Победа би значело пласман понатака, е толку едноставно е.
И дури и еден нерешен резултат би можел многу да ги искомпликува работите во групата особено ако Зенит ја победи засега непобедената Малага која е веќе квалификувана понатаму.
Но во ситуација на нерешен резултат или победа на Малага (а ние освоиме барем бод) тогаш во пресрет на последниот натпревар повторно ќе бидеме втори, но ќе има огромен притисок врз рамениците на играчите и ќе ни дојде на гости еден лут Зенит желен за одмазда.
Се се ова комбинаторики, кои ги има многу интересно и во групата каде што игра и другиот Италијански претставник кој рака на срце, одигра маестрана партија синоќа и го декласираше Европскиот шампион кој дојде во ситуација да стравува за пласманот понатаму и да чека резултат од друг натпревар.
Мбокани се очекува да биде најголема опасност кон голот на Милан
(Но ако мене некој ме прашува, најголема опаснот кон голот на Милан е самиот Милан!!)
Последен пат на овој стадион Кака го реши прашањето околу победникот, а Бонера како единствен играч од тој натпревар доби црвен картон.
За очекување е Бони (како што нагалено го викал Макс) да добие старт заедно со Мексес но во игра е и Јепес бидејќи очигледно Алегри во овие натпревари во ЛШ сака да види искуство пред се.
Има можно комбинаторики со Абате на десната позиција но моите информации велат дека сеуште не е 100% спремен, така да Де Шиљо е алтернатива за таа позиција. Констант се очекува да одигра уште еден солиден натпревар на левата бековска позиција.
Во средината скоро сигурни стартери се Де Јонг и Монтоливо, а по изјавите на нашиот тренер дека Пато ќе блесне вечерва се очекува тој да добие старт заедно со нашиот најдобар играч сезонава.За другите 2 места конкурираат 4ца играчи (Боатенг,Емануелсон,Робињо,Бојан) и моја лична желба е последните 2ца да се најдат во стартниот тим иако знаеме дека тоа е тешко изводливо.
Можно е Алегри повторно да се обиде да го изигра Принцот на онаа лажна 9ка позиција која своевремено ја уживаше Цеск во Шпанија и Барса.
Да се надеваме дека неспортскиот потег на Луиз Адриано нема да биде хајлајтот на 5тото коло на ЛШ, туку дека Милан со својата само втора победа од 5 натпревари ќе го верификува пласманот понатаму.
12 comments:
Првиот натпревар на домашен терен против истиот противник... мечот реално заврши со нерешен резултат но гостите беа поблиску до победа. Буквално не знаевме што правиме особено во второто полувреме. Се надевам дека сега ќе нагазиме на гаста уште од самиот почеток и нема ногата да ја спуштиме од педалот! Треба многу да внимаваме на некој несреќно примен гол затоа што тоа ќе смени сè, како формациски така и психолошки (ова најдобро го видовме против Napoli, започнавме одлично а после примениот гол веќе беше друга приказна). Значи константен притисок на нивниот шеснаесетник и мора да пукнат. Двајцата централни дефанзивци + еден од бековите (во зависност од која страна ќе оди акцијата) и Де Јонг, нема што да бараат напред, нека внимаваат на својот гол и ќе бидеме во ред. Нормално ќе бидеме во ред ако успееме да ја преболиме и болката наречена set pieces. Поквалитетни сме, можеме и мораме да победиме! Толку!
P.S Челзи и официјално му врачи отказ на Ди Матео, се шпекулираат имиња но Пеп велеше дека од Јануари ќе почне да размислува за нов клуб па... коцките се поклопуваат.
И Челзи не стравува туку буквално е во аут, последното коло од ЛШ, Шахтјор - Јуве е најсигурната Х во колото :)
Ги гледа некој децата на Пипо во моментов со Интер?
Не ги гледам ама ги пратам.
Него во последно коло во ЛШ ако имаш пари и ти се ризикува можеш убаво да се обогатиш :)
Како си прерачунал дека победа носи нокаут жити се? :))) Јас засега размислувам само како да се победи Anderlecht, а пред мечот ќе знаеме и колкава тежина ќе има таа посакувана победа вечерва. Тешко ќе биде, како и да е. Годинава одигравме еден единствен лесен натпревар и веројатно дека таков нема да се повтори за брзо, барем не со оваа игра и овој пристап на натпреварите. Ја видовме силата на Anderlecht на првиот меч и повторно знаеме и костатираме дека имаме далеку подобар и поквалитетен тим, а со тоа и реално е да очекуваме победа. Јас лично сум за 4-2-3-1 формација со Pazzini како напаѓач. Може и Pato, ама овој меч некако ми делува како скроен за Pazzo. Зад него SES, Bojan и Urby/Boa, зад нив Montolivo и NDJ, во одбраната De Sciglio, Mexes, Acerbi и лепотанот во добра форма, на лев бек. И да си знаете, ако Zenit не победи, а ние да, мој е постот со CHECK! :)
А гледате ли како судбината го носи Juve несакајќи да одигра натпревар кој сите знаат како ќе заврши, две недели унапред? :) И после местеле... Не бре, судбина е тоа! :)
Abbiati, De Sciglio, Mexes, Yepes, Constant, Montolivo, De Jong, Nocerino, Boateng, Bojan, El Shaarawy.
Ајде да ве насмеам пред мечот:
GALLIANI: "El Shaarawy on the market? Stop it, Milan is now on good numbers, we won't sell any other champions, It's a promise"
И нешто симптоматично:
GALLIANI: "Boateng as left midfielder? Allegri makes the line-ups, I think he could do well there"
Можеби Boateng ќе игра mezalla а Nocerino на AMR?
http://www.thefirstrow.eu/watch/154495/1/watch-rsc-anderlecht-fc-vs-ac-milan.html
Што е оваа игра? Што е оваа млитавост, немање желба? Не им се игра? За 30 минути не видовме ништо од Milan! Boateng има истрчано помеѓу 150 и 200 метра за пола саат! Се врати како стартер на два меча со ред и пак иста песна? ИГРАЈТЕ БРЕ!!
Гол без шут не се дава, или се дава?
Очајно полувреме, не можеме 2-3 додавања да поврземе, Бојан премногу ја држи топката пред да ја додаде, Ночерино ја изгуби секоја топка што ја допре, со други зборови катастрофа.
Ние немаме среден ред како Барселона па да играме со лажна 9-ка, ни треба напаѓач во овој меч па макар тоа да биде и Пацини.
Дали знае некој зашто Урби е надвор од екипата на последните натпревари?
@DraganTr Единствена логична причина за тоа што Urby не игра е да му се даде предност и комодитет на Boateng. И уште една интересна ситуација, Urby за време на репрезентативната пауза од таборот на Холандија имаше едно мини интервју во кое меѓудругото изјави дека на играчите не им годи многу често менување на формацијата и дека тоа претставува проблем и за нив самите. По таа изјава и по враќањето во Миланело, веќе не е стартер. Случајност или не?
Не играме ништо а мислам дека резултатот од мечот Зенит - Малага претходно кумува и на оваа игра. Сега очигледно нашите гледаат во прв план да не загубат а веруваат дека последното коло дома против Зенит ќе немаат проблеми да го заверат учевството во следната рунда. Доколку Зенит победеше, верувам дека и ние ќе се однесувавме поинаку. Играме по опасен терен...
Ја поминавме групата ама не сум баш задоволен. Нашата самодоверба е 0. По примен гол на 1-2 за нас му дозволивме на Андерлехт со 10 фудбалери да ни направи притисок, да има 61 % од поседот и да направи една огромна шанса за израмнување. Имавме вишок фудбалер во поле а не знаевме да ја нагазиме топката, игравме премногу панично!
Голот на Мексес ИЗВОНРЕДЕН!
Малото повторно со белег на мечот, гол и одлична асистенција до Пато за да се решат дилемите во финишот!
Се надевам дека во последното коло, дома против Зенит, Алегри ќе им даде шанса на Нианг, Кристанте и останатите, немаме што да загубиме и немаме што да добиеме.
Post a Comment