Translate

Wednesday, 26 January 2011

SCUSI SAMP, IL DIAVOLO STA TORNANDO!!!


Враќањето на papa Silvio на голема врата на фудбалскиот трансфер-пазар, беше потег што го очекувавме веќе неколку сезони..ненадејно и без оглед на вистинската позадина на сето тоа, реши да им го врати на фановите тоа што им беше уксратено..повеќето од нас неможеа да поверуваат кога Galliani соопшти дека Ibra и Bihno се новите играчи на Milan..за уште поголемо неверување, по неколку месеци излезе дека газдата и неговата десна рака имале поголем план, подинамичен, малку популистички, ама најбитно - за враќање на славата..видовме ние од порано, а тие сега, дека титулите денес не се освојуваат без трошење и без врвни, ама и млади играчи..решија онаа "екипа полна со шампиони" да ја предимензионираат во "шампионска екипа полна со трофеи"..а како се прави тоа, незнае никој подобро од Berlu..ако би бил на неговото место, сепак би оладил малку, ова е доволно..несакам во иднина да изгледам како класичен арап, манијак на фудбалската берза, несакам да бидиме нов Man.City, ниту да изгледаме како Chelsky пред пар години, а од Galacticos се ежам..едноставно не го сакав van Bommel во Milan! да се разбериме... B&G не трошат како Roman, bin Zayed или Perez, само што се плашам да не продолжат така..
она што го овозможи управата и го создадоа Allergi и Tassotti треба да е пекол за прволигашите низ Италија..а познато е кој е главен во пеколот - il diavolo siamo noi! првиот што треба да го осети новиот Milan е екипата на увредениот газда Garrone..човек на кој треба да му бидеме бескрајно благодарни, пред се на неговата гордост и инаетливост..ни го поклони Fantantonio, за да бидеме уште посилни и сега само да се прашуваме дали неговата екипа да ја збришиме со или без него во составот..нека не ве вознемирува мојата самоувереност во успехот над Samp, будењето на Silvio мора да се прослави и не заслужува помалку од полуфинале во Coppa Nazionale..
Massimo вчера не збуни со одлуката да стартува со двете нови засилувања..можда избрзано, а сигурно под некаков притисок цела таа трансфер фама да се заокружи со дебиата на Urby и MVB..лично сметам дека се сеуште потполно неадаптирани и единствено мањакот на играчи од средниот ред го гледам како разумно објаснување..во секој случај, списокот на повикани играчи не дозволува играње со формација различна од онаа што веќе некое време ја применува Allegri..кога на најавите на тренерот ќе се додадат загарантираните места на Кичо, TS, Binho, Ibra и Yepes, остануваат неколку позиции чие покривање не е тешко да се погодува..останува утре да видиме дали Merkel ќе го добие третиот старт во низа, дали Abate ќе си го задржи местото на десен бек, дали Luca или Bonera ќе бранат од лево и најголемата дилема, дали Cassano ќе игра против "бившите" или Патката ќе го заземи тоа место..
јасно е дека аквизициите на ривалите секогаш даваат мотив за оспорување на успехот да се доведат нови, квалитетни играчи..она што Milan не смее да го дозволи утре е да потклекне под, сега уште поголемиот притисок од оправдување на фаворитскиот статус во Италија..можеби Samp е незгоден противник, особено на Marassi, ама за еден клуб кој го цени Купот како значајно натпреварување (по којзнае колку време) тоа не треба да биде непремостлива пречка..
нека биде и Купот наш - рече Silvio..и така би...

ANDIAMO RAGAZZI!!!

5 comments:

Navigator said...

0:2 на полувреме! одлична игра, доволна за мирно полувреме, без непотребно трошење и одлично деби на двајцата нови играчи..на кратко, совршен натпревар!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Можеме што сакаме да зборуваме ама Ван Бомел овој натпревар го изигра со класа. Зрело, смирено, како да игра 3 години во Милан. Урби беше така-така со исклучок на додавањето кон Але за вториот гол. На моменти кога ќе ми текне дека Меркел има само 18 години сакам времето наеднаш да летне напред па да го видам како ќе игра на 21 или 24 на пример.
Бињо стандардно борбен, душата ја остава на теренот а Але бескомпромисно ефективен пред противничкиот гол. Рома и ТС повторно беа на ниво а Јепес... Јепес е чудо!
Во финишот одолеавме на притисокот на домакините и за брзо време го неутрализиравме.
Одличен натпревар, рутински.

Anonymous said...

Grande partita di tutti ragazzi

FORZA MILAN VINCEREMO TUTTO

Navigator said...

Quarter-finals Coppa Italia - Check!
cамо за Ри, оти многу сака кога чекирам ;)

ReBorned said...

Чекирање... Check!
:)