Translate

Wednesday, 21 November 2012

CL GROUP STAGE: CHECKED!!!


Ми се направи и тој кеиф, по којзнае колку време да "чекирам" успех :) Ем да го обележиме поминување на групата, ем неповторливиот гол на Mexes, ем да му порачаме на газдата со ум да ги потроши 15тината милиончиња што ги "заработи" вечерва. Играта во овој пост не ја коментирам, ќе си направиме муабет во коментарите.




FORZA RAGAZZI!!!

14 comments:

Navigator said...

И само да не заборавиме дека Mexes одамна е склон на слични вакви потези, само што денес конечно му успеа :) Еве ја чудната пета од пред десетина дена што замалку не влезе, ама му дозволи на Pazzo да ја дотурне топката во голот: http://www.youtube.com/watch?v=X9o6CiLBWUo

CurvaSud_Milan said...

...меѓу многуте работи што треба да се искоментираат и проанализираат мора да кажам дека ми е мило кога Пато ќе постигне гол затоа што искрено посакувам да биде здрав и да ја поврати формата, но можеше барем едно фала да му каже на детето за несебичната асистенција, а ако убаво видите од видеото не се ни сврте накај него кога го постигна голот!
неможев да додржам и да не го прокоментирам ова :)

ReBorned said...

И за да не биде сè така розево ОГРОМНИ ВЕСТИ:

Huge from Pato. To Mediaset: "I will speak with my agent, I want a team where I can play".

И пак заработи ситна повреда:

Pato: "I received a few knocks today. We'll evaluate my physical condition over the next days, but I don't think it's anything serious."

Galliani: "Pato felt some pain during the match, but we'll talk with doctor Tavana about it."

Navigator said...

Не заебавај Владе, ете ја сликата, доволно е :) А инаку стварно доби неколку лоши удари денес. На двапати го разнесоа. И најздравиот играч да беше на негово место ќе се пожалеше на ситна повреда, а камоли Патката. И убаво си кажува дека сака да игра, нема ништо спорно тука. Кој 23-годишен играч, особено со реноме како Pato не сака екипа кај што ќе игра стандардно кога е здрав. И јас не би сакал да играм во екипа каде при двајца класични напаѓачи, тренерот игра со лажен напаѓач со предиспозиции дијаметрално спротивни на напаѓач.

Anonymous said...

Убаво сумирано се во поседниот коментар на Ри.
А Ивче како што пишав и во некој коментар пред некој ден, знаев дека подобро ќе поминеме на гостувањето во Белгија одколку дома против Зенит, каде што искрено не ни очекувам да победат нашиве а дури и стартна 11ка си имам уцртано во глава каде што Габриел,Кристанте,Нианг,Фламини,Ачерби и ред други се стартери.
Од играта не треба да бидеме многу задоволни ама искрено ич к** не ме боли за играта пошто во 9 сабајле успеав да го изгледам натпреварот со веќе добитната комбинација на симнување на натпревар без притоа да го знам резултатот.
Неколку позитивни оценки за:
Де Шиљо (не само асистенцијата, во 85та минута направи еден спринт од 60 метри и испрати многу опасен центаршут до осамениот EL92 и да беше некој центафор со чуство за позиционирање друг филм ќе гледавме.)
Мексес и пред да го даде голот, може да се каже дека беше наш најсигурен играч.
ЕЛ92 /

Anonymous said...

Знаев дека неможе да помине ова без некоја рчка од Владе насочена кон Пато, дури со неверување гледав на коментарот се до делот со фала хаха :)
Овој гол е многу битен за неговата и онака разнишана самодоверба, и кога беше фаулиран при ситуацијата каде што имаше санкција заприметете го веднаш се фаќа за ногата, и познавајќи го се исплашив дека е нешто сериозно.
А ова што го читам малце и како шок ми доаѓа, но најверојатно е бидејќи буквално само што се врати во тимот и веднаш даде 2 гола и сеуште е под сопствени импресии :)
Темата околу неговото останување во тимот е многу опширна, само накратко да кажам дека тоа дете има многу фудбал во него и тоа дете не е воопшто дете иако има само 23 години има 6 години професионален фудбал зад него и без тие повреди што го осакатија ќе беше само чекор зад Меси и Роналдо.
Значи сеуште не е доцна за него, и имам некое чуство дека дели иста судбина со Порцеланот од татарот на соништата кој едвај успеа да има една полна сезона (минатата) и видовме како се изнадава голови и каков расен стрелец е станат.

ReBorned said...

Од каде ги симнуваш целите мечеви и после колку време се достапни? И на нив (во наслов и сл.) не го пишува резултатот нели?

И работата со Пато е сериозна! Мислам на делот со агентот!

Navigator said...

Стварно бе, од кај ги наоѓаш? Јас сабајлево уште не можев саглам хајлајтс да најдам, ти ми кажуваш цел меч си го симнал :)
Тоа се канам да ви речам веќе некое време. Ако најдете онака баш добро видео со хајлајтс за на блогов, ставете го или постирајте линк во коментар, ќе го наместам јас. Или за позадината на блогот. Пред 5-6 дена ја променив оти стварно не можев да го гледам веќе Boateng. Овој wallpaper мислам дека не е лош, ама ако најдете некој екстра, пратете исто линк.

Anonymous said...

http://www.fullmatches.net/
Сите мечеви на Милан сезонава досега мислам дека тука ги има.
Излегуваат неколку часа по натпреварот, предност добиваат дерби дуелите и клубовите со најголема фан база во светот.
А ги има сите натпревари од ЛШ од секое коло.
Не пишува резултат ништо само датум како што може да видите.
Е сега бидејќи јас симнувам бесплатно чекам некои 3 часа за полувреме едно само да симнам (се симнуваат посебно полувремињата)а ако земеш премиум акаунт (пишува на страната) тогаш има многу брз даунлоуд без ограничувања.
Убава реклама направив на сајтов ама вреди! Последниот натпревар на сенаторите против Новара вака го гледав и ги доживував моментите како во живо да го гледам натпреварот.
И вчера во 8 сабајле сум урлал на головоте.

ReBorned said...

Го знам тој сајт.

ReBorned said...

Не очекувајте пост од мене, имам некој прекин со линијата и немам ниту нет ниту ТВ (MaxTV). Чекам екипа да дојде ама судејки според фактот дека е петок, ако не дојдат денес којзнае, можеби дури понеделник. Нека преземе некој за пост

Navigator said...

Јас ќе пишувам нормално, дерби е или што е :)) Се смеам бе, немам напишано некое време, редно е да се вратам во форма :)

Anonymous said...

Ивче дерби навивач :P

Anonymous said...

https://fbcdn-sphotos-a-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/15986_398904553519897_1947570304_n.jpg