По репрезентативната пауза во која сепак, главните фудбалери во тимот играа за своите репрезентации и немаа одмор, се враќаме на домашна сцена. Milan гостува на Napoli, стадион кој веројатно е последна опција за позитивен резултат. Со разнишана самодоверба и со карактер кој не е препознатлив за Milan, одиме на тимот кој нема пораз на последните 9 натпревари на домашен терен а на дури 8 од нив успеал да победи! Речиси сите фанови и аналитичари овој дуел го дефинираат со дуел на двајцата најдобри стрелци:
Stephan El Shaarawy имаше одличен настап за репрезентацијата на Италија против Франција и го постигна својот прв погодок во репрезентативниот дрес.
Allegri повторно ќе прави сосема нова дефанзивна линија, денес веројатно Acerbi ќе добие старт, заедно со Mexes. Ова е веќе 17та различна комбинација на дефанзивци сезонава! Составот и формацијата се тотална непознаница. Има еден куп шпекулации, од 4-2-3-1 преку 4-3-3 (најверојатна до овој момент) па до класична 4-4-2. Тимот е во хаос, тренерот е во хаос! Gazzetta Della Sport вели дека Allegri на тренингот се дерел на фудбалерите: "We are weak! With an attitude like this, We will get relegated!"
Веројатно Allegri размислува за 4-3-3 поради тоа што се плаши од 3-5-2 на Napoli и мисли дека тие ќе бидат премногу доминантни на средината на теренот ако играме само со класичен двоен пивот (Montolivo + De Jong). Од друга страна, често менување на формацијата носи проблеми во адаптацијата на фудбалерите и дополнителни главоболки! Трите можни варијанти за мечот против Napoli:
Според мене, формација со тројца широко распоредени фудбалери во нападот е најдобрата варијанта за мечот против Napoli (4-2-3-1 повеќе од 4-3-3 поради воиграноста и поради фактот што Nocerino се губи во 4-3-3 и е проблем во нашата дефанзива). Три широко распоредени фудбалери во нападот треба да ја развлечат таа статична, премногу набиена одбрана на Napoli со 3 фудбалери во последната линија. Всушност со 4-2-3-1 Milan има опција плус во нападот и со таков напад најмногу бенефит би можел да има Bojan и фудбалерот пред него Pato/Pazzini. Сепак, за таква игра треба топката долго да ја држиме во наш посед на нивната половина и да внимаваме на почетнички грешки во однос на додавање или одземена топка. Со оваа формација најголемиот дел од тимот е во последната третина од теренот и нашата одбрана е изложена со само 3 фудбалери (Mexes, Acerbi и De Jong). Евентуална грешка во додавање или одземена топка на 25-30 метри од голот на Napoli ќе значи во најмала рака, голема шанса за гол! Особено со против напад каков што има Napoli!
Pandev веројатно нема да биде доволно фит и на негово место ќе стартува малиот, незгодниот Insigne. Не сум сигурен дали тоа е добра или лоша вест за Milan и за Napoli.
Ова ќе биде премногу тежок натпревар! Milan знаеше да биде брилијантен во тешките натпревари, барем оној Milan што го знам!
Forza Milan!!!
P.S
Вчера Berlusconi го посети Milanello и се расфрлаше со неговите идеи. Накратко, не сака да играме со 3 дефанзивци, го гледа Montolivo како Pirlo, тој сакал да го купиме El Shaarawy, му се допаѓа Balotelli и повеќе време ќе поминува со клубот.
39 comments:
Веројатно Ноче добива шанса за старт. Последната негова партија беше солидна (на Сицилија)а и згуснатиот среден ред на Наполи го наложува неговото трчање во средниот ред.
Мене ми се чини дека Урби ке почне од клупа, бидејки нормално е дека нема сила за константни спринтови по десната страна цели 90 мин, а тоа ке се бара од него веројатно во завршните минути.
Пато или Пацини? Едниот е вон форма, другиот не е задоволен од неговата положба во тимот. Ма нека почне Бојан, без класичен шпиц, барем нема да гледаме теренска доминација на наполи.
Може ли Боатенг конечно да донесе една победа како против Лече? Ако си ги среди психичките маани, барем ништо друго ке ги мотивира останатите.
Дали сме задоволни со реми?
Не сме задоволни, нормално! Јас сум задоволен само со победа. Ако се задоволував со ремиа, ќе си навивав за Parma или Palermo. Моја желба пред мечот беше старт на Boateng, или во ваква 4-3-3 формација на RW или во 4-2-3-1 на AMR. Мислам дека Max ќе биде во право со враќање на 4-3-3 за овој меч, најмногу заради одбраната. Ми се чини дека нема да бидат доволно само двајца везњаци за покривање на офанзивната средна линија на Napoli. Вака со NDJ, Monti и Noce ќе биде поразлично. Прашањето во таква поставеност е дали ние ќе се браниме и со Boa и SES од страните или ќе ги користиме за противнапад. Редно е да се покажат муда и да се одигра смело и паметно офанзивно, користејќи го дури и MOntolivo во напаѓачките замисли. Одбраната ме плаши многу, како и сите вас. Не знам што повеќе може да се искоментира околу комбинаториките на Allegri. Mexes-Acerbi е втората најлоша коминациja за овој меч, против вакви противнички напаѓачи, после Acerbi-Yepes. Не верувам дека ќе успеат да го задржат Cavani цел натпревар. Дури и да успеат, ќе остане многу простор за Insigne, Hamsik и Dzemaili. Тука и NDJ ќе има огромна улога со неговото позиционарање. Во секој случај, многу, многу тежок натпревар. Во очекување на официјалните состави само информацијата дека 5 од 7 од страниците за дојави за кладилница што ги прати брат ми, викаат дека ова е чиста 2ка! Коефициент околу 4,5 со опција за зголемување на 10тина минути пред почеток. Јас и без да ми дојават си ја играм 2ка :)
FORZA GRANDE MILAN!!!
Primavera одиграа 1-1 со Inter. Стрелец за нашите, Petagna.
Е пеналот Ри? Ептен се изнервирав...
гол гол најсигурна варијата.
Јас искрено сакам да игра Боатенг, затоа му остана уште малце кредит па барем да го потроши и после кога ќе го продадеме барем да не ми е криво дека е добил адекватна шанса :)
Мене Хунтелар ми фали, би го трампал со било кој напаѓач освен Ел Шарави.
Мене ми фали Милан од 2007 година.
Еве ти Ultra напад без напаѓач, да видиме како ќе функционира лажната 9ка овојпат, против ваква екипа. Што мислите, Boa или Bojan на таа позиција? Ми се чини дека сепак Принцот ќе застане таму.
FORZA RAGAZZI!!!
Ако Boateng застане таму (така очекувам и јас) ќе ја имаме истата игра (или барем формација) како онаа против Шалке во претсезоната. Фактички во напад тоа ќе биде 4-3-1-2 бидејки Боатенг иако е деветка оди поназад а од крилата влетуваат Ел Шарави и во случајов, Бојан.
Е ај сега играј да те видам...
Абе пушти го Габриел нека брани па и да прима голови да имаш на што да се вадиш!
Таква е сезоната, да не знаеш кој попрво ќе киксне во тимот.
Боатенг еднаш ќе се реши да додаде наместо да шутира и нема да реализираат. Сега здравје, следна асистенција од Боатенг некаде после 25то коло.
Машала.
Само ран гол во вториот дел и може да се надеваме на победа.
А Принцот да престане да шутира!!
Колку само немаше осет и не знаеше Ночерино да му испрати пас на Стефан во последната акција! Браво за детето! Многу ме радува! Подобри бевме, но не победивме, а тоа очајно ни треба што ќе каже уште еден неуспех!
Многу сличен натпревар на она жешко гостување на Сицилија.
Штета што ударот на Нианг не влезе, штета што ЕЛ92 не изреагира подобро во последната шанса што ја имаше.
Заслувиме барем нерешено иако бевме поконкретни ама бевме казнети за 2те грешки, затоа што тие 2 грешки значеа 2 бода.
Кој ѕвер!
Каков clinical finishing! Каква работна етика! Каков карактер!!!
Најголемиот дел од фудбалерите на сегашниот состав на Милан не го заслужуваат за свој соиграч! Grande El Shaarawy!!!
El Shaarawy incavolato con Nocerino per l'ultima azione.
El Shaarawy pissed with Nocerino for the last action.
I so pravo!
Clamoroso labiale rubato ad Adriano Galliani dopo il pesante errore di Abbiati sul primo goal napoletano. L’AD è stato immortalato dalle tv mentre apostrofava l’estremo difensore rossonero come “Un portiere di merda”. Probabilmente ora chiarirà pubblicamente ma intanto rimane la frase pronunciata nel momento di rabbia.
Resounding sores stolen from Adriano Galliani after the costly error of Abbiati the first goal Naples. The CEO has been immortalized by the TV and shouted at the Rossoneri goalkeeper as "A goalkeeper of shit." Probably now clarify publicly but in the meantime is the sentence pronounced in the moment of anger.
Izvor: goal.com
Изворот е веродостоен колку што е веродостојно јас да известувам за конфликтот во појасот Газа, но и не гледам зошто не би го извикал ова Галијани! Во моментите кога добро го отворивме мечот дечкото ја е*е цела концепција со глупост и 20 мин покасно ја докомплетира глупоста. Абијати, фала за се, дајте ново дете.
Реков јас, ги пробавме и Абијати и Амелија, двајцата се лабилни. Нека го пуштат Габриел, сезоната и така е замината во неповрат. И да направи вакви работи, ќе кажеш дека е дете и созрева! Што ќе кажеш за Абијати? И не е прв пат, не е втор пат... има еден куп примени уште посмешни голови само сезонава! Наназад да не гледаме.
Малку ми е незгодно да зборувам лошо за Abbiati, верувам и вие сте под импресии од синоќа. Човекот не е во најдобрите голмани во светот, но има еден куп чудесни потези во својата кариера. Знае да направи кикс, да изгубиме натпревар заради него, но знае да одбрани и како тогаш против Zenit. Ќе се сложам дека ова е идеална прилика за промовирање на млад голман, баш во ваква сезона, само да не плукаме по Кичо. Ја видов реакцијата на Galliani, неколку пати го повторив клипот и искрено, не заприметив "merda" никаде. "Che portiere abbiamo" прочитав јас од устата на ќелавиот, што би значело "каков голман имаме ние".
А за Фараонот... нека пишува сега цел свет! И последните што гледаа со скепса кон него, денес му симнуваат капа. Grande Faraone!
FORZA MILAN!!!
Посебно првиот гол на El Shaarawy беше извонреден. Од прва, со внатрешно ефе, дијагонално преку голманот во спротивниот агол! Одличен потег!
Во вториот гол беше убава ладнокрвната завршница и особено претходното отварање зад противничкиот дефанзивец за да прими топка од Бињо.
Алегри изјави дека го извадил Монтоливо затоа што овој бил преморен.
Без осет се критиките за Абијати иако имаше лоша вечер се заборава дека имаше две одлични рефлексни интервенции на резулатат 2-1 при ударите на Кавани што ќе беше дефинитивна капитулација,а да не се повторувам за со Зенит,лани Ван Перси...И јас сметам дека неговото време е поминато али ако треба да бараме кривец друго е местото.
И повторни ми се чини влегуваме без објективна основа во некој филм дека сега конечно ќе тргне,дека барем ќе заредиме неколку натпревари без пораз, а СЕУШТЕ после 12 кола немаме стандардна формација,немаме стандардна состав не се знае кој игра на која позиција од леви крила стануваат бекови од бекови треквартисти тотален хаос. Не сум задоволен јас со „добрата игра“ сакам резултати,на оправдувањата веќе отрпнав и уопште не држи вода тоа веќе кој дошол и отишол па ете само видете го Лацио екипа која минимално беше активна летово на пазарот но донесе тренер кој знае да го извади најдоброто од играчи како андре диаш,лулич и сл.,знае да мотивира и да ја смени целата психологија на богами еден просечен тим и мислам дека Алегри го нема тој капацитет да го извади Милан од овој амбис.На страна што очигледно е лош психолог и мотиватор(дури и лани натпревари за титула-фиорентина играчите беа чудно немотивирани) се повеќе прави не почетнички туку аматерски тактички потези во поглед на селекција на првотимци,недостаток на формациски концепт на екипата,замени и експериментирња во текот на натпреварот,едноставно делува како изгубено,како оставено мало дете само дома. Го пишувам ова зашто знам кога ќе дое следниот неповолен резултат пак ќе си заболи раната што само ФАРАОНОТ не тера да ја забораваме одвреме навреме.
Кичо си има свој голем придонес за тимот, но ако може да носи капитенска лента, сега кога му е најтешко на тимот мора да биде прав капитен и предводник, а не киксер.
...и дај Амбро нека направи уште некоја кладба со Стефан може ќе оди на 25+ голови :D
И мене ми е малце да го плукам Фашистот после се што направил за нас и сеуште прави со одредени блесоци.
Јас искрено повеќе би ги кривел тие горе што не се спремни да фрлат пари за квалитетен голман одколку самите голмани.
И нормално, се слагам дека Габриел треба да добие шанса, во ваква луда сезона само може да фати место дечкото и да почне да расте како голман и фудбалер во целост.
Да бидеме реално добар голман сме немале од Дида, ама Дида од 2002-2007. Се после тоа е бледа сенка на еден од најдобрите голмани во светот во тој момент.
Одлично кажано ace1899
Знаев дека ќе го спомнете Dida и морам да реагирам кога веќе се критикуваат голмани. Поголем киксер од Dida не сме имале како стандарден голман (тука Kalac не влегува). Дечкото веше страшен голман, одлични рефлекси, ама за киксови беше прав цар! Од неговите испади се правеле цели компилации на youtube!
Иронично, Дида во својата кариера беше и на врвот и на дното во фудбалскиот свет! Првиот Дида, оној вистинскиот, беше подобар од Буфон и Чех во тоа време! Нема никогаш да ја заборавам парадата од слободен удар на Михајловиќ против Интер!! Брилијантно!
Оној, другиот Дида не сакам да го дебатирам, особено не после оној "потег" на гости против Селтик во ЛШ!
Па во периодот кога беше најдобар голман во Европа и светот и освојуваше трофеи со Милан ретко му се случуваа киксеви.
Негде од 2006тата го фати месечерањето предтоа беше извонреден.
А да бидеме искрени и на Буфон и на Чех и на Касилијас и на сите добри голмани им се случиле големи киксови.
Браво за тој ја сменил принцезата од позадината на блогот.
Споделив и на ФБ страната, да го видите и тука ако некој го пропуштил:
http://sphotos-g.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-prn1/16013_424833424236941_721505161_n.jpg
Само дајбоже да не застане тука.
Малце ме плаши овој ран блесок, незнам кога Милан порано имал толку млад играч што бил толку одлучувачки за тимот и постигнал толку голови.
Само нека продолжи со вакво темпо и да е здрав најважно.
Off topic:
Што мислите за:
Де Јонг-Монтоливо
Робињо-Бојан-Ел Шарави
Пато/Пацини
Знам дека е 4-2 Fantasia и е сликовито премногу офанзивна, ама пак не гледам и некоја разлика ако наместо Робињо таму го имаме Боатенг или Емануелсон, иако лично мислам дека вториов ќе добие старт.
Еве комбинација од твоите две комбинации :)
https://pbs.twimg.com/media/A8ISdoxCIAEnwk4.jpg:large
http://imageshack.us/a/img534/4935/photo20103635.png
Еве ви комбинација за утре :)
Еве ви тема на дискусија :)
http://www.sportski.mk/statija/13314
И за муабетот на G:
Специјално за Иван, веројатно G го испуштил муабетот. ВИДЕО:
http://www.corrieredellosport.it/video/calcio/serie_a/milan/2012/11/18-54757/Galliani+infuriato+in+tribuna+con+Abbiati+
ПЛУС
Galliani says that the next time that something during the game happens and he starts saying bad words, he'll put his hand in his mouth
According to Corriere Della Sera, now the Milan players, jokingly, call Abbiati "Shitty goalkeeper", in reference to what Galliani said.
И уште нешто што нема никакви врски со Милан но е убаво да се прочита и да се направат некои паралели:
http://www.sportski.mk/statija/13317
Читнав прееска за Пасторе. Околу него, ми беше еден од поомилените во Калчово, но шпекулацијата не е реално да се оствари од повеке причини. Прво, мислам дека никој нема намера да се (про)даваат повеке играчи (вклучувајки го и Робињо, без разлика на моменталната форма.)Значи ваква опција е неприфатлива. Второ, Абате колку-толку расте прво како играч, а второ и побитно како репрезентативец, кој сум сигурен дека со евентуален трансфер си го загрозува местото во првиот италијански тим. Трето, стандардниот проблем што го имаме е високата плата што би ја барал.
Четврто, мое мислење дека во јануари има опции кои се побитни за управата за разлика од него, како на пример Балотели(држете ме за збор), а и веројатно нов тренер.
Да не ме сфатите погрешно, Пасторе би бил перфеткно засилување во смисла на еден од најголемите проблеми, а тоа е креативноста,но сум голем песимист во смисла реализирањето на трансферот.
А и ова произлезе од тоа што шеиците биле незадоволни од неговото понашање, демек си доагал заедно со девојка му на тренинг,бла бла,па демек ке го дадат туку така на првиот што ке наиде. (Наводно и Ибра ,непристојно, се однесувал..) а убав коментар имаше еден дечко што вика дека Ибра е бог на оваа игра, а Пасторе без освоен трофеј во кариерата си дозволувал таков луксуз. Така да, се што е напишано е преувеличено, за жал...
Јас го купив Пасторе на FIFA 13 уште пред ова да го прочитам :)
Штознам, никогаш не сум бил импресиониран од Пасторе.Најверојатно бидејќи тој е еден од ретките ако не и единствениот играч на кој незнам кое му е местото на теренот, дали зад напаѓачите, дали како втор шпиц...
Како и да е, изводливо е ова особено ако ПСЖ дадат добри пари за Абате и Карлето запне за него, во друг случај не би гледал како ова би се остварило.
https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/533547_447462635311927_1099484678_n.jpg
Тактиката на Земан :)
Муабет кој го правев со Ри пред не толку одамна.
Иначе ќе пишувам пост сега.
Post a Comment