Се освен победа на овој натпревар нема да значи ништо, и многу брзо ќе се заборави петардата од пред 2 дена.
Статистички Шпанците се најдобрата екипа во ЛШ после 3 кола, со 3 победи и без ниеден примен гол.
Милан пак од друга страна, има шарен скор и победа утревечер ќе значи само 2 бода разлика од Малага пред гостувањето во Белгија и пречекот на Зенит на домашен терен како завршен чин во оваа групна фаза.
Ќе ни суди Хауард Веб, а интересно е што последен пат Милан славел на домашен терен против Шпанска екипа во 2004тата година vs Барселона во фазата по групи. (Шевченко беше стрелец се сеќавам дури и на голот).
Листа на повикани играчи:
Abbiati,Amelia,Gabriel
Abate,De Sciglio,Bonera,Mexes,Yepes,Zapata,Constant
Ambrosini,De Jong,Nocerino,Montolivo,Emanuelson,Boateng
Pazzini,Pato,Robinho,Bojan,El Shaarawy.
Се очекува Алегри да не ја менува добитната формација, но најверојатно ќе има измени во стартните 11.
Имено самиот тој рече дека е можно Пато да започне место Пацини, и нешто што е доста веројатно а мене лично ич не ми се допаѓа е што е можно да се смени двоецот во одбраната Мексес-Запата, со Бонера-Јепес. Според мене и во најмала рака било кој од овие двајца нема потреба да се менуваат но Макс си има некои свои замисли дали сака поискусен двоец одзади којзнае.
Значи Вторник 20:45 некој пос**н стрим со арапски/шпански коментатори и да уживаме во магијата на ЛШ.
17 comments:
Веројатно рокадата во дефанзива се должи и на недоволната физичка спремност на нашите дефанзивци па не можат исти фудбалери да одиграат неколку натпревари во серија.
Многу важен натпревар, најмногу од психолошка природа. Евентуална нова победа против Malaga (па дури и во неубедлива игра) ќе значи можност за врзување на позитивни резултати и можност таа серија да продолжи веќе викендот кога ќе играме против Фиорентина која ќе настапи без Јоветиќ (повреда). Многу важен натпревар, многу важен период.
Ако играат Бонера - Јепес сигурно примаме први гол. Премногу статична и бавна ќе биде.
За недоволна физичка спремност е крив Алегри и луѓето околу него. Неможе да идат во Дубаи за да одмараат мора да се биде професионалец до крај.
Алегри треба да го одмори СЕС барем на овој натпревар, нека влезе последните 20 мин ако е критично. Дечкото е преморен, премногу трча и напред а покрива и во одбрана.
Многу сум позитивно изненаден од Констант. Ако продолжи вака мислам дека имаме решение на болната позиција лев бек.
Добра постава за вечерашниот натпревар според мене е:
Абиати
Абате Запата Мексес Констант
Амброзини Де Јонг
Монтоливо
Емануелсон Кркиќ
Пацини/Пато
Јасно е дека стоперскиот тандем нема да биде истиот, иако некако сите го посакуваме. Останатиот дел од тимот, освен Pazzo, по секоја логика треба да биде истиот. Имам само една дилема, а тоа е дали капитенот може да одигра два цели натпревари во три дена. Ако може - стартува, ако не, тука е NDJ. Нема да се сложам дека ова е баш тој натпревар каде треба да се одмори SES, заради важноста на натпреварот, важноста на натпреварувањето за клубот и да не заборавиме, доаѓа репрезентативна пауза каде Stephan не е така неопходен во таа група играчи. За приликата и што значи овој меч денес се зборуваше многу, јас нема да се повторувам. Убаво изгледа таа серија од три домашни натпревари, за три победи што ќе значат пресврт на состојбите во секоја смисла. Дури тогаш ќе го видиме вистинскиот Milan!
Еве го и мојот состав:
Abiatti
Abate-Bonera-Mexes-Constant
Ambro(NDJ)-Montolivo
Urby-Bojan-SES
Pato
Всушност, Allegri објаснува дека не е решен ниту за десната позиција во нападот. Дали е можно Boateng да го завземе местото на Urby? За мене Urby е во одлична форма и е подобро решение, ама ако ме прашате за тоа кој подобро се сложува со Pato, ќе речам Boa има предност. Вака некако ја доживувам десната страна: De Sciglio-Urby-Pazzo и Abate-Boa-Pato.
Целосно го разбирам DraganTr кога вели дека El Shaarawy треба да добие одмор, јас сакав таков одмор да се случи против Chievo. Сепак, кога тоа не се случи против Chievo, малку е несоодветно да се случи сега. Оваа навидум лабава група може да наеднаш да стане страшно незгодна ако ние не победиме вечерва а Zenit победи со Anderlecht. Потоа ние гостуваме во Белгија и играме дома со Zenit до крајот! Од друга страна, бројките велат дека Malaga е најдобриот тим во ЛШ сезонава со 3 победи и гол разлика 7-0. Една изјава на Пелегрини која ја твитнав десно во feed-от уште повеќе нè обврзува да победиме!
Pellegrini: "Milan? They don't worry me. We're not Chievo. El Shaarawy? Nonsense. Isco is better."”
Како што рече Navigator, кога веќе досега не доби одмор малото, нека стегне заби вечерва и со Fiorentina па после ќе може да земе здив.
И мене не ми се допаѓа тоа што константно се менуваат централните дефанзивци а ми се допаѓа она што го игра Constant. Напаѓа напред постојано а мене лично ми делува и посигурно (пред сè, физички помоќно) во дефанзива. Клубот сака целосно да го откупи од Genoa.
Од друга страна, не знам дали таа „низок центаршут на втора статива и лесен tap in“ им е уиграна варијанта на Abate и El Shaarawy ама веќе на неколку пати делува одлично.
Околу десната линија во тимот, ми се допаѓа начинот на размислување на Navigator: Abate, Boa, Pato значат побрза десна страна и повеќе играње по земја што повеќе му одговара на Pato. Од друга страна, De Sciglio, Urby, Pazzini значи повеќе (точни) нафрлувања во 16никот а таа е ситуација создадена за Pazzo.
Составот е тој, назад веројатно ќе настапат Mexes и Bonera а единствените непознаници се на AMR (Urby/Boa) и на шпиц (Pato/Pazzo).
Се надевам и очекувам нова победа!
P.S Трансфер руморс: Реал, УТД и Сити го следат малото, особено е загреан Мурињо.
Милан размислува да понуди 5 милиони евра за 50 % од правата на Mattia Perin, веројатно најталентираниот млад италијански голман. Момчето е во сопственост на Genoa а настапува позајмен во Pescara. За него се заинтересирани и Сити но тој самиот треба да биде свесен дека во Милан има одлична лична перспектива (Abbiati ќе се пензионира а во Сити Joe Hart ќе брани барем уште 5 години). Одлична надградба на голманската позиција по заминување на Abbiati.
Нека негира колку сака ќелавиот ама братот(и агент) на Пеп во Милано вечерва имал состанок со Џузепе Рисо, ФИФА агент кој е во добро соодноси со Милан.
Се очекува да го проследи натпреварот со Малага вечерва.
И Силвио најверојатно за првпат сезонава ќе биде на трибините.
Кој квалитет го носи Bojan мајку му... Само му треба малку слобода и самодоверба и ете го оној стариот од Barca!
Не стигнав да го гледам прво.
Како играме?
Штета! Штета што на толку шанси и добра игра примаме гол од единствената опасност, а толку малку ни фалеше да го отвориме добро мечот. За мене, се функционира одлично и ако вака продолжат момците, мора да влезе. Верувам во победа затоа што очигледно дека ова е различен Milan од претходно, офанзивен, разнолик, креативен... Само да не ги олади овој гол.
DAI RAGAZZI, FORZA MILAN!!!
Играме одлично! Вистинска штета! Urby имаше одличен слободен удар, Bojan имаше одличен шут, El Shaarawy беше изблокиран во последен момент, уште неколку удари на Urby и за малку El Shaarawy не се снајде во петерецот. Играме одлично и го диктираме мечот! Bojan со фантастична прегледност на играта, одлични топки. Штета што не успеа да ја протне таа топка до El Shaarawy во тој соло пробив.
Montolivo добива 3 идентични жолти картони на 3те последни натпревари! Неразбирливо!!
Patinho... c'e! Баш ми е мило за патката!
Второто полувреме го гледав како финале на ЛШ! Фантастична, фанатична борбеност од момците! Кога гледам ваква игра не сум толку разочаран и ако нема победа! Браво момци! Браво!
Исто, воопшто не сум разочаран од играта. Ова е тоа што се бара! Резултатот не е реален одраз, но некогаш испаѓа и така. Ако екипата продолжи со вакви претстави, успесите и подобрите резултати се неизбежни. Криво ми е тоа што од една опасност примивме гол и тоа го смени цел тек на натпреварот. Ако ништо друго, Zenit загуби во Брисел, така што второто место после ова коло не ни е загрозено. Ако мене ме прашувате, со ваква игра, Milan на крај на фазата ќе има 11 бода. И да, ова беше таа Malaga што беше со максимален скор и без примен гол? Ако оваа смешка од екипа имала најдобра статистика после три кола, ЛШ има сериозен проблем :) Одиме на Fiorentina!
FORZA GRANDE MILAN!!!
Се надевам дека Abate не е сериозно повреден, De Sciglio вечерва беше ужасен. И на спротивната страна, Constant (кој повторно имаше одлична вечер зачинета со асистенција) лошо се истегна при интервенцијата во 90та минута и во финишот беше само статист на теренот. Се надевам дека не заработи некоја повреда, игра одлично!
Тој центаршут на Constant за голот на Pato беше со таква извонредна траекторија што не му дозволи на голманот да интервенира а така добро падна на втората статива што и јас да бев таму ќе немав проблеми да постигнам гол! Браво!
Убав натпревар, убаво второ полувреме иако можеби второто беше поисполнето со шанси јас во вториот дел рипав како луд на секоја шанса, за секој картон за буквално се.
Иако натпреварот го гледав преку снимка тек денес без да го знам резултатот.
Со ваква игра мислам дека можеме да очекуваме 2 победи до крајот, и искрено мислам дека момците подобро ќе изиграат во Белгија одколку дома со Зенит(зависно од околностите.)
Post a Comment