Translate

Thursday 29 November 2012

CATANIA v MILAN preview!!!


После секоја голема победа во вакво мега дерби како минатиот викенд и смирувањето на страстите, доаѓа онаа мисла дека тие три бода можат да не значат многу ако не се продолжи победничката серија. И како по правило, барем за нас, после сите вакви победи, следува екипа од категоријата најнезгодни. Catania не е голем клуб, ама им прави сериозни проблеми на големите, особено дома. По седум натпревари на Massimino, имаат пет победи, а во нив и она демолирање на Lazio со 4-0. Единствено загубија од Juventus во оној срамен меч полн со нерегуларности и одиграа 0-0 со уште еден конкурент за Скудетото - Napoli. И сега не знам како и колку ќе биде сметан Milan за изразит фаворит, кога до пред 4 дена тоа беше екипата на која и се предвидуваше пораз на ваквите гостувања. Не ми е поентата да полемизирам во врска со многуте експрертски ставови околу судбината на клубот, туку како импулсот од дербито ќе влијае на нашите играчи. Дали ќе ги мотивира или ќе ги оптовари тој успех против Juve.

Berlusconi продолжува со засилениот ангажман околу клубот и деновиве. Може да зборуваме што сакаме за управата, ама сепак, овој потег е вистински. Стариот почуствува дека доколку не се превземе нешто, сезонава нема да личи на ништо и сега се почесто е со играчите и персоналот. Мора да признаеме дека тоа значи за клубот, дека влева и сигурност и надеж. На крајот на краиштата, мене ми изгледаат сосема искрени изјавите на Max и момците дека посветеноста на Berlo е критична за оваа група луѓе што до пред сезона-две се нарекуваше "фамилија". Присуството на главниот, секако дека носи и малку нервози кај Allegri заради неговата желба да се меша во работата што не е негова. Денеска Max имаше една интересна изјава каде вели дека на B му се допаѓа таа 4-3-3 формација, но тој повеќе би преферирал 4-3-let's see what happens :) Дали тоа ќе го препишете на неговата нерешителност и несигурност во одлуките сезонава или на изборот на напаѓачи што му се на располагање, оставам на вас.

Нашата ситуација е скоро јасна после пресот на Max денес. Откри најголем дел од стартерите, формацијата и дилемите во пресрет на мечот. Иако го тестираше двоецот Mexes-Acerbi денес на тренинг, кажа дека не е сигурен кој ќе му прави друштво на Mexes утревечер. Во однос на одбраната, Abate не е спремен и го чува за во вторник против Zenit, исто како и Antonini, а De Sciglio ќе добие шанса да го повтори перфектниот перформанс од дербито. Лево, нормално, Constant. Abbiati не е помеѓу повиканите заради проблемот со грбот што изгледа не бил само истегнување. Во средината сигурен стартер е NDJ, заедно со Montolivo. Ambro сеуште се опоравува и со него нема да се ризикува на Сицилија. SES е стартер на LW, а Binho скоро сигурно на RW. Дилемите остануваат на левата страна во средината, со Noce како прв избор и во зависност од поставеноста во навалната линија, дали ќе стартува Boateng или Pazzini. Max кажа дека и Urby и Bojan се во одлична состојба, ама веројатно нема да добијат шанса од старт. Еден дел од пресот посвети на Pato и Montolivo. За патката кажа дека сеуште е во неговите планови и се надева дека нема да замине во Јануари. Зборуваше за неговиот потенцијал, нешто што е слушнато милион пати и сите го знаеме, но во што се помалку веруваме заради проклетството што го прати. Потенцијалот на Monti пак, се однесува на таа лидерска улога што по случајност или не, му се наметнува, но и се бара од него, очигледно. Соиграчите го гледаат како предводник во отсуство на првиот капитен, а тоа го потврдува дури и Berlusconi. Утревечер повторно ќе биде капитенската лента!

Catania е стар и голем должник. Catania е екипата која на некој начин не чинеше Скудето. Ќе ве потсетам дека последниот меч со Catania, лани пролетта, значеше почеток на овој лош период кој трае до денес. Мечот беше помеѓу двата натпревари со Barcelona, ни скинаа два планирани бода, Juve се доближи на еден бод негатива и оттогаш тонеме се повеќе и повеќе. Не постои подобар противник за да се разбие оваа аура која не опкружува. Почнавме со најважните, со Juve, да продолжиме со Catania, па кај и да е ќе плати и Barca :) Одиме по победа на Сицилија момци!

P.S. Без паника, ако е во Петок, Макпетрол ќе дава пренос ;)

FORZA MILAN!!!

Monday 26 November 2012

НАЈВАЖНАТА ПОБЕДА!!!


Можеби не е најслатката, ниту решавачката, но дефинитивно најважната победа во ова мизерно првенство. Момците докажаа дека мотивацијата и храброста се пресудни во ваквите мега пресметки. Скоро никој не веруваше во победа баш сега, во вакви услови. Добар мелем за болната сезона, за кој можеме само да се надеваме дека ќе биде доволен стимул за пресврт во играта, во резултатите, во успесите и во расположението. Немаме пракса на блогов да оценуваме перформанси, за жал, ама оваа голема победа ме натера да чкртнам неколку реда.

Ќе почнам со Allegri и неговите одлуки во Дербито. Изваде 4-3-3 формација, со false 9, наместо со шпиц како што се очекуваше и не згреши. Една од решавачките работи што ја коментиравме пред мечот беше маргинализирањето на Pirlo. Boa ја имаше баш таа задача. Играше најчесто во линија што беше 5-6 метра поназад од крилните напаѓачи и со тоа правеше директно маркирање на нивниот плејмејкер. Кога Pirlo ќе избегаше понапред, NDJ лесно стигнуваше да покрие. Max го натера Pirlo да игра со широки пасови, што очигледно не функционираше покрај вакви наши бекови. Со првата измена Milan практично се трансформираше во 4-3-1-2 иако SES повторно ја покриваше цела лева страна. Втората измена беше изнудена заради повредата на Mexes, а последната едноставно беше во насока по секоја цена да се зачува водството. Се на се, сосема солидно издание на тренер под притисок.

Одбраната во целина го одигра најдобриот натпревар оваа година. Цврсто, пожртвувано, без големи киксови, без значајни пропусти, без дупки. Не може да се очекува дека квалитетна екипа како Juventus ќе нема ниедна шанса во 90 минути. Сепак, само две вистински. За првата на Giovinco, недоразбирање во превземањето меѓу De Sciglio и Mexes, а за втората, пожртвуван блок на Constant по шутот на Vucinic. Двајцата најдобри поединци во нашиот состав се двата бека. Juventus менуваше на двете крилни позиции заради безгрешноста на De Sciglio и Constant. Премногу зрел натпревар за еден 20 годишник на десната страна. На левата, мојот Man of the match. Constant најпрво го направи смешен Isla, па го измалтретира Padoin, а некаде при крајот на мечот во стил на Maradona “нареди неколку противници. Тројцата стопери одиграа толку добро што фрустрациите на Quaglia, Vucinic и Мравката, зборуваа сами за себе.

Средината активна и подвижна како ретко кога. Уствари како кога бркаме резултат во 80+ минута, само на спротивната страна овојпат :) Феноменална партија на Montolivo како капитен, како лентата и довербата од соиграчите да му дале мотивација плус. Покажа колку добро знае формациски да се постави за да биде дел од ѕидот, но и доволно опасен да развие контра кога ќе му се пружи прилика. Nocerino напален до максимум! Покриваше доста битен дел од теренот каде Vidal знае често да ги направи смешни противниците. Синхронизацијата со Constant беше на ниво. NDJ имаше порприлично упростена задача се до влегувањето во игра на Giovinco. Од почеток имаше улога да помага и корегира, а со текот на натпреварот се повлече во нашиот шеснаесетник, да расчистува нафрлени топки и најважно, да блокира шутеви од избиени топки. Пожртвуван како и секогаш, ама очигледна беше и мотивацијата плус што се забележуваше во неговите изјави пред мечот.

Нападот фунцкионираше изненадувачки добро. Јасно беше дека овие играчи, во оваа формација и против ваков противник функционираат одлично со контранапади. Најголем дел од приликите , особено во првиот дел беа создадени од контра. Binho влечеше одлично во напад, најчесто проигрувајќи го SES, кој можеби немаше ноќ за паметење, ама неговиот придонес е бесценет. Кога ти во еден играч имаш најдобар стрелец, дриблер, спринтер, асистент, зонски маркер и лев бек и тоа го работи на секој меч, во континуитет, а притоа има 20 години, знаеш дека имаш вистински бисер, реткост, богатство. Да бидам искрен, при влегувањето на Pazzini го опцув Max. Мислев дека доволно добро функционира Boa со маркирањето на Pirlo и дека не е потребно да го премести десно, a Pazzo да застане на шпиц. Не испадна така, напротив, Pazzini ме изненади со неколку добри дриблерски потези и стандардно доброто задржување на топката. Имаше конкретна задача, а тоа не беше да постигне гол по секоја цена, туку да концетрира дефанзивци на него и да проигра по можност. Одлично се снајде!

Можеби долго ќе слушаме за пеналот или за тоа што Milan се бранеше во поголем дел од мечот, дека имавме 38% од поседот, ама ако. Нека биде и ваква победа, за нас слатка, да осетиме мала компензација за несреќните примени голови, за нервозите, за неправдите, за Muntari. Нека им е подобрата игра, нека ги боли поразот на гости по долго време, вториот пораз сезонава, наша е победата, конечно црвено-црна фудбалска екстаза!

P.S. Curva Sud феноменални како стално! За неверување е нивната верба во клубот и во најлошата сезона за која било кој од нас памети. И на цела таа лојалност, некој враќа со нелојалност и себичност, а тие, нормално, реагираат. Pato е предупреден – или си со нас или догледање!




FORZA MAGICO MILAN!!!

Sunday 25 November 2012

IL VERO DERBY D’ITALIA!!!

Дерби натпреварите во Италија носат разни имиња. Некои од нив се градски, некои регионални. Некои имаат историска позадина, некои дури и политичка. Дуели за превласт, за реноме, некогаш само за честа на дресот. Сепак, еден натпревар ја има најголемата тежина. За него не смислиле некаков епитет, назнака, опис. Едноставно, доволно е да се каже дека играат Milan и Juventus и сите им е јасно дека се работи за вистинското Дерби на Италија – Il vero Derby d’Italia. Натпреварот за кој многумина пред почетокот на сезоната го предвидуваа како шлагерот на првенството. Мечот во кој ќе се одмерат двете најсилни екипи во Италија и двете екипи кои минатото првенство му дадоа печат на италијанскиот фудбал. Двата најтрофејни клуба во Италија и двата најголеми репрезенти на Калчото. И покрај целото свое значење, за жал, годинава пресметката е претворена во дуел на лидерот на табелата и најголемото разочарување во Serie A, па и во Европа. За жал, од многумина утрешното дерби е најавено како игра на мачка и глушец со поприлично извесен епилог. Сигурно никој од нас нема да се сложи со тоа. Ние во ова дерби гледаме прилика, и за своевидно и кратко детронизирање на шампионот, но и за неправдата од минатата сезона што нема така лесно да се заборави. Притисокот кај нас од мечот утревечер е неизбежен, исто и напнатоста и возбудата, но сите тие елементи пресликани на терен, кај оние најважните, нема исто да се осеќаат. Улогата на фаворит дефинитивно стои до името на противникот, а тоа, за овој реновиран тим на Milan може да биде пресуден фактор.

Дербито за првпат по цели 15 години ќе биде посиромашно за една жива легенда, по занимање тренер, а по вокација шампион. Негово знаење, умешност и голови им го подели на двата утрешни противници, иако за нас зачува малку повеќе :) Уште многу заеднички ѕвезди (иако противникот признава само 3 ѕвезди и ништо друго :) ), ама утревечер една ќе биде многу важна. Овојпат сеуште се работи за легенда во создавање, не радува(ше) и нас и јувентините и цела Италија. Maestro Pirlo, тие ќе го сакаат во елемент, ние соодветен на годините што ги има. Без сомнеж, многу работите ќе зависат директно од него, особено во перформансот на гостите. Сите ќе се сложиме дека Juve не е истата екипа со и без него. Изгледа бедно кога ние на сите маки се интересираме за недостатоците во играта на Juventus, ама очигледна е просечноста на тој тим без главниот диригент. И нема да објаснувам колку ќе значи негово маргинализирање на терен. Остатокот од екипата е опасен, моќен, ама не е генијален како mastermind-от.

Нашите проблеми се повторувани во секоја можна најава од третото коло, па наваму. И по 17 натпревари не е најден лекот за одбраната, така што нема да биде нелогично ако се констатира дека и воопшто го нема. Веројатно, решението е како да се компензира немоќната одбрана со средината и нападот, за кој греота е да се обележат како неквалитетни. Селекцијата на Max, чувството за правилен избор на играчот, формацијата, мотивацијата, па дури ако сакате и динамиката на играта, сезонава изостануваат. Тоа дефинитивно не е истиот тренер кој две сезони кубуреше со помалку од 20 здрави играчи. За утре најави нови промени, секако. Беше јасен околу 4-3-3 формацијата, што е логично за вака потешки натпревари. Извесно е дека ќе експериментира со Robinho во нападот, на десната страна. Во шпицот веројатно прв избор би бил Pazzini. Од другата страна, јасно, SES. Во средината се најавени Montolivo и NDJ, додека за третото место, она најлево, најголем кандидат е Nocerino, но нема да ме зачуди и одлуката Urby да почне таму. Во одбраната конечно комбинација која ќе се повторува! Ако се тече по предвиденото, Constant е без конкуренција на лев бек, Yepes и опоравениот Mexes би биле во средината, а десно, повторно Mattia De Sciglio.

Во пресрет на Дербито, управата прави напори да ја врати позитивната атмосфера. Финтите ги осмислил лично Berlo, се гледа од хеликоптер, од неговиот :) Двапати во две недели е премногу за во нормални услови. Нормални очигледно не се, но на дерби тоа најчесто не се гледа. Таму решава желбата и инспирацијата, а богами и судијата. За мене лично е супер што Rizzoli ќе го суди Дербито. Сите го знаат како судија наклонет кон противникот и многу луѓе реагираа на изборот. Баш тие реакции очекувам да го оптоварат, па да осеќа потреба да докажува нешто поинакво. All eyes on you, ref!

Одиме на победа момци, само победа!
FORZA MILAN!!!

Wednesday 21 November 2012

CL GROUP STAGE: CHECKED!!!


Ми се направи и тој кеиф, по којзнае колку време да "чекирам" успех :) Ем да го обележиме поминување на групата, ем неповторливиот гол на Mexes, ем да му порачаме на газдата со ум да ги потроши 15тината милиончиња што ги "заработи" вечерва. Играта во овој пост не ја коментирам, ќе си направиме муабет во коментарите.




FORZA RAGAZZI!!!

Champions League: Matchday 5 RSC Anderlecht vs AC Milan



Победа би значело пласман понатака, е толку едноставно е.
И дури и еден нерешен резултат би можел многу да ги искомпликува работите во групата особено ако Зенит ја победи засега непобедената Малага која е веќе квалификувана понатаму.
Но во ситуација на нерешен резултат или победа на Малага (а ние освоиме барем бод) тогаш во пресрет на последниот натпревар повторно ќе бидеме втори, но ќе има огромен притисок врз рамениците на играчите и ќе ни дојде на гости еден лут Зенит желен за одмазда.
Се се ова комбинаторики, кои ги има многу интересно и во групата каде што игра и другиот Италијански претставник кој рака на срце, одигра маестрана партија синоќа и го декласираше Европскиот шампион кој дојде во ситуација да стравува за пласманот понатаму и да чека резултат од друг натпревар.


Мбокани се очекува да биде најголема опасност кон голот на Милан
(Но ако мене некој ме прашува, најголема опаснот кон голот на Милан е самиот Милан!!)

Последен пат на овој стадион Кака го реши прашањето околу победникот, а Бонера како единствен играч од тој натпревар доби црвен картон.
За очекување е Бони (како што нагалено го викал Макс) да добие старт заедно со Мексес но во игра е и Јепес бидејќи очигледно Алегри во овие натпревари во ЛШ сака да види искуство пред се.
Има можно комбинаторики со Абате на десната позиција но моите информации велат дека сеуште не е 100% спремен, така да Де Шиљо е алтернатива за таа позиција. Констант се очекува да одигра уште еден солиден натпревар на левата бековска позиција.
Во средината скоро сигурни стартери се Де Јонг и Монтоливо, а по изјавите на нашиот тренер дека Пато ќе блесне вечерва се очекува тој да добие старт заедно со нашиот најдобар играч сезонава.За другите 2 места конкурираат 4ца играчи (Боатенг,Емануелсон,Робињо,Бојан) и моја лична желба е последните 2ца да се најдат во стартниот тим иако знаеме дека тоа е тешко изводливо.
Можно е Алегри повторно да се обиде да го изигра Принцот на онаа лажна 9ка позиција која своевремено ја уживаше Цеск во Шпанија и Барса.


Да се надеваме дека неспортскиот потег на Луиз Адриано нема да биде хајлајтот на 5тото коло на ЛШ, туку дека Милан со својата само втора победа од  5 натпревари ќе го верификува пласманот понатаму.

Saturday 17 November 2012

Ќе продолжи кошмарот на улицата на брестовите?




По репрезентативната пауза во која сепак, главните фудбалери во тимот играа за своите репрезентации и немаа одмор, се враќаме на домашна сцена. Milan гостува на Napoli, стадион кој веројатно е последна опција за позитивен резултат. Со разнишана самодоверба и со карактер кој не е препознатлив за Milan, одиме на тимот кој нема пораз на последните 9 натпревари на домашен терен а на дури 8 од нив успеал да победи! Речиси сите фанови и аналитичари овој дуел го дефинираат со дуел на двајцата најдобри стрелци:


Stephan El Shaarawy имаше одличен настап за репрезентацијата на Италија против Франција и го постигна својот прв погодок во репрезентативниот дрес.
Allegri повторно ќе прави сосема нова дефанзивна линија, денес веројатно Acerbi ќе добие старт, заедно со Mexes. Ова е веќе 17та различна комбинација на дефанзивци сезонава! Составот и формацијата се тотална непознаница. Има еден куп шпекулации, од 4-2-3-1 преку 4-3-3 (најверојатна до овој момент) па до класична 4-4-2. Тимот е во хаос, тренерот е во хаос! Gazzetta Della Sport вели дека Allegri на тренингот се дерел на фудбалерите: "We are weak! With an attitude like this, We will get relegated!"
Веројатно Allegri размислува за 4-3-3 поради тоа што се плаши од 3-5-2 на Napoli и мисли дека тие ќе бидат премногу доминантни на средината на теренот ако играме само со класичен двоен пивот (Montolivo + De Jong). Од друга страна, често менување на формацијата носи проблеми во адаптацијата на фудбалерите и дополнителни главоболки! Трите можни варијанти за мечот против Napoli:






Според мене, формација со тројца широко распоредени фудбалери во нападот е најдобрата варијанта за мечот против Napoli (4-2-3-1 повеќе од 4-3-3 поради воиграноста и поради фактот што Nocerino се губи во 4-3-3 и е проблем во нашата дефанзива). Три широко распоредени фудбалери во нападот треба да ја развлечат таа статична, премногу набиена одбрана на Napoli со 3 фудбалери во последната линија. Всушност со 4-2-3-1 Milan има опција плус во нападот и со таков напад најмногу бенефит би можел да има Bojan и фудбалерот пред него Pato/Pazzini. Сепак, за таква игра треба топката долго да ја држиме во наш посед на нивната половина и да внимаваме на почетнички грешки во однос на додавање или одземена топка. Со оваа формација најголемиот дел од тимот е во последната третина од теренот и нашата одбрана е изложена со само 3 фудбалери (Mexes, Acerbi и De Jong). Евентуална грешка во додавање или одземена топка на 25-30 метри од голот на Napoli ќе значи во најмала рака, голема шанса за гол! Особено со против напад каков што има Napoli!
Pandev веројатно нема да биде доволно фит и на негово место ќе стартува малиот, незгодниот Insigne. Не сум сигурен дали тоа е добра или лоша вест за Milan и за Napoli.

Ова ќе биде премногу тежок натпревар! Milan знаеше да биде брилијантен во тешките натпревари, барем оној Milan што го знам!

Forza Milan!!!



P.S

Вчера Berlusconi го посети Milanello и се расфрлаше со неговите идеи. Накратко, не сака да играме со 3 дефанзивци, го гледа Montolivo како Pirlo, тој сакал да го купиме El Shaarawy, му се допаѓа Balotelli и повеќе време ќе поминува со клубот.  



Saturday 10 November 2012

Milan vs Fiorentina


По обврските во ЛШ се враќаме на домашна сцена. Играме против цврста екипа која е еден од кандидатите за излез во Европа следната сезона. За наша среќа или за нивна несреќа, најдобриот фудбалер нат имот, Јоветиќ нема да настапи против Милан поради тоа што заработи повреда. Нас нè интересираат повредите во нашиот табор.
А таму Abate е новиот на листата на повредени фудбалери, ќе отсуствува барем 15тина дена. Allegri на мечот против Фиорентина ќе настапи со Constant - Mexes - Bonera - De Sciglio и верувале или не, тоа ќе биде 16 различна комбинација во одбраната во 16 одиграни натпревари сезонава! Пред нив е сигурен Montolivo а можно е Nocerino да му прави друштво во средината иако постојат и останати варијанти. Напред е неизвесен El Shaarawy поради повреда на коленото а веројатно е и Boateng да започне од самиот старт. Напред, Pato е во блага предност пред Pazzini.


P.S На денешниот прес пред мечот со Фиорентина, Allegri изјави дека засега цел на тимот е 4тото место на табелата но тоа би можело да се смени во зависност од резултатите во текот на сезоната.

Monday 5 November 2012

Champions League: Matchday 4: AC Milan vs Malaga CF


Се освен победа на овој натпревар нема да значи ништо, и многу брзо ќе се заборави петардата  од пред 2 дена.
Статистички Шпанците се најдобрата екипа во ЛШ после 3 кола, со 3 победи и без ниеден примен гол.
Милан пак од друга страна, има шарен скор и победа утревечер ќе значи само 2 бода разлика од Малага пред гостувањето во Белгија и пречекот на Зенит на домашен терен како завршен чин во оваа групна фаза.
Ќе ни суди Хауард Веб, а интересно е што последен пат Милан славел на домашен терен против Шпанска екипа во 2004тата година vs Барселона во фазата по групи. (Шевченко беше стрелец се сеќавам дури и на голот).
Листа на повикани играчи:

Abbiati,Amelia,Gabriel
Abate,De Sciglio,Bonera,Mexes,Yepes,Zapata,Constant
Ambrosini,De Jong,Nocerino,Montolivo,Emanuelson,Boateng
Pazzini,Pato,Robinho,Bojan,El Shaarawy.

Се очекува Алегри да не ја менува добитната формација, но најверојатно ќе има измени во стартните 11.
Имено самиот тој рече дека е можно Пато да започне место Пацини, и нешто што е доста веројатно а мене лично ич не ми се допаѓа е што е можно да се смени двоецот во одбраната Мексес-Запата, со Бонера-Јепес. Според мене и во најмала рака било кој од овие двајца нема потреба да се менуваат но Макс си има некои свои замисли дали сака поискусен двоец одзади којзнае.


Значи Вторник 20:45 некој пос**н стрим со арапски/шпански коментатори и да уживаме во магијата на ЛШ.

FORZA CAMPIONI !!!

Saturday 3 November 2012

Да се биде или да се биде


Ако не успееме да го победиме Chievo на домашен терен нема да важат веќе никакви оправдувања. Веројатно слично размислува и Allegri и затоа ќе настапи со 4-2-fantasia. Се враќаме на формацијата која многу повеќе лежи (4-2-3-1) и за прв пат сезонава, Bojan ќе добие старт на AMC после одличните 25  минути против Palermo. Allegri го испофали Bojan за пристапот на тренинзите (во недостиг на други работи за фалење) и затоа ќе го гледаме вечерва од стартот заедно со единствените двајца фудбалери во тимот кои според оценките на Gazzetta имаат подобрување во играта за разлика од минатата сезона.


Зад нив, Montolivo е сигурен а веројатно Ambrosini ќе му го чува грбот. Четворката назад ќе биде составена од Abate и Constant по страните а Mexes и еден од Zapata/Yepes во средината.
Веројанто најголемата дилема се наоѓа во шпицот. Иако константно се зборуваше дека Pato ќе добие нов старт, денес повеќе се шпекулира и со името на Pazzini. 


Одиме со Tiziano напред! E Andiamo!!!