!!! Мислам дека во моментов господ да се симне заедно со Чак Норис нема да не тепаат.Мислам дека не треба да го осудуваме Ван Бомел затоа што реално не требаше да му даде жолт картон за таков женски фаул,башка требаше и на тоа нивниот утман да му дае црвен кога го срози Пеле.....овааааај Робињо :D Но храбрите ги прати среќата така викаат.
Екипата повеќе ни личи на болница отколку на екипа ама кога се сака и кога се има воља се се може.Со Лацио може да се состават солидни 11,тука е Силва кој може да одигра во средината,тука е Урби,Фламини ќе се врател итн.Реков дека треба да го оладат Меркел малку ама ајде со помин нека е се доби утакмицата важно.Чекориме гордо со главата исправена кон скудетото.

FORZA MILAN SIAMO PIU FORTI !!!!!!!!