Ако не успееме да го победиме Chievo на домашен терен нема да важат веќе никакви оправдувања. Веројатно слично размислува и Allegri и затоа ќе настапи со 4-2-fantasia. Се враќаме на формацијата која многу повеќе лежи (4-2-3-1) и за прв пат сезонава, Bojan ќе добие старт на AMC после одличните 25 минути против Palermo. Allegri го испофали Bojan за пристапот на тренинзите (во недостиг на други работи за фалење) и затоа ќе го гледаме вечерва од стартот заедно со единствените двајца фудбалери во тимот кои според оценките на Gazzetta имаат подобрување во играта за разлика од минатата сезона.
Зад нив, Montolivo е сигурен а веројатно Ambrosini ќе му го чува грбот. Четворката назад ќе биде составена од Abate и Constant по страните а Mexes и еден од Zapata/Yepes во средината.
Веројанто најголемата дилема се наоѓа во шпицот. Иако константно се зборуваше дека Pato ќе добие нов старт, денес повеќе се шпекулира и со името на Pazzini.
Одиме со Tiziano напред! E Andiamo!!!
15 comments:
Сезонава ни еднаш не играа Мексес и Запата како тандем? Или се лажам?
Некако многу се очекува од Бојан, во таква ситуација сме што макар и 20ина добри минути на терен од еден играч многу ни значат.
Јас лично пак би сакал да го видам Пато напред, ама Алегри го знае тоа најдобро.
Дефинитивно почетокот на постот е многу јасен, ма никој ама баш НИКОЈ неможе да бара оправдување ако не го победиме Киево на домашен терен.
Настрана од мечот, Tiziano вели дека има шпекулации дека Берлу ќе продаде 72 % од клубот и 30 % од Mediaset на Al Thani, шеикот кој е на чело на PSG!
http://www.canalemilan.it/news/crudeli-sembra-che-il-milan-sia-stato-ceduto-71001
1. дали конечно е откриена добитната комбинација? :)
2. дајте асален стрим (не сопкаст) зошто полудев
Немам друг освен sopcast. За првото полувреме од мене има неколку играчи за високи оцени: SES, Bojan, Urby, Montolivo, ама пред сите Ambro! Последните 15тина минути беа особено добри, можеби најдобрите од стартот на првенството. Везење по терен... Одлични предуслови за продолжување на пеколното темпо!
E ANDIAMO!!!
Уживајте во второ
http://www.thefirstrow.eu/watch/150580/1/watch-ac-milan-vs-ac-chievo-verona.html
Греота е да се бира човек на мечот! El Shaarawy, Montolivo, Bojan, Urby до излегувањето, Abate...
Сепак, Constant беше неверојатен!
Bojan го користиме само кога сме во полуконтра, кога играме позиционен напад, секогаш напаѓаме преку една од двете страни, не одиме низ центарот. Bojan беше одличен, не само што е пробивен туку е извонреден додавач на топки, одлично ја шири играта лево и десно при полуконтри и таа топка за El Shaarawy при последниот гол на Pazzo беше неверојатна!
P.S Го видовте лигавиот? Сите ја лепат топката, играат од нога до нога - овој шутира надвор од 16 метри, над работ на 16 никот, откосо!
Одличен перформанс, Констант веројатно ја изигра најдобрата утакмица во кариерата.
Не треба многу да му се замери на Боатенг, оној шут беше чисто да проба да ја поврати мотивација и својот стар правец на топката што оди барем во рамки на гол..
Се на се, најдобрата партија сезонава, речиси беспрекорен team-display, но да не заборавиме дека е тоа само малиот Киево.
Влеговме во мини-серија од 3 домашни натпревари (малага и фиорентина)и со ваква игра, бодови не ни бегаат.
Tagliavento strikes again.
Случајност?
Не ја гледав утакмицата...си реков место да се мачам на стрим ќе си ја гледам на раат од некој торент ама не најдов нигде.
Само што ги изгледав хајлајтсите, пасот на Бојан за 5тиот гол беше Wow.
Се на се одлична саботна вечер.
Ако може само некој од вас индивидуално да ми каже по збор два за перфорамасот на играчите
И да, 3та утакмица по ред Абате испраќа центаршут (по земја) од кој паѓа гол.
Што да ти кажам, напишав во претходниот коментар, кој и да биде избран за човек на мечот ќе биде греота. Сите беа одлични: Bojan, El Shaarawy, Urby, Montolivo, Constant, Abate!
Pazzini не играше ништо за око ама многу се бореше и со тоа им отвораше простор по страните на навалните фудбалери. Bojan одличен во полуконтри и контри, одлично ширеше игра по двете страни а кога игравме позиционен напад, напаѓавме по страните. Urby гол и асистенција, El Shaarawy гол и асистенција, Montolivo диригираше со цела игра. Одлично второ полувреме!
Само нешто добро може да излезе од ова, ако ме радува ова.
Можеби форсирањето на Констант на таа позиција се исплатеше, глеам и еластико почнал да прави :)
Реков уште во постот во најавата на сезоната дека ќе има и вакви натпревари каде што ќе ги мелеме противниците, ама и натпревари какви што имавме до вчера буквално.
Подобрување генерално има и баш ми е мило што Мексес и Запата беа двоецот во одбраната на нашиот најдобар натпревар сезонава.
Се знае која е целта, 3то место кое ни бега само 3 бода, и според мене најголеми ривали за таа позиција ни се Рома,Наполи и можеби Лацио.
Дефинитивно ќе биде многу интересна сезонава, без разлика дали се бориме за трофеј или не.
само 9 бода*
Абе 9 бода не се "само", ама играта од пред два дена дава за право да се надеваш. За мене особено добар беше капитенот. Буквално не остави топка да помине покрај него и не случајно Montolivo беше толку слободен да се посвети на креирањето офанзива. Искрено, мислев дека NDJ е покомпатибилен со Monti, ама оваа победа сериозно ме замисли. И тоа е добро на крај на краишта, на овој тим кој цела сезона ќе брка бодови, му треба квалитетна ротација. Многу работи се појасни после оваа победа, веројатно и во главата на Max. Сите се сложни, освен Nocerino :) дека 4-2-3-1 е вистинската формација за овој збир на играчи и така треба да се продолжи. Мило ми е за Bojan што конечно доби права прилика и доверба и засега ја оправдува. Истото важи и за Constant на новата позиција. Победата не е обична, било каква, петардата ќе значи многу за офанзивците, а спокојноста на дефанзивците во саботата ќе значи свежина за дробење на Isco и Saviola. Сега дури не можам да го дочекам мечот против Malaga...
FORZA GRANDE MILAN!!!
Кој квалитет го носи Bojan мајку му... Само му треба малку слобода и самодоверба и ете го оној стариот од Barca!
Кој квалитет го носи Bojan мајку му... Само му треба малку слобода и самодоверба и ете го оној стариот од Barca!
Post a Comment